TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Македонците во Косово ќе добијат официјално седиште

А1 - 03.02.2008

По регистрацијата, македонската заедница на Косово во март ќе добие и официјално седиште. Заедницата со помош од МНР ќе отвори своја канцеларија во Драгаш, најголемото место во областа Гора на Косово. Целта на оваа организација на македонското малцинство на Косово ќе биде зачувување на идентитетот ...

Има ли стратегија за независно Косово?

А1 - 03.02.2008

Како Македонија да реагира во пресрет на финализирањето на статусот на Косово? Експертите поделени по однос на прашањето, дали владата треба да го прифати планот на Марти Ахтисари кој предвидува контролирана независност и поединечно признавање, или пак да причека на унилатерална независност на ...

Владата неподготвена го дочекува најавеното прогласување независност на Косово

Канал5 - 03.02.2008

Владата нема анализа и одговор на сценаријата што би можеле да се случат по најавеното еднострано прогласување независност на Косово уште во текот на овој месец, смета поранешната шефица на македонската дипломатија, опозиционерката Илинка Митрева.

Нормализиран сообраќајот меѓу Србија и Косово

Макфакс - 03.02.2008

Приштина Сообраќајот, преку преминoт Јариње, меѓу Косово и Србија, денеска се одвива нормално, а контролата на возилата и патниците ја врши КФОР. Локалните медиуми пренесуваат дека силите на КФОР поставиле надзорни точки и на два километри во внатрешната територија на Косово, на магистралниот пат ...

Итна седница на Советот за безбедност за Косово

Макфакс - 03.02.2008

Њујорк Советот за безбедност на Обединетите нации во четврток ќе одржи вонредна седница посветена на состојбата на Косово, кое најави прогласување на независност на 17 февруари. Седницата се одржува на иницијатива на Русија и Србија кои побараа Советот за безбедност да го разгледа „опасниот развој ...

Српски блокади во северно Косово

Макфакс - 03.02.2008

Приштина Улични блокади кои ги организираат „нови лица“, израз за српските безбедносни служби, се поставени денеска во северниот дел на Косово, каде живеат Срби. Блокадите, како што пренесуваат локалните медиуми, се поставени на раскрсниците во Митровица и на мостот преку реката Ибар, кој води до ...

Путин: Косово ќе им се „врати по глава“ на западните држави

Макфакс - 03.02.2008

Москва Одлуката за признавање на независноста на Косово ќе им се „врати по глава“ на западните држави, изјави рускиот претседател Владимир Путин. „Косово е застрашувачки преседан. Тоа го крши целиот систем на меѓународните односи, кои владееја не со децении, туку со векови и ќе предизвика серија ...

Тачи: Територијалниот интегритет на Косово е заштитен и гарантиран

Макфакс - 03.02.2008

Приштина Косовскиот премиер Хашим Тачи, доцна синоќа за косовската телевизија РТК, изјави дека силите на НАТО и полицијата ја имаат под целосна контрола ситуацијата во целата територија на Косово. „По настаните во Србија, косовската полиција ги зголеми контролните мерки на граничните премини меѓу ...

Можно одложување на прогласувањето независност

Утрински - 02.02.2008

Не е важно кога ќе се случи тоа, туку дека Косово е во финалната фаза на тој процес, рече Тачи ПРИШТИНА - Косовскиот премиер Хашим Тачи навести можно одложување на прогласувањето независност, обесхрабрувајќи ги шпекулациите дека тоа би можело да биде во блиска иднина.

Се зајакнуваат безбедносните сили во Косово

Дневник - 02.02.2008

Полицијата во Косово објави дека ќе биде зајакната со безбедносни сили на Обединетите нации во четири реони, каде што Србите се мнозинство. Во соопштението не се посочени детали за зајакнувањето. Од вчера во региони во северниот дел на Косово дејствуваат околу 40 полициски офицери на ОН.

Клуни не бил против независно Косово

Дневник - 02.02.2008

Холивудската ѕвезда Џорџ Клуни демантира дека се изјаснил против прогласување независност на Косово, објави хрватскиот весник „Јутарњи лист“. - Измислица на медиумите. Не знам ништо за тврдењата дека сум бил против прогласување на независност на Косово.

Србија ќе ја поништи косовската независност

Макфакс - 02.02.2008

Белград Српскиот државен врв усогласи позиција во случај на еднострано прогласување независност на Косово, кое сите институции ќе бидат обврзани да го поништат со посебни одлуки. Како што доцна синоќа соопшти Владата на Србија, на состанокот меѓу шефот на државата Борис Тадиќ, спикерот Оливер Дулиќ ...

Албанија ќе и подари амбасада на Косово

Макфакс - 02.02.2008

Тирана Албанија ќе и подари амбасада на Косово и наскоро ќе ги потпише сите потребни спогодби и договори за создавање одлична соработка со Косово. Ваква одлука синоќа донесе албанската Влада на својата седница, јавува дописникот на Макфакс.

Коштуница го осуди насилството

Макфакс - 02.02.2008

Белград Српскиот премиер Воислав Коштуница го осуди насилството што уследи синоќа во Белград по масовниот митинг под мото „Косово е Србија“. „Насилството најдиректно нанесува штета во нашата борба за зачувување на државните интереси.

Србија в четврток ја поништува косовската независност

Макфакс - 02.02.2008

Белград Српската Влада одлучи предвреме, уште во четврток, да ги поништи сите противуправни акти за прогласување независност на Косово, изјави денеска српскиот премиер Воислав Коштуница. „Нема да дозволиме ниту еден час да постои таква лажна држава на територијата на Србија, туку таа мора да биде ...

Неприфатливи сценаријата за поделба на Косово

Макфакс - 02.02.2008

Тирана Сценаријата за поделба на Косово се неприфатливи, изјави денеска шефот на албанската дипломатија Лулзим Баша. Тој, коментирајќи ги вчерашните настани во северниот дел на Митровица, потенцира дека територијалниот интегритет на Косово не смее да се повреди.

Шпанија против еднострано прогласување независност

Макфакс - 02.02.2008

Мадрид Шпанската Влада денеска повтори дека се противи на “едностраното прогласување независност“ на Косово и повика на единство на ЕУ во врска со ова прашање. “Шпанската Влада не го цени едностраното прогласување на независност“, изјави во Мадрид шпанскиот министер за одбрана Хозе Антонио Алонсо ...

Продолжува мандатот на КФОР на Косово

Макфакс - 02.02.2008

Тирана Мандатот на КФОР во Косово нема да се промени и покрај прогласувањето на независност. Ова денеска во Тирана го изјави командантот на јужното крило на НАТО во Наполи, адмиралот на Марк Фицџералд, по средбите со албанскиот државен врв.

ЕУ ги одобри модалитетите на мисијата на Косово

Макфакс - 02.02.2008

Брисел Амбасадорите на членките на Европската унија (ЕУ) синоќа ги завршија подготовките за испраќање мисија на Косово, а министрите на ЕУ конечна одлука ќе донесат на 12.февруари. Ова синоќа го јавија светските агенции, повикувајќи се на европски дипломатски извори.

Мисијата на ЕУ на Косово по забрзана процедура

Макфакс - 02.02.2008

Брисел Советот на министри на Европската унија (ЕУ) започна расправа на пониско ниво за Оперативниот план на мисијата на ЕУ на Косово, јави радиото Глас на Америка. Целта е до крајот на оваа недела, по забрзана процедура, да заврши усогласување на ставовите на претставниците на државите-членки на ...

Референдум во РС по независност на Косово

Макфакс - 02.02.2008

Бања Лука Невладиниот сектор во Република Српска (РС) ќе побара референдум за издвојување од Босна и Херцеговина, во случај на прогласување независност на Косово. „Ако Косово прогласи независност, веднаш ќе побараме независност и за РС.

РС не ја признава независноста на Косово

Макфакс - 02.02.2008

Бања Лука Парламентот на Република Српска (РС) не го признава и не ја прифаќа независноста на Косово, се наведува во резолуцијата што синоќа ја усвои Собранието на РС. Според парламентарците, доколку поголем број на државите-членки на ООН, пред се ЕУ, го признаат Косово, тогаш Парламентот на РС има ...

Тачи: прво Устав, па независност

А1 - 01.02.2008

Пред да биде прогласена независноста, треба да биде подготвен новиот Устав, изјави денеска косовскиот премиер Хашим Тачи. „Јавната расправа за Уставот започна и треба да ги обедини политичарите, институциите и граѓаните во процесот на прогласување на независноста“, изјави Тачи во интервју за ...

Романија нема да го признае Косово

А1 - 01.02.2008

Романскиот претседател Трајан Басеску вети дека нема да го признае Косово, ако провинцијата објави независност, бидејќи тоа може да испрати погрешен сигнал до други малцинства и да фрли сенка на меѓународното право. „Моја држава нема да го признае објавувањето на независноста на Косово“ независно ...

Тачи најави добри односи со соседите

Дневник - 01.02.2008

Косовскиот премиер Хашим Тачи изјави дека Косово ќе се ангажира за изградба на добрососедски односи со сите држави од регионот, вклучувајќи ја и Србија. - Имаме добри односи со Македонија, Црна Гора и со Албанија. Се надевам и ќе се залагам по прогласувањето независност на Косово да имаме нормални ...

Косово независно во февруари

Канал5 - 01.02.2008

Косово ќе прогласи независност во периодот од средината на февруари до почетокот на март, изјави потпретседателот на владејачката демократска партија на косово, Бајрам Реџепи. Во интервјуто за црногорскиот весник ``Дан`` реџепи ја отфрли можноста за нови преговори, велејќи дека единствениот пат за ...

Видни републиканци ја повикаа администрацијата на Буш да не ја признае независноста на Косово

Канал5 - 01.02.2008

Истакнати претставници на Републиканската партија ја повика аадминистрацијата на Џорџ Буш да се откаже од плановите за признавањ ена независноста на Косово и да продолжи да бара решение за конфликтот преку преговори, соопштува ИТАР ТАСС.

Косовските институции подготвуваат декларација за независност

Макфакс - 01.02.2008

Приштина Декларацијата за независност на Косово ќе биде подготвена на посебен состанок на косовската Влада и на членови на опозицијата. Ова го пишува косовскиот весник „Коха Диторе“, повикувајќи се на неименувани извори, според кои средбата за декларацијата ќе ја свика претседателот Фатмир Сејдиу.

Романија нема да го признае Косово

Макфакс - 01.02.2008

Букурешт Романскиот претседател Трајан Басеску вети дека нема да го признае Косово, ако провинцијата објави независност, бидејќи тоа може да испрати погрешен сигнал до други малцинства и да фрли сенка на меѓународното право „Мојата држава нема го признае објавувањето на независноста на Косово“ ...

Македонија не избрзува за Косово

Макфакс - 01.02.2008

Скопје Премиерот Никола Груевски денеска го повтори владиниот став дека Македонија ќе биде внимателна во одлуките по прогласувањето на косовската независност. Груевски одби да даде конкретен одговор за тоа дали Македонија ќе ја признае независноста на Косово, наведувајќи дека ќе се води сметка за ...

Иванов:Ако ЕУ го признае Косово ќе треба да го признае и Северен Кипар

Макфакс - 01.02.2008

Минхен Ако Европската унија(ЕУ) го признае Косово ќе треба да го признае и Северен Кипар, предупреди денеска на Минхенската конференција рускиот вицепремиер Сергеј Иванов. Тој на конференцијата за безбедност потсети дека признавањето на независноста на Косово ќе создаде „ужасен проблем и ќе биде ...

Италија и Естонија го признаа Косово

Макфакс - 01.02.2008

Рим Италија денеска ја призна независноста на Косово, соопштија не прес конференција премиерот Романо Проди и шефот на дипломатијата Масимо Далема. Како што јавуваат италијанските медиуми, одлуката за признавање била донесена на владина седница.

Додик против независност на РС по моделот на Косово

Макфакс - 01.02.2008

Бањалука Партијата на независни социјалдемократи, која е на власт во Република Српска, денеска ги отфрли повиците на националистите за прогласување на независност на српската заедница во Бих по моделот на Косово. „Изјавите на Српската демократска партија и Српската радикална партија радикализирани ...

Германија го призна Косово

Макфакс - 01.02.2008

Берлин Германија денеска ја призна независноста на Косово, соопштија официјални извори во Берлин. Одлуката на владата на германската канцеларка Ангела Меркел ја потврди нејзиниот портпарол, по завршување на владината седница, јавија германските медиуми.

Печат:Нападите во северно Косово-чекор до поделба

Макфакс - 01.02.2008

Лондон Нападите на граничните премини во северно Косово де факто значи почеток на поделбата на новата држава, пишуваат денеска британските весници. Како што пишува „Индепендент“, медениот месец на Косово како независна држава грубо заврши откако вчера беа дигнати во воздух двата гранични премини ...

Србите ќе формираат свое Собрание на Косово

Макфакс - 01.02.2008

Приштина Собрание на Србите од Косово ќе се формира на 15-ти февруари во северниот дел на Митровица, на иницијатива на српскиот премиер Воислав Коштуница и министерот за Косово Слободан Самарџиќ. Ова го пренесува приштинскиот весник „Зери“, кој пишува дека „на овој начин Коштуница и Самарџиќ би го ...

Нацрт уставот на Косово предвидува широка локална автономија

Макфакс - 01.02.2008

Приштина Косовскиот Нацрт устав го дефинира Косово како независна држава, демократска република „под меѓународен надзор“, со мултиетничко општество и гаранции за малцинствата. Ова се вели во предлог проектот обелоденет денеска од уставната комисија, која на интернет сајтот соопштува дека ја ...

Косово ќе ја користи албанската дипломатија

Макфакс - 01.02.2008

Тирана Косово ќе се претставува и ќе одржува контакти со меѓународните организации преку дипломатските структури на Република Албанија. Ова го пишува тиранскиот весник “Шќип“ кој се повикува на близок извор на косовскиот премиер Хашим Тачи.

Руски експерт –поделба на Косово

Макфакс - 01.02.2008

Белград Поделба на Косово на северен, српски, и јужен, албански дел, е реално решение, на кое преќутно ќе се согласат и двете страни. Ова е оценка на угледниот руски политиколог Константин Никифоров, директор на Институтот за словенски студии, при Академијата на науки на Русија.

Коштуница:Косово секогаш ќе биде српско

Макфакс - 01.02.2008

Белград Српскиот премиер Воислав Коштуница на денешниот митинг против прогласувањето на независноста на Косово во Белград, порача дека Косово и припаѓа на Србија и на српскиот народ. „Нема сила, нема закана, нема доволно голема и страшна казна за да било кој Србин, било кога, да каже поинаку, ...

Голем протест против независноста на Косово во Белград

Макфакс - 01.02.2008

Белград Голем протест против едностраното прогласување на независност на Косово, под мотото „Косово е Србија“, ќе се одржи денеска попладне во Белград. Протестот го организираат Владата на Србија и три парламентарни партии – Демократската партија, Демократската партија на Србија и Српската ...

Подготвено сценариото за прогласување на независност на Косово

Макфакс - 01.02.2008

Приштина Посебна работна група на привремената косовска Влада изготви сценарио за прослава по повод прогласување на независност на Косово, пишува весникот „Коха диторе“. По седницата на Собранието, која ќе се одржи на 17 или на 18 февруари, на која треба да биде прогласена независноста, ќе биде ...

Словенечката Влада усвои предлог за признавање на Косово

Макфакс - 01.02.2008

Љубљана Словенечката Влада денеска усвои предлог за признавање на Косово, кој дополнително треба да биде разгледан и усвоен во Парламентот. На истата седница Владата остро го осуди денешното каменување на словенечката амбасада во Белград и најави дека од српските власти ќе бара отштета за ...

Одлука за почеток на мисијата на Косово наскоро

Макфакс - 01.02.2008

Минхен Одлуката за оперативниот план за мисијата на Косово ќе биде наскоро. Ова синоќа, на крајот на тродневната конференција за меѓународната безбедност во Минхен, го изјави високиот европски претставник за безбедност и надворешна политика Хавиер Солана.

“Билд“: ЕУ, без Кипар, ќе го признае Косово

Макфакс - 01.02.2008

Берлин Сите членки на Европската унија (ЕУ), со исклучок на Кипар, ќе го признаат Косово како независна држава. Ова денеска го објави германскиот дневник “Билд“ повикувајќи се на високи дипломатски извори во Брисел. Весникот наведува дека сите членки на ЕУ, со исклучок на Кипар, ќе ја објават оваа ...

Харченко – Косово ќе се подели

Макфакс - 01.02.2008

Брисел Извесно е дека ќе дојде до поделба на Косово, смета рускиот дипломат Александар Боцан Харченко, кој учествуваше во неуспешните преговори за статусот. „На Косово ќе се случи фактичка поделба на северен, српски, дел и на јужен, албански, како последица на нелегалното прогласување на ...

Парламентот на РС со вонредна седница за Косово

Макфакс - 01.02.2008

Бањалука Вонредна седница на Парламентот на Република Српска(РС) на која ќе биде заземен став за прогласувањето на независноста на Косово, ќе се одржи денеска во Бањалука. Противење за свикување на вонредна седница изразиле само пратениците Бошњаци во Собранието на РС.

Србија ќе продолжи да го отплаќа косовскиот долг

Макфакс - 01.02.2008

Белград Србија од свои буџетски средства ќе продолжи да го отплаќа косовскиот долг кон странските кредитори, бидејќи Косово е дел од Србија и не признава еднострана независност. Ова за белградските медиуми го изјави српскиот министер за финансии, Мирко Цветковиќ, прецизирајќи дека за таа намена во ...

Јакшиќ:Делови на мисијата на ЕУ веќе пристигнале на Косово

Макфакс - 01.02.2008

Косовска Митровица Делови од мисијата на Европската унија(ЕУ) веќе почнале да пристигнуваат на Косово, што претставува јасна намера на Унијата на Србија да и одземе дел од територијата. Ова денеска го изјави претседателот на српските населби и општини на Косово Марко Јакшиќ.

Австрија и Норвешка го признаа Косово

Макфакс - 01.02.2008

Виена/Осло Австрија, по Германија, е втората членка на Европската унија, која денеска ја призна независноста на Косово. Одлуката ја соопшти шефицата на дипломатијата Урсула Пласник, по седницата на австриската Влада. Независноста на Косово, денеска ја призна и Норвешка, а претходно и Германија, ...

Тачи – Прво Устав, па независност

Макфакс - 01.02.2008

Лондон Пред да биде прогласена независноста, треба да биде подготвен новиот Устав, изјави денеска косовскиот премиер Хашим Тачи. „Јавната расправа за Уставот започна и треба да ги обедини политичарите, институциите и граѓаните во процесот на прогласување на независноста“, изјави Тачи во интервју за ...

Дипломатите прогнозираат независно Косово за 10-ина дена

Вест - 31.01.2008

ПРИШТИНА, 31 јануари (Ројтерс) - Косово ќе прогласи независност од Србија со поддршка од Запад викендов, по српските претседателски избори на 3 февруари ако победи кандидатот на националистите, соопштија вчера политички извори.

Прогласувањето независност на Косово најверојатно за 10 дена

Утрински - 31.01.2008

Ако победи Томислав Николиќ, тоа ќе се случи на 9 или 10 февруари ПРИШТИНА - Косово ќе прогласи независност од Србија со поддршка од Запад, викендот по 3 февруари по завршувањето на претседателските избори, ако победи кандидатот на нациоанлистите, посочија политички извори.

Итна независност за Косово ако победи Николиќ

Дневник - 31.01.2008

Ако в недела победи кандидатот на радикалите, Приштина ќе прогласи независност на 10 февруари, а ако победи Тадиќ, прогласувањето ќе биде одложено за уште една недела, тврдат дипломати од Запад Косово ќе прогласи независност идната сабота или недела, ако на претседателските избори во Србија победи ...

Косово ќе се залага за добрососедски односи со сите држави од регионот, вклучувајќи ја и Србија

Канал5 - 31.01.2008

Косовскиот премиер Хашим Тачи изјави дека Косово ќе се ангажира на изградба добрососедски односи со сите држави од регионот, вклучувајќи ја и Србија. „Имаме добри односи со Македонија, Црна Гора и Албанија. Се надевам и ќе се залагам после прогласувањето независност на Косово да имаме нормални ...

Независноста е прашање на денови

Време - 30.01.2008

АЛБАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ Прогласувањето на независноста на Косово е прашање на недели, ако не и на денови, изјави Министерот за надворешни работи на Албанија, Љуљзим Баша. - Се плашам дека сите можности за преговори се исцрпени со престанувањето на работата на „тројката“ на ...

Прогласувањето независност ќе предизвика поделба

Дневник - 30.01.2008

Едностраното прогласување независност на Косово и неговото признавање може да резултираат со поделба на покраината, односно со најнепосакуваното сценариото за Западот, оцени рускиот претставник во меѓународната тројка за Косово, Александар Боцан-Харченко.

Бериша: Хипотезата дека независно Косово ќе ги дестабилизира Македонија и Јужна Србија е неоснована

Канал5 - 30.01.2008

Секоја хипотеза дека независноста на Косово може да доведе до дестабилизација на Македонија и Јужна Србија е неоснована, изјави денеска албанскиот премиер Сали Бериша. Тој категорично ја отфрли идејата дека идната независност на Косово може да го отвори патот кон создавање „Голема Албанија“.

„Фајненшл тајмс“: Косово би можело да прогласи независност за 10 дена од овој викенд

Канал5 - 30.01.2008

Косово би можело во рок од 10 дена, сметано од овој викенд, да прогласи независност, во потег што ке биде координиран со САД и со главните земји на Европската Унија, тврди „Фајненшл тајмс“ повикувајќи се на изјава на еден европски дипломат во Брисел, чиј идентитет не го открива.

Семејствата на УНМИК го напуштаат Косово!

Вечер Прес - 30.01.2008

Раководството на Мисијата на Обединетите нации во Косово (УНМИК) им нареди на вработените да ги евакуираат семејствата, бидејќи многу брзо се очекува да биде донесено решение за промена на статусот на покраината, објави денеска "Коха диторе".

Косово подготвено за блокада од Србија

Време - 29.01.2008

ПО НАЈАВАТА ЗА САНКЦИИ ОД БЕЛГРАД Косовските бизнисмени се подготвуваат за соодветен одговор кон Белград ако по прогласување на независноста на Косово, Србија се реши да воведе економски санкции кон Косово, јави белградското радио „Б92“.

Албанските емигранти во Атина бараа независно Косово

Утрински - 29.01.2008

Атина - Во организација на здруженијата на албанските емигранти во Грција, во неделата вечерта на плоштадот „Омонија“ во грчкиот главен град Атина беа одржани мирни протести во знак на поддршка на независност на Косово. Околу илјада албански емигранти, кои носеа национални знамиња на Албанија и ...

Македонски центар во Гора на Косово

Дневник - 29.01.2008

Негувањето на македонскиот културен идентитет на заедницата на Гораните на Косово е целта на Центарот за културна и социјална интеграција на Гораните, кој наскоро ќе биде отворен во Драгаш, Косово. Зад Центарот стои Македонската горанска заедница, која во ноември минатата година беше регистрирана ...

Во Атина митинг за независно Косово

Дневник - 29.01.2008

Здруженијата на албанските емигранти во Грција, прексиноќа на плоштадот „Омонија“ во Атина одржаа мирни протести во знак на поддршка на независноста на Косово, јави МИА. Околу илјада албански емигранти, кои носеа национални знамиња на Албанија и пееја албански песни, побараа прогласување ...

АФП: Ориентациони датуми на патот кон независност на Косово

Канал5 - 29.01.2008

Европските дипломати очекуваат Косово да прогласи независност во февруари или на почетокот на март. Во координација со косовските лидери тие се обидуваат да „постават рамки“ на таа декларација, за да дадат можност поголемо мнозинство на европски земји да ја признаат што е можно поскоро.

Мисијата на ЕУ значи поништување на Договорот за стабилизација

Време - 28.01.2008

СРПСКИОТ ПРЕМИЕР ВОИСЛАВ КОШТУНИЦА Премиерот на Србија, Воислав Коштуница, смета дека испраќањето мисија на Европската Унија во Косово ќе го оневозможи потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација, бидејќи еден со друг се поништуваат, јавува белградското радио „Б92“.

Мисијата на ЕУ во нова зграда

Вест - 28.01.2008

Мисијата на Европската унија во Скопје од денес ќе работи во нова зграда. Новите простории на Мисијата на ЕУ се наоѓаат на улицата Мито Хаџивасилев - Јасмин, во центарот на градот. Канцеларијата на ЕУ во Македонија до крајот на годината ќе се зголеми од 30 на 70 вработени поради тоа што ќе се укине ...

Словенечките весници објавија таен американски документ

Утрински - 28.01.2008

Во американскиот допис САД бараат од Љубљана меѓу првите да го признае Косово Љубљана - Словенечкото Министерство за надворешни работи соопшти дека повело истрага во врска со документот за внатрешна употреба на американските власти, објавен во медиумите, според кој Вашингтон предлагал упатства како ...

Германија подготвена да го признае Косово

Дневник - 28.01.2008

Германија, како и повеќето од членките на Европската Унија, е подготвена да ја признае независноста на Косово, најави германскиот министер за надворешни работи, Франк-Валтер Штајнмаер, јави МИА. - Се разбира дека се подготвуваме бидејќи едностраното прогласување независност е мошне извесно.

Протести на албанските емигранти во Атина за поддршка на независно Косово

Канал5 - 28.01.2008

Атина, 28 јануари (МИА) - Во организација на здруженијата на албанските емигранти во Грција, синоќа на плоштадот „Омонија“ во грчкиот главен град Атина беа одржани мирни протести во знак на поддршка на независноста на Косово.

САД ја притискааат Словенија да го признае Косово

Вечер Прес - 28.01.2008

Словенечкото МНР покренало истрага во врска со овој случај, а премиерот Јанез Јанша го омаловажил значењето на објавениот документ Словенечкото Министерство за надворешни работи соопшти дека покренало истрага во врска со документот за внатрешна употреба на американските власти, објавен во ...

Нема идеи за Голема Албанија

Вечер Прес - 28.01.2008

Додека албанските медиуми веќе шпекулираат со датум за еднострано прогласување независност на Косово српскиот премиер, Воислав Коштуница завчера изјавил оти постои само еден начин Косово да стане независно - Србија да го подари Во пресрет на најавите за еднострано прогласување независност на ...