TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Шестмина Палестинци осудени на смрт поради соработка со Израел

А1 - 07.04.2002

Шестмина Палестинци обвинети за соработка со Израел во текот на изминатата ноќ во Газа се осудени на смрт, јавија агенциите, повикувајќи се на палестински извори. На еден од осудените 15-годишниот Абделрахман Хемдан смртната казна му е преиначена во доживотен затвор поради малолетство.

Израелско-палестинскиот судир се приближува до црвената линија

А1 - 07.04.2002

Израелскиот премиер Ариел Шарон максимално го користи намерното или случајното но, сосем очигледното, доцнење на американската администрација во решавањето на израелско-палестинскиот судир. Тој судир деновиве резултираше со повторна окупација на палестинските територии од страна на израелската ...

Продолжува израелската операција на Западниот брег

А1 - 07.04.2002

Израелскиот премиер Ариел Шарон денеска десетти ден по ред ја продолжи офанзивата на Западниот брег, оглушувајќи се на повикот на американскиот претседател Џорџ Буш без одложување да ги повлече своите сили. Шарон тврди дека потрагата по палестинските милитанти на Западниот брег не може да се ...

Арафат е жив

А1 - 07.04.2002

Палестинскиот лидер Јасер Арафат е жив и здрав во своето седиште во Рамалах, соопштија синоќа палестински безбедносни извори. Според истите извори во израелското гранатирање на штабот на Арафат се повредени четворица негови ...

Израел за што поскоро завршување на воената операција

А1 - 06.04.2002

„Би требало што е можно поскоро да завршат воените операции на Западниот брег, кои Израел го започна на 29-ти март“, изјави израелскиот министер за надворешни работи Шимон Перес. „Мислам дека би требало што поскоро да се приведе до крај воената операција и да започнат политички преговори“, изјави ...

Еџевит ретерира околу Блискиот Исток

Утрински - 06.04.2002

Турција АНКАРА - Турскиот премиер Булент Еџевит вчера изјави дека неговите коментари во кои го обвинува воениот сојузник Израел за вршење "геноцид" врз палестинскиот народ биле одраз на зголемената загриженост во регионот околу насилството на Блискиот Исток.

Гранати за зашеметување на новинарите

Утрински - 06.04.2002

РАМАЛАХ- Израелските војници вчера употребиле гранати за зашеметување за да ги спречат странските новинари кои требале да известуваат за средбата на американскиот пратеник Ентони Зини со палестинскиот лидер Јасер Арафат. Дописникот на Ројтерс, кој патувал заедно со уште 25 странски новинари во шест ...

Израелците поддржуваат сеопфатна војна

Утрински - 06.04.2002

Анкета во Израел за иднината на регионот ЕРУСАЛИМ - Убедливо мнозинство Израелци поддржуваат "сеопфатна војна" на Западниот Брег, а започнувањето на голема воена офанзива ја зголеми поддршката за премиерот Ариел Шарон, се дознава од анкетите на јавното мислење.

САД побараа Шарон да попушти во изолирањето на Арафат

Утрински - 06.04.2002

Под притисок од европските и од арапските земји за запирање на порастот на насилството на Блискиот Исток НАБЛУС - Најмалку девет Палестинци загинаа, а 24 се повредени во борбите што се водеа во текот на ноќта во Наблус, најголемиот град на Западниот Брег, соопштија палестински безбедносни ...

Буш ги повика Шарон и Арафат да прекинат со насилствата

Вест - 06.04.2002

Палестинска куќа разурната при израелскиот напад во Хеброн на Западниот брег РАМАЛАХ, 6 април (АП) - Во обновените напори за постигнување примирје американскиот пратеник Ентони Зини вчера се сретна со Јасер Арафат во неговиот штаб кој е под опсада од страна на израелската војска.

Али Ахмети - албанскиот Арафат

Дневник - 06.04.2002

Џејсон Мико - Лидери Али Ахмети, основачот на Ослободителната национална армија, кој сега се трансформираше во "чесен политичар и лојален македонски граѓанин", е обична албанска верзија на арапскиот водач Јасер Арафат. Во текстот ќе се обидам да укажам на сличностите меѓу нив и да објаснам зошто на ...

Буш го испрати Пауел да ги заузда Израелците

Дневник - 06.04.2002

САД КОНЕЧНО РЕАГИРАА СО БЛИСКОИСТОЧНА МИРОВНА ИНИЦИЈАТИВА Американскиот претседател Џорџ В. Буш завчера жестоко го критикуваше Израел за нападите врз Палестинците и побара израелската армија да се повлече од автономните палестински области, јави Ројтерс.

Седум Палестинци загинаа во Наблус

А1 - 05.04.2002

Седуммина Палестинци загинаа изутрината во судирите со израелската војска во Наблус, соопштија палестински болнички извори. Според израелски воени извори, во судирите тешко бил повреден и еден Израелец. Израелски тенкови и оклопни возила синоќа влегоа во Хеброн на Западниот Брег, додека во центарот ...

Израел ќе го држи Арафат во изолација и ќе продолжи со офанзивата

Вест - 05.04.2002

Едно палестинско смеејство вечера на светлост од газиена лапма во Рамалах, град кој по девет дена израелска опсада е без струја и вода и веќе има недостиг на храна ЕРУСАЛИМ, 5 април (Ројтерс) - Премиерот Ариел Шарон вчера изјави дека Израел ќе го држи Јасер Арафат во изолација во неговиот штаб во ...

Израелци и Палестинци се борат во Црквата на рождеството

Дневник - 05.04.2002

ВОЈНА НА БЛИСКИОТ ИСТОК Израелската армија вчера ја разнела задната врата од Црквата на рождеството Христово во Витлеем и отворила оган од автоматско оружје врз околу 200 вооружени Палестинци, кои ја користат црквата како засолниште, јави Ројтерс Израелската армија вчера ја разнела задната врата од ...

Израел ги окупира сите градови на Западниот Брег

А1 - 04.04.2002

Повеќе од сто израелски тенкови влегоа изутрината во Наблус, најголемиот палестински град на Западниот Брег, каде што Палестинците се уште даваат отпор, соопштија палестински безбедносни извори. За време на операцијата каде Израелците продреа од сите страни со многубројни воени возила, ранети се ...

Борбата на палестинскиот народ не е тероризам

Утрински - 04.04.2002

Заврши состанокот на исламските држави во Малезија Вашингтон нападнат поради хипокритичната политика за Блискиот Исток КУАЛА ЛУМПУР - Исламските држави вчера го завршија тридневниот состанок во Малезија, осудувајќи го светскиот тероризам и израелската акција на Блискиот Исток, но одбегнувајќи го ...

Дипломатско убедување на Израел

Утрински - 04.04.2002

ЕУ врши притисок за прекин на огнот на Блискиот Исток БРИСЕЛ - Министрите за надворешни работи на Европската унија се подготвуваа да извршат дипломатски притисок врз Израел за повлекување од палестинските градови на кризните разговори кои требаше да се одржат вчеравечер во Луксембург, изјавија ...

Војската освои уште два града

Утрински - 04.04.2002

И покрај критиките, Израел ги проширува нападите на Западниот Брег Околу 200 палестински борци се засолнија во Витлеем ВИТЛЕЕМ - Израелската армија вчера нападна уште два града во се пошироката воена зона на Западниот Брег додека палестинските напаѓачи се собрани во Витлеем, едно од најсветите ...

Исламските земји го осудија тероризмот, но избегнаа да го дефинираат

Вест - 04.04.2002

КУАЛА ЛУМПУР, 4 април (Ројтерс) - Исламските држави вчера ја завршија тридневната средба во Малазија со осуда на светската борба против тероризмот и израелските дејствувања во Блискиот Исток, но го избегнаа чувствителното прашање за тоа што претставува терористичкиот акт.

Ширак ги предлага Азнар и Солана за мировна мисија на Блискиот исток

Вест - 04.04.2002

Арапки вчера на дожд протестираа против Израел пред канцеларијата на ОН во Техеран ПАРИЗ, 4 април (Ројтерс) - Францускиот претседател Жак Ширак вчера предложи шпанскиот премиер Хозе Марија Азнар и шефот за надворешна политика на Европската Унија Хавиер Солана да ја предводат делегацијата на ЕУ за ...

Стотина вооружени Палестинци се засолнија во Црквата на рождеството

Дневник - 04.04.2002

ИЗРАЕЛСКИ ТЕНКОВИ ВО САЛФИТ, ЏЕНИН И ОКОЛУ НАБЛУС Израелската армија вчера ги запоседна палестинските градови Салфит и Џенин, проширувајќи го бојното поле на Западниот брег, а голема група вооружени Палестинци и цивили во Витлеем се засолнија во црквата на местото каде што бил роден Исус, јави ...

Израелската офанзива влезе во шестиот ден

А1 - 03.04.2002

Израелските воени сили денеска во шестиот ден од офанзивата против палестинските власти влегоа во уште два града на Западниот брег, јавија локалните гласила. Израелските сили доцна синоќа влегоа во Џенин на северниот дел на Западниот брег и во соседното село Салфит, при што Палестинците пружија ...

Арафат како колатерална штета

Утрински - 03.04.2002

Димитар Чулев Има логика во претпоставките дека Ариел Шарон сака да го изолира палестинскиот лидер Јасер Арафат засекогаш. Меѓународната јавност свесна за оваа можна разврска на најновата блискоисточна криза со денови наназад алармира токму тоа да не се случи, што е доволен сигнал дека такво хорор ...

Шарон му понудил на Арафат билет во еден правец

Утрински - 03.04.2002

Израелците ја засилуваат акцијата против Палестинците во окупираните територии ВИТЛЕЕМ - Израелски тенкови вчера навлегле во Витлеем, проширувајќи ја воената кампања за запирање на самоубиствените напади на Западниот Брег, додека израелскиот премиер Ариел Шарон му понуди на палестинскиот лидер ...

Европа и САД се поделија околу Блискиот Исток

Утрински - 03.04.2002

Израелско-палестинска војна ПАРИЗ - Европската унија го зголеми притисокот врз Израел за повлекување на трупите од палестинските територии и повика на итен прекин на огнот. Европската комисија го упати повикот до Израелците, претходно барајќи од Палестинците да го сопрат бранот на самоубиствените ...

Света војна против Израел

Утрински - 03.04.2002

Во Индонезија ЏАКАРТА - Две радикални индонезиски муслимански групи вчера ветија дека ќе ги снабдат борците за света војна за одбрана на Палестинците од израелските сили, иако претходните повици од овој вид наидоа на тивок одговор во умерената исламска држава.

Шарон понуди Арафат да си оди од Рамалах и да не се враќа, Арафат не прифаќа егзил

Вест - 03.04.2002

Сириски демонстранти го палат израелското знаме на протестите во Дамаск ЕРУСАЛИМ, 3 април (Ројтерс) - Израелскиот премиер Ариел Шарон вчера изјави дека ќе му дозволи на палестинскиот претседател Јасер Арафат да го напушти својот штаб кој е под опсада во Рамалах под услов да не се враќа назад.

Исламските држави одбија палестинската борба да ја сметаат за тероризам

Вест - 03.04.2002

КУАЛА ЛУМПУР, 3 април (Ројтерс) - Исламските држави вчера ги отфрлија настојувањата палестинската војна со Израел да биде дефинирана како тероризам и ја отфрлија поддршката за унилатерална акција против било која од исламските држави во глобалната војна против тероризмот.

Шарон му понуди билет во еден правец на Арафат

Дневник - 03.04.2002

рамалах Израелскиот премиер Ариел Шарон вчера понуди да го деблокира палестинскиот лидер Јасер Арафат од изолацијата во неговиот штаб во Рамалах, но само ако замине и не се врати повеќе на палестинските територии, јави Ројтерс.

Витлеем претворен во бојно поле

Дневник - 03.04.2002

БЛИСКИ ИСТОК Израелската армија вчера навлезе во палестинскиот град Витлеем, по што избија жестоки судири со групи вооружени Палестинци, јави Ројтерс. Библискиот Витлеем е под автономна власт на палестинскиот водач Јасер Арафат.

Багдад планира со скапа нафта да ги ослободи палестинските територии

Дневник - 03.04.2002

НАФТАТА КАКО ЕФИКАСНО ОРУЖЈЕ Со зголемувањето на цената на нафтата арапските земји би предизвикале економска криза во САД, па Вашингтон би бил принуден да ги натера Израелците да се повлечат од палестинските територии, смета ирачкото раководство Ирак прексиноќа предложи арапските земји да го ...

Израел му нуди на Арафат билет во еден правец

А1 - 02.04.2002

Израелската влада делува решителна во намерата за секогаш да го забрани престојот на палестинскиот водач Јасер Арафат на палестинска територија, се наведува денеска во извештаите на израелските медиуми. Либералниот дневник „Ха'арец“ објавува дека на европските дипломати им е препорачано од ...

Палестинците убиле осум израелски соработници

Утрински - 02.04.2002

Ситуацијата на Блискиот Исток се влошува. Израелски тенкови во уште еден град на Западниот Брег ТУЛКАРМ - Двајца маскирани палестински напаѓачи вчера влегле во објект на разузнавачката служба во градот Тулкарм на Западниот Брег и убиле осум лица осомничени за соработка со Израел, соопштија сведоци ...

Арапите го обвинија Израел за државен тероризам

Утрински - 02.04.2002

На состанокот на Организацијата на исламската конференција КУАЛА ЛУМПУР - Исламските држави вчера го осудија заострувањето на мерките од страна на Израел на палестинските територии, нарекувајќи го државен тероризам и обвинувајќи ја еврејската држава за вовлекување на Блискиот Исток во отворена ...

И Арафат во бункерот ја оплакува починатата Кралица Мајка

Вест - 02.04.2002

Ковчегот со Кралицата Мајка е пренесен во Кралската капела на сите светци во Виндзор РАМАЛАХ, Западен Брег, (Ројтерс) - Заробениот палестински претседател Јасер Арафат испрати пораки на длабоко сочувство до британската кралица Елизабета и премиерот Тони Блер поради смртта на Кралицата Мајка, ...

Израелската војска влезе во Витлеем, Шарон прогласи воена состојба

Вест - 02.04.2002

Израелски војник се моли во предградието на Витлеем Ерусалим, 2 април - Израелски тенкови и оклопни возила вчера навлегоа во градот Витлеем, окупираа уште неколку градови на Западниот брег и продолжија да се брат со милитантите во Рамалах.

Израел е во војна

А1 - 01.04.2002

„Израел е во војна“, изјави доцна синоќа премиерот Ариел Шарон најавувајќи немилосрдна пресметка со палестинските милитанти. Израелски тенкови ноќеска влегоа во градот Калкилија на Западниот Брег, соопштија палестински извори. Веста ја потврди и израелската телевизија.

Борби во седиштето на Арафат

Утрински - 01.04.2002

И покрај апелите на меѓународната заедница за мир, на Блискиот Исток се води војна Во самоубиствен напад во Хаифа загинаа 13 лица, а 20 се повредени РАМАЛАХ - Израелските единици водеа жестоки борби со телохранителите на опколениот палестински лидер Јасер Арафат во просториите веднаш до неговата ...

12-мина мртви во палестински самоубиствен напад во израелски ресторан

Вест - 01.04.2002

Израелската армија вчера војуваше со обезбедувањето на Арафат пред неговиот штаб во Рамалах ЕРУСАЛИМ, 1 април, (Ројтерс) - Палестински бомбаш самоубиец вчера се разнесе во преполн ресторан во северниот израелски град Хаифа и уби 12-мина, а рани најмалку 23-мина, изјави полицијата.

Израелската армија повторно јуриша врз штабот на Арафат

Дневник - 01.04.2002

БЛИСКИ ИСТОК Се претпоставува дека главен повод за нападот е завчерашниот самоубиствен бомбашки напад во Тел Авив Израелската армија вчера повторно го нападна штабот на палестинскиот водач Јасер Арафат во градот Рамалах, јави Ројтерс.