TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Михајловиќ вети дека на Илинден во "Прохор Пчињски" се ќе биде во најдобар ред

Утрински - 26.07.2003

Министрите за внатрешни работи на Македонија и на Србија во Охрид потпишаа Меморандум за соработка СИМОН ИЛИЕВСКИ ОХРИД - "Прославата на Илинден во манастирот "Прохор Пчињски" ќе се одвива во најдобар можен ред. Не верувам дека ќе има какви било проблеми, особено од доменот на МВР", вети српскиот ...

Асномска плоча со српски евергрин

Дневник - 26.07.2003

Уводник Неколку дена пред прославата на 100-годишнината од славниот Илинден, дали заради претпразнично загревање на патриотизмот или поради недостиг од конјуктурни политички идеи, почна жестока битка за враќање на спомен-плочите од АСНОМ во манастирот "Св. Прохор Пчињски".

Наместо плочите во "Прохор Пчињски", стаса протестна нота од Белград

Дневник - 26.07.2003

србиЈа ГО ЗАОСТРИ СТАВОТ КОН МАКЕДОНИЈА Министерството за верски прашања на Србија до Амбасадата на Македонија во Белград завчера упатило остар протест поради апсењето на расчинетиот владика Јован, егзарх на патријархот Павле, и поради спречување на влегувањето на свештениците на Српската ...

Спомен плочите и денеска не се во Прохор Пчињски

А1 - 25.07.2003

Спомен плочите за АСНОМ и денеска не се во манастирот Прохор Пчињски, иако истече рокот од 8 дена што го наложи Српскиот Завод за заштита на спомениците. „Не е вратена. Работите меѓу владата и црквата се уште се затегнати. Навистина не знам. Не сакам да бидам пророк. Не е проблем да се постави.

Пахомие доби осум дена да ги врати спомен - плочите

Утрински - 25.07.2003

По неуспешните преговори на српската влада и СПЦ за "случајот Прохор Пчињски" Белград - Заводот за заштита на спомениците на културата на Србија му наложил на братството на манастирот "Прохор Пчињски" да ги вратат спомен-плочите на конаците што го означуваат местото каде што во 1944 година се одржа ...

Македонија не се пазари за своите симболи

Дневник - 25.07.2003

Коментар - Жана П. Божиновска Ако сакаме да бидеме добри соседи и браќа, треба да седнеме и да се договориме. Вака врањскиот владика Пахомие го гледа наоѓањето решение за враќање на спомен-плочите во манастирскиот комплекс "Св. Прохор Пчињски".

Српските свештеници уценуваат за прославата во "Прохор Пчињски"

Дневник - 25.07.2003

ЕДНА НЕДЕЛА ПРЕД ИЛИНДЕН Крајно неизвесно е дали Македонија ќе може да ги прослави илинденскиот јубилеј и АСНОМ во манастирот "Св. Прохор Пчињски", зашто не се знае дали српската влада ќе успее да ги убеди Српската православна црква и братството во манастирот да дозволи враќање на спомен-плочите од ...

Синодот при СПЦ решил да не дозволи да се вратат плочите на АСНОМ во манастирот Прохор Пчински

Канал5 - 25.07.2003

Светиот архиерејски синод на СПЦ решил дa не дозволи да се вратат плочите од АСНОМ во манастирот ,,Прохор Пчињски,,, ниту пак ќе биде дозволена прославата на македонскиот национален празник на 2-ри август во манастирот. Оваа одлука СПЦ ќе ја смени сам Светиот архиерејски синод на СПЦ решил дa не ...

Случај Прохор Пчињски: Белград упати протест до Скопје

Канал5 - 25.07.2003

Српските владици не отстапуваат од ставовите дека нема да овозможат враќање на трите плочи во манастирот Прохор Пчињски и посета на верскиот објект на втори август од македонските грагани. Врањскиот владика Пахомије денеска за канал 5 изјави “Не мо Српските владици не отстапуваат од ставовите дека ...

Поповски ќе треба да ја предводи државната делегација во Прохор Пчињски

А1 - 24.07.2003

Спикерот Поповски кој треба да ја предводи државната делегација на 2 август во Прохор Пчињски побарал Министерството за надворешни работи да воспостави дипломатска комуникација за да добие одговор дали на Прохор Пчињски властите во Србија ќе обезбедат услови достојни за одбележување на празникот.

Спомен плочата нема да биде пренесена во Прохор Пчињски

А1 - 24.07.2003

Спомен плочата на АСНОМ утре нема да биде пренесена во Прохор Пчински. Директорот на македонскиот завод за заштита на спомениците Јован Ристов денеска чекаше телефонски повик од Белград, и известување од неговиот српски колега, директорот на републичкиот завод Марко Омчикус, како поминал состанокот ...

Српскиот завод наложи враќање на спомен плочите

А1 - 24.07.2003

Заводот за заштита на спомениците на културата на Србија му наложил на братството на манастирот на Прохор Пчињски да дозволата да се вратат спомен плочите, кои означуваат дека таму во 1994 година е одржано заседанието на АСНОМ.

Најдоцна до утре обележјето на АСНОМ ќе се стави во "Прохор Пчињски"

Вест - 24.07.2003

ВИЦЕПРЕМИЕРОТ НА СРБИЈА ВЕТИЛ Од Белград вчера е стасана најтазе вест дека плочата за Првото заседание на АСНОМ, како и да е, ќе биде ставена како спомен-обележје во манастирот "Прохор Пчињски", каде стоеше до времето кога Шешељовите следбеници заедно со Срската православна црква ја симнаа.

Српската влада не ја убеди СПЦ да ја врати спомен - плочата

Утрински - 24.07.2003

СПОР Белград - Претставниците на српската влада и великодостоинственици на Српската православна црква засега не постигнале договор околу прославата на македонскиот национален празник Илинден во манастирот "Св. Прохор Пчињски", јави белградската агенција Бета, повикувајќи се на извор од владата на ...

Стефановски: Чествувањето во "Прохор Пчињски" нема да се откаже

Утрински - 24.07.2003

ИЗЈАВА "Чествувањето во манастирот 'Прохор Пчињски', каде што по повод 100-годишнината од Илинденското востание ќе се одвиваат главните свечености, заедно со Крушево и Смилево, нема да се откаже", рече министерот за култура, Благоја Стефановски, на вчерашната прес-конференција по повод промоцијата ...

Стефановски: не се откажуваме од чествувањето во "Св. Прохор Пчињски"

Дневник - 24.07.2003

ПРОСЛАВА НА ГОЛЕМИОТ ПРАЗНИК Не отидов на преговорите во Врање зашто сметав дека би можел уште повеќе да ги иритирам - рече министерот за култура Ние нема да се откажеме од чествувањето на АСНОМ за Илинден во манастирот "Св. Прохор Пчињски", без разлика на спорот меѓу СПЦ и МПЦ и исходот од ...

СПЦ не дозволува прослава во "Св. Прохор Пчињски"

Дневник - 24.07.2003

ЦРКВАТА НЕ ЈА СЛУША ВЛАДАТА ВО БЕЛГРАД Српската православна црква нема да дозволи прослава на македонскиот национален празник Илинден во манастирот "Свети Прохор Пчињски", се додека "официјално непризнаената Македонска црква не го промени својот став за забрана на движење на претставници на СПЦ низ ...

СПЦ нема да дозволат да ги видиме плочите и да го прославиме Илинден во манастирот Прохор Пчински јавува БЕТА

Канал5 - 24.07.2003

На Илинден покрај тоа што може нема да ги видиме плочите од АСНОМ поставени на старото место на манастирот Прохор Пчињски, туку најверојатно српските свештеници нема да дозволат да го пославиме националниот празник во манастирот.

СПЦ нема да дозволи прослава во Прохор Пчињски

А1 - 23.07.2003

Влaдиката нишки Иринеј денеска изјави дека Српската Православна Црква одлучила да не дозволи македонскиот национален празник Илинден да се слави во манастириот Св. Прохор Пчињски. Во одлуката се вели: „СПЦ нема да го промени својот став, се додека официјално не признаената македонска црква не им ...

СПЦ нема да расправа за враќање на плочата во „Св. Прохор Пчињски"

Утрински - 23.07.2003

СЛУЧАЈ Скопје - Светиот архијерејски синод на Српската православна црква нема да се состане пред 5 август, ниту пак ќе расправа за одлуката на српската влада спомен-плочата на АСНОМ да се врати во рок од осум дена во манастирскиот комплекс "Св. Прохор Пчињски".

ГАРД ве води во "Прохор Пчињски"

Дневник - 23.07.2003

РЕКРЕАЦИЈА Граѓанската асоцијација за рекреативно движење (ГАРД) на 2 и 3 август организира патување до манастирот "Прохор Пчињски" и до Власинско Езеро, близу Врање во Србија и Црна Гора. ГАРД за оваа средба на сите рекреативци што имаат желба да патуваат и да се дружат им обезбедува ноќевање во ...

Српските власти и црквата со спротивни ставови за спомен плочата

А1 - 22.07.2003

Според информациите од Владата во Србија, утре ќе започне разговорот на претставниците на властите и српската црква за враќањето на спомен плочата на АСНОМ на старото место во манастирот „Св. Прохор Пчињски“. Имено, српските световни власти мислат дека не постојат причини плочата да не се врати до ...

Пахомие: Враќањето на спомен плочата не е во моја надлежност

Утрински - 22.07.2003

Случај Скопје - Сў уште е неизвесно дали големата национална прослава на стогодишнината од Илинден ќе биде збогатена и со враќање на спомен-плочата на АСНОМ во манастирскиот комплекс "Свети Прохор Пчињски". "За тоа прашање со нас никој официјално не контактирал", изјави вчера за Македонско радио ...

Пахомие: Ќе зборуваме за плочите кога ќе објасните зошто е уапсен Јован

Дневник - 22.07.2003

ВРАЌАЊЕТО НА ПЛОЧИТЕ НА АСНОМ ВО ЌОР-СОКАК За спомен-плочите во "Прохор Пчињски" ќе ви дадам информација кога македонските медиуми ќе објават како се кршат човековите права во Македонија и кога ќе објаснат зошто е уапсен расчинетиот владика Јован.

Со влегувањето во соборниот храм Вранишковски извршил насилие кон МПЦ

А1 - 21.07.2003

Со самоволното насилно влегување во соборниот храм во Битола Зоран Вранишковски извршил насилие кон МПЦ и загрозување на нејзините духовни и материјални вредности. Вранишковски е вратен во редот на обичните верници и нема право да се претставува ако архиереј ниту да си придава архиерејска власт.

Плочата од АСНОМ место во "Прохор Пчињски", може да заврши во Врање

Вест - 21.07.2003

И ПОКРАЈ ВЕТУВАЊАТА НА СРПСКАТА ВЛАСТ Како што стојат работите, спомен -плочата за заседанието на АСНОМ и означувањето на државноста на Македонија, наместо на своето место во манастирот "Прохор Пчињски", најверојатно ќе заврши во Врање.

Владиката Пахомие го кочи враќањето на спомен-плочите во "Прохор Пчињски"

Утрински - 21.07.2003

И покрај почнатите подготовки за достојно одбележување на Првото заседание на АСНОМ Неполни две седмици од 2 Август, се уште е неизвесно дали чествувањето на двојниот Илинден во манастирот "Св. Прохор Пчињски, ќе биде збогатено и со враќањето на спомен-обележјата од Првото заседание на АСНОМ, кои ...

Со спомен-плочата во "Прохор Пчињски" се враќа и историската вистина

Дневник - 21.07.2003

Г. Г. СТЕФАН ЗА МАКЕДОНСКОТО РАДИО Враќањето на спомен-плочата во манастирот "Св. Прохор Пчињски" е враќање на илинденската вистина, која за македонскиот народ, за историјата и за вечноста е многу битна, рече поглаварот на Македонската православна цркава, архиепископот г. г.