TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Поголем надзор во кичевската гимназија

Дневник - 23.02.2008

Зголемени мерки за безбедност, дежурства од професорите низ ходниците, униформи и беџови за учениците, се некои од предлозите за средување на состојбите во кичевската гимназија. Вакви решенија беа предложени на средбите на Училишниот одбор, Советот на родители и родителските средби во гимназијата ...

Прекината наставата за да прекине тензијата меѓу учениците

Дневник - 22.02.2008

По родителските средби во сите паралелки ќе се знае на кој начин ќе се спречат инциденти помеѓу ученици-Македонци и Албанци Два дена ќе нема настава во Општинскиот средношколски центар „Мирко Милески“ од Кичево. Официјално, поради дефект на парното греење, а, неофицијално, за да се смири напнатоста ...

Ученици-Албанци запалиле македонско знаме

Време - 21.02.2008

НА ПРОТЕСТИ ВО КИЧЕВО Група ученици-Албанци завчера околу 20 часот во Кичево го запалиле македонското знаме, а потоа и истепале неколку ученици-Македонци што вечерта протестирале во знак на поддршка на уставното име - јави МИА.

Кичевската гимназија под полициско обезбедување

Дневник - 21.02.2008

Под силно полициско обезбедување вчера се одржуваше наставата во гимназијата „Мирко Милески“ во Кичево, во чија близина завчера имало тепачка помеѓу ученици. Околу 20 часот ученици-Македонци се враќале од протестот за зачувување на уставното име.

Тепачка во Кичево

Канал5 - 21.02.2008

Неколку ученици се полесно повредени во тепачка која се случила завчера во близина на кичевската гимназија “Мирко Милески”. Инцидентот настанал меѓу македонски и албански средношколци од гимназијата. Во тепачката било запалено и поранешното државно знаме со 16 кракото сонце од Кутлеш.