TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Во Македонија ќе се веат три етнички знамиња

Вест - 16.07.2005

СОБРАНИЕТО ГО ДОНЕСЕ ЗАКОНОТ ЗА СИМБОЛИТЕ Покрај македонското, албанското ќе се вее во 16 општини, турското во две и во една општина ромското знаме. Чинот на гласање на Законот го бојкотираше целиот опозиционен блок, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-НП и о Собранието на Македонија вчера го донесе ...

Орелот службено ќе се вее во Македонија

Време - 16.07.2005

СОБРАНИЕТО ГО ДОНЕСЕ ЗАКОНОТ ЗА УПОТРЕБА НА ЗНАМИЊАТА Сунчица Стојановска Пратениците вчера го изгласаа Законот за употреба на знамињата на етничките заедници, кои ќе се веат во 16 општини со доминантно албанско население, во Центар Жупа и Пласница со мнозинско турско население и во општината Шуто ...

Етничките знамиња ќе се веат во 19 општини

Утрински - 16.07.2005

Собранието го усвои Законот за употреба на симболите на заедниците. Опозицијата не присуствуваше на седницата ЛДП беше воздржана во гласањето, опозицијата најави дека ќе го оспори пред Уставниот суд ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Собранието вчера со 50 гласа "за" на пратениците од СДСМ и на ДУИ, четворица ...

Албанското и турското знаме со амин само од СДСМ и од ДУИ

Дневник - 16.07.2005

СОБРАНИЕТО ГО УСВОИ ЗАКОНОТ ЗА ЗНАМИЊАТА Собранието вчера без присуство на опозицијата го усвои законот за употреба на знамињата на заедниците. Законот помина со 50 гласа "за", четири "против" и со осум гласа "воздржани". Тој доби поддршка од целата пратеничка група на ДУИ предводена од Али Ахмети.

Државното знаме доби друштво

Вечер Прес - 16.07.2005

Државното знаме на Република Македонија доби 24-часовно друштво пред и во општинските објекти каде се мнозинство припадниците на заедниците. Со вчерашното изгласување на Законот за употреба на знамињата на заедниците, пред и во општинските објекти, постојано ќе бидат истакнати знамето на ...

Собранието го донесе законот за знамињата

А1 - 15.07.2005

Пратениците на СДСМ и на ДУИ го изгласаа законот за употреба на знамињата, по 10-дневна расправа. ЛДП беше воздржана. Иван Стоиковиќ, Назми Беќири, Тито Петковски и Славица Станковска гласаа против. Опозицијата веднаш најави дека законот ќе го обжали пред Уставниот суд, но го повика и претседателот ...

Ахмети му откажа поддршка на Бучковски

Време - 15.07.2005

КУРЦШЛУС ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА ПО ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ ЗА ЗНАМИЊА Пратениците од ДУИ ќе гласаат за предлог-законот за употреба на знамињата на заедниците само ако Владата ги повлече амандманите што ги обврзуваат локалните власти при посета на високи претставници на меѓународната заедница и за време на ...

СДСМ и ДУИ сами ќе гласаат за законот за знамиња

Утрински - 15.07.2005

Владата и парламентарното мнозинство не прифатија ниту еден амандман за употреба на етничките симболи По завчерашната средба со Бучковски и Пенов, Али Ахмети им рекол на интегративците да не прават драма, бидејќи законот мора да помине ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Од владината интервенција во првичната ...

Законот за знамињата ќе помине "изворно"

Дневник - 15.07.2005

КОАЛИЦИСКАТА ТРОЈКА ПОТВРДИ Законот за знамињата ќе биде усвоен онаков како што го предложи Владата без какви било измени. Тоа завчера го договориле лидерите на владејачките партии Владо Бучковски, Али Ахмети и Ристо Пенов, а го потврдија пратеници на ДУИ.

Бучковски, Пенов и Ахмети им пресудија на амандманите

Вечер Прес - 15.07.2005

Крај на амандманската расправа, без ниту еден прифатен амандман на опозицијата за владиниот предлог - закон за употреба на знамињата, е очекуваниот епилог по завчерашната средба зад затворени врати на коалиционата лидерска тројка, Владо Бучковски, Ристо Пенов и Али Ахмети, во Владата на РМ.

Владата ги отфрли сите амандмани за законот за знамиња

А1 - 14.07.2005

По 5 дена дискусија, во Собранието заврши амандманската расправа околу законот за употреба на знамињата. Околу 50-тина амандмани беа одбиени од Владата, која реши во последен момент сепак да интервенира во текстот - државното знаме без исклучок да се истакнува секогаш кога и знамињата на етничките ...

Државното се избори за место покрај знамињата на заедниците

Време - 14.07.2005

ВЛАДАТА МУ ГИ УКРАДЕ АМАНДМАНИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ При официјална посета на висок претставник на меѓународната заедница и за време на културни и спортски манифестации што ги организира општината се истакнува и државното знаме, покрај знамето на етничката заедница.

ДУИ ќе ја преиспитува поддршката на законот за знамињата?

Утрински - 14.07.2005

Владата со два амандмана ги изненади интегративците на Али Ахмети Одбиен и амандманот на ДУИ и на претставниците на помалите етнички заедници, со кој се бара употреба на знамето без разлика на нивната процентуална застапеност Владата вчера со два амандмана интервенираше во законот за употреба на ...

Владата ги присвои амандманите на ВМРО-ДПМНЕ

Дневник - 14.07.2005

ЗНАМИЊА За законот за знамињата Владата вчера предложи амандмани речиси идентични со амандманите на ВМРО-ДПМНЕ, кои таа и парламентарното мнозинство веќе ги отфрлија. Владата предлага при официјална посета на странски претседател или премиер или на висок претставник на меѓународната заедница во ...

Ни ги наместија веѓите откако ни ги ископаа очите

Вечер Прес - 14.07.2005

Два амандмани на опозицијата, одбиени при минатонеделната расправа за употребата на знамињата на заедниците во Собранието на РМ, Владата вчера ги предложи како свои. Со нив се прецизира употребата на државното знаме и знамето на заедниците при официјална посета на висок претставник на Меѓународната ...

Владата со свој амандман за законот за знамиња

А1 - 13.07.2005

Собраниската расправа околу знамињата доби нов тек, откако Владата денеска достави амандман, македонското знаме задолжително да стои кога ќе се истакнува албанското. По ова, итна седница закажа партискиот врв на ДУИ. Дали пратениците на Ахмети да гласаат „за“ или „против“.

Владини амандмани за закон

Канал5 - 13.07.2005

Ако се истакне знамето на заедницата, се истакнува и знамето на Република Македонија. Со ваков амандман, владата интервенираше во предлог - законот за употребата на знамињата на заедниците во делот кој се однесува на употребата на знамињата на заедниците во јавниот и во службениот живот.