TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Вадење

Вечер Прес - 26.10.2008

"Не ми е што се коцкаш, ама лута сум кога се вадиш со коцката, и тогаш праиш највише зијан". Му рекла мајката на комарџијата. И, во право била. Проблемот е само што политиката не би требало да биде комар. Таа не се темели на коцкање, туку на проценка на можности и интереси, на сојузници и на градење во континуитет.

Прозборе „фотографот“ на автомобилот бомба

Време - 25.10.2008

Сведокот што професорот Љубомир Фрчкоски го посочи како човекот што го фотографирал возилото со кое беше извршен атентатот врз експретседателот Киро Глигоров вчера даде исказ пред јавниот обвинител за сите детали поврзани во атентатот, дознаваме од неофицијални судски извори.

Сведокот за атентатот врз Глигоров најверојатно од понеделник ќе се соочи со државниот обвинител

Канал5 - 25.10.2008

Сведокот за атентатот врз претседателот Киро Глигоров што беше цитиран во колумната на Љубомир Фрчковски најверојатно од понеделник ќе се соочи со државниот обвинител за да одговори на прашањата поврзани со сознанијата кои екс- полицаецот од државна безбедност му ги доверил на Фрчковски, но и да открие што дополнително знае за вмешаноста на ДБК во нападот врз Глигоров.

МВР и Обвинителството на средба околу атентатот

Утрински - 25.10.2008

Новите моменти околу атентатот врз поранешниот претседател на државата Киро Глигоров вчера беа повод за работна средба меѓу првите луѓе на МВР и на Обвинителството, кои треба да направат заедничка процена за активностите што ќе следуваат. „Со оглед на тоа што во оваа фаза обвинителот го има главниот збор, ние ќе ги следиме насоките.

Агентот од ДБК отвора нова страница во истрагата

Н.Македонија - 25.10.2008

Сведокот од колумната на професорот Љубомир Фрчкоски отвора нова страница во истрагата за атентатот на првиот македонски претседател Киро Глигоров. По 13 години опсежно, но јалово трагање по нарачателите, организаторите, извршителите и мотивите за ликвидација на претседателот Глигоров, сосема случајно, мистериозниот фотограф на автомобилот-бомба паркиран на 2 октомври 1995 година на улицата ...

Прикривање докази за атентатот на Глигоров или замајување на јавноста

Н.Македонија - 25.10.2008

Трагите за работата на оперативците на Управата за безбедност и контраразузнавање, како што се службените белешки, тешко дека може да се скријат, особено ако станува збор за информации во врска со атентат врз претседател, велат поранешни разузнавачи, реагирајќи на приказната на Фрчкоски.

„Сведокот“ веќе дал исказ?

А1 - 24.10.2008

Сведокот за атентатот на Глигоров најверојатно веќе дал исказ кај државниот Јавен обвинител. Извори од истрагата, што сакаат да останат анонимни, велат дека сведокот својот исказ го форматирал во писмена форма каде ги образложил деталите од сведочењето за кое пишуваше Фрчковски.

Сведокот од понеделник кај обвинителот

Дневник - 24.10.2008

Сведокот од понеделник кај обвинителот Сведокот за кој професор Љубомир Фрчкоски посочи дека му признал оти дента пред атентатот врз претседателот Киро Глигоров го сликал автомобилот-бомба, вчера не бил сослушан во Јавното обвинителство. Се очекува својот исказ во Обвинителството тој да го даде в понеделник или во вторник.

Очевидци и факти

Утрински - 24.10.2008

Колумните на професорот по меѓународно право д-р Љубомир Данаилов Фрчкоски отсекогаш претставувале интересно четиво за љубителите на пишаниот збор. Без разлика дали се согласувате со неговите тези или, пак, ви звучат премногу препотентно, сепак, ретко кого оставаат рамнодушен.

Атентатите на Глигоров и на Груевски

Утрински - 24.10.2008

Поголема драматика се чини немало во последните години во македонските медиуми Две шокантни вести пласирани речиси истовремено ја вознемирија Македонија. Службата за државна безбедност е замешана во атентатот на претседателот Киро Глигоров, соопшти индиректно во својата колумна универзитетскиот професор Љубомир Фрчкоски, тогашен министер за внатрешни работи.

Фрчкоски го кажа сведокот

Дневник - 24.10.2008

Сведокот ќе го викнеме најбрзо што можеме, ако од неговиот исказ произлезат сомненија дека конкретни лица се вклучени во атентатот, истрагата ќе се интензивира, изјави обвинителот Шврговски Истрагата се враќа 13 години назад: тогашниот министер за внатрешни Љубомир Фрчкоски на местото на атентатот врз Глигоров Обвинителството наскоро ќе го повика сведокот чие име професорот Љубомир Фрчкоски го ...

Фрчковски го кажа тајниот сведок

Време - 24.10.2008

Јавното обвинителство го дозна името на сведокот што има нови сознанија за атентатот врз поранешниот претседател Киро Глигоров. Податоците за припадникот на седмата управа при МВР на јавниот обвинител Љупчо Шврговски завчера му ги достави професорот Љубомир Фрчковски, откако во медиумите обелодени дека имал разговор со човекот кој посочува дека Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање е еден ...

Тврдењата на клучниот сведок за атентатот врз Глигоров на проверка

Утрински - 24.10.2008

Ниту Шврговски ниту Фрчкоски, во интерес на истрагата, не го откриваат името на лицето-очевидец Гордана Дувњак Државниот јавен обвинител Љупчо Шврговски ќе го повика на разговор клучниот сведок во истрагата за атентатот врз експретседателот Киро Глигоров со цел да ја провери релевантноста на неговите тврдења за вмешаноста на одредени лица од ДБК во настанот.

Сведокот за атентатот врз Глигоров се уште не бил кај Шврговски

Канал5 - 24.10.2008

Сведокот за атентатот врз Глигоров што го посочи професорот Љубомир Фрчковски до денеска не бил кај обвинителот Шврговски, тврдат за Канал 5 извори од обвинителството. Заради заштита на сведокот, не се открива терминот во кој државниот обвинител ќе го повика на разговор за да ја процени релевантноста на информациите со кои располага, а кои според колумната на Фрчковски отвораат сомнеж за ...

ДАЛИ Е ТОЧНО ДЕКА ДБК СТОЕЛА ЗАД АТЕНТАТОТ?

Сител - 24.10.2008

Обвинителството и МВР ќе се координираат како да се расветли атентатот на Глигоров. По најновите сознанија кои на истрагата и ги даде тогашниот министер за внатрешни работи Фрчковски, институциите се мобилизираат да откријат - дали е точно дека ДБК стоела зад атентатот. - Со оглед на тоа што во оваа фаза обвинителот го има главниот збор, ние ќе ги следиме насоките.

ВЕЧЕР: Полицијата на СДСМ била вклучена во атентатот врз Глигоров

Нетпрес - 24.10.2008

ВЕЧЕР: Полицијата на СДСМ била вклучена во атентатот врз Глигоров Поранешниот министер за внатрешни работи Љубомир Фрчкоски, во чиј мандат се случи досега нерасветлениот атентат врз тогашниот претседател Киро Глигоров, се појави во Обвинителството по натписот дека има сведок кој тврди дека тогашни функционери на полицијата, кога тој бил прв човек на МВР, учествувале во монтирање на доказите во ...

Џаро бара притвор за Фрчкоски

Вечер Прес - 24.10.2008

"Да ве потсетам дека истиот професор после атентатот на Киро Глигоров, од позиција на министер за внатрешни работи, тврдеше на прес-конференција дека нарачатели и извршители се прво компанијата Мултигруп од Бугарија, а потоа и таканаречената Братиславска врска.

Во МВР се соработниците или атентаторите на Глигоров?

Н.Македонија - 24.10.2008

Човекот што го купи од автопазар автомобилот-бомба „ами 8“ е инспектор од ДБК. Фотографијата на паркираното „ами 8“ на тогашната улица Маршал Тито пред хотелот „Бристол“ е направена, исто така, од лице вработено во МВР, по усна наредба на тогашен висок функционер во полицијата, а не како што тогаш е официјално соопштено од германски турист.

Револуцијата сè уште трае

Н.Македонија - 24.10.2008

Можеби не е умно што на државен празник, поврзан со будењето на слободарската мисла и зачеток на македонската револуционерна борба, пишуваме за внатрешните поделби и за македонскиот мазохистички синдром. Меѓутоа факт е дека историските настани во себе не содржат само позитивни моменти, па од тие причини не смееме да ги занемаруваме оние што нè зајадуваа и делеа некогаш и кои нè поларизираат и ни ...

Атентатот на Глигоров крие многу мистериозни смртни случаи

А1 - 23.10.2008

Истрага цели 13 години - дали сето ова време информациите во јавноста само медиумски блеф? Постапката на почеток, исто како и во ’95 кога се случи атентатот. Се менуваа и влади и министри, директори на разознавачката служба, обвинители, но истрагата не мрдна од мртва точка.

Ирак: 9 загинати во атентат на министерот за труд

Форум - 23.10.2008

Девет лица загинаа, а 20 се ранети утрово во средиштето на Багдад во самоубиствен обид за атентат на конвојот на министерот за труд, Махмуд Џавдал – Радиј, јавува ирачкото министерство за внатрешни работи и одбрана. Министерот, член на Ирачкиот обединет сојуз, се наоѓал во конвојот, но останал неповреден, изјавил портпаролот на неговото матично министерство.

Бранко нарача, УДБА изврши, Фрчкоски покрива?!

Форум - 23.10.2008

Бившиот министер за внатрешни работи Љубомир Данаилов Фрчкоски, од комотната позиција на универзитетски професор во вторникот конкурираше за наградата од 1 милион евра што ја дава МВР за битна информација во врска со атентатот на Киро Глигоров.

Криминални структури манипулираат со Фрчкоски?!

Форум - 23.10.2008

Поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов, во вторникот изјави дека текстовите што се појавија во јавноста на годишнината од атентатот врз Киро Глигоров, се груба конструкција врз веќе познати факти, но и дека многу информации истрагата ги забошотила или ги пренабрегнала За колумната на Љубомир Фрчкоски , пратеникот Павле Трајанов кој во времето на атентатот врз тогашниот ...

СЕ СОМНЕВАМ ВО КРЕДИБИЛИТЕТОТ НА СВЕДОКОТ

Сител - 23.10.2008

Неофицијално веќе бил сослушан од jавниот обвинител. Во меѓувреме, поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов се сомнева во кредибилитетот на новооткриениот сведок. Дека за време на истрагата имало доста пропусти посочува и Трајанов. Според него непосредно пред атентатот од магацините на Министерството за одбрана е украден експлозив.

Среда, 22 отомври

BBC - 22.10.2008

Речиси сите дневни весници во Македонија утрово пишуваат за новите детали околу атентатот врз поранешниот претседател на државата, Киро Глигоров, кои во вчерашната колумна ги открива поранешниот министер за внатрешни работи Љубомир Фрчкоски.

Фрчковски го откри идентитетот на „сведокот“

А1 - 22.10.2008

Љубомир Фрчковски денеска беше кај јавниот обвинител Љупчо Шврговски. Обвинителот пред медиумите потврди дека Фрчковски го открил идентитетот на „сведокот“ од неговата колумна, но пред јавноста името на поранешниот вработен во државната безбедност на МВР не се соопштува. Шврговски вели дека во зависност од тежината на изнесените докази ќе се покрене соодветна постапка.

Фрчковски сведочеше пред обвинителството

BBC - 22.10.2008

13 години по неуспешнит атентат врз тогашнио претстедател на Македонија, Киро Глигоров, на повидок е нишка која може да води до расплет на случајот. Во јавното обвинителство посочен е сведок за кој се тврди дека знаел детали за нападот. Одговорност Професорот Љубомир Фрчкоски, кој во времето на атентатот беше министер за внатрешни работи, денес во јавното обвинителство во Скопје изнесе деталите ...

Атентатите најсофистицирани кривични дела

А1 - 22.10.2008

МВР и Обвинителството имаат историска шанса да ја помрднат од мртва точка истрагата за атентатот на Глигоров. Иако поминаа 13 години од настанот, тоа не значи дека е доцна за да се расчисти случајот, порачуваат експертите по криминалистика. Велат, наводите што ги пласираше Фрчковски не треба да потценат, напротив треба да се истражат до крај, бидејќи доаѓаат од човек кој не е случаен.

Злото на баналноста

Време - 22.10.2008

Цели 13 години по атентатот на претседателот Киро Глигоров македонските државни служби, а пред се јавноста, се толку далеку од тоа да ја дознаат вистината кои се сторителите, колку што беа и тоа кобно утро на 3 октомври 1995 година. Од тогаш до денес, освен повремените објавувања на филмски наслови од типот на „Мултигруп“, „Братиславската врска“, „Видеолентите на Шаклев“ и „Милошевиќ“, нема ниту ...

Драматичен заплет околу атентатот врз Глигоров

Утрински - 22.10.2008

Бомбата која експлодира беше поставена во автомобил „ами 8“ Гордана Дувњак Професорот по меѓународно право, д-р Љубомир Фрчкоски, денес ќе има тет-а-тет средба со државниот јавен обвинител Љупчо Шврговски. Поводот е вчерашната „медиумска бомба“ што ја фрли во јавноста професорот од Правниот факултет и поранешен министер за полиција, кој обелодени постоење на очевидец што може да помогне во ...

Фрчковски ги предаде информациите за атентатот на Глигоров на Обвинителството

Алсат-М - 22.10.2008

Љубомир Фрчковски му предаде денеска документ на Јавниот обвинител Лупчо Шврговски, во врска со атентатот врз поранешниот претседател Киро Глигоров. Информациите за кои како што неодамна обелодени Фрчковски кој беше министер во октомври 1995 година кога се случи атентатот врз поранешниот претседател Киро Глигоров, во својата колумна во Дневник, упатуваат на можна поврзаност на атентатот со лица ...

ФРЧКОВСКИ НА ОБВИНИТЕЛОТ МУ ГО ОТКРИ СВЕДОКОТ ЗА АТЕНТАТОТ

Телма - 22.10.2008

ФРЧКОВСКИ НА ОБВИНИТЕЛОТ МУ ГО ОТКРИ СВЕДОКОТ ЗА АТЕНТАТОТ Професорот Љубомир Фрчковски денеска на јавниот обвинител Љупчо Шврговски му го откри идентитетот на „сведокот” во врска со атентатот врз поранешниот претседател Киро Глигоров.

Фрчковски го откри идентитетот на сведокот

Канал5 - 22.10.2008

Ден по објавената колумна, професорот Љубомир Фрчковски пред државниот обвинител Љупчо Шврговски ги соопштил информациите кои ги има од сведокот што го цитираше во текстот. Во 20 минутното испрашување, тврди Фрчковски, го открил идентитетот на сведокот од колумната и информациите за фотографијата направена ден пред атентатот за која изворот потврдил дека е сликана по наредба на државната ...

Атентатот врз Глигоров дело на ДБК

Време - 22.10.2008

Владо Ѓорчев Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање е еден од организаторите на атентатот врз претседателот Киро Глигоров во 1995 година. Професорот Љубомир Фрчковски, кој во тоа време беше министер за внатрешни работи, во вчерашната колумна во весникот „Дневник“ тврди дека разговарал со сведок кој имал докази дека возилото „АМИ 8“, во кое беше поставен експлозивот, било купено од вработен ...

ВЕЧЕР: Шокантно: Екс-министерот Фрчкоски ја обвини владата на Црвенковски за атентатот врз Глигоров!

Нетпрес - 22.10.2008

ВЕЧЕР: Шокантно: Екс-министерот Фрчкоски ја обвини владата на Црвенковски за атентатот врз Глигоров! На 3 октомври 1995 година, во 9 часот и 50 минути наутро, врз тогашниот претседател на Република Македонија беше извршен атентат. Атентатот е извршен кога од претходно паркирано возило Ами 8, спроти хотел Бристол во центарот на Скопје, е активиран силен експлозив кој експлодирал во моментот на ...

Фрчковски го откри идентитетот на „сведокот”

Макфакс - 22.10.2008

Професорот Љубомир Фрчковски денеска на јавниот обвинител Љупчо Шврговски му го откри идентитетот на „сведокот” во врска со атентатот врз поранешниот претседател Киро Глигоров. Шврговски, како што јави попладнево телевизијата А1, потврди дека Фрчковски го посочил името и презимето на лицето коешто нему му изнело нови моменти за атентатот Обвинителот наведе дека во зависност од тежината на ...

И Фрчковски и сведокот пред јавниот обвинител за атентатот на Глигоров

Нетпрес - 22.10.2008

Љубомир Фрчковски денеска се појавил кај јавниот обвинител Љупчо Шврговски каде што го открил идентитетот на “сведокот“ кој му кажал дека по барање на негов колега од ДБК го фотографирал возилото-бомба “ами“, со кое беше извршен атентат врз тогашниот претседател Киро Глигоров. Кај Шврговски околу 11 часот се појавил и сведокот, кој го наведува поранешниот министер за внатрешни работи.

Не сакаа да го убијат

Форум - 22.10.2008

Атентатот на Киро - фарса “Уплашениот претседател во 1995 г. кога за прв пат отворено се побара борба против организираниот криминал, шверцот на нафта и цигари и лошата приватизација, беше потребен за да сè остане по старо. Од тој недовршен процес на расчистување со криминалните структури денес произлегуваат сите наши олигарси”, тврди поранешен вработен во МВР.

ИДЕНТИФИКУВАН КЛУЧНИОТ СВЕДОК ЗА АТЕНТАТОТ НА ГЛИГОРОВ

Сител - 22.10.2008

ИДЕНТИФИКУВАН КЛУЧНИОТ СВЕДОК ЗА АТЕНТАТОТ НА ГЛИГОРОВ Обвинителството дозна кој е клучниот сведок за атентатот на поранешниот претседател Киро Глигоров. Името и податоците за припадникот на седмата Управа, на обвинителот Шврговски му ги достави шефот на полицијата во време на атентатот - Љубомир Фрчковски.

Фрчкоски го откри идентитетот на изворот за атентатот

Форум - 22.10.2008

Професорот Љубомир Данаилов Фрчкоски, денеска на Јавниот обвинител Љупчо Шврговски му го открил идентитетот на полицаецот чии информации ги содржеше неговата вторничната колумна во „Дневник“ посвтена на атентатот врз поранешниот претедател Киро Глигоров Во разговор кој траеше помалку од половина час, Љубомир Фрчкоски кој во времето кога беше извршен атентатот врз претедателот Киро ...

ДНЕВНИК: ДБК меѓу атентаторите на Глигоров?

Нетпрес - 22.10.2008

Пукна молкот! Тринаесет години по атентатот врз поранешниот претседател Киро Глигоров, како бомба одекна сознанието на професорот и поранешен министер за внатрешни работи Љубомир Фрчкоски дека постои сведок кој може да ја потврди вмешаноста на лица од тогашната Дирекција за безбедност и контраразузнавање (ДБК) во атентатот врз поранешниот претседател Киро Глигоров.

Многу информации за обиди за атентати, се дезинформации

Н.Македонија - 22.10.2008

Постојано имало и ќе има информации за можни атентати врз државни функционери, но многу од нив се дезинформации, вели пратеникот Павле Трајанов, поранешен министер за внатрешни работи и долгогодишен функционер во МВР. Тој не сака да ги коментира информациите за обидите за ликвидирање на премиерот Никола Груевски, кои деновиве беа пласирани во јавноста, но нагласува дека службите постојано ...

Нов сведок за атентатот врз Глигоров

Н.Македонија - 22.10.2008

„Деновиве дојде кај мене едно лице што сега работи во компанија надвор од полиција и ми се претстави како бивш полицаец од државна безбедност, вработен за време на атентатот на претседателот Киро Глигоров во Седмата управа за следење. Фино! Професоре, јас сум тој службеник во МВР кој ја сликаше фотографијата на наводниот германски турист пред Бристол, на кој се гледа паркираниот „ами 8“, ден пред ...

Приказната „Сведок“ на Фрчкоски

А1 - 21.10.2008

„Деновиве дојде кај мене едно лице што сега работи во компанија надвор од полиција и ми се претстави како поранешен полицаец од државна безбедност, вработен за време на атентатот на претседателот Киро Глигоров во Седмата управа за следење“, пишува Љубомир Фрчкоски во денешната колумна на „Дневник“.

Истрага за атентатот врз Глигоров во 2000. година

А1 - 21.10.2008

Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање е вмешана во атентатот на Глигоров. По 13 години екс министерот за внатрешни работи Љубомир Фрчкоски обелодени дека има сведок на обидот на убиство на Претседателот. Станува збор за припадник на Седмата управа, кој му се јавил на Фрчкоски и му рекол дека сликата на „Ами“ возилото во кое беше поставена бомбата, ја направил тој по барање на претпоставен ...

Можна вмешаност на ДБК во атентатот на Глигоров

Канал5 - 21.10.2008

Поранешниот претседател Киро Глигоров денеска не сакаше да ги коментира наводите на професорот Љубомир Фрчковски изнесени во колумна во кои се повикува на анонимен сведок кој тврди дека полициските разузнавачки служби се инволвирани во атентатот на екс- претседателот.

ДБК меѓу атентаторите на Глигоров?

Дневник - 21.10.2008

Јавниот обвинител Љупчо Шврговски ќе ги повика на разговор професорот Љубомир Фрчкоски и сведокот што тој го спомнува во својата колумна, за да ги слушне новите сознанија,кои би можеле да ја интензивираат истрагата Пукна молкот! Тринаесет години по атентатот врз поранешниот претседател Киро Глигоров, како бомба одекна сознанието на професорот и поранешен министер за внатрешни работи Љубомир ...

СДСМ бара одговорност од МВР

Дневник - 21.10.2008

СДСМ побара од Министерството за внатрешни работи да ги објасни медиумските информации дека имало два обида за атентат врз премиерот Никола Груевски. Опозициската партија побара Груевски да ги разреши најодговорните луѓе во МВР, Гордана Јанкуловска и Сашо Мијалков, бидејќи ако тоа е вистина нивни неуспех е што немало ниеден осомничен за тие случаи.

Сите премиери со глава в торба

Време - 21.10.2008

Заканите за животот на македонските функционери, а посебно врз премиерите, се постојана појава од независноста на државата во 1991 година, иако двата обиди за атентат врз премиерот Никола Груевски се најсериозни досега, тврдат за „Време“ извори од безбедносните служби.

СДСМ бара истрага

Време - 21.10.2008

СДСМ очекува од Министерството за внатрешни работи сериозна истрага и пронаоѓање на инволвираните во обидите за атентат врз македонскиот премиер Никола Груевски. - Останува нејасно зошто МВР се уште нема ниту еден осомничен за овие случаи. Дури и да нема осомничен, останува дилемата зошто МВР нема поднесено кривична пријава против непознат сторител, нема постапка, нема мотиви - изјави Александар ...

СДСМ и МВР во фронт за наводните атентати врз Груевски

Утрински - 21.10.2008

СДСМ и МВР во фронт за наводните атентати врз Груевски Опозицискиот СДСМ вчера побара од МВР да ги објасни медиумските информации дека имало два обида за атентат врз премиерот Груевски и побара сериозна истрага и пронаѓање на инволвираните. На ваквите барања од МВР возвратија дека постапуваат крајно сериозно по сите информации и сознанија за безбедносни закани.

ФРЧКОВСКИ ИЗНЕСЕ НОВИ ЕЛЕМЕНТИ ВО ИСТРАГАТА ЗА АТЕНТАТОТ НА ГЛИГОРОВ ?

Телма - 21.10.2008

Професорот и поранешен министер за внатрешни работи, Љубомир Фрчковки, во денешната колумна во весникот “Дневник” открива детали за атентатот врз поранешниот претседател Киро Глигоров преку приказнатa која ја нарекува “Сведок”.

ФРЧКОВСКИ НУДИ НОВИ СОЗНАНИЈА И СВЕДОЦИ ЗА АТЕНТАТОТ ВРЗ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ГЛИГОРОВ

Сител - 21.10.2008

ФРЧКОВСКИ НУДИ НОВИ СОЗНАНИЈА И СВЕДОЦИ ЗА АТЕНТАТОТ ВРЗ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ГЛИГОРОВ Со приказната наречена СВЕДОК во својата редовна неделна колумна, поранешниот министер за внатрешни работи Љубомир Фрчковски отвори ново поглавје во истрагата за атентатот на претседателот Киро Глигоров.

Фрчковски на сослушување во МВР?

Форум - 21.10.2008

Министерството за внатрешни работи, официјално ќе го покани на разговор, професорот Љубомир Фрчковски, доколку тој има дополнителни информации околу обидот за атентат на поранешниот претседател, Киро Глигоров, се вели во реакцијата на МВР. Колуимната на Фрчковски, што излезе во медиумите, каде тој наведува дека постои сведок за обидот за атентат на Киро Глигоров, и тоа, од редовите на полицијата, ...

Полицијата чека информации од Фрчковски за атентатот врз Глигоров

Макфакс - 21.10.2008

Македонската полиција очекува поранешниот министер за внатрешни работи Љубомир Фрчковски да ги соопшти новите информации, што ги има во врска со атентатот на претседателот Киро Глигоров, извршен на 3 октомври 1995 година. „Веруваме дека Фрчковски...

Шокантно: Екс-министерот Фрчкоски ја обвини владата на Црвенковски за атентатот врз Глигоров!

Вечер Прес - 21.10.2008

На 3 октомври 1995 година, во 9 часот и 50 минути наутро, врз тогашниот претседател на Република Македонија беше извршен атентат. Атентатот е извршен кога од претходно паркирано возило Ами 8, спроти хотел Бристол во центарот на Скопје, е активиран силен експлозив кој експлодирал во моментот на разминување со Мерцедесот на Глигоров. При експлозијата Глигоров е тешко ранет во главата.

СДСМ бара оставки од Јанкуловска и од Мијалков

Н.Македонија - 21.10.2008

Ако се покажат точни информациите дека се подготвувал атентат врз премиерот Никола Груевски, министерката Гордана Јанкуловска и директорот на УБК мора да поднесат оставка, изјави Александар Чеботарев, организацискиот секретар на СДСМ, на вчерашната прес-конференција. Тој нагласи дека информациите што беа пласирани во медиумите се многу сериозни.

Имало ли обид за атентат врз Груевски?

А1 - 20.10.2008

Имало ли обид за атентат врз Груевски? Полицијата не ја демантира вчерашната вест во „Време“ дека изминатава година во два наврати бил загрозен животот на премиерот Никола Груевски. И денеска официјалниот став е изјавата на Гордана Јанкуловска за вчерашното издание на весникот „Време“: „Не можам да коментирам за такви случаи поради чувствителноста на материјата“.

Спречен атентат врз Груевски

Време - 20.10.2008

Во текот на 2007 година македонските безбедносни служби успеале да осуетат и да спречат дури два обида да се изврши атентат врз премиерот Никола Груевски, дознава „Време“. Според доверливите информации до кои дојде весникот, животот на премиерот бил загрозен првпат во почетокот на минатата година, а вториот пат кон крајот на 2007 година.

СДСМ: Јанкуловска да поднесе оставка ако обидите за атентат врз Груевски се вистина

Нетпрес - 20.10.2008

Социјалдемократите побараа оставки од првиот човек на полицијата Гордана Јанкуловска и од Сашо Мијалков, доколку се покажат како точни информациите за обидите за атентат врз премиерот Груевски. Според нив, информациите пласирани во одредени медиуми се многу сериозни и очекуваат исто таква истрага од стана на МВР за пронаоѓање на атентаторите.

СДСМ бара од МВР да ги објасни медиумски информации дека имало обиди за атентат врз премиерот Груевски

Кирилица - 20.10.2008

СДСМ во врска со информациите пласирани во одредени медиуми дека постоеле два обидa за атентат врз премиерот Никола Груевски очекува сериозна истрага од страна на Министерството за внатрешни работи и пронаоѓање на инволвираните. - Останува нејасно зошто МВР се уште нема ниту еден осомничен за овие случаи.

ДАЛИ ИМАЛО ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ ВРЗ ПРЕМИЕРОТ ГРУЕВСКИ?

Сител - 20.10.2008

СДСМ во врска со информациите пласирани во одредени медиуми дека постоеле два обидa за атентат врз премиерот Никола Груевски очекува сериозна истрага од страна на Министерството за внатрешни работи и пронаоѓање на инволвираните. - Останува нејасно зошто МВР се уште нема ниту еден осомничен за овие случаи.

Груевски двапати бил на нишан на атентатори

Н.Македонија - 20.10.2008

Безбедносните служби во текот на 2007 година двапати осуетиле обиди за атентат врз премиерот Никола Груевски, објави вчера телевизијата А1. Првиот обид бил во почетокот, а вториот кон крајот на минатата година. Во двата наврата обезбедувањето на премиерот Груевски било удвоено и снајперисти биле поставени на зградите во непосредна близина на неговиот дом.