TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Ексградоначалникот на Куманово настрадал од инфаркт

Вест - 19.06.2002

Обдукцијата извршена во Институтот за судска медицина во Скопје покажала дека Борис Протиќ починал од акутен нападн на срце и белите дробови, се вели во официјалниот извештај на СВР Куманово. Со тоа се отфрлаат сите шпекулации дека исчезнувањето и смртта на бившиот градоначалник на Куманово, била ...

Најден мртов ексградоначалникот Протиќ

Вест - 18.06.2002

ПО ЕДНОДНЕВНА ПОТРАГА, НА 8 КИЛОМЕТРИ ОД КУМАНОВО КАЈ РЕКАТА ПЧИЊА Борис Протиќ (61), ексградоначалник на Куманово, завчера околу 20 часот, по еднодневна потрага бил пронајден мртов, по течението на реката Пчиња, меѓу селата Пчиња и Студена Бара, осум километри јужно од Куманово.

Поранешниот градоначалник на Куманово пронајден мртов

Дневник - 18.06.2002

ПО ЕДНОДНЕВНА ПОТРАГА Поранешниот градоначалник на Куманово, Борис Протиќ (61), во неделата бил пронајден мртов на брегот на реката Пчиња во месноста Кука, во атарот на селото Студена Бара. Според полицијата, телото било пронајдено вечерта околу 20.30 часот, без видливи траги на насилство.

Бившиот градоначалник на Куманово пронајден мртов крај Пчиња

Утрински - 18.06.2002

Борис Протиќ, најверојатно, починал додека ловел риба КУМАНОВО - Бившиот градоначалник на Куманово, Борис Протиќ е пронајден мртов крај реката Пчиња. Починал ненадејно во саботата претпладне додека ловел риба покрај реката во близина на селото Студена Бара.

Поранешниот градоначалник на Куманово пронајден мртов

А1 - 17.06.2002

Поранешниот градоначалник на Куманово, 61-годишниот Борис Протиќ синоќа околу 21 часот е пронајден мртов во близина на селото Студена Бара. Во саботата откако тргнал на риболов, Протиќ исчезнал, а кумановската полиција два дена трагаше по него.

Бившиот градоначалник Протиќ отишол по риба и исчезнал без трага

Дневник - 17.06.2002

КУМАНОВО Бившиот градоначалник на општина Куманово Борис Протиќ (61) исчезнал под засега се уште нерасветлени околности во саботата во раните утрински часови. Според првичните полициски информации, Протиќ заедно со својот другар отишол на риболов во саботата рано изутрина кај реката Пчиња.

Заминал на риболов и не се вратил

Вест - 17.06.2002

ИСЧЕЗНА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА КУМАНОВО Борис Протиќ (61), поранешен градоначалник на Куманово, веќе два дена е исчезнат покрај реката Пчиња и интензивно се трага по него. Во саботата наутро, заедно со еден свој пријател заминале на риболов на реката Пчиња, во атарот на селото Студена Бара.