TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Протоѓер: Време е Црвенковски да замине од политиката

Форум - 09.11.2008

По последните соопштенија од Кабинетот на Претседателот, преговорачот во спорот за името со Грција, Мартин Протоѓер ја продолжува преписката со Црвенковски. Тој смета дека Претседателот своето врќање во политиката го прави на штета државата.

Време е да запрете и да си одите од политиката

Вечер Прес - 09.11.2008

"Време е да си одите од политиката. Време е да престанете Република Македонија, граѓаните на Македонија и националните и државни интереси на нашата земја да ги злоупотребувате единствено и само единствено за ваше лично враќање во политиката", констатира Протоѓер. "Вам историјата ќе ви суди" - Мартин Протоѓер, шеф на Кабинетот на премиерот Никола Груевски, ја продолжи неколкудневната преписка со ...

Протоѓер му порача на Црвенковски да замине од политиката

А1 - 08.11.2008

Шефот на кабинетот на премиерот Никола Груевски, Мартин Протоѓер денеска ја продолжи преписката со претседателот Бранко Црвенковски, порачувајќи му дека е време да си замине од политиката. „Катастрофално е што со Вашето политичко тонење со себе се обидувате да ја повлечете и Македонија. Но на Вас историјата ќе ви суди“, вели Протоѓер.

Пазар на инаетот

Време - 08.11.2008

д-р Благоја Марковски Трета година по ред Македонија не доби датум за преговори со Европската унија. Тоа што и Европската комисија го потврди како технички напредок кон ЕУ, очигледно е недоволен аргумент пред нашето сивило од политичките неуспеси и лошите предвремени избори за Македонија да добие датум за преговори со Унијата.

Дезинформиравте од Њујорк

Вест - 08.11.2008

Претседателот Бранко Црвенковски вчера, во одговорот на завчерашното јавно писмо од Мартин Протоѓер, шефот на кабинетот на премиерот Никола Груевски, во кое тој го обвини дека и направи штета на Македонија, оти мисли само на себе и на тоа како да собере поени за да се врати на политичката сцена, со допис му ја освежи меморијата на Протоѓер и го праша: "Дали, г.

Црвенковски сака да дебатира со Никола Груевски, а не со Мартин Протоѓер

Утрински - 08.11.2008

Црвенковски сака да дебатира со Никола Груевски, а не со Мартин Протоѓер. Претседателот Бранко Црвенковски вчера жестоко реагираше на завчерашното отворено писмо на Мартин Протоѓер, шеф на Кабинетот на премиерот Груевски. Црвенковски праша дали не е точно дека пријателите и поддржувачите на Македонија предупредиле дека враќање на двојната формула на преговорите ќе значи и нивно прекинување.

Шефот на државата спремен за дуел со премиерот

Дневник - 08.11.2008

Шефот на државата спремен за дуел со премиерот. Претседателот Бранко Црвенковски е спремен да дебатира со премиерот за сите битни прашања, секогаш и во секое време, соопштија вчера од неговиот кабинет во обраќањето до Мартин Протоѓер, кој застана во одбрана на преговарачот Никола Димитров.

Црвенковски го повикува Груевски на јавна дебата

Н.Македонија - 08.11.2008

При вообичаени околности не сметаме дека би било потребно да одговараме на писмото на младото и надежно лице на политичката сцена Мартин Протоѓер, кој очигледно има амбиции да се наоѓа на ударни вести и насловни страници преку јавни преписки со претседателот на Македонија, се вели во соопштението испратено од кабинетот на претседателот Црвенковски.

Протогер му порача на Црвенковски да замине од политиката

Алсат-М - 08.11.2008

Шефот на кабинетот на премиерот Никола Груевски, Мартин Протогер денеска ја продолжи преписката со претседателот Бранко Црвенковски, порачувајќи му дека е време да си замине од политиката. „Катастрофално е што со Вашето политичко тонење со себе се обидувате да ја повлечете и Македонија. Но на Вас историјата ќе ви суди“, вели Протогер.

Протогер бара Б.Ц. да си оди од политиката

Форум - 08.11.2008

Мартин Протогер, шеф на Кабинетот на премиерот Никола Груевски, денеска сопоратен одговор до како што вели тој, дезинформациите и навредите на претседателот Бранко Црвенковски. “Време е да си одите од политиката. Време е да престанете Република Македонија, граѓаните на Македонија и националните и државни интереси на нашата земја да ги злоупотребувате единствено и само единствено за ваше ...

Протоѓер ги демантира тврдењата на Црвенковски

Сител - 08.11.2008

Шефот на Кабинетот на премиерот Никола Груевски, Мартин Протоѓер преку соопштение ги дематира тврдењата на претседателот Бранко Црвенковски оквалификувајќи ги како дезинформации и навреди. Протоѓер посочува оти е катастрофално што со своето политичко тонење Црвенковски со себе се обидува да ја повлечете и Македонија, за што како што вели, ќе му суди историјата.

Продолжува преписката Протогер – Црвенковски

Канал5 - 08.11.2008

Продолжува преписката Протогер – Црвенковски по одлуката на претседателот да го отповика преговарачот Димитров од функцијата. Шефот на премиерскиот кабинет во денешната писмена реакција бара од претседателот Црвенковски да си оди од политичката сцена. „Време е да се одите од политиката.

Протоѓер: Црвенковски, време е да си одите од политиката

Нетпрес - 08.11.2008

Мартин Протоѓер, шеф на Кабинетот на премиерот Никола Груевски, денеска се огласи на како што вели, дезинформациите и навредите на претседателот Бранко Црвенковски. “Катастрофално е што со вашето политичко тонење со себе се обидувате да ја повлечете и Македонија. Но на вас историјата ќе ви суди. Прво, вашата изјава дека сум надежен, за некој можеби ќе е комплимент, но за мене не е.

Протогер му порача на Црвенковски да замине од политиката

Макфакс - 08.11.2008

(Макфакс) - Шефот на кабинетот на премиерот Никола Груевски, Мартин Протогер денеска ја продолжи преписката со претседателот Бранко Црвенковски, порачувајќи му дека е време да си замине од политиката. „Катастрофално е што со Вашето политичко тонење со себе се обидувате да ја повлечете и Македонија. Но на Вас историјата ќе ви суди“, вели Протогер.

Црвенковски нема потреба да му одговори на Протоѓер

А1 - 07.11.2008

„При вообичаени околности не сметаме дека би било потребно да одговараме на писмото на младото и надежно лице на политичката сцена, Мартин Протоѓер, кој очигледно има амбиции да се наоѓа на ударни вести и насловни страни, преку јавни преписки со претседателот на Македонија“, се вели во соопштението испратено од кабинетот на претседателот Црвенковски.

Станковиќ: Груевски да не бега од одговорноста

А1 - 07.11.2008

Социјалдемократите на премиерот Груевски му порачаа да им каже на граѓаните со какви позиции настапија Димитров и Протоѓер на последната средба со медијаторот Нимиц. Му предлагаат на Груевски да не бега од одговорноста, да предложи државен преговарач за името по сопствена мерка, бидејќи целта му била владиниот став да биде единствен во преговарачкиот процес.

Не сум Гестапо, а не сум ни Бранко

Време - 07.11.2008

„Последната одлука на господинот Црвенковски внатрешно-политички разделува, наместо да обединува, а надворешно-политички и нанесува штета на Македонија во клучната фаза од преговорите“, изјави министерот за надворешни работи Антонио Милошоски за Радио Слободна Европа.

Протоѓер: Јас не сум Гестапо ниту Гебелс, но тој сепак е Бранко

Вест - 07.11.2008

За Бранко Црвенковски не е важно дали државата губи во моментов и дали и ги руши позициите и нејзиниот имиџ, важно му е што тој треба да се врати во политиката, а нема тема, па мора да го користи спорот за името, е одговорот на шефот на премиерскиот кабинет Мартин Протоѓер на, како што вели, навредите кои му ги упатил Претседателот на државата.

Црвенковски не му кревал слушалка на Димитров

Утрински - 07.11.2008

Мартин Протоѓер со контранапад врз претседателот Бранко Црвенковски. Со остра реакција на завчерашните обвинувања од претседателскиот кабинет, вчера се јави Мартин Протоѓер, шеф на кабинетот на премиерот Никола Груевски и неформален македонски преговарач во спорот за името.

вчерашното писмо на Мартин Протуѓер

Форум - 07.11.2008

Бранко Црвенковски знае дека со Грција не е можен компромис, но и понатаму ќе го лаже народот дека тоа е можно за да ги добие наредните локални и претседателски избори како претседател на СДСМ . Тоа што го направи со отповикувањето на преговарачот Никола Димитров е срамно и надвор од секоја логика.

Милошоски: Последната одлука на Црвенковски е штетна

Н.Македонија - 07.11.2008

Последната одлука на Црвенковски внатрешнополитички разделува наместо да обединува, а надворешнополитички, наместо да ѝ донесе полза на Македонија во клучната фаза од преговорите, таа нанесува штета. Ова за Радио Слободна Европа го изјави министерот за надворешни работи Антонио Милошоски.

Протоѓер го обвини претседателот за злоупотреба на преговорите за името

Н.Македонија - 07.11.2008

Бранко Црвенковски ги злоупотреби преговорите за името за дневнополитички интереси, обвини вчера Мартин Протоѓер, шеф на кабинетот на премиерот Никола Груевски. - Ова што се случува во врска со прашањето за името е срамно и надвор од секоја логика. Сепак, вистината мора да се знае.

Црвенковски го повикува Груевски на јавен дуел

Алсат-М - 07.11.2008

Пракса е кога претседателот Црвенковски е надвор од земјата да се прават најжестоки напади од страна на премиерот и владата, реагира денеска Кабинетот на Црвенковски по вчерашното писмото на шефот на кабинетот на премиерот Груевски, Мартин Протуѓер.

СДСМ побара од Груевски да предложи преговарач за името

Сител - 07.11.2008

СДСМ денеска побара од премиерот Никола Груевски да предложи државен преговарач во македонско-грчките преговори за името и да каже со која позиција Република Македонија треба да продолжи во преговорите. - Дали вашата стратегија е по секоја цена да не се дојде до решение за спорот за името, за да не изолирате од ЕУ и НАТО и да направите од Македонија црна дупка на Балканот во која владее ...

Реакција на Кабинетот на Претседателот на писмото на Протоѓер

Кирилица - 07.11.2008

При вообичаени околности не сметаме дека би било потребно да одговараме на писмото на младото и надежно лице на политичката сцена, Мартин Протоѓер, кој очигледно има амбиции да се наоѓа на ударни вести и насловни страни преку јавни преписки со претседателот на Република Македонија.

Кабинетот на Претседателот со контра обвинувања

Сител - 07.11.2008

Претседателот Црвенковски го возвраќа ударот. Попладнево од неговиот кабинет беше испратено писмено соопштение со провокативен почеток и неколку прашања упатени на адреса на Мартин Протоѓер. - Не сметаме дека би било потребно да одговараме на писмото на младото и надежно лице на политичката сцена, Мартин Протоѓер, кој очигледно има амбиции да се наоѓа на ударни вести и насловни страни.

Црвенковски: Груевски да не се крие зад ставовите на Протоѓер

Канал5 - 07.11.2008

Со листа од пет прашања претседателот Црвенковски враќа на вчерашното соопштение на шефот на премиерскиот кабинет Мартин Протоѓер во кое пишуваше дека шефот на државата го разрешил преговарачот Димитров бидејќи имале различни позиции за текот на преговорите, а не поради, како што тврдел Црвенковски, надминување на двојството во процесот со два претставника.

Црвенковски подготвен за дебата со Протоѓер

Вечер Прес - 07.11.2008

Иако смета дека нема потреба да дебатира со Мартин Протоѓер, претседателот Бранко Црвенковски сепак продолжи со препукувањата со шефот на Кабинетот на премиерот Никола Груевски. За него, Протоѓер е младо и надежно лице на политичката сцена.

Црвенковски го повикува Груевски на дебата

Нетпрес - 07.11.2008

При вообичаени околности не сметаме дека би било потребно да одговараме на писмото на младото и надежно лице на политичката сцена, Мартин Протоѓер, кој очигледно има амбиции да се наоѓа на ударни вести и насловни страни преку јавни преписки со претседателот на Македонија, се вели во соопштението испратено од кабинетот на претседателот Црвенковски.

Протоѓер: Црвенковски не креваше слушалка

А1 - 06.11.2008

„Црвенковски не креваше слушалка и не го примаше на средба Димитров за да слушне што Нимиц му пренел на последната средба“, пишува Мартин Протоѓер во писмо до претседателот на државата. Ова следи по одлуката на Црвенковски да го отповика преговарачот за името во Њујорк, Никола Димитров.

Протоѓер лаже дека доставил забелешки на предлозите на Нимиц

Вест - 06.11.2008

Претседателот Бранко Црвенковски на вчерашниот брифинг го обвини шефот на кабинетот на премиерот Мартин Протоѓер дека лаже оти со отповиканиот преговарач за името Никола Димитров на последната средба со Метју Нимици во Њујорк отишле со модифицирана двојна формула и усогласен став за името.

На последниот предлог на Нимиц сме одговориле со двојната формула

Утрински - 06.11.2008

Претседателскиот кабинет со шокантни сознанија на напади дека Црвенковски ги парализирал преговорите. Соња Крамарска. Претседателскиот кабинет вчера обвини дека на последната средба со Нимиц во Њујорк македонските преговарачи, сепак, настапиле со двојната формула, а не како што изјави за медиумите шефот на Кабинетот на премиерот, Мартин Протоѓер, дека биле побарани измени и модификации на ...

Протоѓер: "Црвенковски навредува и го злоупотребува прашањето за името"

Телма - 06.11.2008

„Ова што се случува околу прашањето за името е срамно и надвор од секоја логика. Сепак, вистината мора да се знае. Крајно време е да се сопре со злоупотреба на процесот, со отповикувањето на Димитров и неговата личност, а во функција на домашна расправија. Ова, со овој допис престанува. Бранко Црвенковски: Прво, го исфрли Димитров на улица.

Отказот за Димитров лекција за Груевски

Дневник - 06.11.2008

Отказот за Димитров лекција за Груевски. Груевски стопати побара разрешување на преговарачот, а потоа го вметна Мартин Протоѓер како контролор или политички комесар и го исфрли Димитров од сите средби со Нимиц во Владата, велат во кабинетот на Црвенковски. Во судирот меѓу премиерот и претседателот настрада преговарачот: Груевски и Црвенковски завчера во парламентот. Одлуката на претседателот ...

Црвенковски го сменил Димитров за да го вразуми Груевски

Н.Македонија - 06.11.2008

Претседателот Бранко Црвенковски тврди дека не се повлекува од преговорите за името и дека и во иднина ќе продолжи да апелира до премиерот Груевски да се откаже од двојната формула, која, според неговото мислење и сугестиите од странците, ќе значи замрзнување или прекин на преговорите. Од Кабинетот на Црвенковски велат дека претседателот ниту сака ниту може да се повлече од преговорите.

Милошоски:Повлекувањето на Димитров внесува раздор и е штетно

Алсат-М - 06.11.2008

Министерот за надворешни работи со критика на потегот на претседателот Црвенковски. Последната одлука на господинот Црвенковски внатрешно- политички разделува, наместо да обединува, а надворешно-политички наместо да и донесе полза на Република Македонија во клучната фаза од преговорите, таа нанесува штета, изјави министерот за надворешни работи Антонио Милошоски за Радио Слободна Европа.

Отказот на Димитров - поголем раскол во државниот врв

Форум - 06.11.2008

Нема усогласување и единство во изградбата на национална стратегија по однос на спорот за името откако претседателот Бранко Црвенковски го разреши преговарачот Никола Димитров и ја остави државата без свој застапник во преговорите што се водат со Грција под покровителство на Обединетите нации.

Протоѓер: Црвенковски го злоупотребува прашањето за името за сопствена промоција

Алсат-М - 06.11.2008

Продолжуваат обвинувањата меѓу претседателот и владата околу разрешувањето на главниот преговарач во решавањето на спорот за името со Грција, Никола Димитров. Вчера претседателот Бранко Црвенковски објасни дека единствена цел што сака да се постигне со овој потег е освестувањето на Груевски за важноста на процесот кои се наоѓа во критична фаза.

Протоѓер: Црвенковски ги злоупотребува преговорите

Дневник - 06.11.2008

Бранко Црвенковски го злоупотребува процесот за името, а неговата одлука за смена на преговарачот Никола Димитров и' нанесува штета на државата, реагираа одделно вчера Мартин Протоѓер, шефот на Кабинетот на претседателот на Владата и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски.

Потегот на Црвенковски разделува, наместо да обединува

Сител - 06.11.2008

Последната одлука на господинот Црвенковски внатрешно- политички разделува, наместо да обединува, а надворешно-политички наместо да и донесе полза на Република Македонија во клучната фаза од преговорите, таа нанесува штета, изјави министерот за надворешни работи Антонио Милошоски за Радио Слободна Европа.

Протоѓер реагира за навредите од Црвенковски

Сител - 06.11.2008

„Ова што се случува околу прашањето за името е срамно и надвор од секоја логика. Сепак, вистината мора да се знае. Крајно време е да се сопре со злоупотреба на процесот, со отповикувањето на Димитров и неговата личност, а во функција на домашна расправија. Ова, со овој допис престанува. Бранко Црвенковски: Прво, го исфрли Димитров на улица.

Милошоски: Последната одлука на Црвенковски внатрешно-политички разделува

Кирилица - 06.11.2008

Последната одлука на господинот Црвенковски внатрешно- политички разделува, наместо да обединува, а надворешно-политички наместо да и донесе полза на Република Македонија во клучната фаза од преговорите, таа нанесува штета, изјави министерот за надворешни работи Антонио Милошоски за Радио Слободна Европа.

Протоѓер: Црвенковски го злупотребува прашањето за името за сопствена политичка промоција

Канал5 - 06.11.2008

Скопје, 6 ноември (МИА) - Ова што се случува околу прашањето за името е срамно и надвор од секоја логика. Сепак, вистината мора да се знае. Крајно време е да се сопре со злоупотреба на процесот, со отповикувањето на Димитров и неговата личност, а во функција на домашна расправија. Ова, со овој допис престанува.

Протоѓер: Црвенковски го злупотребува прашањето за името за сопствена политичка промоција

Кирилица - 06.11.2008

Ова што се случува околу прашањето за името е срамно и надвор од секоја логика. Сепак, вистината мора да се знае. Крајно време е да се сопре со злоупотреба на процесот, со отповикувањето на Димитров и неговата личност, а во функција на домашна расправија. Ова, со овој допис престанува. - Бранко Црвенковски: Прво, го исфрли Димитров на улица.

Протоѓер: Црвенковски го исфрли Димитров на улица

Канал5 - 06.11.2008

Од меѓусебни обвинувања кавгата меѓу Претседателот и Владата, иницирана од одлуката на Црвенковски да го отповика преговарачот Димитров преминува во јавно обелоденување на детали од преговарачкиот процес. По брифинзите во Владата и во кабинетот на шефот на државата во кои двете страни изнесоа свое видување зошто Димитров е разрешен и кој како се однесувал во преговорите, денеска со писмено ...

Милошоски: Последната одлука на Црвенковски наместо полза, нанесува штета

Нетпрес - 06.11.2008

Последната одлука на господинот Црвенковски внатрешно- политички разделува, наместо да обединува, а надворешно- политички наместо да и донесе полза на Република Македонија во клучната фаза од преговорите, таа нанесува штета, изјави министерот за надворешни работи Антонио Милошоски за Радио Слободна Европа.

Протoѓер: Јас не сум Гестапо. Но, тој сепак е Бранко

Нетпрес - 06.11.2008

Шефот на кабинетот на премиерот Груевски, Мартин Протоѓер со реакција на навредите упатени од страна на претседателот Бранко Црвенковски. Во соопштението испратено до медиумите се вели дека ова што се случува околу прашањето за името е срамно и надвор од секоја логика.

Милошоски – Последната одлука на Црвенковски е штетна за Македонија

Макфакс - 06.11.2008

Последната одлука на Црвенковски внатрешно- политички разделува, наместо да обединува, а надворешно- политички наместо да и донесе полза на Македонија во клучната фаза од преговорите, таа нанесува штета. Ова, за Радио Слободна Европа го изјави министерот за надворешни работи Антонио Милошоски.

Црвенковски: Уште има надеж за решение

А1 - 05.11.2008

Македонскиот претседател Црвенковски со драматичен апел до македонската Влада, уште еднаш да ја ревидира својата одлука за двојната формула како македонска позиција во преговорите за името. Според претседателот, централен мотив зошто го разрешил преговарачот Димитров е да даде уште една шанса во наредниве дваесетина дена, рок кој е даден од американските партнери за да се истакнат конкретните ...

Наместо Димитров, стратегија за името

Време - 05.11.2008

Ана Велјановска Одлуката на претседателот Бранко Црвенковски да го разреши од функцијата преговарачот Никола Димитров, соопштена на завчерашната собраниска седница посветена на спорот со името, предизвика нови тензии меѓу Владата и претседателот. На седницата беше усвоена Резолуцијата за донесување државна стратегија во преговорите за името.

Преговорите прекинуваат?

Вест - 05.11.2008

Преговорите за името со Грција се донесени во крајно критична фаза и пред можност да бидат блокирани, тврдат експерти и лица упатени во преговарачкиот процес. За тоа веќе извесно време се свесни и премиерот и Претседателот, но меѓу нив се води политичка пресметка кој тоа јавно да го соопшти како државен став.

Димитров како колатерална штета

Утрински - 05.11.2008

Македонскиот политички врв си дозволи уште еден дипломатски гаф, откако претседателот на државата Бранко Црвенковски во понеделникот попладнето од собраниската говорница го разреши преговарачот за името во спорот со Грција, амбасадорот Никола Димитров, оставајќи го упразнето местото на официјален претставник на државата во преговорите.

Црвенковски сега е надвор од преговорите

Утрински - 05.11.2008

Владата засега нема решение кој би можел да го замени Никола Димитров како преговарач. Димитар Чулев. Одлуката на шефот на државава, Бранко Црвенковски, објавена на завчерашната седница во Собранието, да го разреши од должност преговарачот во грчко-македонскиот спор околу името, амбасадорот Никола Димитров, предизвика недоумици и реакции во јавноста.

За пратениците отповикувањето на Димитров е логично

Утрински - 05.11.2008

Пратениците сметаат дека Црвенковски сакал да го прекине двојството во преговарачкиот процес. Оливера Војновска. Отповикувањето на преговарачот Никола Димитров вчера беше топ-тема во политичките кругови. Во Собранието на големо се коментираше настапот на шефот на државата Бранко Црвенковски, кој ја соопшти одлуката на седницата за Резолуцијата за името.

Димитров - неприфатливо е образложението на разрешувањето

Телма - 05.11.2008

Кога станува збор за прашањето на името, личната и професионалната судбина се сосема неважни. Сепак, не можам, а да не изразам несогласување со понуденото објаснување дека во името на единството се отповикува оној кој постојано работеше и јавно апелираше за единствена и натпартиска национална платформа за прашањето на името.

Црвенковски не се повлекува од процесот за името

Телма - 05.11.2008

Клучно прашање во преговорите за името е зачувувањето на националниот идентитет. Ако во Обединетите нации добиеме верификација дека народот и јазикот ни се македонски, шансите за решение на проблемот ни се подобруваат, изјави претседателот Бранко Црвенковски на брифинг со новинарите.

Бранко абдицира од одговорност за името

Дневник - 05.11.2008

Не можам, а да не изразам несогласување со понуденото објаснување дека од името на единството се отповикува тој што постојано работеше и јавно апелираше за единствена и натпартиска национална платформа за прашањето на името, реагира досегашниот преговарач Никола Димитров на објаснувањето од претседателот Бранко Црвенковски дека го разрешил заради единство.

Според партиите очекуван крај на агонијата

Дневник - 05.11.2008

Според партиите очекуван крај на агонијата. Опозициските партии не се изненадени од одлуката на претседателот Бранко Црвенковски да го отповика амбасадорот Никола Димитров од функцијата специјален пратеник во преговорите за името со Грција.

И шо праиме сеа?

Дневник - 05.11.2008

Со указот за разрешување на преговарачот Никола Димитров, претседателот Бранко Црвенковски ја потпиша капитулацијата на својата погрешна политика за решавање на спорот за името со Грција. Во моме нтот кога паднаа во вода тезите дека преку флексибилност и тактика на постојано попуштање ќе ги освоиме срцата во светот и ќе ја одоброволиме Атина и таа да попушти, во моментот кога неговата претерана ...

Тактички ептен погрешно

Н.Македонија - 05.11.2008

М акедонија остана без преговарач за името. Во можеби најважниот момент од преговарачкиот процес и, секако, во најнепогодниот можен тајминг за државата, претседателот Бранко Црвенковски ненадејно и ненајавено го повлече амбасадорот Никола Димитров од преговорите во кои тој беше директно вклучен последните пет години.

Црвенковски еднократно ги употребува соработниците

Форум - 05.11.2008

Од кабинeтот на премиерот Никола Груевски, како сосема неточни ги квалификуваат наводите искажани на денешниот брифинг на Претседателот Црвенковски дека од негова страна кога и да е било побарано сменување на преговарачот Никола Димитров „Наводите на г-дин Бранко Црвенковски на денешниот брифинг со новинари се целосно неточни.

Димитров сменет за освестување на Груевски

Алсат-М - 05.11.2008

Преговарачот за името Никола Димитров е сменмет со цел да се освести премиерот Никола Груевски и тој директно да се соочи со одговорноста во оваа фаза од процесот вели Црвенковски. Црвенковски ја образложи смената на преговарачот во спорот околу името со Грција на брифинг со новинарите.

Двојната формула значи блокирање на преговорите

Канал5 - 05.11.2008

Единствениот начин да се вразуми Груевски за да се соочи со неговата одговорност како Премиер беше да се отповика Димитров и да се прекине несериозната и неодржлива позиција на Македонија со два преговарача и два става во процесот за името – од кабинетот на претседателот Црвенковски денеска на брифинг дообјаснуваат зошто шефот на државата го презел таквиот чекор, кој Владата вчера го нарече како ...

Не се повлекувам туку инсистираm на решение за името

Сител - 05.11.2008

Црвенковски не излегува од процесот на преговори и тврди дека не бега од одговорност. На брифинг посочи дека до последниот ден на вршење на престедателската функција ќе дава придонес во преговорите со Грција. Разрешувањето на амбасадорот Димитров уште еднаш го образложи со неприфатливото двојство во преговарачкиот процес кое го создал Груевски со инволвирањето на шефот на Кабинет Мартин Протуѓер.

Премиерот груевски ниту еднаш не побарал промена на преговарачот Димитров

Сител - 05.11.2008

Владата попладнево со соопштение реагира на наводите што претседателот Бранко Црвенковски ги изнел на брифинг со новинари од некои македонски медиуми. - Наводите на господинот Бранко Црвенковски на денешниот брифинг со новинари се целосно неточни. Премиерот ниту еднаш не побарал промена на преговарачот Никола Димитров.

Црвенковски: Мартин Протогер е Гестапо!

Вечер Прес - 05.11.2008

Со зборови и аргументи кои досега не се видени кај ниту еден балкански претседател, Црвенковски се обиде на новинарите да им објасни зошто го сменил преговарачот Димитров и како згрешил што цело време го трпел неговото вмровско потекло. Не куртули ниту Мартин Протогер кој од претседателот беше наречен Гестапо, а опишан како Гебелс. Претседателот Бранко Црвенковски се извинува што порано не го ...

ДНЕВНИК: Бранко абдицира од одговорност за името

Нетпрес - 05.11.2008

Не можам, а да не изразам несогласување со понуденото објаснување дека од името на единството се отповикува тој што постојано работеше и јавно апелираше за единствена и натпартиска национална платформа за прашањето на името, реагира досегашниот преговарач Никола Димитров на објаснувањето од претседателот Бранко Црвенковски дека го разрешил заради единство.

Повлекувањето на Никола Димитров е шанса Груевски да се вразуми

Нетпрес - 05.11.2008

Шефот на државата, Бранко Црвенковски, не се повлекува и не бега од одговорноста од процесот во спорот со Грција за името, напротив, од неговиот Кабинет се потврдува ангажираноста на претседателот, до последен ден од својот манадат да даде придонес во овој процес.

Наводите на Црвенковски се целосно неточни

Нетпрес - 05.11.2008

Владиниот кабинет преку соопштение реагира против невистинитите наводи на претседателот Бранко Црвенковски на денешниот брифинг со новинари. “Премиерот ниту еднаш не побарал промена на преговарачот Никола Димитров. Впрочем, доколку сакал да го промени преговарачот, тоа и ќе го сторел, посебно заради тоа што принципот на именување на преговарач е на предлог на Владата, а со согласност на ...

Димитров: На крајот, сакам да се поклонам

А1 - 04.11.2008

„Кога станува збор за прашањето на името, личната и професионалната судбина се сосема неважни. Сепак, не можам, а да не изразам несогласување со понуденото објаснување дека во името на единството се отповикува оној кој постојано работеше и јавно апелираше за единствена и натпартиска национална платформа за прашањето на името.

Македонската влада шокирана за Димитров

BBC - 04.11.2008

Македонската влада е шокирана од одлуката на претседателот Бранко Црвенковски да го го повлече преговарачот во грчко-македонскиот спор со името Никола Димитров. Високи извори од македонската влада велат дека ова е најштетниот потег на претседателот кој доаѓа во најкритичниот момент за државата.

Опозицијат предлага искусен дипломат за нов преговарач

Телма - 04.11.2008

Опозицијата го поздрави повлекувањето на Никола Димитров од преговорите за името. Сметаат дека, потегот на претседателот Бранко Црвенковски е логичен, бидејќи ситуацијата со двајца преговарачи е неодржлива. -Потсетуваме дека Никола Димитров беше предложен од ВМРО ДПМНЕ за министер за надворешни работи,амбасадор и подоцна преговарач.

Милошоски: "недржавнички потег на државникот"

Телма - 04.11.2008

Повлекувањето на преговарачот за името Никола Димитров од страна на претседателот Бранко Црвенковски е еден од најлошите потези поврзани со спорот за името во изминатите 15 години, смета Владата. Според мислењеот на министерот за надвореши работи Антонио Милошоски и шефот на кабинетот на премиерот, Мартин Протоѓер, изнесено на брифинг со новианрите, со оваа одлука се нанесува штета на угледот на ...

Црвенковски го повлече Димитров од преговорите

Н.Македонија - 04.11.2008

Црвенковски најави дека ќе го повлече преговарачот Никола Димитров од преговорите за името. - За да се прекине оваа несериозна ситуација, која често се користи и како аргумент на грчката страна против нас дека имаме два преговарача и два става, сакам да ве информирам дека донесов одлука да му престане мандатот за наш претставник во преговорите на амбасадорот Никола Димитров.

Груевски не му верувал на Димитров

Форум - 04.11.2008

Претседателот Бранко Црвенковски го разрешил преговарачот Никола Димитров во преговорите што Македонија ги води со Грција за уставното име пред Обединетите Нации поради тоа што премиерот Никола Груевски ја изгубил довербата во него. Црвенковски со повлекувањето на Димитров сакал да го избегне дуализмот кој се појавил откако како втор член на македонскиот преговарачки тим, Мартин Протуѓер, шеф на ...

Протоѓер добра замена за Димитров

Форум - 04.11.2008

Македонија не треба дека стравува за текот на преговорите со Грција во спорот за името, а што се водат под покровителство на Обединетите нации по разрешувањето на преговарачот Никола Димитров од страна на претседателот Бранко Црвенковски, тврдат експерти по меѓународно право.

Димитров незадоволен од причините за отповикувањето

Алсат-М - 04.11.2008

Амбасадорот Никола Димитров не се согласува со објаснувањето од претседателот Бранко Црвенковски дека е отповикан од разговорите за името, поради единството. „Не можам, а да не изразам несогласување со понуденото објаснување дека во името на единството се отповикува оној што постојано работеше и јавно апелираше за единствена и надпартиска национална платформа за прашањето на името“, ...

Разрешувањето на Димитров: со наш камен по наша глава

Форум - 04.11.2008

Македонија останува без свој застапник во преговорите со Грција за името што се водат во Њујорк под покровителство на Обединетите нации со потпишувањето на указот на претседателот Бранко Црвенковски со кој го разрешува Никола Димитров. Вториот член на преговарачкиот тим Мартин Протуѓер нема овластување за преговарач.

Барав непартиска платформа, затоа сум разрешен

Форум - 04.11.2008

Кога станува збор за прашањето на името, личната и професионалната судбина се сосема неважни. Сепак, не можам, а да не изразам несогласување со понуденото објаснување дека во името на единството се отповикува оној кој постојано работеше и јавно апелираше за единствена и натпартиска национална платформа за прашањето на името.

Црвенковски не можеше да се справи со проблемот

Форум - 04.11.2008

Со разрешувањето на преговарачот Никола Димитров, претседателот Бранко Црвенковски се повлече од амбицијата да промени нешто во нашата надворешна политика, оцени пратеникот Владо Бучковски. „Евидентно беше уште минатата недела на трибината во Струмица почна да говори дека тој не може ништо да поправи во поглед на изнаоѓањето заеднички консензус меѓу најбитните чинители на македонската ...

Димитров: Во името на единството се отповикува оној кој постојано работеше и апелираше за единствена и натпартиска ...

Кирилица - 04.11.2008

Кога станува збор за прашањето на името, личната и професионалната судбина се сосема неважни. Сепак, не можам, а да не изразам несогласување со понуденото објаснување дека во името на единството се отповикува оној кој постојано работеше и јавно апелираше за единствена и натпартиска национална платформа за прашањето на името.

Во името на единството се отповикува оној кој постојано работеше и апелираше за единствена и натпартиска национална ...

Сител - 04.11.2008

Кога станува збор за прашањето на името, личната и професионалната судбина се сосема неважни. Сепак, не можам, а да не изразам несогласување со понуденото објаснување дека во името на единството се отповикува оној кој постојано работеше и јавно апелираше за единствена и натпартиска национална платформа за прашањето на името.

Димитров: Не се согласувам со објаснувањето за моето разрешување

Канал5 - 04.11.2008

Никола Димитров не се согласува со објаснувањето на претседателот Црвенковски за неговото отповикување како претставник на Македонија во разговорите за името. Во писмената изјава, која следи по вчерашната одлука на шефот на државата верификувана со денеска потпишаниот указ, Димитров вели – „Кога станува збор за името, личната и професионалната судбина се сосема неважни“.

Oправдана e одлуката на Црвенковски

Канал5 - 04.11.2008

Опозициските партии сметаат дека одлуката на Црвенковски е оправдана и има за цел креирање заеднички став за прашањето за името. Од владејачката ДУИ велат дека додека македонските партии се надмудруваат, граѓаните очекуваат одговор – дали Македонија ќе им се приклучи на Хрватска и Албанија во процесот на зачленување во НАТО.

Експертите го толкуваат потегот на Црвенковски

Канал5 - 04.11.2008

Повлекувањето на Димитров значи повлекување на Црвенковски од преговарачкиот процес – толкуваат експерти по вчерашниот потег на Црвенковски да го отповика Никола Димитров. - Ако е точна оваа моја претпоставка тој ќе се согласи преговарачот да биде човек директно од доверба на Премиерот, не случајно го спомена и името, сакајќи да каже еве ви ја целата одговорност јас се повлекувам, дали е тоа ...

Димитров - не сум задоволен од објаснувањето на претседателот

Сител - 04.11.2008

Премиерот Никола Груевски уште синоќа имал средба со Димитров, кој пак денеска во писмена изјава посочува дека во името на единството се отповикува оној кој постојано повикуваше на единство. Кога станува збор за прашањето на името, личната и професионалната судбина се сосема неважни.

Повлекувањето на Димитров најштетна одлука на авторот на референцата ПЈРМ, Црвенковски

Вечер Прес - 04.11.2008

Одлуката на претседателот Бранко Црвенковски за повлекување на амбасадорот Никола Димитров од функцијата преговорач во спорот со Грција за името е еден од неговите најлоши чекори. Истата доаѓа во најкритичен период за преговорите или откако двајцата претставници Димитров и Мартин Протоѓер имаа успешна средба со посредникот Метју Нимиц во Њујорк, по која се очекуваше и нов предлог за изнаоѓање ...

Повлекувањето на Димитров е на штета на државата

Нетпрес - 04.11.2008

Повлекувањето на преговарачот за името Никола Димитров од страна на претседателот Бранко Црвенковски е еден од најлошите потези поврзани со спорот за името во изминатите 15 години, сметаат од Владата. Според високи владини претставници, со оваа одлука се нанесува штета на угледот на државата во самиот процес и единствено на оваа одлука може да се радува само официјална Атина која ќе има легитимен ...

Димитров-Не се согласувам со одлуката на Црвенковски

Макфакс - 04.11.2008

Амбасадорот Никола Димитров не се согласува со објаснувањето од претседателот Бранко Црвенковски дека е отповикан од разговорите за името, поради единството. „Не можам, а да не изразам несогласување со понуденото објаснување дека во името на единството се отповикува оној што постојано работеше и јавно апелираше за единствена и надпартиска национална платформа за прашањето на името“, наведува ...

Црвенковски го разреши Димитров

А1 - 03.11.2008

Поради искрени намери за единствен став во преговорите за името, или поради желба во најкритичниот период за преговорите, целосната одговорност да падне на Владата, Црвенковски го разреши амбасадорот Димитров без никаква најава. Индиректни индикации за ваквиот однос кон Димитров се појавија откако на неколку средби за името на државниот врв, преговарачот изразил ставови спротивни на ставовите на ...

Повлечен мандатот на Димитров

BBC - 03.11.2008

Претседателот на Република Македонија, Бранко Црвенковски, на собраниската седница посветена на изнаоѓање заеднички државен став за прашањето околу спорот за името со соседна Грција, соопшти дека го повлекува од преговорите амбасадорот Никола Димитров.

Црвенковски го разреши преговарачот Димитров

Алсат-М - 03.11.2008

Претседателот Бранко Црвенковски го разреши од должност преговарачот во спорот за името со Грција, Никола Димитров. Црвенковски одлуката ја соопшти во обраќањето на собраниската седница на која се расправа за предлог- резолуцијата за процесот на преговорите, поднесена од опозициската НСДП.

Црвенковски го отповика Димитров

Форум - 03.11.2008

Претседателот Бранко Црвенковски го отповика мандатот на Никола Димитров како преговарач во преговорите во спорот за името. Единствен преговарач останува Мартин Протoгер. Црвенковски се решил на ваков чекор со цел да престанат грчките напади дека во Македонија нема единствен став по однос на проблемот. Новата стратегија на Претседателот Бранко Црвенковски со која целата одговорност во ...

Груевски: Собранието да изгради стратегија за името

Форум - 03.11.2008

Премиерот Никола Груевски не одговори на одлуката на претседателот Бранко Црвенковски да го отповика Никола Димитров од преговарачкиот процес, а како единствен преговарач во спорот за името пред Обединетите нации да остане Мартин Протуѓер. Наместо тоа, Груевски во својот говор пред пратениците на денешната расправа за името порача дека Собранието е тоа кое што треба да ги утврди преговарачките ...

Собранието ја усвои резулолуцијата за решавање на спорот за името

Сител - 03.11.2008

Сепак, резолуцијата во сенка ја фрли одлуката на претседателот Црвенковски, кој изјави дека поради разликите со премиерот Груевски и неможноста да се дојде до заеднички став го разрешува преговарачот Димитров и прифаќа се што Владата ќе предложи. Преговарачот Димитров не сакаше да ја коментира одлуката на претседателот. Не бил претходно известен и за ова дознал од медиумите.

За сега нема реакција од Димитров

Канал5 - 03.11.2008

Никола Димитров засега не сака да ја коментира одлуката за негово отповикување што доцна попладнето ја соопшти претседателот Црвенковски. Вели дека дознал од телевизија и дека не бил лично информиран. Реакција најавува од утре. И од кабинетот на шефот на државата нема дополнителни информации – велат дека остануваат на образложението на претседателот кажано од собраниската говорница – дека сака да ...

Димитров повлечен од преговорите за прашањето за името

Нетпрес - 03.11.2008

Македонскиот преговарач во спорот со името со Грција, Никола Димитров нема да биде дел од понатамошниот преговарачки тим. Ова го соопшти претседателот Бранко Црвенковски од собраниската говорница, каде што се расправа по Предлогот на резолуција за решавање на спорот за името на Република Македонија.

Амбасадорот Димитров не е веќе преговарач за името

Макфакс - 03.11.2008

Амбасадорот Никола Димитров не е веќе претставник на Македонија во разговорите за надминување на разликите за името, што со Грција се водат под покровителство на Обединетите Нации. Македонскиот претседател Бранко Црвенковски ова го соопшти синоќа во парламентарната расправа за резолуцијата за името.