TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Одлуката на Катанец во петок

Макфакс - 09.12.2007

Скопје Словенецот Сречко Катанец во петок дефинитивно ќе соопшти дали ќе остане селектор на македонската фудбалска репрезентација. Ова денеска го објави Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) по телефонскиот разговор на нејзиниот претседател Хари Хаџи-Ристески со словенечкиот тренер.

Ако си замине Катанец, во игра и Тумбаковиќ

Вест - 07.12.2007

Се шири списокот на кандидати за замена на Словенецот Ако си замине Сречко Катанец, во игра за селекторската фотелја на нашата фудбалска репрезентација, најверојатно, ќе влезе и името на екстренерот на Партизан, Љубиша Тумбаковиќ.

Среќко Катанец ја предлага Шкотска на стартот од квалификациите за СП

Утрински - 06.12.2007

ЕМИЛ КИТАНОВСКИ На почетокот на новиот квалификациски циклус на 6 или 10 септември со репрезентацијата на Шкотска на Градски, а потоа да се повтори историјата, повторно на нашиот единствен репрезентативен фудбалски храм во Скопје, против главниот фаворит во групата селекцијата на Холандија, ...

Старт со пречек за Шкотска и за Холандија

Дневник - 06.12.2007

Редоследот на противниците е правен веднаш по ждрепката, во консултации со Катанец Во трите стартни натпревари Македонија, против Шкотска, Холандија и Исланд, да биде домаќин, е предлогот на ФФМ за договорниот состанок во Амстердам, на 14 декември .

Македонија на стартот ја посакува Шкотска

Вечер Прес - 06.12.2007

Желбата на челниците на Фудбалската федерација на Македонија е премиерниот натпревар во 9. квалификациска група за СП 2010 да го одиграме како домаќини со Шкотска на 6 септември годинава. Во случај да не биде прифатен овој термин тогаш има алтернатива стартот да биде со Шкотска на 10 септември.

„Дајте ни го Катанец, ќе ве внесеме во ЕУ“

Време - 05.12.2007

ПЕТИЦИЈА ВО СЛОВЕНИЈА ЗА ВРАЌАЊЕ НА СЕЛЕКТОРОТ „Македонија, дајте ни го Среќко Катанец, во замена ќе ви дадеме потпис за влез во Европската Унија“, е само еден од до вчера петте илјади потписи и коментари на интернет-петицијата организирана во Словенија.

„Црвено-жолтите“ во Амстердам со свои желби

Дневник - 05.12.2007

Македонската фудбалска делегација, во која ќе нема селектор, ќе подготви список со свои желби за договорниот состанок на натпреварувачкиот календар за 9. квалификациска група за СП 2010, во Амстердам, на 14 декември. Покрај Македонија и домаќинот Холандија, со предлог-распореди кој и кога да игра ...

Квалификации за СП: На стартот со Шкотска и Холандија во Скопје

Макфакс - 04.12.2007

Скопје/Амстердам Македонија ќе ги почне квалификациите за Светското првенство (СП) во фудбал 2010 година, како домаќин против најсилните противници во групата – Шкотска и Холандија. Ова е епилогот од договорниот состанок за распоредот според кој ќе се одиграат квалификациските натпревари, што ...

Бугарија ќе му понуди на Катанец 700.000 евра за една година

Дневник - 03.12.2007

за една година Сречко Катанец, има понуда од Бугарија да ја предводи репрезентацијата на источниот сосед во наредните 2,5 години за заработка од 700.000 евра по година (околу 23.000 евра месечно, но не се наведува дали е нето или бруто-плата).

Бугарија на Катанец му нуди годишно 700.000 евра

Вечер Прес - 03.12.2007

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Сречко Катанец, чиј договор му истечен на 30 ноември, на предлогот на ФФМ за продолжување на соработката изјави дека својата одлука ќе ја соопшти до 20 декември. Тој побара време за да може да ги разгледа и другите понуди.