TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Станковски_ Берза прераснува во сериозен пазар на капитал

Утрински - 09.10.2007

Претставникот на Групацијата за работа со хартии од вредност при Стопанската комора на Македонија Ѕвонко Станковски оцени дека Македонската берза полека прераснува во сериозен пазар на капитал. „Може да се каже дека веќе сме средно развиен пазар на капитал и оти ги поминавме првите пионерски чекори.

Наќева-Кавракова сака партнерство на КХВ со брокерите

Утрински - 09.10.2007

Новата претседателка на Комисијата за хартии од вредност, Марина Наќева-Кавракова вчера ги повика брокерите да дадат нови идеи, предлози, сугестии и коментари што ќе помогнат во развојот на ефикасен, чесен и фер пазар на капитал.

Ќе се зајакне контролата за берзанските трансакции

Дневник - 09.10.2007

Зајакнување на контролната функција на Комисијата за хартии од вредност е една од првите задачи што си ги постави новата директорка Марина Наќева-Кавракова. Според неа, Секторот за контрола во КХВ е клучен, а располага со тројца инспектори, што е исклучително мал број.

Намалување на брокерските провизии

Вечер Прес - 09.10.2007

Намалување на брокерските провизии и поголема сооработка со Комисијата за хартии од вредност за да се зајакне пазарот на капитал и да се привлечат нови инвеститори. Ова вчера го најави Марина Наќева-Кавракова, новата директорка на Комисијата за хартии од вредност, која соопшти дека наскоро ќе бидат ...

Комисијата за хартии од вредност бара мудрост на берза

А1 - 08.10.2007

Внимателно и мудро на берза. Пазарот е регулиран, но и ризичен, добивките можат да бидат големи, но исто така и загубите. Со серија препораки Комисијата за хартии од вредност ги потсетува берзанските играчи, дека треба добро да го обмислат пред да се впуштат во процесот на тргување со акции.

Промовирана брошура “Инвестирај мудро“

Макфакс - 08.10.2007

Скопје Брошура со наслов „Инвестирај мудро“, со чија помош брокерите ќе ги едуцираат инвеститорите во Македонија беше промовирана денеска во Скопје. Брошурата е изработена од страна на Комисијата за хартии од вредност (КХВ), која што, како регулатор се грижи за заштитата на правата на акционерите, ...