TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Американските сили напредуваат кон Тикрит

А1 - 13.04.2003

Aмериканските сили брзо напредуваат кон Tикрит, единствениот град во Ирак кој сеуште не е под контрола на сојузниците. Според американските медиуми, ирачките војници ги напуштиле борбените позиции околу родниот град на Садам Хусеин, од кој што синоќа исчезнале претставниците на ирачките власти.

Интензивна престрелка меѓу американски војници и вооружени Ирачани во Багдад

А1 - 12.04.2003

Пред багдадскиот хотел „Палестина“, каде се сместени повеќе странски новинари, попладнево се случила интензивна престрелка меѓу американски војници и вооружени Ирачани. Се уште нема информација за идентитетот на вооружените Ирачани и за евентуалните жртви во 12-минутната престрелка.

Ирачаните се самоорганизираат против грабежите

А1 - 12.04.2003

Во Багдад се појави милиција за самоодбрана што им се спротивставува на ограбувачите, јавуваат агенциите. Руските медиуми информираат дека багдадската полиција соработува со американската војска за воспоставување на ред во градот, каде владеат анархија и грабежи.

Американските маринци го зазедоа градот Кут

А1 - 12.04.2003

Американските маринци го зазедоа градот Кут, во источниот дел на Ирак, јавуваат западните медиуми. Централната команда на американската војска во Катар не ја потврди информацијата. Според агенциите, при нападот на маринците на градскиот стадион се собрале околу стотина арапски доброволци, кои без ...

Садам Хусеин - мртов или жив?

А1 - 12.04.2003

Судбината на поразениот ирачки претседател Садам Хусеин е се уште непозната, но американските официјални претставници повеќе се склони да веруваат дека тој е веројатно мртов. Ирачкиот национален конгрес тврди дека Хусеин е жив и дека највероватно се крие во североисточен Багдад.

Силите на Садам во Мосул се предадоа без борба

Дневник - 12.04.2003

во северен ирак Американски сили и нивните курдски сојузници вчера без борба го зазедоа Мосул, со што режимот на Садам Хусеин повеќе нема упориште во северен Ирак, јави Ројтерс. Откако завчера курдските герилци "пешмарга" парадно влегоа во нафтениот центар Киркук, единствен важен центар што е под ...

Хаос и масовнби грабежи во ослободен Ирак

Вест - 12.04.2003

Докторите во Багдад ги изнесуваат мртвите од мртовечницата за погреб. Црвениот крст јави дека болниците речиси и да не работата затоа што се масовно ограбени МОСУЛ, Ирак 12 април (АП) - Цел еден ирачки воен корпус се вчера предаде во Мосул, најголемиот град во северен Ирак по што само уште родниот ...

Како да се уреди пост Садамов Ирак

Утрински - 12.04.2003

Лондон вели дека се уште не е крај на војната, но се мерат потезите за транзицискиот период Од нашиот известувач Томислав Ивановски ЛОНДОН - Сликите од Багдад за паѓањето на ирачкиот главен град и од прославувањето на заминувањето на стариот режим на багдадските улици се голема сатисфакција за ...

Турција испраќа воени набљудувачи во Киркук и Мосул

Вест - 12.04.2003

Анкара, 12 април - Согласно договорот со САД Турција испрати 15-на воени набљудувачи кои ќе ја следат ситуацијата во градовите Киркук и Мосул во северен Ирак, кои се под контрола на американските и курдските војници. Воените набљудувачи ќе останат таму колку што е потребно, изјавил турски дипломат ...

Кај се парите на Садам?

Вест - 12.04.2003

ЖЕНЕВА (АП) - Сега кога Садам веќе не е на власт, почнува трката да се најдат милијардите за кои се верува дека тајно ги скрил некаде надвор од Ирак. Се проценува дека богатството на Садам се движи од 2 до 40 милијарди долари, меѓутоа стручни лица велат дека тие пари се толку успешно скриени во ...

Анархијата и насилството завладеаја во Багдад

Утрински - 12.04.2003

По заземањето на главниот ирачки град од страна на американските трупи БАГДАД - Вооружени лица вчера се сноваа низ улиците на Багдад, грабежите се ширеа низ градот, додека ирачката престолнина падна во анархија. Американските војници, кои во средата ја окончаа власта на Садам Хусеин, главно, стоеја ...

Багдадските крадци ги испразнија пештерите со богатство на Садам баба

Дневник - 12.04.2003

ВО ПЕРИОДОТ НА ПОЛИЦИСКИ ВАКУУМ Додека американските сили се уште се концентрираат на разбивање на гнездата на соборениот ирачки режим, багдадските крадци се соочија со ситуација слична на таа на нивниот "колега" Аладин од приказните - пред нив се отворија пештерите со богатство на Садам и другите ...

Буш им вети мир и безбедност на Ирачаните

А1 - 11.04.2003

Американскиот претседател Џорџ Буш во снимена порака им вети на Ирачаните дека САД и нивните сојузници ќе помогнат во зачувување на редот и законите во Ирак. Буш не најави скоро повлекување на силите на САД од Ирак, но истакна дека ќе измине одреден временски период додека се формира новата ирачка ...

Турција испрати воени набљудувачи во северен Ирак

А1 - 11.04.2003

Турција испрати 15 воени набљудувачи кои ќе ја следат ситуацијата во Киркук и Мосул во северен Ирак, градови под контрола на американските и курдските војници. Воените набљудувачи ќе останат таму колку што е потребно, изјавил турски анонимен дипломат.

„Ноќниот кошмар" на Садам заврши

Утрински - 11.04.2003

Буш и Блер до Ирачаните ЛОНДОН - Американскиот претседател Џорџ Буш и британскиот премиер Тони Блер вчера испратија телевизиска порака до Ирачаните, истакнувајќи дека тие ќе бидат одговорни за нивната сопствена иднина кога ќе заврши "ноќниот кошмар" на Садам Хусеин.

Играта заврши, рече амбасадорот на Ирак во ОН

Утрински - 11.04.2003

Изјава ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ - Ирачкиот амбасадор во ОН, Мохамед Алдури, изјави во средата дека "играта заврши" и се надева дека ирачкиот народ наскоро ќе може да живее во мир. Говорејќи им на новинарите пред неговата резиденција, а потоа и пред ирачката мисија во ОН, тој додаде: "Сега треба да работиме ...

Буш и Блер им порачаа на Ирачаните: Кошмарот заврши

Дневник - 11.04.2003

реакции на светските лидери Американскиот претседател Џорџ В. Буш и британскиот премиер Тони Блер вчера преку новата телевизиска станица им порачаа на Ирачани дека кошмарот Садам Хусеин заврши и оти наскоро самите ќе си ја градат својата иднина.

Буш воодушевен од развојот на војната во Ирак

Утрински - 11.04.2003

Во Белата куќа телевизиски се следи уривањето на режимот во Багдад ВАШИНГТОН - "Тие ја турнаа!", изјави во средата американскиот претседател Џорџ Буш откако големата статуа на Садам Хусеин, конечно, беше соборена од центарот на Багдад.

Садам мистериозно исчезна од Багдад

Дневник - 11.04.2003

ГОЛЕМ ЛОВ ПО ДИКТАТОРОТ Садам Хусеин загинал од американски проектил на 20 март, или од четирите бомби во понеделникот, или пак е жив и здрав и побегнал во Сирија, можеби се засолнил во Амбасадата на Русија во Багдад, се крие во супербункер во родниот град Тикрит - никој вчера не можеше со ...

Буш им порача на Ирачаните: Садам е готов

Вест - 11.04.2003

ВАШИНГТОН, 11 април (АП) - Американскиот претседател Џорџ Буш во своите изјави кои беа телевизиски емитувани низ цел Ирак вчера им се обрати на ирачките граѓани со зборовите: "Режимот на Садам Хусеин се симнува од власта". Обраќањето во траење од две и пол минути коешто било снимено завчера при ...

Арапскиот свет во шок по падот на Багдад

Утрински - 11.04.2003

Реакција КАИРО - Арапскиот свет вчера беше во шок и одбиваше да ја прифати вистината откако Багдад падна речиси без борба, ставајќи крај на 24-годишната власт на претседателот Садам Хусеин. Многумина се чувствуваа изневерени од пропаѓањето на личноста која претставуваше редок извор на арапскиот ...

Борби во Багдад, Курдите го освоија Киркук

Вест - 11.04.2003

Турција која е против Курдска држава вели Пауел ветил дека американските трупи ќе ги отстранат Курдите од Киркук БАГДАД, 11 април (АП) - Американските сили вчера се бореа со непопустливите борци во Багдад додека продолжува масовното ограбување во градот.

Потрага по Садам Хусеин

Утрински - 11.04.2003

Багдад БАГДАД - Курдските борци го зазедоа северниот ирачки нафтен град Киркук, додека американските војници водеа жестоки борби со тврдокорните приврзаници на Садам Хусеин во Багдад. Нема информации за судбината на Садам, еден ден откако американските сили го зазедоа Багдад, што беше поздравено од ...

Садам Интернет хит за колекционерите

Вест - 11.04.2003

ВАШИНГТОН (Ројтерс) - Иако судбината на Садам е неизвесна додека неговата власт се распаѓа во Багдад, неговиот лик се стекнува со се поголема популарност како сувенир кој се купува преку аукциите на Интернет. До третата недела од почетокот на војната во Ирак колекционерите извршиле купопродажба на ...

Курдските сили без борба го зазедоа Киркук

Дневник - 11.04.2003

ОТКАКО БАГДАД БЕШЕ ОСЛОБОДЕН ОД РЕЖИМОТ НА САДАМ Курдските борци со помош од американските сили вчера речиси без борба воспоставија контрола врз ирачкиот северен нафтен центар Киркук, што, пак, ја вознемири Турција, која бараше гаранции дека Курдите нема да прогласат своја држава во северен Ирак, ...

Арапските медиуми шокирани од брзиот пад на Багдад

А1 - 10.04.2003

Додека повеќето арапски медиуми денеска сметаат дека брзиот пад на Багдад е „нешто неверојатно“, репортерите на арапската телевизија „Ал Џазира“ признаваат дека „никој не ни сонувал дека ќе се случи такво нешто“. Репортерот на „Ал Џазира“ вели дека ако некој претходно му кажел дека Багдад ќе падне ...

Обновени судирите во Багдад

А1 - 10.04.2003

По тричасовна жестока борба во која загинал еден маринец, а 20 се повредени, американските војници денеска зазеле една од претседателските палати во северен Багдад. Во меѓувреме, во градот и денеска продолжуваат грабежите. Во борбата за палатата Американците побарале помош од воздух и отворале оган ...

Во Ирак има околу 2.350 споменици на Садам Хусеин

А1 - 10.04.2003

Во Ирак има околу 2.350 споменици на Садам Хусеин кои беа поставувани како дел од „монументалната пропаганда“ што ја спроведуваше ирачкиот режим, објавува саудискиот весник „Аш Шарк Ал Аусат“. За изработка на спомениците во близина на Багдад постоела ливница во која работеле 80 вајари и други ...

Американците ги освоиле Киркук

А1 - 10.04.2003

Киркук, стратешкиот нафтен град во северен Ирак, од денеска е под контрола на курдските борци и американските сили, јави дописникот на „ВСС“, иако курдски претставници тврдат дека состојбата се уште е неизвесна. Портпаролот на Демократската партија на Курдистан Фавзи Харири тврди дека „извештаите ...

Садам падна, војната продолжува

Вест - 10.04.2003

Жителите на Садам сити, кварт во северниот дел од Багдад, со овации ги дочекуваат американските трупи БАГДАД, 10 април (АП / Ројтерс) - Ирачаните вчера во толпи масовно провалуваа во владините згради ограбувајќи ги нивните простории што е нов показател дека е изгубена владината контрола над Багдад.

Режимот на Садам повеќе го нема, но војната продолжува

Дневник - 10.04.2003

ПРВА МИРНА НОЌ ВО БАГДАД Откако Багдад вчера ја помина првата мирна ноќ за време на војната, американски функционери оценија дека режимот на Садам Хусеин повеќе не функционира, но оти војната ќе продолжи се додека не бидат разбиени остатоците на силите на Садам, и во Багдад и во внатрешноста.

Режимот на Садам се распаѓа

Утрински - 10.04.2003

Багдад Големи пљачкосувања низ улиците на Багдад и Басра БАГДАД - Власта на Садам Хусеин вчера пропадна кога среќните Ирачани ги поздравија американските сили во Багдад, а разулавените ограбувачи ги нападнаа симболите на неговата власт.

ЦИА ја прославува смртта на Садам!?

Дневник - 10.04.2003

ПО АТЕНТАТОТ СО ЧЕТИРИ МЕГАБОМБИ ВО ВТОРНИКОТ Американската Централна разузнавачка агенција смета дека ирачкиот претседател Садам Хусеин е убиен со четирите мегабомби што бомбардер "Б-1" во вторникот наутро ги фрли врз една зграда во багдадскиот кварт Мансур, јави МИА, пренесувајќи извештај на ...

Курдското прашање сe уште останува без одговор

Капитал - 10.04.2003

Новата заливска војна и Курдите во северен ИракКурдското прашање сe уште останува без одговорЗнаејќи дека нивната независност многу ќе ги налути соседните земји, ирачките Курди нагласуваат дека не барат ништо повеќе од автономија во рамките на демократски федерален Ирак Економист (Лондон)Курдите, ...

Аргументите на војната

Капитал - 10.04.2003

Анализа: Американските војници влегоа во БагдадАргументите на војнатаВојната во Авганистан и соборувањето на Талибанскиот режим беше првиот предвидлив чекор на Џорџ Буш. Втор на списокот се најде стариот "муштерија" Садам Хусеин кој со децении прави бељи, врши инвазии врз соседните земји и си игра ...

Група новинари избегнале линч во центарот на Багдад

А1 - 09.04.2003

„Толпа вооружени Ирачани денеска во центарот на Багдад нападнала група од шест португалски и еден бугарски новинар, при што едвај успеале да избегнат линч“, изјави Карлос Фино, еден од нападнатите новинари. Известувачот на Португалската телевизија од Багдад појасни дека новинарите од хотелот ...

Американски авиони го напаѓаат родното место на Садам

А1 - 09.04.2003

Американски воени авиони денеска нападнале воени позиции околу местото Тикрит, родниот град на ирачкиот претседател Садам Хусеин, соопшти портпаролот на американската војска во Катар, капетан Френк Торп. „Во последните 24 часа стрелавме воени цели и цели на режимот во подрачјето на Тикрит.

Центарот на Багдад под контрола на Американците

А1 - 09.04.2003

„Центарот на Багдад е под контрола на американската војска, но борбите во главниот ирачки град и во јужниот дел од Ирак ќе продолжат уште неколку дена“, изјави американскиот генерал Болфорд Блаунт, командант на Третата пешадиска дивизија.

Москва бара целосна безбедност на руските дипломати во Багдад

А1 - 09.04.2003

„Русија смета дека треба да биде гарантирана целосна безбедност на персоналот на руската амбасада во Багдад и да биде обезбедена зградата на дипломатската мисија“, изјавил рускиот шеф на дипломатијата Игор Иванов во телефонскиот разговор со државниот секретар на САД Колин Пауел.

ОН ќе добијат само советодавна улога

Дневник - 09.04.2003

БУШ и блер разговараа за ПОВОЕНИОТ ИРАК Американскиот претседател Џорџ В. Буш вети дека Обединетите нации ќе добијат клучна улога во повоената обнова на Ирак, но прашање е како конкретно тоа ќе изгледа. Буш изјави дека ОН ќе помагаат во делењето на хуманитарната помош и ќе предлагаат личности за ...

Џорџ Буш и Тони Блер ветија "витална улога" за ОН

Утрински - 09.04.2003

Самит ХИЛСБОРОУ - Сојузниците од ирачката војна Џорџ Буш и Тони Блер вчера прифатија "витална улога" за Обединетите нации откако ќе завршат борбите, но нивните планови можеби нема да ги задоволат европските желби. Двајцата лидери одржаа конференција за печатот во дворецот "Хилсбороу" од 18 век во ...

Кланица во Багдад

Вест - 09.04.2003

Багдад под дожд од бомби, се се тресе и секаде има чад БАГДАД, 9 април (Ројтерс / АП) - Американските сили вчера во центарот на Багдад изведоа жестоки напади врз владини цели по обидот да го убијат Садам Хусеин и неговите синови со четири силни бомбашки напади.

Маринците се измочаа во златниот колзет на Садам

Вест - 09.04.2003

БАГДАД (АП) - Американската војска ја доведе војната близу до ирачкиот претседател Садам Хусеин - во центарот на Багдад, кај правливите урнатини од неговата раскошна палата, кај неговите топли бањи и просторијата за правење скара.

Соборен американски авион над Багдад

Утрински - 09.04.2003

Загуба Ирачка ракета вчера собори американски авион „А-10" кој бомбардираше цели во Багдад. Авионот кој, главно, ниско лета и е наменет за уништување жива сила и оклопни возила, бил соборен во близината на багдадскиот аеродром кој е под контрола на американските сили.

Владините објекти опсипани со бомби

Утрински - 09.04.2003

Багдад БАГДАД - Американски борбени авиони, тенкови и артилерија вчера го нападнаа центарот на Багдад, погодувајќи ги зградите на владата во жестокиот напад кој почна во раните утрински часови, а продолжи и попладнето. "Паѓаат бомби", јави дописникот на Ројтерс.

Мегабомби за Садам, гранати за новинари

Дневник - 09.04.2003

БИТКА ЗА БАГДАД Американски бомбардери вчера со четири мегабомби се обидоа да извршат атентат врз ирачкиот лидер Садам Хусеин, а десетина тенкови продираа во центарот на Багдад, но при демонстрирањето сила и стрелањето по "сопствена волја" погодија новинарски екипи.

Американците се надеваат дека Садам е мртов

Утрински - 09.04.2003

По жестокото бомбардирањето на една зграда во центарот на Багдад БАГДАД - Реагирајќи брзо на новодобиените разузнавачки информации, американски воен авион бомбардираше зграда во центарот на Багдад каде што се веруваше дека се состануваат Садам Хусеин, неговите двајца синови и високи ирачки ...

Мегабомби за Садам, тенковски гранати за новинари

Дневник - 09.04.2003

БИТКА ЗА БАГДАД Американски бомбардери вчера со четири мегабомби се обидоа да извршат атентат врз ирачкиот лидер Садам Хусеин, а десетина тенкови продираа во центарот на Багдад, но при демонстрирањето сила и стрелањето по "сопствена волја" погодија новинарски екипи.

Буш: „ОН ќе имаат клучна улога во Ирак“

А1 - 08.04.2003

„Обединетите Нации ќе ја имаат клучната улога во обновата на Ирак“, изјавуви американскиот претседател Џорџ Буш по денешната средба со британскиот премиер Тони Блер во Белфаст. Буш додаде дека коалиционите сили, предводени од САД, прават напори за што поскоро време власта во Ирак да ја предадат во ...

Палатата на Републиката под жестоки напади

А1 - 08.04.2003

Американските сили извршиле силен бомбашки напад врз Палатата на Републиката во Багдад во која наводно се наоѓал ирачкиот претседател Садам Хусеин, а остри борби се водат и во центарот на градот, соопштуваат американски официјални лица.

Американците ќе треба да останат во Ирак најмалку две години

Утрински - 08.04.2003

Ирачкиот лидер на опозицијата и заменикот на Рамсфелд ги одредуваат рамките на пост Садамовиот Ирак ВАШИНГТОН - Ирачкиот лидер на опозицијата, кој на американските официјални лица им рече да очекуваат лесна победа над Садам Хусеин, во едно интервју изјави дека американската војска можеби ќе треба ...

Во Британија зголемена поддршката за војната

Утрински - 08.04.2003

ЛОНДОН - Анкетата објавена во понеделникот покажа дека британската јавна поддршка за војната во Ирак го достигна највисокото ниво досега, но тешко дека некој во Велика Британија сака Американците да управуваат со земјата откако ќе заврши војната.

Американските тенкови влегоа среде Багдад

Вест - 08.04.2003

Тенковите влегоа длабоко во центарот на градот, ја зазедоа главната претседателска палата на Садам и нападнаа неколку други објекти. Пентагон изјави дека оваа операција беше "демонстрација на сила" ... БАГДАД, 8 април (АП/Ројтерс) - Американските сили вчера влегоа во центарот на Багдад и ја заземаа ...

Багдад е во карантин, Американците "прошетаа" низ палатите на Садам

Дневник - 08.04.2003

ЗАВРШНА ОПЕРАЦИЈА НА ВОЈНАТА ВО ИРАК Американските сили вчера сосема го изолираа Багдад, а колона од 65 тенка "абрамс" и 40 борбени возила "бредли" се пробија до центарот на градот и зазедоа две палати на Садам Хусеин. И покрај брзиот и лесен продор на американските сили, ирачките власти вчера ...

Жестоки борби во центарот на метрополата

Утрински - 08.04.2003

Пронајден воен склад со можно хемиско оружје БАГДАД - Американските маринци вчера им нанесоа непријателски удари на единиците на Специјалната републиканска гарда на Ирак, која ги брани позициите во источните предградија на Багдад, откако минаа една притока на реката Тигар и покрај штетата што ја ...

снајперистите во урбана војна

Утрински - 08.04.2003

БАГДАД - Ирачките снајперисти дејствуваат зад мостовите и артилерискиот оган што одекнува речиси од секоја насока во градот, додека ирачките сили го бранат Багдад од американските војници кои навлегоа во центарот. Урбаната војна за која се подготвуваше ирачкиот претседател Садам Хусеин конечно ...

Административните објекти во Багдад повторно под Ирачка контрола

А1 - 07.04.2003

Административните објекти околу претседателската палата во Багдад, меѓу кои и зградите на Министерството за информирање и за надворешни работи, каде од претпладнево се водат жестоки борби, и натаму се под контрола на ирачките власти, јавуваат агенциите.

Ракетиран американскиот Центар за комуникации во Багдад

А1 - 07.04.2003

Двајца американски новинари денеска беа убиени, а 15 лица се повредени при ирачки ракетен напад врз американскиот Центар за комуникации во јужните преградија на Багдад, соопштија воени извори. Во нападот загинаа и двајца американски војници, а шестмина се повредени, меѓу кои двајца се наоѓаат во ...

Американските сили зазедоа клучни објекти во Багдад

А1 - 07.04.2003

Борбите за Багдад продолжуваат и откако сојузничките сили изутрината заземаа клучни згради во центарот на градот, меѓу кои и главната претседателска палата, додека информациите за тоа кој го контролира Министерството за информации се различни.

Ирачката телевизија емитуваше снимка од Садам Хусеин

А1 - 07.04.2003

Ирачката државна телевизија емитуваше снимка од денешниот состанок на Садам Хусеин со ирачкиот политички и воениот врв што се одвивал за време на борбите меѓу американските и ирачките сили околу познатиот багдадски хотел „Ал-Рашид“.

Ирачката опозиција предлага Американците да останат две години

А1 - 07.04.2003

Ирачката опозиција смета дека американската армија по војната ќе мора да остане во Ирак најмалку две години, се додека земјата не биде подговена да избере демократска влада. Лидерот на Ирачкиот национален конгрес Ахмад Чалаби, за американската телевизија Си-Би-Ес, изјави дека иако не може да ја ...

Ирачаните се фалат со уништени американски тенкови

Утрински - 07.04.2003

Загуби на американската армија БАГДАД - Според ирачките претставници, 16 американски тенка се уништени или оштетени во текот на ноќта во близина на багдадскиот аеродром, при што загинале 50 американски војници. "Републиканската гарда го стега обрачот околу американскиот непријател во областа околу ...

Американците го сардисаа Багдад

Вест - 07.04.2003

Британските тенкови вчера влегле во центарот на Басра БАГДАД, 7 април (АП) - Звукот на експлозии, артилериски оган и ракети одекнуваше во Багдад во текот на вчерашното утро додека ирачките сили се бореа против сојузничките сили јужно од градот.

Американските трупи прават обрач околу Багдад

Утрински - 07.04.2003

Експлозии и силен артилериски оган во предградијата и во населбите на главниот ирачки град БАГДАД - Ирак синоќа им забрани на цивилите да го напуштаат Багдад, откако американските сили се приближија до главниот град по 18 дена од почетокот на војната.

Американците можат да влезат во Багдад кога ќе посакаат

Дневник - 07.04.2003

ОДБРАНАТА НА САДАМ СЕ НИША Во саботата тенковска колона на американската армија се пробила речиси до претседателската палата на Садам, а други единици на Третата пешадиска дивизија го стегаат обрачот околу градот Најистурените оклопни единици на американската војска која се групира на аеродромот ...

Руските дипломати ракетирани додека си заминувале од Багдад

Вест - 07.04.2003

МОСКВА, 7 април (АП) - Конвој на руски дипломати вчера се наошол во оган додека се евакуирале од Багдад, при што имало и ранети, соопшти Кремљ. Американските и ирачки амбасадори биле веднаш повикани во Руското министерство за надворешни работи.

Американците можат да влезат во Багдад кога сакаат

Дневник - 07.04.2003

ОДБРАНАТА НА САДАМ СЕ НИША Во "пријателски оган" американски бомбардер убил најмалку 10 американски и курдски војници Најистурените оклопни единици на американската војска која се групира на аеродромот кај Багдад викендов извршиле упад во ирачкиот главен град испитувајќи ја ирачката одбрана, јави ...