TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Нова хуманитарна помош за поплавените кумановчани

А1 - 18.01.2003

На иницијатива на претседателот Борис Трајковски денеска на општината Куманово и` беше доделена хуманитарна помош наменета за лицата погодени од неодамнешните поплави во овој регион. Хуманитарната помош ја обезбедија АРМ и Меѓународната федерација на Црвениот крст и таа ќе биде дистрибуирана од ...

Поплавите поминаа, што понатаму?

Дневник - 18.01.2003

Живко Шоклевски Втората половина на изминатата година беше извонредно врнежлива. Не го криевме задоволството што обилните врнежи ја подобрија состојбата со водите во просторот на нашата земја. Тоа позитивно ќе се одрази и во наредниот период. За среќа, големите поплави не заобиколија.

Зголемени можности за инфективни болести во Куманово

А1 - 17.01.2003

„Лошите услови за живот на жителите од поплавените кумановски населби Средорек и Бавчи се причина повеќе за можни инфективни заболувања“, изјави епидемиолог специјалист доктор Предраг Георгиевски од кумановскиот Завод за здравствена заштита.

Кај поплавените Роми 10 деца заболени од заразни болести

Вест - 17.01.2003

ВО ПРИФАТНИТЕ ЦЕНТРИ ВО КУМАНОВО СЕ ПОТЕШКО СЕ ЖИВЕЕ Покрај шугата и овчите сипаници се појавила и жолтица и цревни заболувања Во прифатните центри, а особено во импровизираната џамија во населбата Средорек каде што се сместени поплавените Роми, заразните болести се шират.

Пет деца заболеа од шуга

Дневник - 17.01.2003

по поплавите воКУМАНОВО Меѓу поплавените лица сместени во колективните прифатилишта се откриени пет лица заболени од шуга, едно лице со заразна жолтица, три случаи на овчи сипаници и еден случај на цревно заболување, се вели во извештајот на епидемиолозите.

Сиромашниот плаќа двапати

Дневник - 17.01.2003

Коментар - Драги Јанковски Со поројни дождови реките Којнарка и Липковка ги поплавија трошните куќарки во кумановските населби Средорек и Бавчи. Сиромашните жители останаа без покрив на главата. Затаи и хуманоста на граѓаните, но и одговорноста на институциите.

Шуга и страв од зарази меѓу поплавените во Куманово

А1 - 16.01.2003

Во поликлиниката „Перо Чичов“ во Куманово сместени се 110 Роми од поплавените кумановски населби Средорек и Бавчи. „Избегавме од поплавите, а сега во колективните центри заболуваме од шуга и други заразни болестри. Нема тоалети, вода за туширање ниту лекови за децата“, изјавуваат раселените.

Трајковски во Лопате и Опае

Вест - 16.01.2003

Претседателот на Република Македонија Борис Трајковски, вчера, го посети Куманово. Иако се очекуваше шефот на државата да ги посети поплавените кои живеат во мизерни услови, тој само фрли поглед врз поплавените објекти. Со локалното раководство тој зборуваше за вкупната безбедносна состојба во ...

Поплавите само ја зголемија мизеријата

Вест - 16.01.2003

ИЗЛЕАНИТЕ РЕКИ ВО КУМАНОВСКО СЕ ЗАКАНУВААТ СО ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ Во Кумановската болница велат дека шугата е обична овча сипаница, а во Републичкиот завод за здравствена заштита во Скопје потврдуваат дека има шуга, но таа не е нова Во ромската населба во Куманово Средорек во импровизираните простории ...

Трајковски им вети на поплавените дека ќе се заложи за нивно сместување

Утрински - 16.01.2003

Претседателот во Куманово СТОЛЕ БОЖИНОВСКИ КУМАНОВО - Претседателот Борис Трајковски вчера ги поддржа напорите за надминување на состојбите во кои се најдоа околу 300 семејства во населбите Средорек, локалитетот Водовод и Бавчи, кои во изминатите денови во два наврата беа поплавени од реките ...

Трајковски ги "извиси" Ромите од поплавената населба

Дневник - 16.01.2003

ШЕФОТ НА ДРЖАВАТА ВО ПОСЕТА НА КУМАНОВО При вчерашната посета на Куманово, претседателот Борис Трајковски не ги посети најзагрозените семејства од неодамнешните поплави, иако тоа беше најавено. Стотина Роми речиси половина час чекаа тој да ги удостои со своето присуство.

Од браната "Матка" не доаѓа опасност за поплавување на Скопје

Утрински - 16.01.2003

По обилните дождови скопјани оправдано стравуваа од прелевање на надојдените реки Сања наумовска Интензивните врнежи од дожд, некарактеристични за ова годишно време, создадоа паника кај жителите на Скопје дека коритата на реките нема да ја задржат водата и ќе го поплават градот.

Трајковски ги повика кумановчани во борба против насилството и криминалот

А1 - 15.01.2003

„Насилството и криминалот немаат етничка припадност и боја и затоа борбата против ова зло е борба на сите граѓани на Македонија“, изјави денеска во Куманово претседателот Трајковски на средбата организирана од локалните власти насловена како „Куманово сега“.

Во Средорек меѓу поплавените се појавила шуга

Вест - 15.01.2003

ПО ПОПЛАВИТЕ ВО КУМАНОВСКО Од населбата Бавчи шест семејства се сместени во месната заедница "11 Октомври" , Роми на возраст од една до 75 година, вкупно 31 од кои 24 деца живеат во една просторија од околу 40 квадратни метри Во месната заедница 11 Октомври од пред 4 дена се сместени 6 семејства од ...

Којнарка им ја однесе и надежта на Ромите од Куманово

Дневник - 15.01.2003

ПОПЛАВЕНИТЕ СЕМЕЈСТВА ПРЕПУШТЕНИ САМИ НА СЕБЕ Пред влезот на секоја порта во населбите Средорек и Бавчи се поставени барикади, бидејќи луѓето стравуваат дека реката може повторно да ги поплави Реката Којнарка ни однесе се. Покуќнината плива во вода.

Настраданите добија душеци, ќебиња, храна...

Утрински - 15.01.2003

Помош од Црвен крст за поплавените семејства На пет семејства од селото Огњанци, кои беа поплавени од последните дождови, Црвениот крст на Македонија им подели хуманитарна помош од пет пакети со храна, девет пакети со хигиенски средства, девет душеци и осумнаесет ќебиња.

Помош од Црвениот крст за поплавените

А1 - 14.01.2003

Црвениот крст на Македонија им додели хуманитарна помош на 825 семејства кои беа погодени со поплавите во земјава. Помошта е доделена на семејства во Куманово, Кичево, Велес и во скопското село Огњанци, а во декември минатата година помош им е врачена и на 390 семејства кои настрадаа во поплавите ...

Апел за помош на над 2.000 Роми во Куманово

Утрински - 14.01.2003

Обраќање на претседателот на Обединетата партија за еманципација Обединетата партија за еманципација апелира до амбасадите во државава, Владата, УНХЦР и до меѓународните невладини организации да помогнат во надминување на проблемот со поплавените населби Средорек и Бавчи во Куманово каде што, ...

Бесплатни оброци за поплавените лица сместени во колективните центри

Утрински - 14.01.2003

По обилните врнежи настрадаа домовите на околу шестотини домаќинства По обилните врнежи во регионот на Куманово настрадаа домовите на околу шестотини семејства, односно на 3.000 лица. Според информациите од Општинскиот штаб за цивилна заштита од Куманово, при првиот бран биле поплавени 169 ...

Еден починат од стрес при поплавите во Куманово

А1 - 13.01.2003

Рафет Метановски (52) починал од стрес предизвикан од целосното уништување на неговата куќа во поплавите во кумановските ромски населби Средорек и Бавчи, соопшти денеска пратеникот Неждет Мустафа. Неговата Обединета партија за еманципација бара итна помош за над 2.000 раселени Роми кои се сместени ...

Владата ќе обезбеди помош за поплавените во Куманово

А1 - 13.01.2003

Македонската Влада денеска ја усвои информацијата за поплавите во дел од Куманово, според која, погодени се 403 семејства или 2.000 лица, изјави владиниот портпарол Сашо Чолаковски. Во првиот бран биле погодени 169 семејства, односно 1.000 лица, од кои над половината деца.

Армијата им помага на настраданите од поплавите

Дневник - 13.01.2003

по невремето Поради влошената хидролошка состојба во земјава, претседателот Борис Трајковски, како врховен командант на АРМ, завчера издаде наредба до Генералштабот, војската да интервенира во сите подрачја што се загрозени од поплавите.

АРМ се вклучи во санирање на последиците од поплавите

Утрински - 13.01.2003

По сериозно влошената хидролошка состојба во неколку региони Поради сериозно влошената хидролошка состојба во неколку региони од земјава, Генералштабот на АРМ, по наредба на претседателот на државава, Борис Трајковски, за време на викендот презеде оперативни мерки за санирање на последиците од ...