TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Силни аплаузи и овации за „Танец“ во Овчарани

А1 - 21.07.2008

Силни аплаузи, овации и воодушевена публика на прославата на Свети Илија во Овчарани, во Леринско. Ансамблот за народни песни и ора „Танец“, чии членови денес беа третирани како ситни криминалци на граничниот премин Меџитлија од страна на грчките погранични власти, сепак успеа да ја вжешти ...

Македонците во Овчарани му одговорија на Караманлис

Утрински - 21.07.2008

Игроорците на „Танец“ претресувани од грчките цариници како да се шверцери Од нашиот известувач Димитар Чулев ОВЧАРАНИ - На Караманлис му се случи „народ“ во Овчарани, Леринско, само 24 часа откако се избламира со тврдењето дека во Грција „не постои и никогаш не постоело македонско малцинство“.

Играорците посилни од националистите

Време - 21.07.2008

По серија инциденти и напнатост, но и со песни, ора и со солзи-радосници, неколку илјади Македонци што живеат во Грција, како и голем број гости од македонската дијаспора и од Македонија, го одржаа својот традиционален панаѓур во селото Овчаране, Леринско, по повод празникот Свети Илија.

Не можеме да заборавиме дека сме Македонци

Дневник - 21.07.2008

Караманлис вели дека не постоиме. Ова е нашиот одговор на тоа. Подобар од какво било писмо,вели лидерот на„Виножито “ Павле Васкопулос учесник на илинденската прослава, на која се собраа три илјади Македонци Чудно, не постојат, а одеднаш се собраа во толкав број.

Од Овчарани пратена порака дека во Грција постои македонско малцинство

Канал5 - 21.07.2008

Доне Чапрданов дојде од Австралија за викендов да биде дел од традиционалното илинденско собирање во Овчарани леринско. Последен пат присуствувал на оваа прослава 2003-та. Пет години потоа повторно е во Овчарани каде се сретна со неговите роднини и пријатели.

Македонска прослава во Грција

Кирилица - 21.07.2008

Традиционалната прослава што Македонците во Грција, години наназад ја организираат во чест на верскиот и национален празник Свети Илија, во селото Овчарани во близина на Лерин и годинава се одвива според предвидената програма и без инциденти, потврдија за „Кирилица“ извори од ...

ДНЕВНИК: Не можеме да заборавиме дека сме Македонци

Нетпрес - 21.07.2008

Караманлис вели дека не постоиме. Ова е нашиот одговор на тоа. Подобар од какво било писмо,вели лидерот на„Виножито “ Павле Васкопулос учесник на илинденската прослава, на која се собраа три илјади Македонци Чудно, не постојат, а одеднаш се собраа во толкав број.

Македонците со македонски ора и песни му одговорија на Караманлис

Н.Македонија - 21.07.2008

Караманлис и Бакојани го добија одговорот на нивното писмо за тоа дека македонско малцинство не постои во Грција. Токму од Македонците во Грција. Во Овчарани. Или Мелити по грчки. Од граѓаните на Грција, ама Македонци по род. На нивниот традиционален фолклорен фестивал.