TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Полицијата во Атина со солзавец против анархистите

А1 - 18.11.2008

Полицијата во Атина вчера употреби солзавец за да ги сопре нападите на анархистите, кои фрлаа Молотови коктели и предмети врз силите на редот, кои го обезбедуваа традиционалниот марш на студентите и претставниците на левичарските партии и движења до американската амбасада во грчкиот главен град, соопштуваат грчките медиуми. Во немирите две лица се повредени, а 11 се уапсени.

Во Грција годишнина од студентскиот бунт

Утрински - 18.11.2008

Атина - Илјадници полицајци беа распоредени вчера во Атина непосредно пред најавената протестна парада по повод одбележувањето на 35-годишнината од студентскиот бунт против воената диктатура. Грција од 1967 до 1974 година беше под воена диктатура, поради што студентите во 1973 година го покажаа својот револт.

Инциденти во Атина во врска со годишнината од бунтот на атинскиот Политехнички универзитет

Канал5 - 18.11.2008

Полицијата во Атина вчера употреби солзавец за да ги сопре нападите на анархистите, кои фрлаа Молотови коктели и предмети врз силите на редот, кои го обезбедуваа традиционалниот марш на студентите и претставниците на левичарските партии и движења до американската амбасада во грчкиот главен град, соопштуваат грчките медиуми. Во немирите две лица се повредени, а 11 се уапсени.

Протести во Грција на годишнината од студентскиот бунт во 1973-та

Н.Македонија - 18.11.2008

Илјадници демонстранти вчера во Грција одржаа протестен марш во знак на сеќавање на крвавиот студентски бунт против воената хунта во 1973 година, која владееше со земјата речиси една деценија, јави АФП. Околу 5.000 студенти, членови на левичарски и социјалистички партии и движења учествувале во традиционалниот годишен марш, кој почнал од атинското Политехничко училиште, каде што во 1973 година за ...

Атина под силни безбедносни мерки,се одбележува студентскиот бунт

Макфакс - 17.11.2008

Илјадници полицајци се распоредени денеска во Атина непосредно пред најавената протестна парада по повод одбележувањето на 35. годишнината од студентскиот бунт против воената диктатура. Грција од 1967 до 1974 година била под воена диктатура, поради што студентите во 1973 година го покажале својот револт.

Атина под силни безбедносни мерки, одбележување на студентскиот бунт

Алфа - 17.11.2008

Илјадници полицајци се распоредени денеска во Атина непосредно пред најавената протестна парада по повод одбележувањето на 35. годишнината од студентскиот бунт против воената диктатура. Грција од 1967 до 1974 година била под воена диктатура, поради што студентите во 1973 година го покажале својот револт.

Приближно 10.000 луѓе во Атина протестираа на годишнината од студенските протести

Сител - 17.11.2008

Околу 10.000 луѓе денеска протестираа од центарот на Атина со Амбасадата на САД, во знак на одбележување на студенскиот бунт во 1973 година, што беше угушен од тогашната воена хунта во Грција. Најмалку 8.000 полицајци го обезбедуваа протестот, бидејќи секоја година на одбележување на студенскиот протест на Политехничкиот универзитет од 1973 година доаѓа до судири.

Атина блокирана од 8.000 полицајци

Вечер Прес - 17.11.2008

Централната зона на Атина вчера беше блокирана од околу 8.000 полицајци и поради одржувањето на традиционалното годишно чествување на студентскиот бунт против грчката воена хунта во 1973 година. Полицијата ги обезбедуваше странските амбасади, министерствата, странските фирми и банки, бидејќи исто така по традиција, тој ден, дел од учениците фрлаат камења и молотови коктели врз спомнатите ...