TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Најмалку 15 загинати во експлозија во Ирак

А1 - 08.04.2007

Најмалку 15 лица загинаа во експлозија на ракета што утрината се случи во близина на ирачкиот град Махмудија, 30 километри јужно од Багдад, соопштија ирачките безбедносни сили. Ракетата експлодирала во станбен кварт при што се повредени над 20 лица.

Најмалку петнаесет Ирачани загинаа во експлозија во Махмудија

Канал5 - 08.04.2007

Повеќе од 15 Ирачани загинаа изутринава во силна експлозија на камион-бомба во близина на една болница во градот Махмудија, на 30 километри јужно од Багдад. Махмудија, 8 април (МИА) - Повеќе од 15 Ирачани загинаа изутринава во силна експлозија на камион-бомба во близина на една болница во градот ...

Најмалку 37 загинати во серија напади

Макфакс - 08.04.2007

Багдад Најмалку 37 лица загинаа во серија напади со автомобили бомби и самоубиствен напад во Багдад. Дваесет лица се убиени, а 25 се ранети откако автомобил-бомба експлодираше во квартот Садр Сити. Во нападот во квартот Карада автомобил-бомба, што експлодираше во близина на болница уби 11 и рани 13 ...

Последен биланс -157 загинати во Багдад

Макфакс - 08.04.2007

Багдад Последниот биланс од експлозиите во Багдад е најмалку 157 загинати и повеќе од 150 ранети, соопштија ирачките безбедносни служби. Најмалку три одвоени експлозии се случија денеска во реони на ирачкиот главен град населени со шиити, пренесуваат агенциите.

Најмалку 15 загинати во експлозија во Ирак

Макфакс - 08.04.2007

Багдад Најмалку 15 лица загинаа во експлозија на ракета што утрината се случи во близина на ирачкиот град Махмудија, 30 километри јужно од Багдад, соопштија ирачките безбедносни сили. Ракетата експлодирала во станбен кварт при што се повредени над 20 лица.

Дополнителни три илјади американски војници во Ирак

Макфакс - 08.04.2007

Багдад Дополнителни три илјади американски војници денеска ќе пристигнат во Багдад, соопшти воената команда на САД во Ирак. По барање на американскиот претседател Џорџ Буш во Ирак, до крајот на јуни, треба да бидат распоредени дополнителни 22 илјади војници и офицери, од кои веќе половината се ...

Нови десет жртви во Багдад

Макфакс - 08.04.2007

Багдад Најмалку десет лица загинаа, од кои четворица припадници на хуманитарната организација „Црвена полумесечина“, во неколку напади што денеска се случија во Багдад, јавија локалните медиуми. Пет лица загинаа, а еден е повреден во напад извршен од вооружено лице кој со огнено оружје го нападнал ...

Еден американски војник загина при експлозија во Багдад

А1 - 07.04.2007

Еден американски војник денеска загина, а четворица се повредени при експлозија на бомба во источниот дел на Багдад. Бројот на жртвите од вчерашниот самоубиствен напад врз контролен пункт во Рамади се искачи на 27, а 30 луѓе се хоспитализирани, соопшти денеска американската армија во Ирак.

Околу 30 лица загинаа во самоубиствен напад во Рамади

А1 - 07.04.2007

Околу 30 лица загинаа, а 50 се ранети, во нов самоубиствен бомбашки напад во Рамади, западно од Багдад, каде е користен хлор, соопштија ирачките органи за безбедност. Околу 20 лица се отруле од хлорот откако бомбаш самоубиец, во близина на полицискиот контролен пункт, го кренал во воздух камионот ...

Најмалку 20 загинати во бомбашки напад во Ирак

Вест - 07.04.2007

БАГДАД, 7 март - Најмалку 27 лица загинаа, а 30 се ранети во вчерашната експлозија на автомобил бомба во близина на полициски пункт во Рамади, во ирачката провинција Анбар. Во експлозијата, како што јавуваат агенциите, тешко се оштетени соседните згради, а полицијата во урнатините трага по можни ...

Нов напад со хлор – најмалку 30 жртви

Макфакс - 07.04.2007

Багдад Околу 30 лица загинаа, а 50 се ранети, во нов самоубиствен бомбашки напад во Рамади, западно од Багдад, каде е користен хлор, соопштија ирачките органи за безбедност. Околу 20 лица се отруле од хлорот откако бомбаш самоубиец, во близина на полицискиот контролен пункт, го кренал во воздух ...

Министерска конференција за Ирак

Макфакс - 07.04.2007

Багдад Министерска конференција за Ирак, меѓу соседните држави и Големите сили, ќе се одржи на 3. и 4.мај во египетскиот град Шарм ел Шеик, најави денеска шефот на ирачката дипломатија Хошјар Зебари. “Се согласивме да одржиме министерска конференција со соседните држави, и со претставниците на ...

Најмалку дваесет загинати во напад во Ирак

Канал5 - 06.04.2007

Повеќе од 20 лица загинаа денеска во самоубиствен напад врз еден контролен пункт во ирачкиот град Рамади. Багдад, 6 април (МИА) - Повеќе од 20 лица загинаа денеска во самоубиствен напад врз еден контролен пункт во ирачкиот град Рамади.

Најмалку 20 загинати во бомбашки напад во Ирак

Макфакс - 06.04.2007

Рамади Најмалку 20 лица загинаа, а 30 се ранети во денешната експлозија на автомобил бомба во близина на полициски пункт во Рамади, во ирачката провинција Анбар. Во експлозијата, како што јавуваат агенциите, тешко се оштетени соседните згради, а полицијата во урнатините трага по можни жртви.

Тројца загинати при двоен напад во Мосул

Макфакс - 06.04.2007

Багдад Тројца курдски војници се убиени, а 13 ранети при експлозија на две автомобил-бомби во седиштето на курдската политичка партија во близина на Мосул, соопштија ирачките власти. „Нападите се извршени пред зградата на Демократската партија на Курдистан, на 80 км од Мосул“, изјави портпаролот на ...

Бунтовнички напад во близина на Мосул, 13 загинати

Макфакс - 06.04.2007

Багдад Тринаесет ирачки војници загинаа, а четворица се ранети во бунтовнички напад врз еден контролен пункт на ирачката војска јужно од Мосул, 370 километри северно од Багдад. „Дојдоа до контролната точка со пет автомобили, отворија оган врз војниците и побегнаа“, изјави командантот на локалните ...

Нападната телевизиска станица во Багдад

А1 - 05.04.2007

Камион-бомба експлодира денеска во Багдад пред канцелариите на ТВ-канал сопственост на водечката сунитска партија во Ирак, Ирачката исламска партија. Во инцидентот се повредени десет лица вработени во телевизијата, која емитува 24-часовна програма и се наоѓа во западниот багдадски кварт Ал Џамија.

Четворица британски војници загинаа при експлозија - срушен хеликоптер на САД во Ирак

Канал5 - 05.04.2007

Четворица британски војници и нивниот преведувач денеска загинаа од експлозија на бомба во јужниот ирачки град Басра. Багдад, 5 април (МИА) - Четворица британски војници и нивниот преведувач денеска загинаа од експлозија на бомба во јужниот ирачки град Басра. Бомбата била поставена покрај патот.

Четворица британски војници убиени во Ирак

Макфакс - 05.04.2007

Багдад Четворица британски војници и нивниот преведувач загинаа денеска при експлозија на мина во Ирак, пренесуваат агенциите. Според истите извори, инцидентот се случил во ирачкиот град Басра. Во изминатите три дена во Ирак загинаа шест британски војници.

Серија бомбашки напади -28 загинати

Макфакс - 05.04.2007

Багдад Најмалку 28 лица загинаа денеска во серија бомбашки напади во Ирак, пренесуваат медиумите. Бомбаш самоубиец се разнесе во автобус во северозападен Багдад, при што загинаа осум, а ранети се 11 лица, соопштија полициски и болнички извори.

Деветмина убиени при напад во Ирак

Макфакс - 05.04.2007

Багдад Најмалку девет лица загинаа, а 16 се повредени при напад на полициска станица, што го извел бомбаш-самоубиец североисточно од Багдад. Напаѓачот, според ирачките власти, бил опремен со експлозив кој го активирал влегувајќи во полициска станица во градот Балад Руза.

Еден убиен и 12 ранети во напад на ирачка ТВ станица

Макфакс - 05.04.2007

Багдад Едно лице загина, а 12 се ранети во денешниот самоубиствен напад со камион бомба врз сунитската сателитска телевизија „Багдад-ТВ“, соопшти извор во ирачките безбедносни сили. Во нападот е убиен заменик директорот на телевизијата Таер Ахмед Џабар.

Девет американски војници убиени во база во Багдад

Макфакс - 04.04.2007

Багдад Девет американски војници биле убиени денеска во самоубиствен бомбашки напад во база во северен Багдад. Други 20-тина војници и цивили биле ранети во нападот кој се случи во немирната багдадска провинција Дијала. Покрај ова, во Багдад во близина на иранската амбасада експлодираа уште две ...

Убиени девет американски војници во Ирак

Макфакс - 04.04.2007

Багдад Девет американски војници се убиени денеска во серија бомбашки напади во Ирак, официјално е соопштено. Војниците загинаа, а други 20 се повредени, во самоубиствен напад со автомобил бомба во североисточниот дел на Ирак, соопштија претставници на американската војска.

Шест американски војници загинаа од нагазни мини

Утрински - 03.04.2007

БАГДАД - Шестмина американски војници загинаа при експлозии на нагазни мини во југозападниот дел на Багдад за време на викендот, одбележувајќи го еден од најкрвавите периоди за американските сили од почетокот на новата безбедносна операција почната во ирачкиот главен град.

Најмалку четворица ирачки полицајци убиени во Бакуба

Макфакс - 03.04.2007

Багдад Најмалку четворица ирачки полицајци загинаа, а други 25 лица се повредени, во експлозија на автомобил бомба што денеска се случи во близина на општинската зграда на градот Бакуба, 60 километри северно од Багдад. Претставникот на ирачката полиција Ахмед Али соопшти дека меѓу жртвите се и Сафа ...

Најмалку три лица загинаа во Зелената зона и над 10 убиени во Мосул

Макфакс - 03.04.2007

Багдад Најмалку три лица загинаа, а над десет се повредени во напад што денеска го изврши бомбаш самоубиец во најзаштитената област во Багдад, Зелената зона. Според ирачката полиција, нападот се случил во ресторан. Истовремено, десет лица загинаа, а над 20 се повредени во експлозија на автомобил - ...

Вонредна седница на ирачкиот парламент по вчерашниот напад

Макфакс - 03.04.2007

Багдад Ирачкиот парламент денеска одржа вонредна седница, по вчерашниот самоубиствен бомбашки напад во зградата на парламентот во која што загинаа осум лица. „Тоа што денеска ја одржавме оваа седница, е јасна порака за терористите“, изјави претседателот на парламентот Махмуд ал Машхадани, додавајќи ...

Најмалку 20 загинати во напади ширум Ирак

А1 - 02.04.2007

Најмалку 20 лица загинаа, а околу 180 се повредени денеска во различни напади ширум Ирак. Четворица Ирачани загинаа, а 10 други се повредени во денешната експлозија на автомобил-бомба на улица во Багдад, соопшти денеска ирачката полиција.

Најмалку шестмина загинати при експлозија на камион-бомба во Киркук

А1 - 02.04.2007

Најмалку шест лица загинаа, а поголем број се повредени денеска при експлозија на камион-бомба во ирачкиот град Киркук. Меѓу загинатите се и еден полицаец и едно дете, додека меѓу повредените има неколку деца. Експлозијата се случила во близина на полициски пункт поставен пред едно училиште.

Најмалку 20 загинати и околу 180 повредени во напади во Ирак

Канал5 - 02.04.2007

Најмалку 20 лица загинаа, а околу 180 се повредени денеска во различни напади ширум Ирак. Багдад, 2 април (МИА) - Најмалку 20 лица загинаа, а околу 180 се повредени денеска во различни напади ширум Ирак. Четворица Ирачани загинаа, а 10 други се повредени во денешната експлозија на автомобил-бомба ...

Експлозија во Багдад, 16 загинати

Макфакс - 02.04.2007

Багдад Најмалку 16 лица загинаа, а 95 се ранети кога двајца бомбаши самоубијци денеска удрија со автомобил во полициската станица во југозападниот дел на градот, соопшти полицијата. Во нападот што се случи во мнозинскиот шиитски кварт Ал Баја, загинале и ранети се повеќе припадници на полицијата, ...

Експлозија во ирачкиот парламент - двајца загинати

Макфакс - 02.04.2007

Багдад Најмалку две лица загинаа, а 15 се повредени денеска во Багдад во експлозија што го растресе ирачкиот парламент, јавија локалните медиуми. Според првичните информации, експлозијата се случила во ресторанот на зградата на парламентот, каде се наоѓале поголемиот дел од пратениците.

Најмалку осум жртви во нови експлозии

Макфакс - 02.04.2007

Багдад Најмалку осум лица загинаа изутрината, во експлозија на камион бомба на мостот преку реката Тигар, во Багдад, соопшти локалната полиција. Полицијата наведе дека експлозијата, што се случила во текот на утринскиот метеж во сообраќајот, го оштети мостот Сарафи, како и неколку автомобили.

Тринаесет убиени во Киркук

Макфакс - 02.04.2007

Багдад Најмалку 13 лица се убиени, а 178 се повредени во самоубиствен атентат со камион-бомба во Киркук. Меѓу жртвите има бебе и полицајци, а многу ученици се ранети, прецизираа извори од полицијата. Камионот, со атентаторот самоубиец, експлодирал до основно училиште и полициска станица.

Осум загинати во нападот во ирачкиот Парламент

Макфакс - 02.04.2007

Багдад Најмалку осум лица загинаа, а 23 се повредени денеска во Багдад во експлозија што се случи во ресторанот на ирачкиот Парламент, јавија локалните медиуми. Првичните информации пренесени денеска преку агенциите беа дека две лица загинале, а 15 биле повредени.