TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Владата набавува нови компјутери, а старите стојат негибнати

Утрински - 18.11.2008

Се' уште е неизвесно кога конечно ќе се вклучат во наставни цели. Жаклина Хаџи-Зафирова. Владата не запира во своите грандиозни најави за масовни набавки на нови компјутери во училиштата. Ова и покрај тоа што и претходно набавените и поставени компјутери во училиштата стојат негибнати и се практично неупотребливи.

Публицитет без покритие

Утрински - 18.11.2008

Компјутер за секое дете, учебник за секое дете, превоз за секое дете... Ама проблеми за сите ученици. Ресорот образование не се симнува од насловните страници на весниците и од ударните термини во телевизиите. Проектите на Владата, кои беа замислени да им го олеснат учењето на македонските ученици, наместо да станат реалност, се претворија во трка за публицитет.

Комисија ќе ги пребројува компјутерите во училиштата

А1 - 17.11.2008

Промашен проектот компјутер за секое дете, обвинуваат од СДСМ. Се сомневаат дека во проектот има елементи на корупција, па затоа ќе бараат да се формира анкетна комисија во Собранието која ќе ја испитува исправноста на набавката на компјутерите. Тврдат дека незавршениот проект чини 35 милиони евра. „Инсталацијата беше дадена на ЈП „Македонска радиодифузија“. Ова јавно претпријатие на 2.

СДСМ ќе побара формирање на анкетна комисија за испитување на проектот „Компјутер за секое дете“

Канал5 - 17.11.2008

- Овој проект за прв пат, Владата на ВМРО-ДПМНЕ, го најави во декември 2006-та година, со најава дека реализацијата ќе почне во 2007-ма година. Најавата беше дека целиот проект ќе чини 9 милиони евра. Еднаш се проби рокот во 2007-ма, а уште еднаш 2008-ма година и сега реализацијата се најавува за 2009-та година.

СДСМ бара анкетна комисија за проектот "Компјутер за секое дете"

Телма - 17.11.2008

СДСМ согласно Законот за спречување на корупцијата ќе побара формирање анкетна комисија во Собранието за целосно испитување на проектот „Компјутер за секое дете“. Овој проект, првично вреден 9 милиони евра првпат Владата го најави во декември 2006 година, изјави на денешната прес-конференција Горанчо Паунов, претседавач на Централниот одбор на СДСМ укажувајќи дека рокот за реализирање ...

На компјутерите се учат само игри

Дневник - 17.11.2008

Игра за секое дете. Ваква неочекувана намена добија компјутерите што Владата ги обезбеди за модернизирање на наставниот процес и за информатичко образование на учениците во земјава. Освен за прикажување презентација, учениците најчесто ги користат компјутерите за игри или за разговор со своите соученици.

СДСМ: Компјутер за секое дете - пропаднат проект

Форум - 17.11.2008

Опозициската СДСМ, го оцени проектот “Компјутер за секое дете“ на Владата, како неуспешен. Најавија дека за овој проект ќе го известат Народниот правобранител, за да се разоткриела очигледната корупција, а исто така, ќе бараат во Собранието да се формира Анкетна комисија за спроведување на овој владин проект.

МОН: СДСМ ја дезинформира јавноста

Форум - 17.11.2008

тврдењата на опозицискиот СДСМ дека проектот „Компјутер за секое дете“ е пропаднат и со корупциска заднина. Како факт кој ги побива тврдењата на социјалдемократите дека македонските фирми се заобиколени во овој проект, се наведува дека тендерот за инсталирање интеренет во средните училишта го добил МАКТЕЛ Во моментот, во 93 средни училишта во државата е поставена интернет врска, велат ...