TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Поразените за поништување на продажбата на локацијата под Кале

А1 - 09.06.2006

Скопската фирма „Унија финансии“ бара поништување на вчерашната лицитација во Министерството за транспорт, каде како победници излегоа „Гемак Трејд“ и косовскиот бизнисмен Ејуп Алини, кои купија делови од атрактивната локација под Кале предвидена за хотелски комплекс.

„Унија финансии“ од Скопје бара поништување на скандалозната лицитација за земјиштето под Кале

Канал5 - 09.06.2006

Скандалозната лицитација на која се продадоа атрактивни локации под Кале итно да се поништи. Ова го бара „Унија Финансии“, компанијата од Скопје која учествуваше на наддавањето и чиј правен застапник добиваше закани по живот во текот на лицитирањето.

Плацот за „Хилтон“ го купи „Гемак“

Време - 09.06.2006

ВО КРАЈНО НАПНАТО НАДДАВАЊЕ Владимир Николоски Во напната атмосфера со изобилство погрдни зборови и очигледен притисок врз наддавачите, скопската фирма „Гемак“ за околу 1.135.000 евра купи две од трите државни парцели наменети за изградба на хотели, на вчерашната лицитација во Министерството за ...

Навивачите на "Гемак" со закани по живот

Вест - 09.06.2006

ХАОТИЧНА ЛИЦИТАЦИЈА ЗА ПАРЦЕЛИТЕ ЗА ХОТЕЛИ ВО СКОПЈЕ За една од парцелите за хотел, лицитираа адвокатот Пепељуговски и тетовската фирма "Гемак" во присуство на 20-ина граѓани Албанци и откако "Гемак" ја купи парцелата за 10 илјади денари за квадратен метар, еден од присутните навивачи Албанци му се ...

Плацот за хотел во Скопје купен по 60 евра за квадрат

Дневник - 09.06.2006

Државното земјиште за кое се интересираше светскиот синџир на хотелите „Хилтон“ вчера го купи скопската фирма „Гемак трејд“ На лицитацијата, која помина во напната атмосфера вчера скопската фирма „Гемак трејд“ купи два плаца со вкупна површина од околу 11 илјади квадратни метри за 1,1 милион евра.

Не лицитирај да не ти летне главата!

Вечер Прес - 09.06.2006

Скандалозно помина вчерашната лицитацијата за трите државни атрактивни парцели под скопско Кале наменети за изградба на хотелски комплекс. Иако се очекуваше дека овие плацеви ќе предизвикаат големо интересирање и жестока битка кој да ги добие, сепак она што се случуваше во Министерството за ...

„Хилтон“ не ја купи локацијата под Кале

А1 - 08.06.2006

Скопската фирма „Гемак Трејд“ и бизнисменот Ејуп Алини ја купија локацијата под Кале, која власта првично ја таксаше за „Хилтон“. На лицитацијата трите парцели отидоа во рацете на двајца локални бизнисмени. „Гемак Трејд“ на Енвер Mаљичи купи 2 парцели за милион и сто илјади евра.

„Хилтон“ ќе лицитира за локација за хотел

Дневник - 08.06.2006

Светскиот синџир на хотели „Хилтон“ се интересирал за локацијата во Скопје, под тврдината Кале, наменета за изградба на хотел што ќе се продава денеска со јавно наддавање во Министерството за транспорт и врски. Атрактивна локација со вкупна површина од 16 илјади квадратни метри ќе се продаваат со ...

Скандалозна лицитација за земјиштата под Кале - ги купија бизнисмени Албанци

Канал5 - 08.06.2006

Напнато, со закани по живот и пцовки. Во ваква скнадалозна атмосфера мина лицитацијата во Министерството за транспорт и врски, на која се продадоа трите атрактивни локации под Кале, каде е планирано да никнат хотелски комплекси. Обезбедувањето наместо да создаде ред, ги избрка само камерите.

Владата ќе расправа за спорната лицитација

Макфакс - 09.06.2006

Скопје Министерството за транспорт и врски денеска ќе поднесе извештај во Владата во врска со обвинувањата за незаконско јавно наддавање за локации во центарот на Скопје. Извештајот требаше да биде готов минатиот петок, но Владата побарала тој да биде доставен на следната владина седница.

„Хилтон“ во борба за локација со македонските моќници

А1 - 07.06.2006

„Хилтон“, групацијата околу „Александар Палас“, силно бизнис лоби од Косово. Ова се главните ривали кои утре ќе се тркаат за да го купат атрактивниот плац во Скопје за изградба на хотелски комплекс. Жестока битка ќе се води во Министерството за транспорт.

Од денес на продажба атрактивни градежни локации

Утрински - 07.06.2006

Наддавање Државата од денес ќе продава преку јавно наддавање градежно земјиште наменето за изградба на хотели, катни гаражи, стопански и деловни објекти и за изградба на објекти за индивидуално домување, лоцирани во повеќе градови во државава.

Државни парцели на лицитација

Време - 07.06.2006

ОД ДЕНЕСКА Државата од денеска преку јавно наддавање ќе продава атрактивно градежно земјиште наменето за изградба на хотели, катни гаражи, стопански и деловни објекти и за изградба на објекти за индивидуално домување, пренесува МИА.