TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Во септември бесцарински увоз на пченица

Вест - 18.08.2007

ВЛАДАТА ВЕЛИ НЕМА ПОТРЕБА ОД ПОСКАПУВАЊЕ Од септември годинава ќе се издаваат дозволи за бесцарински увоз на пченица, а ќе се зголемат и државните резерви на јачмен и пченка Ќе бидат задоволени потребите од пченица, пченка и од добиточна зрнести производи.

Состојбата со пченицата не е алармантна, смирува Владата

Утрински - 18.08.2007

Мелничарите предупредија дека до Нова година ќе нема доволно пченица за домашниот пазар АЛЕКСАНДАР ПЕШЕВ По најавите на мелничарите дека нема доволно пченица за задоволување на домашните потреби, Владата смирува најавувајќи увоз на 150.000 тони пченица.

Житото во амбари чека повисока цена

Дневник - 18.08.2007

Откупот на пченицата во Ростиварскиот регион е слаб и досега се откупени едвај 10 проценти од реколтата. Земјоделците чекаат повисока откупна цена за житото, кое дотогаш ќе остане во амбарите. Мелничарите во Гостиварско не паметат толку слаб интерес за предавање на пченицата.

Нема причина да поскапи лебот

Дневник - 18.08.2007

Владата дозволи бесцарински увоз за да се ублажува недостигот од околу 80 илјади тони пченица Македонските мелничари и пекари ќе може да увезуваат пченица без да плаќаат царина од почетокот на септември. Оваа мерка ја презеде Владата за да се ублажи недостигот од лебно жито.

Состојбата не е алармантна, житарици ќе има доволно

Вечер Прес - 18.08.2007

За потребите на Бирото за стоковни резерви, Владата ќе увезе 30.000 тони пченица Владата ќе увезе 30.000 тони пченица за потребите на Бирото за стоковни резерви, а на почетокот на септември ќе одобри квоти за бесцарински увоз и од земјите што не се членки на Светската трговска организација.

Владата дозволи бесцарински увоз на пченица

А1 - 17.08.2007

За две недели Владата ќе дозволи слободен бесцарински увоз на пченица од сите земји. Вака одлучиле ресорните министри на синоќешната седница. Квотите за увоз ќе бидат распишани по 8 септември. Кој прв ќе се пријави, тој прв и ќе добие дозвола за увоз.

Итно ни треба увоз на пченица

Време - 17.08.2007

ПЕКАРИТЕ И ПОРАЧАА НА ВЛАДАТА Групацијата на мелничко-пекарската индустрија вчера побара од Владата итно да распише квоти до Светската трговска организација (СТО), за увоз на пченица за да се покрие недостигот од суровина поради сушната година.

Мелничарите бараат Владата да распише квоти за увоз на пченица

Утрински - 17.08.2007

Русија е единствена земја која има доволни количества пченица за извоз АЛЕКСАНДАР ПЕШЕВ Мелничарите алармираат дека нема доволно пченица за задоволување на потребите на пазарот. Претставниците од Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Здружението на земјоделство и прехранбена индустрија ...

По Нова година ќе останеме без леб

Дневник - 17.08.2007

Годинава се откупени 87.000 тони пченица, уште околу 80.000 тони се чуваат во амбарите, а за целосно покривање на потребите недостигаат уште 120.000 тони Македонија по Нова година ќе остане без леб ако Владата не помогне со увоз на пченица, се заканија вчера мелничарите и пекарите на состанокот во ...

Државите извознички на пченица го забрануваат извозот - македонската влада допрва ќе бара да купи

Канал5 - 17.08.2007

Нема потреба од интервентен увоз на пченица,тврдат владините министри откако вчера мелничарите побараа итно да се увезе пченица од Русија за да се ублажи кризата. На вчерашната седница владата се согласила само со едно од четирите барања на мелничарите - пропишала квоти за без царински увоз на ...

Пченица од Русија или од прекуокеанските земји

Вечер Прес - 17.08.2007

Покрај овие барања на излезни решенија, од Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија, сметаат дека треба да им се намалат и увозните царински трошоци што го оптоваруваат нивното работење Мелничарите бараат Владата итно да распише квоти за увоз на пченица од ...

Аргентина ќе забрани извоз на пченица

А1 - 16.08.2007

Мелничарите во паника, во регионот нема пченица, а домашните резерви се минимални. Според последните информации, по Србија, и Аргентина ќе забрани извоз на пченица. Ситуацијата е алармантна, велат мелничарите, бараат Владата итно да распише квоти за увоз на пченица од сите земји и доколку се најде ...

Пекарите бараат државна пченица

Дневник - 16.08.2007

Пекарите и мелничарите од Велес бараат Владата да пласира на пазарот пченица од стоковите резерви или да гарантира и да посредува при откуп на американска пченица. - Ниеден мелничар во Македонија не може да даде гаранции за увоз на еден брод со 60.000 тони пченица - вели Румен Смилевски, ...

Итен интервентен увоз на пченица од Русија- побараа денеска мелничарите од Македонија

Канал5 - 16.08.2007

Сушата и намалените приноси ја продолжуваат спиралата поскапувања на основните прехранбени производи. Сушата и намалените приноси ја продолжуваат спиралата поскапувања на основните прехранбени производи. По доматите, краставиците, пиперките, јајцата, зејтинот и лебот, поскапува и месото.

Прилепските земјоделци бараат обесштетување за продадената пченица

Утрински - 14.08.2007

ПРИЛЕП - Прилепските земјоделци кои на почетокот од жетвата го предадоа лебното зрно на мелничките капацитети по цена од 8 денари за килограм, бидејки немаа амбари ниту можност на друго место бесплатно да го сместат родот, бараат од Владата да им се доплати разликата од сегашната продажна цена на ...