TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Лозарите бараат исплата на грозјето

Време - 01.12.2005

ПРОТЕСТ ВО КАВАДАРЦИ Најголем дел тиквешки лозари не се појавија на вчерашниот протест пред општинската зграда во Кавадарци, додека советниците дискутираа за нивните проблеми, а претседателот на нивното здружение „Агротиквешија“ Борис Давидов поднесе оставка на функцијата.

Малкумина лозари излегоа на штрајк

Дневник - 01.12.2005

НЕУСПЕШЕН ПРИТИСОК ВРЗ "ТИКВЕШ" Само педесетина лозари учествуваа на вчерашниот штрајк што го организираше регионалниот сојуз "Агротиквешија" пред винарската визба "Тиквеш" поради задоцнетата исплата на грозјето. Лидерот на "Агротиквешија", Борис Давидов, јавно го призна поразот и поднесе оставка.

Лозарите бараат да се исплати откупеното грозје

Утрински - 01.12.2005

Во Кавадарци вчера протестираа лозарите од Тиквешијата КАВАДАРЦИ - Неколку стотина лозари од Тиквешијата вчера под мотото "5 до 12" на градскиот плоштад во Кавадарци одржаа протест од каде што упатија барања да им се исплати откупеното грозје од сите винарски визби.

Слаб одзив на протестот на тиквешките лозари

А1 - 30.11.2005

Со три трактори, со еден коњ и еден Борис Давидов не може да се водат лозари. Јас ќе си замина поразен, но вие мора да победите - им порача денес на тиквешките лозари нивниот лидер Борис Давидов, незадоволен од разиденоста во сојузот и слабиот одзив на денешниот протест во Кавадарци.

Лозарите на протести во пет до дванаесет

Време - 30.11.2005

КАВАДАРЦИ Во пет до дванаесет е насловен протестот на лозарите што денеска ќе се одржи во Кавадарци. Таква порака беше испратена и од регионалниот сојуз „Агротиквешија“ на завчерашниот собир, каде што беше одлучено „Тиквеш“ на лозарите да им го исплати грозјето до Нова година по цени повисоки за 20 ...

Тиквешките лозари повторно повикуваат на штрајк

А1 - 29.11.2005

Доста ни е од чекање - излажани, изманипулирани и само за плаќање даноци, не можеме повеќе. Вака синоќа порачаа тиквешките лозари. Да излезат на протести утре 5 до 12, за да го искажат револтот и незадоволството од политиката што се води во „Тиквеш“.

Лозарите ги чекаат Бучковски и Јаневски на разговор

Време - 28.11.2005

ПРЕД ПРОТЕСТОТ Лозарите од кавадаречкиот регион ги поканија премиерот Владо Бучковски и Светозар Јаневски, сопственик на винарската визба „Тиквеш“, на разговор денеска во Кавадарци. Целта е заедно да најдат решение за тешката ситуација на лозарите, кои се уште не ги добиле парите за грозјето од ...