TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Тренковски: Ќе се стабилизира цената на нафтата

А1 - 14.06.2008

„ Мислам дека цената на нафтата во периодот што доаѓа ќе се стабилизира и ќе падне можеби и помалку од 100 долари “, изјави во интервју за А1 Јанко Тренковски, економски аналитичар. Има ли цената на нафтата лимит? Мое мислење е дека лимит дефинитивно има и според некои констатации од врвни ...

Г8: Светската економија загрозена од цената на нафтата и храната

А1 - 14.06.2008

Растечките цени на нафтата и прехранбените производи се закана за светската економија, заклучија министрите за финансии на осумте индустриски најразвиени земји во светот Г8. „Растот на цените, особено на нафтата и храната, се сериозен предизвик за стабилноста и економскиот раст во светот и тоа може ...

Цветковиќ: Може да се интервенира во намалување на нафтата

А1 - 14.06.2008

„Постои можност да се намали стапката на ДДВ на помал процент, да речеме од 18% на 5%, а тоа значи од пет до седум денари по литар да се намали цената на бензините“, рече во интервју за А1 Радомир Цветковиќ, експерт за енергетика.

Нафтата притиска врз цената на струјата и парното

А1 - 14.06.2008

Струјата и парното греење можно е наесен да поскапат. Растот на цената на нафтата притиска и врз останатите енергенси. Заради зачувување на социјалниот мир, се уште никој не се осудува и јавно да обелодени дека струјата или парното греење најверојатно ќе удрат по џебот на граѓаните, паралелно со ...

Нафтени шокови и последици

Утрински - 14.06.2008

Мислења Филип Петровски Со мало намалување на данокот ќе се помогне да се заштитат бизнисите на фирмите и домашните буџети на македонските граѓани Цените на бензините вртоглаво растат. По не знам кој пат годинава се случи нивно зголемување.

Нафтафлација

Дневник - 14.06.2008

Повеќе анализи потврдуваат дека, речиси, 25 проценти од остварениот пораст на цената на нафтата во едногодишниот период зад нас е резултат на намалувањето на вредноста на доларот. За да се заштитат од натамошните турбулентни движења на американскиот долар, членките на ОПЕК размислуваат, наскоро, ...

ММФ да утврди што го предизвикува нафтениот шок во светот

Канал5 - 14.06.2008

ММФ да утврди кој ја билда цената нафтата. Г – 8, индустриски нај развиените земји во светот ги задолжија монетарците, откако дводневниот состанок во Јапонија заврши со разединети ставови по ова прашање. ММФ да утврди кој ја билда цената нафтата.

Владата ја следи состојбата со нафтата

Вечер Прес - 14.06.2008

Македонската влада ја следи состојбата со зголемувањето на цената на нафта на светскиот пазар и разгледува мерки што би ги презела во случај цената на црното злато да продолжи да расте. Владиниот портпарол Ивица Боцевски изјави дека Влада постојано заседава и ја следи состојбата со цените на ...

Владата треба да интервенира околу нафтениот шок

А1 - 13.06.2008

Со директна финансиска инјекција во стопанството може да се ублажи ценовниот шок од нафтените деривати, сугерираат експертите. На Владата и препорачуваат да направи итен потег за да му помогне на бизнисот и да го заштити стандардот на граѓаните од галопирачките цени.

Нафтата на берзата во Њујорк над 136 долара

А1 - 13.06.2008

Тргувањето на берзата во Њујорк денеска заврши со значајно зголемување на цените на нафтата. Во текот на денешниот ден нафтата поскапе за 5,07 долара за барел, достигнувајќи вредност од 136,38 долара. Според експертите, оваа реакција на пазарот е очекувана, ако се има предвид неделниот извештај на ...

Мерки за ублажување на нафтениот шок

Канал5 - 13.06.2008

Со незапирливиот тренд на секојдневен раст на цената на нафтата на светските берзи, растат и експертските анализи во земјава дека државата мора директно да се вклучи во ублажување на шокот. Во услови кога барел нафта на њујоршката берза денеска достигна цена од 136 долари, на домашен терен се ...

Продажбата на бензинот секнува, државниот буџет се прелева

Време - 13.06.2008

ПРОДАВАЧИТЕ НА НАФТЕНИ ДЕРИВАТИ ВО ПАНИКА Дури 26,5 милиони евра се собрани во буџетот од наплата на ДДВ за нафтени деривати само во првите три месеци од годинава. Според показателите од Министерството за финансии, во споредба со истиот период лани, годинава сумата од наплата на ДДВ за дериватите е ...

Пад на цената на нафтата на светските берзи

А1 - 12.06.2008

Нафтата денеска поевтини на светските берзи, како резултат на раст на вредноста на доларот во однос на еврото и јенот, но берзанските дилери сепак очекуваат зголемување на цената на енергенсот во следните денови поради намалувањата на нафтените резерви.

Државата има ќар од нафтениот шок

А1 - 12.06.2008

Фантастични 26,5 милиона евра се собрани во државната каса од наплата на ДДВ за нафтени деривати само во првите три месеца од годинава. Според показателите од Министерството за финансии, во однос лани истиот период, годинава инкасираните пари се зголемени за 6,4 милиона евра или пораст за 32%.

И домашните власти се обидуваат да го ублажат нафтениот шок во земјава

Канал5 - 12.06.2008

Нафтениот шок на светските берзи продолжува. Цената на нафтата и денеска се зголеми за скоро 2 долари по барел. Владите во обид да го спречат нафтениот шок подготвуваат стратегии. Домашните власти најавуваат мерки за намалување на последиците од високите цени на горивата, но не прецизираат какви ќе ...

Нафтено цунами го тресе светот

А1 - 11.06.2008

Црни сценарија за нафтеното цунами што ги коси светските економии. На фантастични 250 долари за барел ќе се искачи цената на нафтата до година. Ова е топ веста на светските медиуми, пренесена преку изјавата на Алексеј Милер, директорот на рускиот нафтен гигант „Гаспром“.

Се' поскапиот бензин притиска врз цените на транспортните услуги

Утрински - 11.06.2008

ЈСП и таксистите ќе соопштат нова цена на билетите, МЖ не размислува за поскапување Маја Томиќ Продолжува да расте цената на нафтата на светските берзи, па и во Македонија на секои 15 дена Регулаторната комисија за енергетика носи нови, повисоки цени.

Барел нафта поевтини за повеќе од 5 отсто

Канал5 - 11.06.2008

По најголемиот скок на цената на нафтата во историјата минатата недела, за два дена, барел поевтини за повеќе од 5 отсто. Причина за падот на цената е јакнењето на американскиот долар. По најголемиот скок на цената на нафтата во историјата минатата недела, за два дена, барел поевтини за повеќе од 5 ...

Цената на нафтата следната година може да достигне и 250 долари за барел

Канал5 - 11.06.2008

Цената на нафтата следната година би можела да достигне до рекордни 250 долари за еден барел, пишуваат лондонските весници, повикувајќи се на изјавата на директорот на руската компанија „Газпром“ Алексеј Милер. Лондон, 11 јуни (МИА) - Цената на нафтата следната година би можела да достигне до ...

На одмор со полн џеб пари за гориво

Дневник - 11.06.2008

Граѓаните што во наредните две недели планираат да заминат на одмор во некоја од земјите во регионот треба да планираат најмалку 100 евра за бензин Бензините во Македонија се најскапи во регионот, веднаш по Србија. Со последното покачување на цените на нафтените деривати, литар безоловен кај нас ...

Нафтата падна за повеќе од четири долари

А1 - 10.06.2008

Цената на нафтата на светските берзи синоќа оствари значителен пад, откако претходно го достигна историскиот рекорд од 139 долари за барел. Лесната американска нафта на берзата во Њујорк падна на 134,35 долари за барел, додека на лондонската берза еден барел „брент“ достигна цена од 133,91 ...

„Гаспром“: Нафтата од 250 долари по барел

А1 - 10.06.2008

Барел сурова нафта ќе достигне цена од 250 долари, смета претседателот на Управниот одбор на рускиот нафтен гигант „Гаспром“, Алексеј Милер. „Денес сме сведоци на критичен раст на цените на горивата. Цените ќе достигнат невидено ниво, а борбата за овој вид енергија ќе биде уште посилна“, изјави ...

Од бензинските пумпи тече инфлација

Време - 10.06.2008

УШТЕ ЕДНО ПОСКАПУВАЊЕ НА БЕНЗИНИТЕ Цената на бензините ќе се зголеми за два денари, а на дизел-горивото за половина денар, одлучи вчера Регулаторна комисија. Цената на МБ 96 сега е 78,5 денари, еуросупер-95, 75,5 денари, еуросупер-98, 76,5 денари, а на еуродизел, 74,50 денари за еден литар.

Бензинот поскапе на 78,5 денари за литар

Дневник - 10.06.2008

Цената на еден литар бензин во земјава опасно се доближува до 80 денари за литар. По вчерашната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, литар моторен бензин МБ-96 сега продава по 78,50 денари, што е за два денара повеќе од пред две недели. Дизелот поскапе за половина денар.

Цената на нафтата и во наредниот период ќе продолжи вртоглаво да расте

Канал5 - 10.06.2008

Цената на нафтата ќе продолжи да расте. Рускиот гигант Гаспром прогнозира дека барел сурова нафта на светската берза ќе достигне до 250 долари. Македонските граѓаните се во шок по најновото поскапување на бензините. Бараат алтернатива како да заштедат.

Бензините поскапуваат за два, а дизелот за половина денар

Утрински - 10.06.2008

Повторно скок на цената на нафтените деривати на домашниот пазар. Како последица на движењето на цените на нафтата на светските берзи во изминатите 15 дена, корекција претрпуваат домашните цени на дериватите. Така, бензините од денеска поскапуваат за два, а дизелот за половина денар, според ...

Бензините "возат" кон 80 денари за литар

Вечер Прес - 10.06.2008

Во Македонија од ноќеска на полноќ бензините се продаваат по цени повисоки за два денари, а дизелот и екстра горивото се поскапи за половина денар Од ноќеска на полноќ бензините во земјава ќе се продаваат по рекордни цени, повисоки за два денари, откако вчера Регулаторната комисија за енергетика ...

Бензините поскапуваат два денара, дизелот половина

А1 - 09.06.2008

Ново поскапување на бензините. Од полноќ цената на дизелот се зголемува за половина денар, а на бензините за два денара. Моторниот бензин МБ-96 ќе чини 78,50 денари, ЕУРОСУПЕР-95 ќе се продава по 75,50 денари, ЕУРОСУПЕР-98 76,5 денари, а ЕВРОДИЗЕЛ ќе чини 74,5 денари.

Барел нафта поскапе за 10 долари, сега е 138

Вест - 09.06.2008

ЛОНДОН. - Цената на нафтата надмина 138 долари, за еден ден барелот поскапе за повеќе од десет долари. За новиот рекорд придонесе новиот пад на доларот во однос на еврото и новите негативни податоци за состојбата на американската економија.

Високите цени на бензините, не ја намалуваат продажбата на нови возила

Канал5 - 09.06.2008

Горивата поскапуваат на секои две недели. Од полноќ цената на литар бензин се зголемува за два, на дизелот за половина денар. Од стартот на годината горивата поскапеа за 12%. Во јануари бензините во просек се продаваа за 68 денари, дизелот за 60.

Бензините поскапуваат за два, а дизелот за половина денар

Канал5 - 09.06.2008

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за два, а дизелот за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Скопје, 9 јуни (МИА) - Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за два, а дизелот за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Бензините поскапуваат два денари

Макфакс - 09.06.2008

Скопје Малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за два денари, додека дизелот поскапува за половина денар. Вака реши Регулаторната комисија за енергетика на денешната редовна седница, наменета за корекција на цените на нафтените деривати.

Денеска поскапување на горивата?

Вечер Прес - 09.06.2008

Цената на суровата нафта на светските берзи го достигна плафонот. Во петокот на берзата во Њујорк барел нафта чинеше 138,54 долари што е речиси за петпати повеќе во однос на 2003 година. До пораст на цената на црното злато дојде откако претходно американскиот долар нагло ослабна во однос на еврото, ...