TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Нова демократија е процес што претстои

Утрински - 17.09.2008

Ниту еден член од ДПА не е задоволен од политиката во партијата, тврди Имер Селмани Светлана Унковска На завчерашната конвенција на Нова демократија и официјално ја презентиравте новата партија.

Селмани се појави во парламентот со нов партиски дрес

Утрински - 17.09.2008

Нова демократија ќе биде модерна политичка опција со граѓанска ориентација, најави Селмани Оливера Војновска Поранешниот министер за здравство и ексградоначалник на Сарај, Имер Селмани, заедно со своите двајца колеги Сулејман Рушити и Абедин Зимбери, вчера го прекина бојкотот и првпат од ...

ДПА обвинува за чистки во СВР-Тетово

Утрински - 17.09.2008

ДПА обвинува за чистки во СВР-Тетово ТЕТОВО - „Во СВР-Тетово ситуацијата е драматична. Се прави чистка на полицајците Албанци кои се разместуваат во Кичево, Арачиново, Водно, Драчево и на други места. Образложението е дека разместените полицајци биле членови на ДПА“.

Промовирана Нова демократија

Дневник - 17.09.2008

По завчерашната промоција на својата партија Нова демократија, пратениците Имер Селмани, Сулејман Рушити и Абедин Зумбери вчера, првпат по изборите, влегоа во Собранието. Најавија дека ќе дејствуваат како опозиција и независни пратеници.

Фројдовска грешка на тројцата пратеници

Време - 17.09.2008

Тројцата пратеници од Нова демократија, по промовирањето на партијата, вчера влегоа во Собранието и според лидерот Имер Селамни ќе дејствуваат како конструктивна опозиција.

Боркица и Никола на гости кај Ајља и Имер

Вест - 17.09.2008

Премиерот Нилкола Груевски заедно со сопругата Боркица пред три недели биле на гости кај семејството на лидерот на новоформираната партија Нова Демократија Имер Селмани и во скопското село Шишево.

Имер Селмани ја промовираше Нова Демократија

Вест - 17.09.2008

Имер Селмани, поранешниот потпретседател на ДПА, завчера вечер ја објави новата партија, Нова демократија. Таа ќе биде прва партија формирана од македонските албанци во последните 17 години со граѓански предзнак.

ДПА: Да ги вратат мандатите

Н.Македонија - 17.09.2008

ДПА бара пратениците што преминаа во Нова демократија да ги вратат мандатите. Сметаат дека оваа политичка иницијатива доживеа неуспех бидејќи нема ништо од најавите дека ќе формираат пратеничка група.

Селмани си ја промовираше партијата

А1 - 16.09.2008

„Нова Демократија“ е името на новата партија на Имер Селмани чија промоција е вечерва во Скопје. Нова Демократија засега има тројца пратеници од ДПА во собранието. По заминувањето од ДПА, според извори од новата партија, Селмани за кратко време успеал да собере околу 80% од ограноците на ДПА.

Власта е слатка навика

А1 - 16.09.2008

Кон министерските фотелји, а потоа кон оние резервирани за пратениците од мнозинството се упатија новите независни пратеници до регистрирањето на Нова демократија. Се поздравија со пратениците од ДУИ и седнаа во засега за нив резервираните места, кај што седи опозицијата или поточно ДПА.

Сопартијците на Селмани се вратија во Парламентот

Канал5 - 16.09.2008

Пратениците од ДПА кои преминаа во партијата на Селмани денеска се вратија во Парламентот – освен Селмани бојкотот го прекинаа и неговите поддржувачи, Сулејман Рушити и Абедин Зумбери.

Селмани ја промовира новата партија

Време - 16.09.2008

Промоцијата на новата албанска партија на Имер Селмани, поранешен министер за здравство и потпретседател на Демократската партија на Албанците, беше закажана за синоќа во хотелот „Александар палас“ во Скопје.

НОВА ДЕМОКРАТИЈА НА СЕЛМАНИ ДЕНЕСКА ЌЕ СЕ ПРЕТСТАВИ ВО ПАРЛАМЕНТОТ

Телма - 16.09.2008

синоќа ја претстави Нова демократија, новата политичка партија на Албанците на македонската политичка сцена. Селмани најави дека неговата партија ќе се фокусира на прашањата кои се значајни за Албанците , но и за сите останати заедници.

Промовирана политичката партија Нова Демократија

Нетпрес - 16.09.2008

Во Скопје промовирана новата албанска политичка партија Нова Демократија (НД) , предводена од поранешниот министер за здравство Имер Селмани.

“Нова Демократија“ влезе во Собранието

Форум - 16.09.2008

Пратениците Имер Селмани, Сулејман Рушити и Абедин Зимбери денес се вратија во Собранието и најавија активно учество во неговата работа, по вчерашното промовирање на идејата за формирање на партијата “Нова Демоктратија“. Најавија дека ќе делуваат како независни пратеници.

ДПА обвини за „анти албански“ постапки на МВР

Кирилица - 16.09.2008

Во СВР Тетово се прави чистка на полицајците Албанци кои со години работат во МВР со образложение дека се членови на ДПА, обвини денеска Демократската партија на Албанците(ДПА).

ДПА обвини за партиски чистки во полицијата во Тетово

Макфакс - 16.09.2008

Демократската партија на Албанците(ДПА) обвини дека во Секторот за внатрешни работи во Тетово се прави чистка на полицајците Албанци од нивните редови, јави дописникот на Макфакс.

Селмани ја утна фотелјата, но барем го погоди Собранието

Вечер Прес - 16.09.2008

Селмани, Рушити и Зумбери го промашија местото за седење и најпрвин седнаа на фотелјите кај пратениците на ДУИ. Потоа преку целата сала и местата за министри седнаа на местата за пратениците од ДПА.

Селмани прави нова партија

BBC - 15.09.2008

Имер Селмани, до скоро потпретседател на Демократската парија на Албанците и поранешен министе за здравство, вечерва, на Меѓународниот ден на демократијата, ќе го оформи новиот политички субјект во Македонија „Нова Демократија", кој според Селмани ќе биде партија на центарот која ќе гравитира десно.

Тачи доби поддршка од Централното собрание

Утрински - 15.09.2008

Партијата што ја формира Имер Селмани е антиалбански проект, коментира Тачи ТЕТОВО - Зад лидерот на ДПА, Мендух Тачи, застана целиот состав на Централното собрание.

Тачи илегалец, Селмани во „Нова демократија“

Време - 15.09.2008

Пратеничката група на ДПА ќе се врати во Собранието кога на дневен ред ќе биде ставена резолуцијата за признавање на Косово. Ова е одлука од Централното собрание на партијата, кое се одржа во саботата вечер во Тетово.

Имер Селмани пука на министерска функција

Вест - 15.09.2008

Ако партијата на ексминистерот за здравство Имер Селмани, која се очекува да биде објавена денеска, успее да формира пратеничката група во Собранието, тогаш ќе биде прашање на време кога таа ќе стане дел од владината коалиција, тврдат партиски извори.

Тоне бродот на старите партнери на Груевски

Утрински - 15.09.2008

Превирањата почнаа кај НСДП, потоа турбуленциите ги зафатија либералите, а сега со раскол се соочува ДПА Оливера Војновска Додека владејачката ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер, премиерот Никола Груевски уживаат во популарноста, која според анкетите, се' уште е на високо ниво, нивните поранешни ...

Селмани ќе ја промовира новата партија

Канал5 - 15.09.2008

Вечерва ќе биде промовирана новата партија на екс министерот за здравство Имер Селмани.   Партијата која ќе се вика Нова Демократија за сега има тројца пратеници од ДПА - покрај Селмани, Сулејман Рушити и Абедин Зимбери.

Селмани ќе докажува дека е за граѓаните, а не за Груевски

Дневник - 15.09.2008

Селмани ќе докажува дека е за граѓаните, а не за Груевски Новата партија на Имер Селмани, Нова демократија, чија промоција беше закажана за вчеравечер, ја вжешти политичката сцена во албанскиот политички блок.

Денеска се промовира партијата Нова Демократија

Нетпрес - 15.09.2008

Во Скопје денеска ќе се промовира новата албанска политичка партија, кој ќе ја води Имер Селмани, а името на партијата се очекува да биде Нова Демократија. Во формирањето на новата албанска партија учествуваат политички претставници, а еден дел од нив поранешни високи претставници на ДПА.

Селамани со “сто чекори“ во Нова демократија

Форум - 15.09.2008

Имер Селмани, поранешниот министер за здравство и потпретседател на ДПА вечерва во хотелот Александар палас ја промовираше најавуваната партија Нова Демократија.

УТРИНСКИ ВЕСНИК: Тоне бродот на старите партнери на Груевски

Нетпрес - 15.09.2008

УТРИНСКИ ВЕСНИК: Тоне бродот на старите партнери на Груевски Додека владејачката ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер, премиерот Никола Груевски уживаат во популарноста, која според анкетите, се' уште е на високо ниво, нивните поранешни коалициски партнери се соочуваат со силни потреси.