Кошаркарите на Сан Антонио Спарс со победата над сега веќе поранешен шампион Детроит Пистонс од 81:74 (4:3 во победи) по третпат ги освоија шампионските прстени (1999, 2003 г.). За МВП играч на финалната серија е прогласен играчот на "мамузите" Тим Данкан, кој ова признание го доби и во финалната ...
Во средината на годинава на Земјата, според податоците на Францускиот институт за демографски истражувања имало околу 6.477 милијарди жители. Според претседателката на француското Државно здружение, 6,5-милијардитиот жител на Земјата ќе се роди во декември во Азија, континент на кој годишно се ...
Цената на имотите во близина на познатиот бугарски спортски и туристички центар Боровец, деновиве нагло се зголемија, не за неколку проценти, туку за неколкупати. Причина: кандидатурата на Бугарија за Зимската олимпијада во 2014 година.
Коњите што ги влечат типичните туристички кочии во Рим ќе мораат да носат пелени за градските улици да останат чисти, објавија локалните медиуми. Пелените, всушност, се кантички преслечени во црвено-сива ткаенина, што се врзани за задникот на коњите.
Од монтажните ленти на крагуевска "Застава", веројатно, есенва ќе излезе првото "пунто", чија малопродажна цена би била 8 000 евра за основниот модел, што е за 2 000 евра поевтино од италијанскиот. Во "Застава" велат дека се на прагот на потпишување договор со "Фиат", кој би им овозможил, барем за ...
Новоотворениот ТЦ "Рамстор Македонија", кој беше промовиран на голема врата, се помалку е светски, а се повеќе придобива балкански манири. Две недели по неговото свечено пуштање во употреба, службите најавуваат ценовник за паркинг-просторот наменет за автомобилите на бројните посетители.
Тринаесетиот златник отиде во рацете на пензиониран златар. Кочанчанецот Јане Анастасов вчера го доби своето 14-каратен златник и се потсети на деновите кога златото му било секојдневна обврска. Нашата екипа го посети домот на семејството Анастасови во Кочани, во кое купувањето "Вечер" е ...
Најновата поетска збирка "Ненадејна" на поетот, новинар и публицист Ристо Лазаров, завчеравечер ги собра вљубениците во поетскиот збор во книжарницата на издавачот "Култура", лоцирана во центарот кај Ристиќевата палата. Оваа книга содржи седум циклуси од по седум песни творени во Дантеови терциди и ...
Киерон Даер, црномурестиот напаѓач и плејмејкер на Њукасл и на англиската репрезентација, според англискиот печат е-среќен човек. Покрај тоа што е омилен кај навивачите на премиерлигашот и покрај стандардно добрите партии во дресот на "Гордиот Албион", тој е среќен и во најважната не-споредна ...
Полициски инспектори во вторникот на две локации, во куќа во Охрид и во месноста Трно пронајдоа 45 корени на марихуана. Поради вмешаност во случајов се уапсени четири лица, еден државјанин на Србија и Црна Гора и тројца охриѓани.
Оперската ѕвезда Хозе Карерас три дена ќе биде висок гостин на "Метропол", хотел со четири ѕвездички. Иако од дирекцијата на "Охридско лето" тврдеа дека името на хотелот во кој ќе биде сместен еден од трите најпознати светски тенори, од безбедносни причини нема да го откриваат, сепак, дознавме дека ...
По успешното прикажување на повеќе од педесет фестивали низ целиот свет и четири награди, како и кино прикажувањето во пет европски земји, филмот "Како убив светец" во август ја започнува својата американска турнеја, која ќе трае една година.
Состанокот што треба да ја извлече Галичката свадба од ќор-сокак, уште не е закажан, иако имаше најави дека би можело да се одржи вчера. Организациониот одбор мора што поскоро да се произнесе за жалбата што ја поднесоа младенците Тодор Јуруковски и Лидија Даниловска, кои тврдат дека се ...
Она што го посакува секое семејство е во својот дом да има мебел за кој до вчера само сонувал. Мебел со кој ќе го разубави просторот во кој живее, ги "полни батериите", мебел со врвен дизајн и квалитет и, се разбира, она најважното со достапна цена.
БИТОЛА На сцената на Античкиот театар во Хераклеја на 1 јули, концерт ќе одржи познатиот етномузички состав "Синтезис". Битолскиот концерт на групата "Синтезис" е во чест на десетгодишнината од нивното постоење и во рамките на манифестацијата Гоцеви денови, чиј покровител е Министерството за ...
Името ни е "Партија Национал Демократике" кое не треба да се преведува (Националдемократска партија), ќе бидеме партија која ќе го очисти ДУИ од овие простори, ние сме чистачите, а после тоа ќе дојдат суперчистачите кои ќе ги чистат чистачите.
Од 24 јуни "Антена 5" радио за своите слушатели подготвува повеќе активности. На програмата на Антена 5 ќе има извештаи во живо од концертите на "Колдплеј" во Лондон (27 јуни), U2 во Кардиф, Велс (29 јуни). Потоа ќе има и 15-часовен пренос од Лајв 8 - спектаклот кој 20 години подоцна повторно го ...
Петтиот албум на Тоше Проески ќе го носи насловот "По тебе", а во српска верзија "Пратим те". Тоше самиот реши за името. Мастерот со 14 композиции е биде испратен на печатење, а веднаш по неговото пристигнување во Скопје ќе се случи и голема промоција.
Царинската управа на Македонија прави симулација на дефицитот во буџетот кој би се јавил ако во овој момент би се укинале царините за суровини и репроматеријали. Ова вчера ни го потврди првиот човек на македонската царина Илија Илоски, кој рече дека во следните два-три дена ќе се прави интензивна ...
Претседателот на хрватската Влада, Иво Санадер, во друштво на своите министри и партиски пријатели, "се журкале" до зора во угостителскиот објект НК "Јарун". Како што пишува "Нови лист", Мартин Бабиќ, татко на четири деца, доцна во петокот навечер, изнервиран од вревата што доаѓала од локалот, ја ...
"Лукоил нефтохим Бургас" АД запре со продавањето на акциите на бугарската берза. Рафинеријата ќе биде отпишана од регистарот на акционерските друштва. Решението е донесено на годишното општо собрание на Рафинеријата што се одржа завчера, на кое присуствувале претставници на сопствениците на 11.
Поранешната Општина Џепчиште, една од најразвиените во тетовскиот регион со десетина мали стопански капацитети и повеќе стотини вработени меѓу кои и од Тетово, е една од ретките не само во полошкиот регион, туку и во Републикава, кој место со долгови, кон општината Тетово се приклучи со околу ...
И оваа година Битола го славеше 21 јуни, најдолгиот ден во годината. Во партнерска организација на Младински културен центар- Битола и Француска Алијанса- Битола, по примерот на медитеранските градови за денот на летото се пееше на Широк сокак и тоа на повеќе разни локации.
Легендарната рок-група "Парни Ваљак" ќе одржи концерт на плоштадот "Слобода" во Штип, за време на одржувањето на 25. издание на забавниот фестивал "Макфест". Разговорите меѓу главните луѓе на "Макфест" и "Парни ваљак" се во завршна фаза.
Деновиве, во АД "Орка Холдинг" во Демир Хисар, поради штрајкот на вработените се уште има прекини во работењето. Според нивните искажувања, тие штрајкуваат поради ниските плати (3.500 денари) и големите норми што ги поставил сопственикот Камчев.
Првата работна копија на "Тајната книга" во режија на Владо Цветановски, се очекува до крајот на месецов. Филмот го привршува својот постпродукциски период и се наоѓа во лабораторија во Австрија. Снимен е на локации во Македонија, во регионот на Битола и Преспанското Езеро, во Бугарија и Франција, ...
До понеделник, Царинската управа на Македонија треба да и го достави на Владата иницијалниот список со 300 до 400 царински тарифни броеви кои ќе се укинат интервентно. Нив владата во најкус можен рок треба да ги "прочешла" и одобри и веќе од јули за таа палета на земјоделски, текстилни производи и ...
В петок, први јули, групата "Синтезис" во рамките на прославата на своето десетгодишно постоење, ќе одржи концерт на локалитетот Хераклеа во Битола. Настанот е во рамките на манифестацијата "Гоцеви денови", а под покровителство на Министерството за култура.
Пробивањето на улицата "Народен фронт", според сигналите кои доаѓаат од новите градски структури, ќе се реализира согласно Деталниот урбанистички план кој предвидува уривање на објектот на "Македонски железници". Во Градот, засега се уште немаат јасна претстава за тоа кога може да се очекува ...
По напуштањето на Демократската алтернатива, врските меѓу преостанатите коалиционите партнери од "Третиот пат" се повеќе попуштаат. Заедничките прес-конференции на оваа коалиција стануваат се поретки, а Демократскиот сојуз и Социјалистичка партија на Македонија се определуваат за "соло" настапи ...
Шпанската полиција соопшти дека уапсила 28 осомничени членови на "руската мафија", кои во земјата организирале широка мрежа за перење пари. Според соопштение на Министерството за внатрешни работи во Мадрид, повеќето од уапсените се шефови на мафијашки групи кои се занимавале со перење пари добиени ...
Меѓуградската автобуска станица нема да се премести од руинираниот простор спроти МАНУ се додека на новата локацијата под Транспортниот центар не се изгради санитарен чвор или не се најде друго привремено решение. Според надлежните во Градскиот комитет за урбанизам и сообраќај, екипите на ...
ВМРО- Народна не се откажува од претседателското место во новоформираното национално тело Совет за евроинтеграции и за таа функција го предлага пратеникот Слободан Чашуле. Оваа функција им припаѓа природно како на "најголема опозициона партија", но и врз основа на договорот постигнат меѓу Владо ...
Васил Тупурковски - Циле удрил мерак на кочански "Руен". И не само што го удрил меракот, туку прави се за да го добие ова претпријатие наменето за производство на резервни автоделови. Циле веќе се сретнал со сегашните француски газди и со нив преговарал за можностите да го купи "Руен".
Во трилер натпревар, полн со пресврти, многу возбудувања, на крајот и со неочекувана Хичкоковска завршница, Македонија по четири години пауза успеа да влезе во светскиот ракометен крем. Во возвратниот бараж натпревар за пласман на СП во декември во Русија, нашите девојки загубија во Ниш од Србија и ...
Трговскиот синџир "Енерготуш" од Целје има намера да инвестира во Македонија и тоа во изградба на синџир типски супермаркети со бензиски пумпи. Деновиве планираат да имаат корпоративно претставување во Владата со цел да ги покажат свите сериозни намери да влезат на нашиот пазар.
"Вечер" продолжува со доделувањето на златниците од новата наградна игра. Весникот злато вреден секој ден изненадува по еден наш редовен читател кој собрал пет купони од насловната страница и ги испратил на нашата адреса. Овој пат среќата и се насмевна на скопјанката Цевта Трајановска.
Во Центарот за прифаќање, третман и лекување на зависници успешно се реализира метадонската терапија. На 40 зависници, од кои четворица од Радовиш, а преостанатите од струмичкиот регион, секојдневно под контрола на стручен тим се дели метадон.
"Наше море" е новата емисија која ќе ја збогати програмата на "Канал 5" ова лето. "Наше море" е летна емисија и ќе се емитува директно од плажа 2 во "Градиште". Емисијата ќе ја подготвува и реализира "Лимиер продукција", а ќе донесе вистинска свежина на малиот екран.
Екипата на "35 мм" повторно ќе патува на филмски фестивал во Москва, заедно со екипата на филмот "Балканкан", кој е во официјална конкуренција на овој интернационален фестивал. По Канскиот фестивал на ред е Москва, а на крајот на летото 35 мм заедно со Нехар турс ќе присуствува на Венецискиот ...
Јапонија и Франција најавија заеднички развој на наследникот на "конкорд" кој пред две години "замина во пензија". За таа цел, компании од двете земји ќе вложуваат по 1,84 милиони долари годишно во следните три години. Новото летало ќе има 300 седишта и патот од Њујорк до Токио ќе го скрати на шест ...
Каматните стапки, кои и покрај неколкукратни намалувања се уште го држат плафонот во однос на повеќето земји во регионот, конечно може да паднат. За ова, како што тврди министерот за финансии Никола Поповски се веќе создадени услови, а дека има простор за нивно намалување сметаат и банкарите.
Спектакуларниот повратнички концерт на "Бијело дугме" не можеше да помине без нашиот Џаро. Џаровски, во име на старите другари и клиенти отпатува во Сараево. При влезот во Зетра, пред стадионот Бреговиќ го забележал Џаро како влегува, притрчал и му рекол: " Со што ја заслужив оваа чест да ми дојдеш ...
Џез- рокерите "Сетстат" следната недела (на 26 јуни), со концертот во Куршумли ан ( 20.30 часот), ќе настапат на Скопско лето. Потоа одат на мини-турнеја, каде на седми јули ќе настапи на БеЛеФ - Белградски летен фестивал, каде што тие концертираа и пред седум-осум години.
Еснафот на Старата скопска чаршија е задоволен од последните случувања и подготвеноста на македонската Влада да одвои дел од дивидендата на Телеком за реализирање на проектите наменети за ревитализација на оваа најстара Чаршија на Балканот.
Два и пол месеци по двојното убиство пред кумановскиот ноќен бар "Линка" се уште не е почната судската разврска на случајот. Според информациите од судот во моментов уште трае истражната постапка, што конкретно значи дека врз Горан Стојковски-Линка се врши психолошко вештачење.
По двете досегашни композиции, од кои едната беше испеана на "Еврофест" и беа наградени за најуспешни дебитанти, групата "Денс Машин" сними нова песна со наслов "Сам". Автор е Диџеј Партимен. - Нашето повлекување не беше строго од финансиски причини, првенствено нашите лични обврски малку не ...