TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Штрајкот на СОНК во мирување, од утре учениците на училиште

А1 - 15.02.2004

По 3 недели штрајк, утре почнуваат со редовна работа градинките, училиштата, факултетите и културните и научните установи. Советот на СОНК вечерва одлучи штрајкот да го стави во мирување откако 6 часа штрајкувачкиот одбор преговараше со владата.

Утре преговори, задутре настава?

Дневник - 14.02.2004

ШТРАЈК Владиниот преговарачки тим утре најверојатно ќе ги почне преговорите со Синдикатот на вработените во образованието, науката и во културата (СОНК), неофицијално дознава "Дневник". На средбата се очекува да се договорат две главни позиции: штрајкот на СОНК да биде ставен во мирување и ...

Судбината на штрајкот ќе се реши викендов?

Утрински - 14.02.2004

Положани и Цветановски не откриваат детали за нивната вчерашна средба ЖАКЛИНА ЃОРЃЕВИЌ - МАЈА ТОМИЌ "Со министерот за образование, Азис Положани, се договоривме да продолжат разговорите во текот на викендов. Оптимисти сме дека ќе дојдеме до прифатливо решение за излез од штрајкот.

Синдикатот в недела ќе соопшти дали штрајкот ќе продолжи

Вест - 14.02.2004

ЦВЕТАНОСКИ И ПОЛОЖАНИ СЕДНАА НА ПРЕГОВАРАЧКА МАСА Министерот и синдикалецот ќе се сретнат и денес или утре, а в недела ќе се одржи вонредна седница на Советот на СОНК Викендов ќе се одлучи дали учениците од понеделник ќе почнат да одат на училиште.

Владата и синдикатот ги одмрзнуваат преговорите

А1 - 13.02.2004

Владата и штрајкувачите викеднов ќе седнат на преговарачка маса, по три недели целосна блокада на работата во училиштата, културните и научните институции. Одлуката за преговори доаѓа откако владата вчера излезе со нов предлог до штрајквачите, да им организира исхрана наместо да им исплаќа пари за ...

Почна настава во албанските паралелки во Тетово и во Кичево

Утрински - 13.02.2004

ИСКЛУЧОЦИ Во гимназијата "Кирил Пејчиновиќ" во Тетово почнато е второто полугодие од наставата на албански јазик. Доаѓањето на настава и прекинувањето на штрајкот било со одлука на Наставничкиот совет. Ова вчера на новинарите им беше соопштена во Регионалниот совет на ССМ од четворица членови на ...

Наставниците на казан

Вест - 13.02.2004

ВЛАДАТА ПОНУДИ ОРГАНИЗИРАНА ИСХРАНА, НАМЕСТО ЗГОЛЕМЕНА ХРАНАРИНА Владата вчера, преку министерот за финансии Никола Поповски, официјално соопшти дека е подготвена во дејностите каде што во овој момент е организиран штрајк да пристапи кон организирање на исхраната и бара за Владата вчера јавно ...

Владата нуди хранарина за штрајкувачите од СОНК

Канал5 - 13.02.2004

Македонскиот министер за финансии Никола Поповски од името на Владата им понуди на синдикатите Владата да организира оброк во дејностите каде што штрајкуваат, или да исплати надомест за храна во износ од 2.300 денари, што е всушност прифаќање на послед Македонскиот министер за финансии Никола ...

Штипскиот театар штрајкува со претстави

Дневник - 13.02.2004

ШТРАЈКОТ НА СОНК И КУЛТУРНИТЕ ИНСТИТУЦИИ Едни редовни ги одржуваат пробите, други вежбаат, а трети доаѓаат на работа без да се ангажираат Народниот театар во Штип го поддржува штрајкот во образованието, науката и културата, но секоја вечер на нивната сцена се одржуваат претстави.

ПРОДОЛЖУВА ГЕНЕРАЛНИОТ ШТРАЈК ВО ОБРАЗОВAНИЕТО, НАУКАТА И КУЛТУРАТА

Канал5 - 13.02.2004

Генералниот штрајк во образованието, науката и културата продолжува и денеска поради што веќе петнаесет работни дена не работат градинките, училиштата, научните и културните институции. Преговори меѓу Синдикатот на вработените во обрзаованието, Генералниот штрајк во образованието, науката и ...

Протести ќе ја тресат Македонија

Дневник - 13.02.2004

МУРАТОВСКИ НАЈАВУВА Илјадници вработени во јавниот сектор и во стопанството в понеделник ќе протестираат пред Владата и ќе го поддржат генералниот штрајк на просветарите Илјадници вработени во јавниот сектор и во стопанството в понеделник во 13 часот ќе протестираат пред Владата и ќе го поддржат ...

"Третиот пат" ги поддржува штрајкувачите

Утрински - 13.02.2004

ПРЕС Коалицијата "Третиот пат" им дава целосна поддршка на штрајкувачите и оценува дека Владата е некооперативна и незаинтересирана за решавање на проблемите на вработените во образованието, науката и културата. Како што беше истакнато на вчерашната прес-конференција, преговорите меѓу Владата и ...

В понеделник сите синдикати на протест пред Владата

Утрински - 13.02.2004

Поради игнорантскиот однос на Владата спрема штрајкот на СОНК МАЈА ТОМИЌ В понеделник од 13 до 15 часот сите гранкови синдикати од јавниот сектор и од стопанството ќе одржат заеднички протест пред Владата како израз на незадоволство од вкупните социјално-економски состојби, а посебно поради ...

Владата им нуди на просветарите оброк или 2.300 денари

Утрински - 13.02.2004

Последен предлог од Никола Поповски до СОНК кој штрајкува трета недела НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Во училиштата ќе се организираат училишни кујни кои ќе бидат наменети за просветните работници, а доколку СОНК не се согласува со оваа идеја, на професорите ќе им се исплатуваат по 2.300 денари месечно ...

Владата предлага организирана исхрана за вработените во образованието

А1 - 12.02.2004

Нема плус пари за хранарина, но може да се договориме за организирана исхрана. Ова е последниот предлог од владата со што таа практично отвори простор за преговори со штрајкувачите и отстапи од својот цврст став дека не преговара додека трае штрајкот.

Положани: Е штом штрајк, нема преговори!

Вест - 12.02.2004

МИНИСТЕРОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ЌЕ ИМ ИСПЛАТИ НА ШТРАЈКУВАЧИТЕ 60 ОТСТО ОД ПЛАТИТЕ "Ќе барам одработување на изгубените часови. Тоа е предвидено со закон. Прочитајте го Законот за штрајк. Тоа е регулирано во тој закон", изјави вчера Положани Министерот за образование и наука Азис Положани ќе им даде 60 ...

Нема свидeтелства ако нема учење

Дневник - 12.02.2004

ШТРАЈК СО МАРАТОНСКО ТЕМПО Во СОНК велат дека штрајкувачите нема да ги одработуваат часовите, ниту прифаќаат продолжување на учебната година Учениците може да останат без свидетелства и дипломи ако не се дополнат часовите изгубени поради генералниот штрајк на вработените во образованието, најави ...

Положани се закани дека нема да дели свидетелства

Дневник - 12.02.2004

штраЈкот влегува во деликатна фаза Министерот за образование Азис Положани вчера предупреди дека учениците може да останат без свидетелства и дипломи ако не се дополнат часовите изгубени поради генералниот штрајк во образованието.

Положани: Штрајкот на СОНК е синдикална борба

Утрински - 12.02.2004

Оцена "Ние бевме во преговори, тие стапија во штрајк. Не може сега ние пак да преговараме. Тоа е еден престап, бидејќи се однесува на сензитивно прашање, како што се тоа децата. Не може овој проблем да се стави во контекст на една чиста синдикална борба", изјави вчера за медиумите министерот за ...

Положани: Нема дипломи доколку продолжи штрајкот

Канал5 - 12.02.2004

Македонскиот министер за образование Азиз Положани денеска предупреди дека доколку не се прекине тронеделниот штрајк во училиштата учениците поради изгубените часови нема да можат да добијат валидни дипломи. Од Синдикатот одговорија дека нема закон Македонскиот министер за образование Азиз Положани ...

За педагозите е неприфатливо повторување на учебната година

Утрински - 12.02.2004

Основните и средните училишта веќе трета недела не одржуваат настава Жаклина Ѓорѓевиќ Владата нема пари за да ги задоволи барањата на Синдикатот за образование и наука, а просветарите не се откажуваат од штрајкот. Од септември, па досега, основците и средношколците не одработиле ниту половина од ...

ВМРО-ДПМНЕ побара итна седница за штрајкот во образованието

Утрински - 12.02.2004

Поради алармантната димензија на протестот на просветарите Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ вчера побара свикување итна собраниска седница посветена на штрајкот во образованието и последиците од него. Тие не се надевале дека Владата ќе манифестира таква ароганција и ја повика да престане со притисоците ...

ДПМНЕ со критики до Владата за штрајкот на СОНК

А1 - 11.02.2004

Опозиционата ВМРО-ДПМНЕ и укажува на Владата дека треба да преговара со синдикатот. „Ние го лоцираме проблемот во Владата. Ова е голем настан со огромни димензии и последици, пред се на најмладата популација која што 3 недели талка без гледање на излез од оваа состојба.

Положани: „Штрајкот на СОНК не е добро смислен и организиран“

А1 - 11.02.2004

Штрајкот не е добро смислен и организиран, а наставниците незнаат што бараат, обвинува министерот за образование Азис Положани. Според него, владата нема да седне на преговорачка маса со штрајкувачите. „Ние бевме во преговори, а тие стапија во штрајк.

Синдикалците единствени, учење нема

Дневник - 11.02.2004

ШТРАЈК Штрајкот на вработените во образованието, науката и во културата продолжува и во следните денови, се додека не се постигне договор за преговори со Владата. Ванчо Муратовски, претседател на Советот на Сојузот на синдикатите на Македонија, изјави дека Синдикатот на просветните работници од ...

Муратовски застана зад штрајкувачите во образованието

Утрински - 11.02.2004

Додека трае дванаесеттиот ден од штрајкот на просветарите МАЈА ТОМИЌ На вчерашната седница на Претседателството на ССМ е дадена безрезервна поддршка на генералниот штрајк во образованието и се осуди тврдиот однос на Владата, која како социјален партнер мора да прифати преговори кои ќе донесат ...

Распуст на неодредено време

Дневник - 11.02.2004

ПРОДОЛЖУВА ШТРАЈКОТ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО Власта нема да постигне ништо со притисоците, велат синдикалните лидери Ќе продолжи штрајкот на вработените во образованието, науката и во културата се додека нема преговори со Владата, соопштија вчера синдикалните лидери.

Мора да се преговара

Дневник - 11.02.2004

Коментар - Соња Казиовска Генералниот штрајк на просветарите влезе во третата недела, а како што стојат работите, училиштата може да останат празни барем уште толку. Преговорите за синдикалните барања се на "мртва точка", бидејќи клучниот преговарач, Владата, ја избра таа опција.

Машиновозачите најавуваат штрајк на 17 февруари

Утрински - 11.02.2004

Поради нередовна исплата на платите Независниот синдикат на машиновозачите на Македонија при ЈП ?Македонски железници" вчера најави дека на 17 овој месец ќе стапи во штрајк, бидејќи раководството на МЖ не ги почитува одредбите од Законот за работни односи и Колективниот договор, во делот на плати и ...

Министерството предупредува дека учениците ќе ја повторуваат годината

Утрински - 11.02.2004

СОНК и власта на различни позиции за одработување на наставата по штрајкот во образованието Жаклина ЃорЃевиЌ Министерството за образование и наука, вчера, апелираше до училиштата веднаш да почнат со работа, со цел учениците да добијат "валидни дипломи и свидетелства".

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ПОВИКА НА ИТЕН ПРЕКИН НА ШТРАЈКОТ

Канал5 - 11.02.2004

Министерството за образование и наука повика синоќа на итен прекин на генералниот штрајк на вработените од образованието, науката и културата и побара од соодветните институции ”веднаш да почнат со работа.” ”Времето за исполнување на целите и зада Министерството за образование и наука повика синоќа ...

Машиновозачите најaвија штрајк за следниот вторник

А1 - 10.02.2004

За следниот вторник повторно е најавен штрајк во железницата. Независниот синдикат на машиновозачите денеска објави дека за седум дена ќе почнат штрајк поради неисплатените плати и придонеси од плати. За време на штрајкот, според најавите, ќе има само минимална блокада на железничкиот сообраќај, а ...

Просветните работници продолжуваат со штрајкот

А1 - 10.02.2004

Штрајкот на вработените во образованието науката и културата продолжува, но нема да се радикализира иако има такви барања од членовите на синдикатот, изјави лидерот на штрајкот, Дојчин Цветановски. Решение на проблемот засега нема. Владата и СОНК не седнуваат да преговараат.

Учениците и денеска дома

Дневник - 10.02.2004

ВЛАДАТА И СОНК НЕ СЕ НАЈДОА Владата останува на ставот дека генералниот штрајк во образованието прво треба да се прекине, а потоа да се преговара со претставниците на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), изјави вчера министерот за образование Азиз Положани .

Власта не им попушта на учителите, штрајкот продолжува

Утрински - 10.02.2004

Се заострува судирот меѓу Владата и Синдикатот Владата и Синдикатот за образование, вчера, повторија дека и двете страни немаат намера да отстапат од своите ставови иако штрајкот во образованието трае веќе 12 дена. Додека Владата бара прво прекин на штрајкот, па да преговара со Синдикатот, тој го ...

Нема продолжена учебна година

Вест - 10.02.2004

ПРОФЕСОРИТЕ НЕ ПРИФАЌААТ ДА ГИ ОДРАБОТАТ ДЕНОВИТЕ ОД ШТРАЈКОТ Ниту според Законот за штрајк ниту според меѓународната регулатива штрајкувачите немаат обврска да ги одработуваат деновите додека биле во штрајк, па така никој не смее да ги присилува наставниците да го нап Професорите од гимназијата ...

Професорите нема да ги одработат загубените денови

Утрински - 10.02.2004

ЗАКОН "Нема да ги одработиме загубените работни денови, ако ни платат само 60 отсто од предвидената плата, колку што е предвидено во Законот за услови на штрајк. Тоа значи ако нема да ни бидат платени загубените денови во целост, нема потреба да ги одработиме", изјави Светлана Петрова, ...

Се уште нема договор меѓу владата и СОНК

А1 - 09.02.2004

Иако се очекуваше постигнување договор меѓу владата и синдикалците денеска тоа не се случи. И владата и СОНК остануваа на својот став. Владата-прво да прекине штрајкот па потоа преговори. Синдикалците обратно-прво преговори па потоа ќе прекине штрајкот.

Од утре на школо?

Дневник - 09.02.2004

ШТРАЈК НА ПРОСВЕТАРИТЕ Синдикатот го бара Азис Положани за преговарач Градинките, училиштата, културните и научните институции ќе бидат и денеска затворени, а Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) чека дали денешната одлука на Владата ќе ги продолжи преговорите, вели Дојчин Цветановски, ...

Трета недела од почетокот на штрајкот на СОНК

Канал5 - 09.02.2004

Повеќе од 35 илјади воспитувачи, наставници, професори, научни работници и уметници го продолжуваат генералниот штрајк кој навлезе во трета недела, Синдикални претставници не успеаја досега да се договорат со владата за трите барања - утврдување на минима Повеќе од 35 илјади воспитувачи, ...

Владата не може да бега од сопствената одговорност за штрајкот

Утрински - 09.02.2004

Штрајкот во образованието ќе трае сў додека СОНК и Владата не донесат компромисно решение МАЈА ТОМИЌ Штрајкот во образованието трае веќе две недели и, според најавите на Синдикатот за образование, тој ќе продолжи и натаму додека Владата не ги закаже преговорите за изнаоѓање решение за законските ...

Утре прекин на штрајкот ?

Вест - 09.02.2004

СРЕДБА НА СОНК СО МИНИСТЕРОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ Азис Положани во саботата му предложил на Синдикатот решение за прекин на штрајкот во образованието, науката и културата, што СОНК го оценува како прифатливо,но компромисот зависи од денешната одлука на Вла Министерот за образование Азиз Положани во ...