TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Реџепи: „На Србија и смета се што е позитивно на Косово“

А1 - 12.12.2004

Поранешниот косовски премиер Бајрам Реџепи оцени дека разговорите меѓу Приштина и Белград во овој момент не се возможни, но оти треба да продолжат кога ќе има услови за тоа. „Приштина не преставува пречка за продолжување на дијалогот, но тешко е веројатно дека во овој момент ќе дојде до разговори, ...

Сандеј тајмс: „Хаг за неколку седмици ќе испрати налог за апсење Харадинај“

А1 - 12.12.2004

Хашкиот суд во рок од неколку седмици ќе и испрати на Мисијата на ОН на Косово (УНМИК) налог за апсење на косовскиот премиер Рамуш Харадинај, кој би можел да биде обвинет за воени злосторства, пишува денеска британскиот весник „Сандеј тајмс“, повикувајќи се на изјави на неименувани западни ...

НАТО нема да толерира немири на Косово

Вест - 11.12.2004

Белград/Брисел, 11 декември - НАТО порача дека нема да толерира никакви нови немири на Косово, во случај покраинскиот премиер Рамуш Харадинај да биде обвинет во Хаг за воени злосторства. Пораката е испратена од состанокот на министрите за надворешни работи на земјите - членки на НАТО, во Брисел.

КФОР нема да толерира немири

Дневник - 11.12.2004

ако Хашкиот суд го обвини премиерот Рамуш ХарадинаЈ за воени злосторства УНМИК и КФОР страхуваат дека евентуално обвинение против Харадинај, би можело да предизвика сериозни немири во покраината НАТО нема да толерира нови немири на Косово ако Хашкиот суд го обвини премиерот Рамуш Харадинај за воени ...

НАТО нема да толерира немири на Косово

А1 - 10.12.2004

НАТО порача дека нема да толерира никакви нови немири на Косово, во случај покраинскиот премиер Рамуш Харадинај да биде обвинет во Хаг за воени злосторства. Пораката, како што пренесува Макфакс, била испратена од синоќешниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите - членки на НАТО, ...

Кој е вистинскиот Рамуш Харадинај?

Време - 10.12.2004

ФЕЉТОН ЗА НОВИОТ ПРЕМИЕР НА КОСОВО (2) Рамуш Харадинај ги опишал своите терористички активности во автобиографијата, во која, нормално, не ги споменал убиствата на српски цивили и на свои сонародници. Тој отишол толку далеку што во јануари 2003 година го организирал убиството на Тахир Земај, кој ...

"Постојано ги напаѓавме српските сили"

Време - 10.12.2004

ОД МЕМОАРИТЕ НА РАМУШ ХАРАДИНАЈ Постојано ги напаѓавме српските сили, на секое место, и дење и ноќе, без криење. Секој ден убивавме полицајци - пишува во книгата „Приказни за војната и слободата“ на Рамуш Харадинај, спомени на новиот премиер на Косово.

Независно Косово закана за Македонија

Утрински - 10.12.2004

Тркалезна маса во Русија за состојбите на Балканот Косовските Албанци имаат голема улога во дестабилизацијата на Македонија, тврдат руските аналитичари ОД НАШИОТ ДОПИСНИК БРАНКО ВЛАХОВИЌ МОСКВА - Косовските Албанци кои имаат голема улога во дестабилизацијата на Македонија, само би биле охрабрени во ...

Ако биде покренато обвинение Харадинај ќе се предаде на Трибуналот

А1 - 09.12.2004

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека ќе се предаде на Хашкиот трибунал ако за него биде покренато обвинение за извршени воени злосторства врз Србите во Косово, јавуваат денеска косовските медиуми. Тој рече дека белградските власти фабрикувале лажни докази за воени злосторства што ги ...

Кој е Рамуш Харадинај?

Време - 09.12.2004

ФЕЉТОН ЗА НОВИОТ ПРЕМИЕР НА КОСОВО (ПРВ ДЕЛ) Рамуш Харадинај во 1996 година под будното око на албанските офицери во Албанија завршил терористичка обука, а по тоа учествувал во создавањето логистички бази за терористи во градовите Кукс и Тропоја во Албанија.

Харадинај: Србите лажат

Време - 09.12.2004

РЕАКЦИЈА НА КОСОВСКИОТ ПРЕМИЕР Косовскиот премиер Рамуш Харадинај тврди дека српските власти ги измислиле доказите против него, за злосторствата што ги вршел како командант во Ослободителната војска на Косово. - Докажавме дека веруваме во меѓународната правда и во Хашкиот трибунал.

Харадинај вели Србите лажат дека е злосторник

Вест - 09.12.2004

ПРИШТИНА, 9 декември (Ројтерс) - Новиот премиер на Косово ги обвини српските власти дека ги фалсификувале доказите дека извршил воени злосторства како командант на етничките албански герилци и рече дека е подготвен да го брани своето воено досие.

Харадинај вели дека како командант на герила не извршил воени злосторства

Утрински - 09.12.2004

Новиот косовски премиер се брани дека Србија фабрикува докази против него Рамуш Харадинај двапати беше испрашуван од страна на иследниците на Трибуналот за воени злосторства во Хаг, кои планираат овој месец да поведат обвиненија против некои поранешни косовски бунтовници ПРИШТИНА - Новиот премиер ...

Харадинај би се појавил во Хаг за да се брани од "измислени" обвиненија

Дневник - 09.12.2004

ИНТЕРВЈУ ЗА РОЈТЕРС Косовскиот премиер Рамуш Харадинај тврди дека Србија ги фабрификува доказите со кои го обвинува за воени злосторства и изрази спремност да се предаде во Хаг ако биде обвинет. - Ние ја докажавме нашата посветеност кон меѓународното право и кон Хашкиот суд.

Харадинај сака да преговара, Србија сака да го апси

Дневник - 08.12.2004

ОТКАКО СТАНА ПРЕМИЕР НА КОСОВО Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека е подготвен за дијалог со Белград, но српските власти се заканија дека ќе го уапсат ако дојде во Србија, јави МИА. - Ќе одам во Белград кога ќе ме повикаат и подготвен сум да разговарам со сите што ќе дојдат од Србија.

Харадинај подготвен за дијалог, Белград бара негово апсење

А1 - 07.12.2004

Косовски премиер Рамуш Харадинај изјави дека е подготвен на дијалог со Белград, додека претставниците на Белград сметаат дека во Србија никој нема да сака со него да разговара, а најавија и негово апсење ако дојде во Србија. „Ќе одам во Белград кога ќе ме повикаат и подготвен сум да разговарам со ...

Харадинај непожелен во Брисел

Време - 06.12.2004

СПОРЕД ГЕРМАНСКАТА АГЕНЦИЈА ДПА Србија побара Обединетите нации да го поништат изборот на поранешниот командант во Ослободителната војска на Косово, Рамуш Харадинај, за нов премиер на автономната влада на Косово, но во УНМИК велат дека Харадинај легално бил избран за премиер.

За УНМИК изборот на Харадинај бил демократија

Вест - 06.12.2004

ОФИЦИЈАЛЕН БЕЛГРАД ЛУТ НА УНМИК ШТО ДОЗВОЛИ ИЗБОР НА ПОТЕНЦИЈАЛЕН ВОЕН ЗЛОСТОРНИК ЗА КОСОВСКИ ПРЕМИЕР БЕЛГРАД, 6 декември (АП) - Мисијата на ОН на Косово (УНМИК) вчера го отфрли барањето на властите од Србија да се поништи изборот на Рамуш Харадинај, лидерот на Алијансата за иднината на Косово, за ...

УНМИК нема да го смени Харадинај

Дневник - 06.12.2004

ОТФРЛЕНО БАРАЊЕТО НА БЕЛГРАД УНМИК вчера го отфрли барањето на Белград да се поништи изборот на Рамуш Харадинај, лидер на Алијансата за иднината на Косово, за нов премиер на Косово, јави Макфакс. Џеф Бајли, портпарол на УНМИК, истакна дека изборот на Харадинај бил волја на застапниците на ...

Биографија на косовскиот премиер

Дневник - 06.12.2004

Рамуш Харадинај е роден на 3 јули 1968 година, во село Глоѓане кај Дечани во Косово, пренесува МИА. Дипломирал на Правниот факултет во Приштина. Воениот рок го служел во 1986 година во ЈНА, во Пирот и Димитровград. По демонстрациите на косовските Албанци во 1989 година емигрирал во Швајцарија, по ...