TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Огромното мнозинство земји на НАТО и ЕУ го поддржуваат планот на Марти Ахтисари

Канал5 - 11.02.2007

Огромното мнозинство земји на НАТО и ЕУ го поддржуваат планот на Марти Ахтисари. Македонија почитува сечие мислење, но како земја - кандидат за НАТО и ЕУ, најмногу и значат ставовите на овие организации, изјави министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, на завршницата на конференцијата за ...

Гаспарович против планот на Ахтисари за Косово

А1 - 10.02.2007

Претседателот на Словачка Иван Гаспарович го критикуваше планот на Марти Ахтисари за статусот на Косово, кој предвидува суверенитет под меѓународна контрола. „Словачка ќе бара поурамнотежен документ. Косово има потреба од меѓународна контрола, но не и од решение за создавање на суверена држава", ...

Србија доби одложување на преговорите за Косово

Вест - 10.02.2007

ПРИШТИНА, 10 февруари (Ројтерс) - Обединетите нации го прифатија барањето на Србија да се одложат финалните преговори за иднината на Косово за една недела за да му се даде време на Белград да назначи свои делегати за преговори, соопшти вчера Алберт Рохан, заменик на пратеникот на ОН Марти Ахтисари.

Ахтисари: Се е готово до крајот на јуни

Време - 10.02.2007

ПРЕГОВОРИ ЗА СТАТУСОТ НА КОСОВО Преговорите за идниот статус на Косово се одложени од 13 за 21 февруари, по барање на српската страна која сакаше повеќе време за да конституира парламент и да избере нова влада по предвремените избори одржани во јануари.

ОН ги одложија разговорите за Косово, а Русија се закани со вето

Утрински - 10.02.2007

Заменикот на Ахтисари рече дека со ваквиот потег се сака да и' се даде шанса на српската страна да дојде во Виена ПРИШТИНА - Обединетите нации се согласија со српското барање да ги одложат финалните разговори за судбината на покраината Косово само за една недела, за да му овозможи време на Белград ...

Заменикот на Ахтисари во Скопје го претстави планот за Косово

Утрински - 10.02.2007

Претседателот Македонија Бранко Црвенковски се сретна со заменик на специјалниот пратеник на Генералниот секретар на ОН во процесот за идниот статус на Косово, Алберт Роан. Во соопштението од Кабинетот на претседателот се наведува дека на средбата Роан го информираше претседателот Црвенковски за ...

Подарок за Косово

Дневник - 10.02.2007

Навивачите од ДУИ сега би сакале да ја преземат улогата на арбитар во решавањето на косовскиот проблем, при што, како свој придонес и подарок за идната држава би бил дел од македонската земја , од некои 2.500 хектари во регионот на Кодра Фура.

Заплет или расплет на Косово?

Дневник - 10.02.2007

За Македонија е битно, за Косово да се постигне косовско-српски и меѓународен договор. Второ, како сосед, Македонија треба да биде учесник и активен поддржувач на тој договор . Трето, договорот, или кој и да е меѓународен акт за Косово, не смее да има за резултат „еден нестабилен, неразвиен ентитет ...

Канал 5 дојде до оригиналниот документ на предлогот на Ахтисари

Канал5 - 10.02.2007

Канал 5 дојде до оригиналниот документ на предлогот на Ахтисари за статусот на Косово, чиј составен дел е предлог решението за демаркација на границата меѓу Македонија и Косово. Канал 5 дојде до оригиналниот документ на предлогот на Ахтисари за статусот на Косово, чиј составен дел е предлог ...

Протест на косовските Албанци против предлогот на Ахтисари

Канал5 - 10.02.2007

Во организација на Движењето на косовските Албанци “Самоопределување“, денеска во Приштина ќе се одржи протест против планот на специјалниот пратеник на ОН Марти Ахтисари за идниот статус на Косово. Приштина, 10 февруари (МИА) - Во организација на Движењето на косовските Албанци Самоопределување , ...

К. Митровица Косово да остане во Србија

Вечер - 10.02.2007

На градскиот плоштад Шумадија во северниот дел на Косовска Митровица вчера се одржа голем протестен митинг на кој учествуваа околу 10.000 Срби од цело Косово. Тие го изразија својот став против планот на Ахтисари со слоганот - дека никогаш нема да се помират со независно Косово и дека имаат право ...

Предлогот на Ахтисари не ги допира македонските интереси

Вечер - 10.02.2007

Марти Ахтисари вчера го пролонгираше датумот за преговорите ЗА косовското прашање, кој беше закажан за 13 овој месец. Преговорите ќе почнат на 21 февруари Претседателот Бранко Црвенковски е задоволен од предлогот на Марти Ахтисари за идниот статус на Косово, бидејќи истиот не допира по интересите ...

Преговорите за Косово одложени за 21 февруари

А1 - 09.02.2007

Одложување на преговорите за Косово за 21 февруари, е последната одлука на специјалниот претставник на ООН за косовскиот статус Марти Ахтисари. Ова, како што јави изутрината белградски Бе-92, било решено на синоќешните разговори и консултации во Њујорк, по претходна дипломатска иницијатива на ...

САД го поддржуваат предлогот на Ахтисари за Косово

А1 - 09.02.2007

САД оценуваат дека решавањето на конфликтот во Косово според планот на специјалниот пратеник на Обединетите нации Марти Ахтисари не претставува закана за нова војна на Балканот, изјави помошник државниот секретар за Европа и Евроазија Даниел Фрид.

Косовските Срби на протест го отфрлија планот на Ахтисари

А1 - 09.02.2007

Косовските Срби се собраа во северниот дел на Митровица, за да му кажат „не“ на предлогот на Ахтисари, од кој две третини се однесува токму на нивните права. Но, тоа за нив не е важно. Србите не прифаќаат Косово да замине од Србија.

Косово против одложување на преговорите

Време - 09.02.2007

РАСПРАВА ЗА ИДНИОТ СТАТУС НА КОСОВО Косовската влада се противи на најавата на еврокомесарот Хавиер Солана дека преговорите за Косово може да се одложат за краток период. Според владата на Агим Чеку, преговорите меѓу Србија и Косово во Виена треба да почнат на 13 февруари и да завршат на 2 март, ...

Белград ќе учествува на консултациите за Косово во Виена

Утрински - 09.02.2007

Брисел - Српските власти се согласуваат да учествуваат на новите преговори за иднината на Косово во Виена, изјави за АФП високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Хавиер Солана. „Јас сум цврсто убеден дека Тадиќ ќе остане во контакт со Марти Ахтисари и дека ќе му ...

Неприфатлив предлогот на Ахтисари

Дневник - 09.02.2007

(Отворено писмо до Претседателот на Владата на Македонија) Почитуван господин претседател, ние, припадниците на српската национална заедница во Република Македонија, енергично го отфрламе предлогот на Марти Ахтисари, со кој на српската покраина Косово и Метохија фактички и' се дава статус на ...

Решение за Косово - крај на војните

Дневник - 09.02.2007

Приштински медиуми шпекулираат дека консултациите во Виена за документот на Ахтисари ќе почнат на 21 февруари Решавање на косовското прашање ќе го реши и последниот голем проблем поврзан со безбедноста во Европа и ќе и' стави крај на заканата од нови војни, оцени американскиот помошник-државен ...

Ахтисари: Можно решение на статусот на Косово до крајот на претседавањето на Германија со ЕУ

Канал5 - 09.02.2007

Специјалниот пратеник на Обединетите нации за Косово Марти Ахтисари синоќа пред Обединетите нации истакна дека Германија, која претседава со Европската унија, може да игра важна улога во решавањето на статусот на Косово. Њујорк, 9 февруари (МИА) - Специјалниот пратеник на Обединетите нации за ...

Сејдиу: Предлогот е основа за независност на Косово

Макфакс - 09.02.2007

Прага Предлогот на претставникот на Обединетите нации (ООН) за косовскиот статус претставува значајна основа за создавање независна држава Косово. Ова, денеска, го изјави косовскиот претседател Фатмир Сејдиу, во интервју за Радио Слободна Европа, најавувајќи дека косовската страна ќе достави свои ...

Косовските Срби на протест го отфрлија планот на Ахтисари

Макфакс - 09.02.2007

Косовска Митровица Повеќе од 10 илјади Срби од Косово денеска на протест го отфрлија планот на меѓународниот посредник Марти Ахтисари. Протестот се одржа во Косовска Митровица во организација на Српскиот национален совет за северно Косово, под мотото „За Косово и Метохија во Србија“.

Министрите на ЕУ, в понеделник, за Србија и Косово

Макфакс - 09.02.2007

Брисел Шефовите на дипломатии на Европската унија (ЕУ), в понеделник, ќе побараат брзо формирање на српската Влада и ќе ја повторат поддршката за “реалистично, компромисно решение“ за Косово. Според извори во германското претседателство на ЕУ, министрите, откако ќе го слушнат мислењето на ...

НАТО не планира засилување на Косово

Макфакс - 09.02.2007

Белград Состојбата на Косово засега не налага потреба од засилување на силите на НАТО, соопшти денеска висок претставник на Алијансата. „Не сум запознат дека сега постојат планови за зајакнување на силите на НАТО на Косово“, изјави директорот на Директорот за планирање на силите на Алијансата Френк ...

Визнер денеска во Москва

Макфакс - 09.02.2007

Москва Процесот на решавање на косовското прашање е тема на разговорите на американскиот специјален претставник Френк Визнер со руските претставници, денеска во Москва. Според дипломатски извори, Визнер треба да се сретне со заменикот-шеф на руската дипломатија Владимир Титов и со претседателот на ...

Против одложување на преговорите

Вечер - 09.02.2007

Косовската Влада прексиноќа го отфрли предлогот на Белград за пролонгирање на преговорите за решавање на идниот статус на Косово. Во образложението на косовската Влада се наведува дека не се согласуваат со пролонгирањето на преговорите, со цел да се зачува динамиката на преговорите одредена од ...

Таткото на Ахтисари бил нацист

Вечер - 09.02.2007

Оива Адолфсен Ахтисари во текот на Втората светска војна бил офицер на озлогласената доброволна СС дивизија "Викинг", која особено се истакнала на источниот фронт Таткото на Марти Ахтисари, Оива Адолфсен Ахтисари, во текот на Втората светска војна бил офицер на озлогласената доброволна СС дивизија ...

Едногласна поддршка од НАТО за Ахтисари

Макфакс - 09.02.2007

Севиља Министрите за одбрана на членките на НАТО дадоа едногласна поддршка на специјалниот пратеник за статусот на Косово, Марти Ахтисари. Поддршката на Ахтисари од министрите за одбрана на сите земји – членки на НАТО, е наведена во соопштението издадено по дводневниот состанок што вечерва заврши ...

Србија во Виена контра делови од планот на Ахтисари

Макфакс - 09.02.2007

Белград Србија во Виена на продолжението на преговорите за Косово, ќе ги избрише сите делови од планот на посредникот Марти Ахтисари во кои тој се занимава со статусот на покраината. Ова денеска го изјави шефот на српската дипломатија Вук Драшковиќ за српската агенција Фонет.

Преговорите за Косово одложени за 21.февруари

Макфакс - 09.02.2007

Белград Одложување на преговорите за Косово за 21.февруари, е последната одлука на специјалниот претставник на ООН за косовскиот статус Марти Ахтисари. Ова, како што јави изутрината белградски Бе-92, било решено на синоќешните разговори и консултации во Њујорк, по претходна дипломатска иницијатива ...

Приштина против пролонгирање на преговорите за Косово

А1 - 08.02.2007

Косовската Влада синоќа го отфрли предлогот на Белград за пролонгирање на преговорите за решавање на идниот статус на Косово. Во образложението на косовската Влада се наведува дека не се согласуваат со пролонгирањето на преговорите, со цел да се зачува динамиката на преговорите одредена од ...

Солана во Белград ја повтори поддршката за предлогот на Ахтисари

А1 - 08.02.2007

Високиот претставник на ЕУ Хавиер Солана, по гостувањето во Приштина, го посети Белград. Во разговорите со претседателот на Србија Тадиќ и со премиерот Коштуница го повтори својот став дека ЕУ ќе го поддржи предлогот на Ахтисари за идниот статус на Косово, но истовремено истакна дека ЕУ е ...

Со планот на Ахтисари за Косово запознаен и Црвенковски

А1 - 08.02.2007

Со планот на Ахтисари за Косово, официјално запознаен и претседателот Црвенковски. Компромисното решение за Косово, нему му го претстави заменикот на Ахтисари, Алберт Роан. Шефот на државата задоволен од предлогот, бидејќи истиот не допира по интересите на Македонија.

Србија да избере што и е поважно

Време - 08.02.2007

МИНИСТЕРОТ ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА ЏЕФРИ ХУН ВО БЕЛГРАД Новата српска влада ќе се соочи со важни одлуки што се однесуваат на нејзините приоритети на внатрешен и меѓународен план, а Британија верува дека политичките лидери во Белград ќе го изберат вистинскиот пат кон европската перспектива на Србија, ...

ЕУ прифаќа кусо одложување на преговорите за Косово

Вест - 08.02.2007

ПРИШТИНА, 8 февруари (Ројтерс) - Кратко одложување во финалната рунда на преговорите во кои посредуваат ОН за иднината на Косово ќе биде прифатливо за Европската унија, соопшти вчера шефот за надворешна политика на ЕУ Хавиер Солана.

ЕУ прифаќа кусо одложување на последните разговори за Косово

Утрински - 08.02.2007

Србија побара 10-дневно одложување на разговорите во Виена за да и' се овозможи да го состави новиот парламент ПРИШТИНА - Кратко одложување на финалната рунда разговори со медијаторство на ОН за иднината на српската отцепена покраина Косово ќе биде прифатливо за ЕУ, изјави вчера Хавиер Солана, ...

Македонија добро ќе треба да го одврзе ќесето за демаркацијата на границата

Утрински - 08.02.2007

Подготовките за конечно исцртување на граничната линија ќе почнат по прифаќањето на планот на Ахтисари СОЊА КРАМАРСКА Македонските власти чекаат да биде прифатен планот на специјалниот пратеник на ОН, Марти Ахтисари, за статусот на Косово, па дури потоа ќе ги почнат детаљните подготовки за ...

Чеку е против расформирање на КЗК

Дневник - 08.02.2007

Косовскиот премиер Агим Чеку и командантот на Косовскиот заштитен корпус, Сулејман Селими, се спротивставуваат на предлогот на меѓународниот посредник Марти Ахтисари за расформирање на формацијата КЗК, во која се префрлија припадниците на поранешната ОВК, јави Макфакс.

Србите избираат: ЕУ или Косово

Дневник - 08.02.2007

Џефри Хун избегна да ја поврзе европската иднина на Србија со прифаќањето на планот за Косово , но оцени дека предлозите на Ахтисари „нудат можности за решавање на прашањето“ Новата српска влада ќе се соочи со важни одлуки за приоритетите на внатрешен и на надворешен план, а Британија е убедена ...

Заменикот на Ахтисари ќе го донесе предлогот за Косово

Дневник - 08.02.2007

Алберт Роан, заменик на преговарачот на ОН за статусот на Косово Марти Ахтисари, денеска ќе ја посети Македонија, каде што ќе ја претстави платформата за иднината на Косово. Во рамките на посетата на Скопје, Роан треба да се сретне со шефот на државата Бранко Црвенковски, претседателот на ...

Приштина против одложување на преговорите за конечниот статус за Косово

Канал5 - 08.02.2007

Косовската Влада синоќа го отфрли предлогот на Белград за пролонгирање на преговорите за решавање на идниот статус на Косово. Приштина, 8 февруари (МИА) - Косовската Влада синоќа го отфрли предлогот на Белград за пролонгирање на преговорите за решавање на идниот статус на Косово.

„Вечерње новости“: Српското Собрание со резолуција ќе одговори на планот на Ахтисари

Канал5 - 08.02.2007

Српските партии подготвуваат резолуција, што треба да биде усвоена на конститутивната седница на Собранието на Србија, која ќе претставува одговор на предлог-планот за Косово на високиот пратеник на ОН на преговорите за статусот, Марти Ахтисари, објавува денеска белградскиот весник „Вечерње ...

Вук Драшковиќ: Независноста на Косово би ја понижила Србија

Канал5 - 08.02.2007

Независноста на Косово би ја понижило Србија, изјави денеска во Белград српскиот министер за надворешни работи Вук Драшковиќ. Белград, 7 февруари (МИА) - Независноста на Косово би ја понижило Србија, изјави денеска во Белград српскиот министер за надворешни работи Вук Драшковиќ.

Солана: Белград ќе учествува на консулатциите за Косово во Виена

Канал5 - 08.02.2007

Српските власти се согласуваат да учествуваат на новите преговори за иднината на Косово во Виена, изјави за АФП високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Хавиер Солана. Брисел, 8 февруари (МИА) - Српските власти се согласуваат да учествуваат на новите преговори за ...

„Коха диторе“: Консултациите меѓу Белград и Приштина би можеле да се одложат за 21 февруари

Канал5 - 08.02.2007

Консултациите меѓу Белград и Приштина во Виена по планот на специјалниот пратеник на ОН за Косово, Марти Ахтисари би можеле да бидат одложени за 21 февруари, доколку Србија „има сериозни причини за тоа“, оцени денеска приштинскиот весник на албански јазик „Коха диторе“, повикувајќи се на изјава на ...

Предлог-решението за Косово денеска во ООН

Макфакс - 08.02.2007

Њујорк Состанок на претставници на ООН каде ќе се презентира предлог-решението за косовскиот статус, како и предлогот за одложување на преговорите, денеска ќе се одржи во Њујорк. Според најавите, специјалниот претставник на ООН за Косово Марти Ахтисари, пред генералниот секретар Бан Ки Мун и ...

Продолжуваат преговорите во Виена

Макфакс - 08.02.2007

Виена Преговорите меѓу Белград и Приштина за предлогот на специјалниот претставник на ООН за идниот статус на Косово Марти Ахтисари, денеска продолжуваат во виенскиот конгресен центар Австрија. Тимовите денеска, ги започнаа разговорите во врска со Анекс 5 од планот на Ахтисари, што се однесува на ...

Црвенковски-Роан: Македонија го поддржува планот на Ахтисари

Макфакс - 08.02.2007

Скопје Македонија го поддржува планот на Марти Ахтисари за Косово и тој став денеска им е пренесен на Обединетите нации. Поддршката на планот ја искажа македонскиот претседател Бранко Црвенковски за време на денешната средба во Скопје со заменикот на посредникот Ахтисари, Алберт Роан.

Србите во Македонија против предлогот на Ахтисари

Макфакс - 08.02.2007

Скопје Граѓанските здруженија на Србите во Македонија денеска јавно го отфрлија предлогот за статусот на Косово кој, според нив, “драстично ги крши основните принципи на меѓународното право“. “Енергично го отфрламе предлогот на Марти Ахтисари со кој на српската покраина Косово и Метохија фактички и ...

Русија загрижена поради ставот на Запад за Косово

Макфакс - 08.02.2007

Москва Русија е загрижена поради неподготвеноста на Западот да ги земе предвид интересите на Србија, кога станува збор за Косово. Ова, синоќа во Москва, го изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. „Искрено сме загрижени поради недостиг на желба да се земат предвид легитимните ...

Добро е и меко неприфаќање!

Вечер - 08.02.2007

Дека одложувањето на преговорите е извено,вчера во Приштина,пред доаѓањето во Белград,потврди и Хавиер Солана кој рече дека::секое разумно одложување на преговорите е прифатливоо. Тројката на Европската унија: Штајнмаер, Солана и Рен, вчера попладне во Белград разговараа со највисоките личности на ...

Ахтисари со предлог за Косово на 10.март

Макфакс - 08.02.2007

Белград Предлогот за статусот на Косово, специјалниот пратеник на Обединетите нации (ОН) за Косово Марти Ахтисари, ќе го претстави на 10. март, во Виена. Според српскиот весник “Блиц“, на состанокот ќе присуствуваат и српски и косовски официјални претставници.

Србија официјално побара одложување на датумот за преговорите

Макфакс - 08.02.2007

Белград Србија и официјално побара одложување на датумот за продолжување на преговорите за Косово, кои требаше да се одржат на 13-ти февруари во Виена, пренесуваат српските медиуми. Српскиот претседател Борис Тадиќ, по дипломатски канали, побарал усогласување на датумот за преговорите со ...

Чеку и Селими против расформирање на КЗК

А1 - 07.02.2007

Косовскиот премиер Агим Чеку и командантот на Косовскиот заштитен корпус (КЗК) Сулејман Селими се против предлогот за негово расформирање. Тие, како што пренесуваат косовските медиуми, како многу важен го оцениле предлогот на специјалниот пратеник на Обединетите Нации за Косово, Марти Ахтисари, за ...

Солана целосно ќе го поддржи Ахтисари за статусот на Косово

А1 - 07.02.2007

Високиот претставник за надворешна политика и сигурност на ЕУ Хавиер Солана им порача на косовските и српските лидери дека ЕУ целосно ќе го поддржи Марти Ахтисари во процесот за решавање на конечниот статус на Косово. Косовскиот народ и лидерите треба да бидат подготвени за следниот чекор, а ЕУ е ...

Ахтисари

Утрински - 07.02.2007

Одлагањето на одлуката за решавање на статусот на Косово нема да ги смени работите Лондон – Секој има право да го чита предлогот за статусот на Косово како што сака, но „сите“ признаваат дека тоа е независност под меѓународен надзор.

Балканска равенка

Дневник - 07.02.2007

Процесот ќе заврши успешно, само ако финалниот статус на Косово значи трајно затворање на проблемите во регионот, а не отворање нови . Токму затоа, во предлогот на Ахтисари се вели дека Косово нема да има територијални претензии, ниту пак ќе бара спојување со држава или делови на друга држава ...

Резервен план за Косово - независност

Дневник - 07.02.2007

„Планот Б“ може да предизвика големи проблеми во ЕУ, каде што има многу противници на одземањето територија од суверена земја без резолуција од Советот за безбедност на ОН Европската Унија и НАТО имаат план да и' дозволат на Приштина самата да прогласи независност, ако Србија или Русија го ...

Србија го бара компромисот во границите на Косово

Макфакс - 07.02.2007

Белград Србија го гледа компромисот за идниот статус на Косово во надворешните граници на покраината – соопшти денеска шефот на српската дипломатија Вук Драшковиќ. „Доколку документот на Ахтисари биде зајакнат со амандман постоечките меѓународни граници на Србија да не се менуваат, мислам дека би ...

Чеку и Селими против расформирање на КЗК

Макфакс - 07.02.2007

Приштина Косовскиот премиер Агим Чеку и командантот на Косовскиот заштитен корпус (КЗК) Сулејман Селими се против предлогот за негово расформирање. Тие, како што пренесуваат косовските медиуми, како многу важен го оцениле предлогот на специјалниот пратеник на Обединетите Нации за Косово, Марти ...

Хун: Предлогот на Ахтисари подложен на промени

Макфакс - 07.02.2007

Белград Предлогот на посредникот Марти Ахтисари за идниот статус на Косово е подложен на промени и од големо значење е Србија на престојната рунда преговори да го изнесе својот став. Ова, како што пренесе агенцијата Фонет, денеска во Белград го изјави британскиот министер за Европа, Џефри Хун на ...

Хун на средби со српското раководство за Косово

Макфакс - 07.02.2007

Белград Прашањето за статусот на Косово ќе биде главна тема на разговорите што британскиот министер за Европа Џефри Хун треба да ги има денеска со раководството во Белград. Министерот Хун треба да биде примен од српскиот претседател Борис Тадиќ и премиерот во заминување Воислав Коштуница,а најавена ...

ЕУ бара од Србија институции и преговори за планот на Ахтисари

Макфакс - 07.02.2007

Белград Брзо формирање Влада и Собрание и учество на дополнителните преговори за Косово побара Европската унија од Србија. Барањето било изнесено вечерва во Белград во разговорите меѓу висока делегација ЕУ предводена од Хавиер Солана и премиерот на заминување Воислав Коштуница.

Србија со голем број амандмани на предлогот на Ахтисари

Макфакс - 07.02.2007

Белград Српскиот преговарачки тим за статусот на Косово на претстојните преговори во Виена ќе има голем број амандмани на предлогот на Марти Ахтисари. Ова, во интервјуто за денешното издание на весникот „Вечерње новости“ го изјави Вук Јеремиќ, советник за надворешна политика на српскиот претседател ...

Тадиќ бара одлагање, Ахтисари не прифаќа

Вечер - 07.02.2007

Претседателот на Србија Борис Тадиќ најави дека од амбасадорите на членките на Контакт групата ќе побара датумот за продолжување на преговорите за идниот статус на Косово и Метохија во Виена да се усогласи со конституирањето на новото свикување на Собранието на Србија.

Солана: ЕУ може да прифати кратко одложување на решението за Косово

Макфакс - 07.02.2007

Приштина Кратко одложување на последниот круг од преговорите за статусот на Косово, е прифатливо за Европската унија(ЕУ). Ова денеска во Приштина го изјави врховниот претставник на ЕУ за надворешна политика, Хавиер Солана. Изјавата на Солана е во прилог на српската страна, која претходно побара ...

Ахтисари: Нема да ги менувам роковите за планот за Косово

А1 - 06.02.2007

„Немам намера да ги менувам роковите, па затоа Советот за безбедност на ОН ќе се состане на крајот од овој месец за да го разгледа планот за Косово“, изјави специјалниот пратеник на Светската организација на преговорите за статусот на покраината Марти Ахтисари во интервју за „Фајненшл тајмс“.

Доаѓањето на Ахтисари во Приштина оценето како историски момент

А1 - 06.02.2007

Доаѓањето на Марти Ахтисари во Приштина се оцени како историски момент, како од страна на членовите на преговарачкиот тим, така и од сите други институции во Косово, заедно со косовските Албанци. Тоа што оваа посета ја окарактеризира како историска беше финалниот драфт документ за конечниот статус ...

Се подготвуваат протести

Време - 06.02.2007

ПО ОБЈАВУВАЊЕТО НА ПРЕДЛОГОТ НА МАРТИ АХТИСАРИ Српскиот премиер Коштуница побарал во новиот преговарачки тим за Косово да влезат лидерите на сите српски партии што се во собранието, вклучувајќи ги тука и радикалите и социјалистите Свои протести против предлогот на меѓународниот пратеник Марти ...

Српските лидери спремаат контра за планот на Ахтисари

Вест - 06.02.2007

БЕЛГРАД, 6 февруари (АП) - Српскиот претседател Борис Тадиќ и српските партиски лидери вчера се состанаа за да изготват стратегија за планот на ОН за Косово, на којшто Србите гледаат како на дозвола за независност на покраината.

САД бараат Русија да соработува за планот за Косово

Вест - 06.02.2007

ПРИШТИНА, 6 февруари (АП) - Американскиот пратеник на Косово, Френк Визнер, вчера побара од Русија да соработува за решавање на спорот за Косово откако беше презентиран планот на ОН што предвидува условна државност за оваа проблематична балканска покраина.

Предлогот на Ахтисари не ги загрозува интересите на Македонија

Утрински - 06.02.2007

Случајот со Груевски и „Делта“ треба да го решат институциите, изјави претседателот Црвенковски ГОЈКО ЕФТОСКИ ТЕТОВО - „Со решенијата што ги понуди Марти Ахтисари за конечниот статус на Косово не се загрозени националните и државните интереси на Македонија.

Лавров: Судбината на Косово во рацете на Белград и на Приштина

Утрински - 06.02.2007

Сергеј Лавров објасни дека предлогот на Ахтисари не е правен за да и' се претстави на Русија, туку на Белград и на Приштина Од нашиот дописник БРАНКО ВЛАХОВИЌ МОСКВА - Судбината на планот за идниот статус на Косово што го подготви специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН, Марти Ахтисари, ...

Повик косовските Срби да ја прифатат подадената рака

Утрински - 06.02.2007

Белград - Косовскиот премиер Агим Чеку изјави дека определувањето на новиот статус на Косово ја отстранува вознемиреноста на косовските Срби, кои ги повика „да ја прифатат подадената рака на Албанците“. „Статусот на Косово е настан што ги надминува многубројните дилеми и вознемиреноста на Србите и ...

Пристигнуваат сметките

Утрински - 06.02.2007

Европа-Балкан ИВАН ТОРОВ Неколку дена по Ахтисари, во Белград трае познатата игра „село гори, баба се чешла“ БЕЛГРАД - Во неделата, освен една (Б 92) ТВ и неколку бивши лидери на Отпорот, никој во Белград не го одбележа јубилејот на една важна (добиена) битка на српската демократија: првата ...

Ахтисари чека абер до 13 февруари

Дневник - 06.02.2007

Не се отфрлаат сценаријата за прогласување независност или за поделба на Косово Ако властите во Белград и Приштина до 13 февруари не испратат одговори на предлогот на Марти Ахтисари и ако дотогаш не почнат новите преговори, меѓународниот посредник ќе му даде готово решение на Советот на безбедност ...

Планот за Косово не ги загрозува нашите национални интереси

Дневник - 06.02.2007

Решенијата во планот на посредникот Марти Ахтисари за иднината на Косово не ги загрозуваат националните и државни интереси на Македонија, изјави вчера претседателот Бранко Црвенковски при посетата на Тетово. Тој истакна дека конечниот став ќе се изгради кога ќе биде готов конечниот текст на ...

Агим Чеку: Ахтисари предложи независност на Косово

Канал5 - 06.02.2007

Со планот на специјалниот пратеник на ОН на преговорите за косовскиот статус Марти Ахтисари, се предлага независност за Косово, изјави денеска косовскиот премиер Агим Чеку. Приштина, 6 јануари (МИА) - Со планот на специјалниот пратеник на ОН на преговорите за косовскиот статус Марти Ахтисари, се ...

Сергеј Лаврорв: Белград и Приштина треба да најдат вземноприфатливо решение за Косово

Канал5 - 06.02.2007

Белград и Приштина треба да најдат решение за статусот на Косово, кое ќе биде прифатливо за двете страни, изјави денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров по средбата со делегацијата на „европската тројка“ во Москва.

Ахтисари: Одлагањето на одлуката за решавање на статусот на Косово нема да ги смени работите

Канал5 - 06.02.2007

Немам намера да ги менувам роковите, па затоа Советот за безбедност на ОН ќе се состане на крајот од овој месец за да го разгледа планот за Косово, изјави специјалниот пратеник на Светската организација на преговорите за статусот на покраината Марти Ахтисари во интервју за „Фајненшел тајмс“.

МКГ смета дека Косово треба да прогласи независност по усвојувањето на планот на Ахтисари во ОН

Канал5 - 06.02.2007

Претставник на Меѓунардоната кризна група (МКГ) го повика косовскиот Парламент да прогласи независност на Косово, откако Советот за безбедност на ОН ќе усвои нова резолуција за покраината врз основа на планот на специјалниот пратеник на Светската организација, Марти Ахтисари, објавија денеска ...

Косовскиот парламент денеска расправа за предлогот на Ахтисари

Макфакс - 06.02.2007

Приштина Предлогот на посредникот Марти Ахтисари за решавање на идниот статус на Косово денеска ќе биде на дневен ред на косовскиот Парламент. Речиси сите релевантни косовски политичари позитивно се изјаснија за Предлогот, што посредникот Ахтисари го презентираше на 2.февруари.

САД бараат да нема одложување за Косово

Макфакс - 06.02.2007

Белград САД побараа да нема големо одложување за решението за Косово и го поздравија српскиот став да учествуваат на продолжувањето на преговорите во Виена. Ваквите ставови го изнесе главниот американски пратеник за идниот статус на Косово Френк Визнер, по средбите во Белград со српскиот ...

Сејдиу ќе учествува на консултациите во Виена

Макфакс - 06.02.2007

Приштина Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу ја прифати поканата на специјалниот пратеник Марти Ахтисари за учество на состанокот на 13 февруари во Виена. Портпаролот на косовскиот преговарачки тим Скендер Хисени, во изјава за косовските медиуми, потврди дека косовскиот претседател ја прифатил ...

Јас можам да им ги решам проблемите на Србите!

Вечер - 06.02.2007

За функционирањњето на соживотот, косовскиот премиер ветува мед и млеко: "Се што некогаш Србите го имале на Косово ќе го имаат и сега- ќе имаа достоен живот" "Ме погодува што Србите ја вртат главата од мене, а не сфаќаат дека само јас и владата можеме да им го решиме проблемот, а не Коштуница.

Ахтисари:Независност под меѓународен надзор

Макфакс - 06.02.2007

Лондон Секој има право да го чита предлогот за статусот на Косово како сака, но „сите“ признаваат дека тоа е независност под меѓународен надзор. Ова, во изјава за Би-Би-Си на српски јазик, го рече специјалниот пратеник на Обединетите нации Марти Ахтисари.

Запад ќе ја игнорира српската резолуцијата за Косово

Макфакс - 06.02.2007

Лондон Западните земји ќе ја игнорираат резолуцијата на Србија за Косово со која се отфрла планот на Марти Ахтисари. Ваков заклучок за британското државно радио ББЦ изнесоа двајца влијателни американски аналитичари. „Очекувам дека меѓународната заедница, пред се Запад, ќе ја игнорира резолуцијата и ...

НАТО „многу силно“ го подржува предлогот на Ахтисари

Макфакс - 06.02.2007

Брисел НАТО „многу силно“ го поддржува предлогот на Ахтисари за идниот статус на Косово, изјави денеска во Брисел генералниот секретар на Алијансата Јап де Хоп Шефер. „Многу е важно да постои единствена поддршка за планот на Ахтисари и роковите што тој ги предложи - како во НАТО, така и во ...

Чеку: Косовските Срби да ја прифатат подадената рака на Албанците

А1 - 05.02.2007

Косовскиот премиер Агим Чеку изјави дека определувањето на новиот статус на Косово ја отстранува вознемиреноста на косовските Срби, кои тој ги повика „да ја прифатат подадената рака на Албанците“. „Статусот на Косово е настан што ги надминува многубројните дилеми и вознемиреност на Србите и ...

Косовските Срби против предлогот на Ахтисари

А1 - 05.02.2007

Косовските Срби генерално гледано предлогот на високиот претставник на ОН Марти Ахтисари за Косово го третираат како лош и едноставно како лимитирачки за натамошни разговори, изјави пратеникот во косовското Собрание и еден од лидерите на Србите од Косово, Оливер Ивановиќ во интервју за Македонското ...

Бериша предлага зголемување на економската помош за Косово

А1 - 05.02.2007

Албанскиот премиер Сали Бериша го оцени како позитивен планот на специјалниот пратеник на ОН Марти Ахтисари за Косово, но предложи документот да биде проширен со дел што би бил насочен кон зголемување на економската помош за покраината.

Визнер: Планот за Косово може да биде променет

А1 - 05.02.2007

Американскиот пратеник за Косово Франк Визнер изјави денеска дека планот на Обединетите Нации за иднината на покраината можно е да биде променет без да предизвика разочарувања кај косовските Албанци кои бараат независност, јави АФП. „САД веруваат дека тоа е извонреден предлог.

Фазли Велиу најавува протести за независно Косово

Време - 05.02.2007

ПО ПРЕДЛОГОТ НА АХТИСАРИ Здружението на воени ветерани од ОНА, предводени од пратеникот Фазли Велиу, најави дека на 10-ти овој месец ќе протестира против предлогот на Марти Ахтисари за статусот на Косово. Протести најавија и други здруженија од Косово.

Косово се радува, Србија подготвува нова стратегија

Време - 05.02.2007

ПО ПОСЕТАТА НА АХТИСАРИ НА БЕЛГРАД И ПРИШТИНА Борис Тадиќ Вук Драшковиќ Агим Чеку Ветон Сурои Откако специјалниот пратеник на Обединетите нации за Косово Марти Ахтисари ги запозна Белград и Приштина со својот предлог-план за решавање на идниот статус на провинцијата, про-западниот српски ...

Планот на Ахтисари прифатлив за Македонија

Време - 05.02.2007

СРЕДБА НИКОЛА ГРУЕВСКИ СО ХАШИМ ТАЧИ Документот што специјалниот пратеник на ОН за Косово Марти Ахтисари го претстави во петокот пред властите во Приштина ќе биде прифатлив за Македонија, изјави во саботата во Скопје македонскиот премиер Никола Груевски по средбата со лидерот на косовската ...

Чеку ги предупреди косовските Срби да не се отцепуваат

Утрински - 05.02.2007

Според српското радио КИМ Белград ќе ја бојкотира новата рунда преговори Приштина - Повик и предупредување до косовските Срби да не се обидат да се отцепат од Косово поради предлогот на Марти Ахтисари, упати косовскиот премиер Агим Чеку.

По седум години одложување ќе почне обележувањето на границата со Косово

Утрински - 05.02.2007

Во рок од 120 дена треба да се формира заедничка комисија, a демаркацијата треба да заврши до мај наредната година СОЊА КРАМАРСКА По седум години одлагање, најпосле ќе започне обележувањето на северната граница кон Косово. Ова беше соопштено по средбата Груевски-Тачи завчера, вест што македонскиот ...

Косово и Ахтисари

Дневник - 05.02.2007

Заслепени од својот инает, паметните од владејачкото мнозинство не увидоа дека со рефлектирањето на функционален Охридски договор ќе и' бевме партнери на меѓународната заедница (ЕУ и НАТО) во градењето на политичките и институционалните вредности на Косово, а сите тие ќе беа вреднувани како ...

Москва нема да стави вето на планот за Косово

Дневник - 05.02.2007

Лавров прецизира дека одлуката Косово да добие независност без двострана согласност би била преседан и додаде оти на предлогот на Ахтисари не треба да се гледа како на ултиматум, туку како на подлога за продолжување на преговорите Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека претседателот ...

Предлогот на Ахтисари прифатлив за Македонија

Дневник - 05.02.2007

Од големо значење е тоа што во документот е содржан и предлогот како да се реши прашањето за разграничувањето и дека се согласивме оти станува збор за техничко прашање, изјави Груевски За Македонија е прифатливо предлог-решението на специјалниот пратеник на ОН за Косово Марти Ахтисари за статусот ...

Црвенковски: Планот на Ахтисари не ги загрозува интересите на Македонија

Канал5 - 05.02.2007

Шефот на македонската држава рече дека предлог планот за иднината на Косово не ги загрозуваат националните и државни интереси на Република Македонија. Шефот на македонската држава рече дека предлог планот за иднината на Косово не ги загрозуваат националните и државни интереси на Република ...

Агим Чеку ги повика косовските Срби да ја прифатат подадената рака

Канал5 - 05.02.2007

Косовскиот премиер Агим Чеку изјави дека определувањето на новиот статус на Косово ја отстранува вознемиреноста на косовските Срби, кои тој ги повика „да ја прифатат подадената рака на Албанците“. Белград, 5 февруари (МИА) - Косовскиот премиер Агим Чеку изјави дека определувањето на новиот статус ...

Закажани протести на Србите од Косово

Канал5 - 05.02.2007

Претседателот на Српскиот национален совет на северно Косово Милан Ивановиќ најави синоќа протести на косовските Срби што треба да се одржат в петок поради незадоволството од планот на Мaрти Ахтисари, Косовска Митровица, 5 февруари (МИА) Претседателот на Српскиот национален совет на северно Косово ...

Бериша задоволен од предлогот на Ахтисари, но предлага и пакет економски мерки за Косово

Канал5 - 05.02.2007

Албанскиот премиер Сали Бериша го оцени како позитивен планот на специјалниот пратеник на ОН Марти Ахтисари за Косово, но предожи документот да биде проширен со дел што би бил насочен кон зголемување на економската помош за покраината.

Тадиќ со партиските лидери за предлогот на Ахтисари

Макфакс - 05.02.2007

Белград Српскиот претседател Борис Тадиќ денеска треба да се состане со лидерите на партиите застапени во новиот српски парламент. Како што е најавено, Тадиќ на средбата ќе ги запознае партиските лидери со предлогот на посредникот Марти Ахтисари за идниот статус на Косово, по што ќе се разговара за ...

Закани од Србија за билатерално признавање на Косово

Макфакс - 05.02.2007

Берлин Србија има намера да ги ревидира односите со сите земји кои би признале евентуална независност на Косово. Ова го најави советникот на премиерот на Србија во заминување, Владета Јанковиќ, во интервју што денеска го објави германскиот весник „Тагесцајтунг“.

Планот за Косово - прифатлив за Македонија

Вечер - 05.02.2007

- Предлогот на Марти Ахтисари за идниот статус на Косово е прифатлив за Македонија, изјави премиерот Груевски откако членот на преговарачкиот тим на Косово и лидер на косовската опозиција, Хашим Тачи, го запозна со неговата содржина, само еден ден откако документот им беше претставен на Белград и ...

Визнер: САД целосно зад предлогот на Ахтисари

Макфакс - 05.02.2007

Приштина Соединетите американски држави веруваат дека предлогот на специјалниот пратеник на Обединетите нации ОН) Марти Ахтисари е одличен и заслужува целосна подршка. Ова денеска во Приштина го изјави американскиот претставник задолжен за Косово, Франк Визнер, по средбата со косовскиот претседател ...

Ахтисари: Предлогот за статусот на Косово готов до почетокот на март

Макфакс - 05.02.2007

Приштина Предлогот за статусот на Косово ќе биде довршен од 2. до 10. март, изјави претставникот на Обединетите нации (ОН) задолжен за косовското прашање, Марти Ахтисари. Тој, во интервју за косовската телевизија „Kohavision – KTV“ изјави дека својот довршен и дополнет предлог за статусот на Косово ...

Барање Тадиќ да патува во Виена на преговорите за Косово

Макфакс - 05.02.2007

Белград Српските парламентарни партии побараа претседателот Борис Тадиќ да отпатува на новата рунда преговори за Косово во Виена, што се закажани за 13 февруари. Овој став го изнесоа денеска претставниците на најголемиот број парламентарни партии на состанокот со Тадиќ, кој ги повика лидерите на ...

Планот на Ахтисари отфрлен со собраниска резолуција

Макфакс - 05.02.2007

Белград Собранието на Србија го отфрли планот на Марти Ахтисари за Косово, со резолуција усвоена на првата седница во новиот состав. Резолуцијата е усвоена доцна синоќа речиси едногласно. За овој документ беа 225 пратеници, 15 гласаа против, а 4 не гласаа.

Косово

Вечер - 05.02.2007

Играта околу Косово е игра на големите играчи. Не е наша. Ако загубат големите, влогот им вреди колку една нивна дневница. А за нас, тој е загуба на се што имаме. Покраината Косово е протекторат на ООН. Така е според нивната Резолуцијата 1244.

Џефри Хун во Белград

Макфакс - 05.02.2007

Белград Британскиот министер за Европа, Џефри Хун денеска треба да допатува во официјална посета на Србија, јави Би-би-Си. Главна цел на посетата на Хун е да разговара со српскиот државен врв околу Предлогот за идниот статус на Косово, што во петокот го објави посредникот Марти Ахтисари.

Црвенковски: Предлогот на Ахтисари не ги загрозува интересите на Македонија

Макфакс - 05.02.2007

Тетово Решенијата содржани во предлогот за статусот на Косово на Марти Ахтисари не ги загрозуваат националните и државните интереси на Македонија, смета шефот на државата Бранко Црвенковски. “Уште повеќе, во однос на демаркацијата на границата во делот кон Косово станува збор за добро дефиниран ...

Денот на независноста ќе се празнува на лето

Вечер - 05.02.2007

Според приштинскиот весник "Коха диторе" Албанците на Косово првиот ден од независноста ќе може да го празнуваат кон средината на летото ако предлогот на Марти Ахтисари биде реализиран како што е планирано Косово ќе може да го празнува првиот ден од независноста кон средината на летото ако проектот ...

Русија повтори дека планот за Косово зависи од Белград и Приштина

Макфакс - 05.02.2007

Москва Русија го повтори денеска својот став дека конечното решение за Косово ќе зависи од Белград и Приштина. Ваквиот однос на Москва го формулираше шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров по средбата со тројката на ЕУ предводена од шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер, ...