TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Родителите и учениците ја бркаа директорката Бајатовска по ходници и ја исфрлија од училишната зграда

Вест - 26.09.2001

ДВОНЕДЕЛНИОТ ЦИРКУС ВО НЕГОТИНСКОТО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ЗАВРШИ Во интерес на учениците, професорите и претставниците на Министерството за образование се договорија да биде назначен нов заменик -директор кој ќе ги има сите овластувања да раководи со училиштето и ќе биде По 12-дневен штрајк, вчера ...

Родителите ја исфрлија Бајатовска од фотелјата, Министерството ја врати

Дневник - 26.09.2001

ДРАМА ВО СРЕДНОТО УЧИЛИШТЕ ВО НЕГОТИНО Штрајкот е ставен во мирување откако се поништени деветте откази што ги подели Бајатовска, а ќе биде назначен и помошник-директор што ќе посредува меѓу вработените и директорката Родители и ученици вчера изутрина со сила ја избркале Орданка Бајатовска, ...

Грбот на Бајатовска го чува лично премиерот Георгиевски

А1 - 25.09.2001

Директорката на неготинската гимназија Орданка Бајатовска, не успеаја да ја сменат 65 професори, но денеска 1200 ученици и нивните родители ја исфрлија од нејзината канцеларија и од училишната зграда. Денешниот бунт во неготинската гимназија следуваше по неколкудневно молење на родителите ...

Директорката, во придружба на полиција, донесе нови, а ги отпушта старите професори

Вест - 25.09.2001

ПРОДОЛЖУВААТ БОЈКОТОТ И ДРАМАТА ВО НЕГОТИНСКАТА ГИМНАЗИЈА Работниот ден, диеркторката Орданка Бајатовска го започнала со 56 нови професори што ги довела од општинското Биро за вработување од Кавадарци, на местото на старите кои штрајкуваат и бараат нејзина смена, Бојкотот на наставата на 1.000 ...

Бајатовска дели откази и носи "свои" професори

Дневник - 25.09.2001

ЦИРКУС ВО СРЕДНОТО УЧИЛИШТЕ ВО НЕГОТИНО "Ќе учиме и под ведро небо, но само со своите професори", велат учениците, кои веќе трета недела "губат" часови Орданка Бајатовска, директорка на Средното училиште "Свети Кирил и Методиј" во Неготино, вчера им забранила на 53 професори да влезат во училиштето.

Гимназијата на Бајатовска од денеска со нови професори

А1 - 24.09.2001

Директорката на неготинската гимназија Орданка Бајатовска, со училиштето директорува како со приватна фирма, коментираат нејзините потчинети. Денеска во училиштето се појавиле 50 - тина нови професори, кои директорката ги повикала да работат на местото на штрајкувачите.