TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Донаторската конференција нема да се одржи годинава

А1 - 09.12.2001

„Чесно е да се каже дека донаторската конференција нема да се одржи оваа година. За неа веќе нема време“. Ова е најпесимистичкиот став за судбината на донаторската конференција, што доаѓа од анонимен дипломат од канцеларијата на Европската Унија.

Ќе ги исполни ли донаторската нашите очекувања

А1 - 08.12.2001

На 6-ти декември, по еднонеделни преговори македонската влада и мисијата на ММФ постигнаа договор по новата „Стаф“ мониторинг програма. Успешно завршување на преговорите со ММФ беше еден од двата услова на меѓународната заедница за одржување на донаторска конференција за Македонија.

Донаторска конференција нема

Вест - 08.12.2001

МАКЕДОНИЈА И ВО 2002 ЈА ЧЕКА КРПЕН ЖИВОТ Светска банка и ЕУ вчера не ги испратија поканите до потенцијалните донатори поради неусвојувањето на законот за локална самоуправа, што значи дека донаторска, пред католички Божик, не може да има.

Kога и дали ќе има донаторска конференција?

А1 - 07.12.2001

„Ако законот за локална самоуправа се донесе до петок, донаторската ќе се одржи оваа година“. Со денешното неисполнување на овој услов клучното прашање во земјава е кога и дали ќе има донаторска конференција. Неизвесноста околу донесувањето на законот ги прави неизвесни и сите одговори што денеска ...

Без помош од донаторите, Владата нема сили да го спроведе Рамковниот договор

Вест - 07.12.2001

ММФ И МАКЕДОНИЈА ГО ПОТПИШАА ДОГОВОРОТ ЗА ШЕСТМЕСЕЧНА СТАФ МОНИТОРИНГ ПРОГРАМА Министерот Груевски вчера не ја соопшти цената на имплементацијата на мировниот документ затоа што, како што рече, не може однапред да се пресмета, но во Брисел ќе се бараат донации и за оваа намена...

Меѓународната заедница го "купи" законот за општините со донации

Дневник - 07.12.2001

МАКЕДОНИЈА ДОБИВА НОВА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА Наспроти многубројните критики на сметка на последната предложена верзија на контроверзниот закон, пратениците решија да кренат два прста, оти странските пари се поважни од се Новиот закон за локална самоуправа, со кој ќе се изврши децентрализација на ...

За 15 дена ќе има донаторска конференција за Македонија

Дневник - 07.12.2001

ГРУЕВСКИ И БАНЕРЏИ СЕ ДОГОВОРИЈА Без донации нема да можеме да го спроведеме рамковниот договор, вели Груевски Министерот за финансии Никола Груевски и шефот на преговарачката мисија на ММФ за Македонија Бишванџи Банерџи вчера го потпишаа договорот со кој светските монетарци ќе го контролираат ...

Постигнат договор со ММФ

А1 - 06.12.2001

Денеска по полноќ македонската влада и мисијата на ММФ постигнаа договор за програмата за набљудување која што ќе се применува од 1 јануари до крајот на јуни. Постигнувањето договор со ММФ беше еден од двата услова за одржување на донаторската конференција.

Точниот датум за донаторската конференција ќе се објави утре

Вест - 06.12.2001

СПОРЕД СПЕЦИЈАЛНИОТ ПРЕТСТАВНИК НА ЕУ ВО МАКЕДОНИЈА АЛЕН ЛЕ РОА Ако министерот Никола Груевски и шефот на мисијата на ММФ Бишваџит Банерџи синоќа не го потпишале договорот за програмата за набљудување и ако денеска парламентарците не го усвојат законот за локална самоуправа, донаторската ...

Нема пари ако денеска не се усвои законот за локална самоуправа!

Дневник - 06.12.2001

МЕЃУНАРОДНИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ ПРЕДУПРЕДУВААТ Донаторска конференција ќе се одржи пред 25 декември, само ако Собранието најдоцна денеска го усвои Законот за локална самоуправа. Вториот услов за одржување на донаторската конференција - договорот за набљудувачката мисија (т.н.

Донаторската конференција пред Божиќ

А1 - 05.12.2001

Финансискиот јаз од 173 милиони долари Македонија ќе го покрие на донаторската конференција, која би се одржала пред католички Божиќ, доколку државата го потпише договорот со ММФ и ако парламентот го усвои законот за локална самоуправа.

Донациите се топат како снегулки

Дневник - 03.12.2001

Коментар - Неда Поповска Македонија хронично доцни. Доцнењето во политиката ги даде резултатите, а каскањето во економијата допрва ќе ги испорача сметките. Експертите предупредуваат дека Македонија попусто се борела да добие донаторска конференција, која треба да ги ублажи последиците од ...