TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Нејасно дали Грција ќе го блокира приемот во НАТО

А1 - 10.02.2008

Ќе го блокира ли Грција влезот на Македонија во НАТО? Овде во Минхен се добива впечаток дека половина Европа и цела Америка работат на приближување на ставовите меѓу двете земји. По серијата средби македонските претставници немаат јасна слика, велат, ништо не е исклучено.

САД не го менуваат ставот за името

А1 - 10.02.2008

Ставот на САД за Република Македонија во однос на билатералниот спор со Република Грција останува непроменет. Ова денеска, на маргините на 44-та Минхенска конференција за безбедносна политика, му било соопштено на македонскиот претседател Бранко Црвенковски, на средбата со помошникот на државниот ...

САД поддржуваат зачленување на целата Јадранска група во НАТО

Канал5 - 10.02.2008

САД ја поддржуваат интеграцијата на Македонија, Хрватска и Албанија во НАТО - повеќето земји членки го делат ставот дека не треба да се поставуваат дополнителни услови на земјите што ги исполниле критериумите - изјави американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс на средбата со претседателот ...

Клучен викенд за Македонија на Минхенска конференција

А1 - 09.02.2008

За светот исклучително важен ден, за Македонија можеби клучен викенд за подобрување на позицијата што води кон НАТО. Ова е денешната Минхенска конференција. Сите важни полис-мејкери се тука, во Германија. Од нам добро познатите, Реџеп Таип Ердоган и Борис Тадиќ, до Шефер, Штајнмаер, Роберт Гејтс.

Шефер ги охрабри Македонија, Албанија и Хрватска за НАТО

А1 - 09.02.2008

Генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер ги охрабри денеска Македонија, Албанија и Хрватска за нивното членство во Алијансата, нагласувајќи оти се надева дека на претстојниот самит на НАТО во Букурешт да бидат дадени нови покани за членство.

Црвенковски на Минхенската конференција

Дневник - 09.02.2008

Претседателот на Македонија, Бранко Црвенковски, денеска и утре ќе учествува на 44-та Минхенска конференција за безбедносна политика, во СР Германија. Македонскиот претседател на Минхенската конференција ќе биде еден од воведничарите на тема: „Европските предизвици, стабилноста и иднината на ...

Шефер ги охрабри Македонија, Албанија и Хрватска за членството во НАТО

Канал5 - 09.02.2008

Генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер ги охрабри денеска Македонија, Албанија и Хрватска за нивното членство во Алијансата, нагласувајќи оти се надева дека на претстојниот самит на НАТО во Букурешт да бидат дадени нови покани за членство.

Турција ќе инсистира на објективни критериуми за членство на Македонија во НАТО

Канал5 - 09.02.2008

Знам што е најважно прашање за вас. Вашите проблеми се и наши во овој период. Македонија ја поддржуваме од независноста до денес и најважно прашање за неа е да влезе во НАТО. Нашиот став е многу дециден и сме го кажале многупати, а тоа е дека името не е критериум за членство.

Завршува конференцијата на Парламентите за проширувањето на НАТО

Макфакс - 09.02.2008

Скопје Конференција на претседатели на парламентарните комисии за надворешни работи и одбрана на земјите-членки на НАТО и на Јадранската група завршува денеска во Скопје. На собирот на тема „НАТО - Букурешт и потоа“, денеска ќе се разговара за „Улогата на парламентарните комисии за надворешни ...

Џексон:Македонија ги исполнува условите за НАТО

Макфакс - 09.02.2008

Скопје Република Македонија ги исполнува сите услови да добие покана за членство во НАТО на престојниот Самит во Букурешт. Ова денеска, во разговорот со македонскиот претседател Бранко Црвенковски, го истакнал Брус Џексон, основачот и претседател на Проектот за демократии во транзиција.

Црвенковски на Минхенската конференција за безбедносна политика

Макфакс - 09.02.2008

Скопје Македонскиот претседател Бранко Црвенковски ќе учествува на дводневната Минхенска конференција за безбедносна политика што ќе започне денеска. Според најавите, Црвенковски на 44-та конференција ќе биде еден од воведничарите на тема „ Европските предизвици, стабилноста и иднината на Западен ...

Црвенковски:Евентуалното грчко вето-повреда на принципите на НАТО

Макфакс - 09.02.2008

Минхен/Скопје Грчкото вето на членството на Македонија во НАТО би било повреда на принципите на солидарност меѓу сојузниците и наметнување на тесен национален интерес врз заедничките интереси на организацијата. Ова денеска во излагањето на Конференција за безбедносна политика што се одржува во ...

Шефер со охрабрување за Македонија, Хрватска и Албанија

Макфакс - 09.02.2008

Минхен - Генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер денеска во Минхен отворено ги охрабри аспирациите на Mакедонија, Хрватска и Албанија за членство во НАТО. „Важно е да создадеме нова динамика во тој регион“, изјави Шефер на конференцијата за безбедност во Минхен, додавајќи дека се надева оти ...

Разговори да, пазар со уставното име - не

Дневник - 08.02.2008

И претседателот Црвенковски и премиерот Груевски изјавија дека ќе разговараат со Грција, но ќе водат сметка и за државните интереси Македонија не отстапува од уставното име, но подготвена е да разговара за изнаоѓање решение во спорот со Грција, водејќи сметка за националните и државните интереси.

Нема план Б за можно вето на Грција за НАТО

Утрински - 08.02.2008

Грчката позиција се потпира само на правото на вето: Црвенковски Политичкиот врв чека да види што ќе се случи во последниот месец пред самитот Тамара Грнчароска Политичкиот врв на земјава вели дека е „хипотетичко прашање и ситуација“ ако Македонија не добие покана за членство во НАТО поради грчкото ...

Претседателот Црвенковски учествува на Минхенската конференција за безбедносна политика

Канал5 - 08.02.2008

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски од денеска до 11 февруари ќе престојува во работна посета на Германија, каде ќе учествува на 44. Минхенска конференција за безбедносна политика. Минхен, 8 февруари (МИА) - Македонскиот претседател Бранко Црвенковски од денеска до 11 февруари ќе престојува ...

Шефер: Името не е услов за Македонија во НАТО

Макфакс - 08.02.2008

Скопје Прашањето за името меѓу Македонија и Грција не е услов за прием на Македонија во НАТО, но. треба да се реши пред Самитот на Алијансата во април Ова во средата во Брисел го изјавил генералниот секретар на НАТО Јаап Де Хоп Шефер на средбата со шефот на македонската држава Бранко Црвенковски, ...

Парламентите за проширувањето на НАТО

Макфакс - 08.02.2008

Скопје Конференција на претседателите на комисиите за надворешни работи и одбрана на земјите-членки на НАТО, земјите од Јадранската група и земјите од Партнерството за мир од регионот, ќе започне денеска во Скопје. На собирот насловен „НАТО - Букурешт и потоа“ ќе се разговара за улогата на ...

НАТО – На Косово напнато, но мирно

Макфакс - 08.02.2008

Брисел НАТО ја оценува состојбата на Косово, по прогласената независност, како „напната и нестабилна“ но мирна, соопшти синоќа Алијансата. „Очигледно, состојбата е напната и нестабилна, но останува мирно“, изјави портпаролот на НАТО Џејмс Апатурај.

САД нема да дадат нов предлог за името

Вечер Прес - 08.02.2008

САД го признаа нашето уставно име и на тој план нема никакво колебање или враќања на некакви претходни позиции, нема промена во нивната поддршка за упатување покана за членство во НАТО, смета претседателот Црвенковски Американската Влада ги демантира тврдењата на грчкиот печат дека САД ќе излезат ...

Влезот во НАТО не е поважен од името

А1 - 07.02.2008

Државно-владиниот врв координирано ги отфрли најновите заканите од Грција и притисокот кој во име на ЕУ го прави Словенија во врска со името. Влезот во НАТО не е поважен од зачувувањето на националните и државните интереси, едногласно одговорија Претседателот и Премиерот на пораките според кои без ...

Македонија заслужува покана

Дневник - 07.02.2008

Со прием на земјите од Јадранската група, НАТО на претстојниот Самит во Букурешт има шанса да го цементира мирот на Балканот, смета Брус Џексон, претседател на проектот „Демократии во транзиција“ и поддржувач на проширувањето на алијансата.

Црвенковски - нема промена во позицијата на САД за името, Караманлис повторува вето за името

Канал5 - 07.02.2008

„Грција го злоупотребува НАТО за да си реши билатерален спор, нема поддршка од другите членки“ - одговара претседателот Црвенковски на тезите на грчкиот премиер Караманлис дека е незамисливо за држави кои сакаат да соработуваат во исти сојузи да не можат да стигнат до заеднички решенија за отворени ...

Конференција за проширувањето на НАТО

Макфакс - 07.02.2008

Скопје Македонија од денеска е домаќин на парламентарна конференција на тема „НАТО - Букурешт и потоа“. Тридневната конференција е на ниво на претседатели на комисиите за надворешни работи и одбрана на државите членки на НАТО, Јадранската група и од Партнерството за мир од регионот.

НАТО продолжува да ги извршува одговорностите на Косово

Макфакс - 07.02.2008

Брисел Мировната мисија на НАТО - КФОР ќе продолжи да ги извршува одговорностите на Косово, освен ако Советот за безбедност не реши поинаку. Ова го изјави генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер по објавувањето на независноста на провинцијата од косовскиот ...

Зголемена подготвеност на резервните баталјони на НАТО на Косово

Макфакс - 07.02.2008

Брисел НАТО ставил два резервни баталјони во состојба на зголемена воена подготвеност поради можно насилство на Косово. Ова попладнево го јави агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на извори во седиштето на Алијансата во Брисел.

Средба Црвенковски – Шефер

Макфакс - 07.02.2008

Скопје Претседателот на Македонија Бранко Црвенковски денеска на вториот ден од официјалната посета на Брисел ќе има средба со генералниот секретар на оваа воена Алијанса Јап Де Хоп Шефер. Аспирациите на Македонија да добие покана за влез во Алијансата на априлскиот самит во Букурешт, се очекува да ...

Шефер: Името не е предуслов за прием на Македонија во НАТО

Макфакс - 07.02.2008

Скопје Прашањето за името меѓу Македонија и Грција не е предуслов за прием на Македонија во НАТО но треба да се реши пред Самитот на Алијансата во април Ова попладнево го изјавил генералниот секретар на НАТО Јаап Де Хоп Шефер на средбата со шефот на македонската држава Бранко Црвенковски во Брисел, ...

Црвенковски во посета на судската Академија

Макфакс - 07.02.2008

Скопје Шефот на државата Бранко Црвенковски денеска ќе оствари работна посета на Академијата за обука на судии и јавни обвинители на Македонија, соопшти неговиот кабинет. Претседателот Црвенковски треба да оствари средба со првата генерација кандидати за судии и јавни обвинители кои се обучуваат во ...

Буш и Шефер за проширувањето на НАТО

Макфакс - 07.02.2008

Вашингтон Американскиот претседател Џорџ Буш и генералниот секретар на НАТО Јаап де Хоп Шефер во Вашингтон ќе разговараат за подготовките за самитот на Алијансата во април во Букурешт. Средбата Буш со Шефер најавена за 29. февруари во Вашингтон ќе биде посветен на можното проширување на НАТО, кое ...

Црвенковски бара поддршка од лидерите на НАТО

Утрински - 06.02.2008

Пред самитот во Букурешт станува извесно дека Атина ќе стави вето. Шефот на државата упати писмо до Папуљас Димитар Чулев „Република Македонија меѓу првите ќе го почувствува позитивниот, но и евентуалниот негативен импакт од ризиците што ги носи процесот на дефинирање на идниот статус на Косово.

Непристојна понуда - условна покана за членство во НАТО

Канал5 - 06.02.2008

Не се исклучува можноста од НАТО покана со услов за решавање на спорот околу името во одреден временски рок, но ваквата варијанта би бил последниот избор на сите инволвирани страни. Дипломатски извори во Брисел тврдат дека со ваков предлог се става во опасност кредибилитетот на самата НАТО алијанса ...

Црвенковски побара поддршка од членките на НАТО

Дневник - 06.02.2008

Уверен сум дека алијансата нема да дозволи да се остварат заканите со вето од Грција, пишува претседателот Бранко Црвенковски Објективно вреднување на постигнувањата, на резултатите од реформските процеси и на исполнувањето на критериумите за зачленување во НАТО на Република Македонија, побара ...

Црвенковски ја исфали Македонија

Време - 06.02.2008

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ СО ПИСМА ЛОБИРА ЗА НАТО Претседателот Бранко Црвенковски вчера упати писма до лидерите на сите 26 земји-членки на НАТО, во кои се обидува да ја убеди Алијансата дека земјава има направено значаен напредок и е подготвена да ја добие толку очекуваната покана за прием.

Романија го поддржа приемот на балканските држави во НАТО

Макфакс - 06.02.2008

Букурешт Романскиот Врховен совет за одбрана денеска ја потврди поддршката на приемот на Албанија, Македонија и Хрватска во НАТО. “Ја потврдивме позицијата на Романија за поддршка на проширувањето на Алијансата со три балкански држави – Хрватска, Македонија и Албанија“, се наведува во соопштението ...

Црвенковски на средби во ЕУ и НАТО

Макфакс - 06.02.2008

Скопје Средби со високи претставници на Европската унија (ЕУ) и НАТО ќе има претседателот на Македонија Бранко Црвенковски во рамки на работната посета на Брисел, која почнува денеска. Претседателот Црвенковски за време на дводневната посета ќе разговара со еврокомесарот за проширување Оли Рен, ...

Заканата за вето е реална

Вечер Прес - 06.02.2008

Грчкиот државен врв пред три месеци, на состанокот на Националниот совет за надворешна политика, во кој членуваат лидерите и на власта и на опозицијата, донел одлука да стави вето ако не се најде решение до Самитот Дали Македонија ќе добие покана за членство во НАТО на Самитот во Букурешт ќе се ...

Шанса да се цементира мирот на Балканот

Утрински - 05.02.2008

Мислења Брус П. Џексон Одложување на кандидатурите за НАТО на Јадранската група ќе ја зголеми регионалната нестабилност Со векови Балканот и истокот на Европа се посочуваат како поттикнувачи на пошироки европски војни и им дадоа места во европската историја на геноцидот и на масовното гладување.

НАТО да не дозволи Грција да ги спроведе заканите за вето – бара претседателот Црвенковски

Канал5 - 05.02.2008

НАТО да не дозволи Грција да ги спроведе заканите за вето – бара претседателот Црвенковски во писма испратени до шефовите на 26-те држави - членки на Алијансата. На претседателот на Грција Папуљас, кој ја потпиша привремената спогодба во 1995-та, му пишува – неговата земја да не ги става во ...

Претседателот Црвенковски упати писма до 26-те земји членки на НАТО за поддршка на Македонија

Канал5 - 05.02.2008

Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски, во пресрет на НАТО Самитот што во април годинава ќе се одржи во Букурешт, до првите луѓе на 26-те земји членки на НАТО, упати писма во кои ги запознава со напредокот што Македонија го оствари и остварува во исполнувањето на критериумите за ...

Црвенковски во посета на ЕУ и НАТО

Макфакс - 05.02.2008

Скопје Претседателот на Македонија Бранко Црвенковски во вторник почнува работна посета на Брисел, во рамки на која ќе има средби со високи претставници на ЕУ и НАТО. За време на дводневната посетата, претседателот Црвенковски ќе има средби со еврокомесарот за проширување Оли Рен, како и со ...

Црвенковски во работна посета на Струмица

Макфакс - 05.02.2008

Скопје Шефот на државата Бранко Црвенковски денеска ќе оствари работна посета на општината Струмица, соопшти неговиот кабинет. Предвидено е Црвенковски да има средби со локалните власти, како и со претставници на невладини организации од Струмица, а свечено ќе го отвори и новиот градски пазар.

Македонија заслужи покана од НАТО

Макфакс - 05.02.2008

Скопје Македонија очекува од членките на НАТО да го потврдат нејзиниот прогрес во реформите и придонес за стабилност во регионот со покана за членство на априлскиот самит. „Очекувам позитивна верификација за направениот прогрес на Македонија од државите членки на Алијансата, чин што, истовремено, ...

Мнозинството Грци против приемот на Македонија во НАТО

Макфакс - 05.02.2008

Атина Мнозинството Грци се против приемот на Македонија во НАТО ако до состанокот во Букурешт не се изнајде решение за името, се вели во денеска објавеното истражување. Според истражувањето на институтот Марк, објавено денеска во весникот „Етнос“, од 900 испитаници 83,7% се за грчко вето за приемот ...

Македонија очекува покана од НАТО

Макфакс - 05.02.2008

Скопје Македонија денеска побара од членките на НАТО да ја поканат во членство на самитот во Букурешт, како признание за „импресивните резултати“ и како придонес за стабилноста на регионот. „Моето уверување е дека Македонија постигна импресивни резултати“, се наведува во писмата што шефот на ...

Се чека пресуда од експертите на Брисел

Време - 04.02.2008

ВАШИНГТОН ДАДЕ ДОЗВОЛА ЗА ПРИЕМОТ ВО НАТО Горан Момировски Соединетите Американски Држави не утврдиле правна пречка што би ја спречило Македонија, поради проблемот со името, да добие покана за НАТО, тврдат за „Време“ дипломатски извори.

Само НАТО може да донесе одлука за проширување

Макфакс - 04.02.2008

Брисел Државите членки на НАТО се единствените, кои можат да донесат решение за проширување на Алијансата. Ова денеска го изјави портпаролот на НАТО, Џејмс Апатурај, како одговор на заканите од рускиот претседател Владимир Путин испратени до Украина.