TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Баба Марија има 96 години, а не 110

Утрински - 12.01.2008

Мајка ми е родена во 1912 година, а не во 1898, како што стои во личната карта, вели синот Санде Костов ИВАН БОЈАЏИСКИ ШТИП - Марија Костова, најстара жителка на Штип и една од најстарите во Македонија, ја живее својата 96. година, но тоа не беше пречка во општинската матична служба да добие нова ...

Баба Мара под стрес

Вест - 11.01.2008

ОТКАКО 110 ГОДИШНАТА ШТИПЈАНКАБЕШЕ ПОВИКАНА НА СЛИКАЊЕ ВО МВР Старицата веќе два дена седи на кревет, плаче, исплашено гледа кон прозорецот, одбива храна, не сака ниту да јаде ниту да пие оти не и е јасно зошто ја однеле во полиција Синовите на Марија Костова од Штип, жената која на 110 години ...

Како баба Марија доживеа три века

Време - 11.01.2008

ДОЛГ ЖИВОТОПИС Виолета Кожинкова Најстарата жителка на Штип, Марија Костова, на 110 години мораше да се фотографира за нова лична карта бидејќи старата, која и била издадена во 1975 година, во која стоел датумот на нејзиното раѓање 7.2.1898 година, за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување не ...

Баба Марија на 110 години првпат вади лична карта

Дневник - 10.01.2008

Марија Костова, која е родена на 7 февруари 1898 година, е најстар жител во Штип, најверојатно и во Македонија, а е и меѓу најстарите во светот Баба Марија Костова од штипската приградска населба Три Чешми, по нецел месец ќе влезе во 111 година од животот, а за роденденот ќе добие нова лична карта.

Вади лична карта на 110 години

Вест - 10.01.2008

БАБА ЗА ГИНИС ВО ШТИП Вчера, во Одделението за лични карти во СВР - Штип, во придружба на синот Дино, сто и десетгодишната Марија Костова вадеше нова лична карта. Баба Марија, најстариот жител на Штип, а, веројатно, и во Македонија Вчера, во Одделението за лични карти во СВР - Штип, во придружба на ...

Баба Марија на 110 години се слика за лична карта

Време - 10.01.2008

НЕСЕКОЈДНЕВНА ПРИКАЗНА ВО ШТИП Марија Костова вчера дојде да се фотографира за лична карта во Секторот за внатрешни работи во Штип. За помалку од еден месец таа треба да наполни 110 години. Баба Марија е родена на 7.2.1898 година во штипското село Сушево и е најстариот жител во општината.

На 110 години прв пат извади лична карта

Вечер Прес - 10.01.2008

Штипјанката Марија Костова, родена на 2 февруари 1898 година, е еден од најстарите жители во државава. Таа идниот месец ќе наполни 110 години, а својот идентитет за прв пат го официјализирала вчера. Имено, Марија за прв пат вчера извади лична карта.

110-годишната штипјанка Марија Костова дури денеска доби матичен број и лична карта

Канал5 - 09.01.2008

Костова подолго време чекала да добие лична карта затоа што евиденцијата на родени во Штип се води од 1900 та , а таа е родена 1898. Штипјанката Марија Костова во февруари ќе наполни 110 години е меѓу најстарите жителите во Македонија. Костова дури денеска доби матичен број и лична карта.