Групација составена од две италијански и по една македонска и бугарска фирма во наредниве седум месеци фазно ќе го изработуваат проектот за првата трамвајска траса во Скопје, од Ново Лисиче до центарот и назад. Градоначалникот Трифун Костовски вчера ги потпиша договорите со компаниите „Боно Џанкарло“ и „Аксиома дизајн“ од италијанскиот град Леко, „Проџект билдинг оф транспорт системс“ од Софија и ...
Италијанско-македонско-бугарска фирма најдоцна за 60 дена треба да проектира трамвајско депо, по што ќе се распише и тендер за негова изградба. Веднаш потоа ќе се проектираат првите три километри, додека проектот за вкупно 12 километри од првата траса треба да биде готов за седум месеци. Италијанско-бугарско-македонски конзорциум вчера и официјално доби зелено светло од Градот за проектирање на ...