TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Спогодбата на Цветановски за просветарите е штетна

Дневник - 13.05.2006

Сојузот на синдикати на Македонија вчера повторно истакна дека Спогодбата за утврдување на најниската плата што ја потпишаа Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Дојчин Цветановски и Владата е неважечка, нејасна и нема правно дејство.

Цветановски направил лош договор

Време - 13.05.2006

ССМ Сојузот на синдикатите на Македонија вчера повтори дека Спогодбата за утврдување најниска плата што ја потпиша Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Дојчин Цветановски е неважечка, нејасна и нема правно дејство, јавува МИА.

ССМ против договорот на Цветановски и Владата за повисока плата

А1 - 12.05.2006

Спогодбата за најниска плата меѓу првиот човек на Синдикатот за образование наука и култура Дојчин Цветановски и Владата е неважечка, обвинува Синдикатот на Муратовски. Со потпишувањето на спогодбата Владата не презела никакви обврски кон вработените во овие ресори, затоа што Синдикатот на Дојчин ...

ССМ призна – има нов синдикат

Канал5 - 12.05.2006

ССМ призна. Има нов, мултиетнички, синдикат за образование скратено МЕСО. Не објаснија, зошто цел месец го држеле во тајност. Велат дека сега нивниот, а не синдикатот на Дојчин Цветановски, е легитимен да преговара со Владата за утврдување на најниската плата во образованието. ССМ призна.

Владата му ја врати зградата на ССМ

Вечер Прес - 12.05.2006

Владата му ја врати зградата Работнички дом на Сојузот на Синдикатите на Македонија. Промената на сопственоста пред само три дена била направена и во Катастар и сега во имотниот лист со број 40345 стои дека ССМ е сопственик на тринаесеткатницата во центарот на Скопје.

Работнички дом да го користат сите синдикати

Време - 11.05.2006

КСС БАРА ОД БУЧКОВСКИ Владата треба да овозможи зградата на Работничкиот дом, во која покрај ССМ се сместени и неколку државни институции, да ја користат сите релевантни синдикални организации во Македонија, побара вчера Светлана Петровиќ, претседателка на Конфедерацијата на слободни синдикати.

ССМ формирал нов синдикат за образование

Канал5 - 11.05.2006

Министерот за труд и социјала Стевче Јакимовски издал документ за регистрација на нов синдикат за образование, под капа на ССМ. Основачкото собрание на овој нов мултиетнички синдикат наречен МЕСО било во март. Министерот за труд и социјала Стевче Јакимовски издал документ за регистрација на нов ...

Муратовски повторно не дојде на судењето со Цветановски

Дневник - 11.05.2006

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Ванчо Муратовски, повторно не дојде на процесот што се води против него за клевета изречена кон Дојчин Цветановски, претседател на Синдикатот за образование (СОНК) при Конфедерацијата на слободните синдикати.

Дојчин во суд, Муратовски отсутен

Вечер Прес - 11.05.2006

Судењето по приватната тужба на Дојчин Цветановски, кој за клевета го тужи синдикалецот Ванчо Муратовски никако да почне. Вчера во Основниот суд Скопје 1, каде се води постапката, повторно отсуствуваше Муратовски. Поради неговото отсуство, наредниот претрес ќе се одржи на почетокот на јуни.