TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Преговорите за децентрализацијата во ќорсокак

А1 - 11.07.2004

Преговорите за новата територијална поделба повторно во ќорсокак, неизвесно дали коалиционите партнери СДСМ и ДУИ пред утрешната владина седница, преставена како краен рок, ќе успеат да постигнат компромис околу поделбата на Скопје, Струга и Кичево.

Блокиран патот Кичево-Охрид

А1 - 11.07.2004

Пред 15 мунити неколку стотини Кичевчани и жители на село Другово го блокираа патот Охрид-Кичево. Покрај нив се 40-тина полицајци. Имаат озвучување со патриотски песни. Според нив тие се противат на последниот договор помеѓу СДСМ и ДУИ општината Осломеј да се припои кон Кичево.

Неизвесно кога ќе продолжат преговорите за децентрализацијата

А1 - 10.07.2004

Неизвесно е кога ќе продолжат преговорите, откако синоќа политичкиот врв не успеа да се договори за новата територијална поделба ниту по 15 часа разговори. На вчерашните преговори кои траеа до 3 часот изутрина, партиски извори велат дека биле отворени сите опции за границите на Струга, Кичево и на ...

Костов: „Мал напредок во разговорите за децентрализацијата“

А1 - 10.07.2004

Македонскиот премиер Хари Костов изјави дека во синоќешните разговори меѓу владините коалициони партнери за децентрализацијата имало напредок, но нема се уште договор за законот за територијална организација на Македонија. „Во текот на вчерашниот ден фактички имаше мал напредок во разговорите ...

Скопје станува двојазично!?

Утрински - 10.07.2004

Коалициските партнери на власт, конечно, се договорија за територијалната организација на Република Македонија Скопје двојазично, Струга сама, а Кичево заедно со Осломеј? Оваа или некоја слична би била компромисната комбинација произведена од повеќе опции за најспорните точки од општинските меѓи ...

Висат и поделбата и изборите

Дневник - 10.07.2004

ТЕРИТОРИЈАЛНАТА ПОДЕЛБА ЗАПНА Ако во најкус рок не се договориме, изборите ќе мора да бидат одложени, вели висок функционер на СДСМ Договорот меѓу СДСМ и ДУИ за новите општини се уште "виси" и ако во текот на викендот не се постигне согласност, локалните избори ќе бидат одложени, дознава "Дневник".

Или компромис или одложување на локалните избори

Време - 10.07.2004

НЕИЗВЕСЕН ДОГОВОРОТ ЗА ОПШТИНИТЕ Спласнува оптимизмот на СДСМ дека коалициските партнери пред понеделник ќе ја договорат територијалната реорганизација, бидејќи до вчера попладне преговарачите од ДУИ не отстапиле од барањата за нови граници на Струга и Кичево и двојазичност во Скопје, дознаваме од ...

Преговорите за територијалната поделба одат тешко

А1 - 09.07.2004

Се уште нема договор помеѓу коалиционите партнери, моментално има пауза по која се очекува продолжување на преговорите кои се очекува да траат до доцна во ноќта. Според партиски извори преговорите до сега оделе многу тешко и преговарачките страни се далеку од постигнување на компромисно решение.

Струга се спаси, Кичево фифти-фифти, Скопје двојазично?

Време - 09.07.2004

РЕШАВАЧКИ ПРЕГОВОРИ МЕЃУ ПАРТИИТЕ ВО ВЛАСТА Сунчица Стојановска Со компромисно решение за границите на Струга, Кичево и на Скопје требаше до синоќа да завршат преговорите за територијалната организација на општините, дознава „Време“.

Јазолот за општините треба да се пресече денеска

Утрински - 09.07.2004

Преговорите меѓу коалициските партнери за децентрализацијата на локалната самоуправа пред разрешница Владо Бучковски: Предлогот што се разгледува во овој момент гарантира дека над 95 отсто од Албанците во Македонија ќе го употребуваат својот мајчин јазик како втор службен јазик во државава КАТИЦА ...

Скопје двојазично, Кичево со Осломеј, Струга останува сама?

Дневник - 09.07.2004

ВЛАСТА БЛИСКУ ДО КОНЕЧНО РЕШЕНИЕ Повеќе од 95 отсто од Албанците во Македонија ќе може да го употребуваат албанскиот како втор службен јазик, тврди Бучковски Демократската унија за интеграција уште не решила дали ќе го прифати предлогот Струга да остане во старите граници, кон Кичево да се припои ...

Во Владата се договара конечната верзија за Струга, Кичево и Скопје

А1 - 08.07.2004

Според информациите на А1 попладнево во Владата се одржала неколку часовна средба во четири очи меѓу Премиерот Костов и лидерот на ДУИ Ахмети. Се дознава дека на маса бил предлогот Струга да остане во постојните граници, кон Кичево да се припои само Осломеј, а Зајас и Вранештица да бидат посебни ...

Се чекаат Црвенковски и Ахмети

Утрински - 08.07.2004

Коалициските партнери се уште тактизираат и ја вжештуваат атмосферата околу територијалното организирање на Македонија Децентрализацијата интензивно се крои во Владата, а тактизирањата и надмудрувањата со територијалната карта на државата и на главниот град се прават со вчудовидувачка доктрина.

ДУИ и СДСМ со спротивставени оценки за преговорите за децентрализацијата

Канал5 - 08.07.2004

Со спротивставени оценки СДСМ и ДУИ влегуваат во финалето на преговорите за законите за децентрализација.. По вчерашното повеќечасовно заседание на врвот на ДУИ во Мала Речица, портпаролката Ермира Мехмети денеска изјави дека нема промена на партиските по Со спротивставени оценки СДСМ и ДУИ ...

Струга и Кичево пак на преговарачка маса

Дневник - 08.07.2004

ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈАТА ВО РЕШАВАЧКА ФАЗА Ако СДСМ и ДУИ не се договорат за новите варијанти, локалните избори ќе се одложат за напролет Со приклучување на Кондово и на Сарај, Скопје ќе стане двојазично, Струга ќе ги задржи сегашните општински граници, а Кичево ќе го добие или Зајас или Осломеј, е ...

Хари оптимист за децентрализацијата

Вест - 08.07.2004

ПРЕГОВОРИТЕ МЕЃУ СДСМ И ДУИ ПРОДОЛЖИЈА СО НОВА ПОНУДА. СДСМ предложил одложување на изборите за шест месеци, останување на Струга во постојните граници, Кичево да се спои со Осломеј, а општината Зајас да ги опфати Другово и Вранештица.

Има напредок во преговорите, но не и решение

Време - 08.07.2004

ТЕРИТОРИЈАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА Сунчица Стојановска Има напредок во преговорите меѓу коалициските партии за законите за децентрализација, но доколку не се постигне договор до владината седница в понеделник, можно е да се пробие рокот и да се одложат локалните избори, изјави премиерот Хари Костов вчера.

Костов „Преговорите се помрднаа од мртва точка“

А1 - 07.07.2004

Политичкиот врв денеска повторно ќе заседава, откако синоќа не успеа да најде конечен компромис за новата територијална поделба. На денешната средба ДУИ треба да одговори дали е прифатлив за нив предлогот Струга да остане во сегашните граници.

Кичевчани го блокираа патот Кичево-Охрид кај село Другово

А1 - 07.07.2004

Опозиционата ВМРО-ДПМНЕ денеска со блокади на патиштата и митинзи се спротистави на пакетот закони за децентрализација. Точно во 18 часот на регионалниот пат Кичево-Охрид кај месноста Горица село Другово беше поставена блокада на која присуствуваа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и ...

Територијалната капа ќе се крои на Попова Шапка

Дневник - 07.07.2004

преговори Коалициските партнери СДСМ, ЛДП и ДУИ утре на Попова Шапка ќе одржат средба со ?испеглании? ставови по клучните прашања за територијалните граници на Скопје, Кичево и на Струга, како и за службената употреба на албанскиот јазик во главниот град, дознаваме од партиски извори.

Се одлагаат локалните избори!?

Утрински - 07.07.2004

Драматично разидување на коалициските власти за општините во најчувствителната и најпроблематичната фаза од процесот на децентрализација Одржувањето на локалните избори закажани со закон за 17 октомври годинава ќе се одложи за неколку месеци, тврдат партиски извори.

Наскоро решение за законите за децентрализација

Време - 07.07.2004

РАДМИЛА ШЕКЕРИНСКА, ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ВЛАДАТА Пакетот закони за децентрализација ќе бидат усвоени наскоро, иако испуштивме некои од роковите, изјави за МИА вицепремиерката Радмила Шекеринска. Таа ги отфрли обвинувањата дека власта прави политички пазар со територијалната реорганизација.

Со мотото “Кичево е македонски град“ Кичевчани организираа блокада на магистралниот пат Кичево - Охрид

Канал5 - 07.07.2004

Под мотото Кичево е македонски град и со порака до владата почитувајте го референдумот, стотици кичевчани од 18 до 21 часот го блокираа магистралниот пат Кичево – Охрид. Во еден момент во неуспешен обид на полицијата да ослободи една лента на сообраќајниц Под мотото Кичево е македонски град и со ...

Губитничка политика

Утрински - 07.07.2004

Новата територијална поделба Бранко Тричковски Јас ја разбирам реакцијата на луѓето кои се шокирани со сугестијата дека ако заспијат во зголемена Струга ќе се разбудат во проширена Албанија и дека истиот мамурлак, без грам алкохол, ќе им се случи и на оние кои ќе доживеат пад на концентрацијата и ...

Одлагање на локалните избори

Вест - 07.07.2004

БЛОКАДА И ПРОБИЕНИ РОКОВИ СДСМ се обидува да го притисне коалицискиот партнер ДУИ со закана дека изборите ќе мора да се одложат, ако Ахмети продолжи да уценува со двојазично Скопје. Покрај Скопје, на маса повторно се ставаат границите н СДСМ ќе понуди одлагање на локалните избори, ако се пробијат ...

НАПРЕДОК ИМА, НО ДОГОВОР СЕ УШТЕ НЕМА. ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВААТ И ДЕНЕСКА.

Канал5 - 07.07.2004

До 1 часот и 30 минути по полноќ синоќа светеше во владата.. Не залудно, ако се суди според изјавата на премиерот Хари Костов.. Тој тврди дека на синоќешната повеќечасовна рунда преговори меѓу раководствата на владеачките партии бил постигнат значаен напр До 1 часот и 30 минути по полноќ синоќа ...

Последна можност власта да се договори за границите на општините

Време - 07.07.2004

СДСМ, ЛДП И ДУИ УТРЕ НА ШАПКА Коалициските партнери СДСМ, ЛДП и ДУИ утре ќе се сретнат во хотелот „Славија“ на Попова Шапка, на тркалезна маса за децентрализацијата и за локалните избори. Партиски извори велат дека е можно компромис за границите на општините да се постигне уште денеска, а да се ...

Преговорите за Кичево и Струга не се завршени

Утрински - 07.07.2004

Вицепремиерката Радмила Шекеринска ја демантира ДУИ Според вицепремиерката, не држат критиките дека се создава регионална самоуправа место локална и нема да се бара меѓународна помош Слободанка Јовановска Вицепремиерката Радмила Шекеринска изјави вчера дека нема ништо ново околу преговорите за ...

Доколку се бара двојазично Скопје, Струга и Кичево не се затворени прашања

А1 - 06.07.2004

Прашањето не е дали би прифатиле или не употреба на албанскиот во Скопје, туку ако правиме нов компромис тогаш компромиси треба да прават и двете страни, од моментот кога ДУИ го отвори прашањето за Скопје, границите на Струга и Кичево веќе не се ад акт, изјави за А1 Вицепремиерката Шеќеринска на ...

СДСМ и ДУИ повторно заседаваат

А1 - 06.07.2004

Под заканите за блокадите на патиштата од опозицијата, коалиционите партнери од власта во Владата со часови преговараат. Според информациите од високи владини извори СДСМ оди со предлогот двојазично Скопје, а Кичево и Струга да останат во сегашните граници.

Кичевчани највуваат нови блокади за в среда

Утрински - 06.07.2004

ПРОТЕСТ Градоначалникот на Кичево, Владо Коруноски, најави дека кичевчани од среда ќе имаат нови помасовни блокади на патиштата што водат кон Охрид и Скопје, доколку Владата не ја поправи гре-шката, односно не го почитува резултатот од референдумското изјаснување на граѓаните на Кичево, односно да ...

Децентрализацијата во цајтнот

Утрински - 06.07.2004

Коалициските партнери немаат време за пролонгирање на пакетот децентрализациски закони Еднојазично Скопје како компромис меѓу СДСМ и ДУИ КАТИЦА ЧАНГОВА Коалициските партнери немаат нови предлози за идната територијална организираност на државата и на главниот град.

Стружани го блокираа патот кон Албанија, а кичевчани кон Скопје

Утрински - 05.07.2004

Предупредувачки протести на граѓаните од Струга и Кичево ОХРИД - Поради несогласување со владиниот предлог за нова територијална поделба со кои се менуваат постојните граници на Општина Струга, со што таа станува единица на локалната самоуправа со доминантно албанско население, вчера од 17 до 22 ...

Барикади во одбрана на Кичево и Струга

Време - 05.07.2004

КИЧЕВЦИ И СТРУЖАНИ ПРЕДУПРЕДУВААТ Стружани и кичевци вчера попладне се очекуваше пет часа да ги блокираат патиштата Кичево - Охрид и Струга - Ќафасан за да ја предупредат власта дека нема мирно да прифатат кон нивните општини да се припојат по неколку соседни со мнозинско албанско население.

Кичевчани и стружани на барикади

Дневник - 05.07.2004

„СТЕСНЕТИ“ ПАТИШТАТА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА ОПШТИНИТЕ Жителите на Струга и на Кичево вчера со возила и со механизација тргнаа да ги блокираат магистралните патишта и така да го изразат револтот од новата територијална поделба, односно од владиниот предлог за проширување на општините.