TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Смиленски се чувствува како Србин

А1 - 22.07.2006

Смиленски се чувствува како Србин. Иако никој не потврдува, најверојатно по тој основ бизнисменот бара српско државјанство. Со него сака да ја избегне екстрадицијата во Македонија каде треба да му се суди за криминалите направени во неа, со над 50 фирми кои ги основал и преку кои перел пари.

Смиленски станува српски државјанин

Дневник - 22.07.2006

Смиленски, побарал српско државјанство и поради тоа Врховниот суд на Србија ја прифати жалбата да не биде екстрадиран во Македонија Австрискиот бизнисмен Методија Смиленски, сопственик на Експорт-импорт банка побарал српско државјанство и поради тоа завчера Врховниот суд на Србија ја прифати ...

Смиленски чека српски пасош

Вест - 22.07.2006

ЕКСДИРЕКТОРОТ НА ЕКСПОРТ-ИМПОРТ БАНКА ПО СТАПКИТЕ НА ДАРАВЕЛСКИ Во образложението на Врховниот суд на Србија за укинување на екстрадицијата на Смиленски, стоело дека таа одлука е преуранета, зашто притворениот почнал процедура за добивање српско државјанство, која се уште е во тек Ексдиректорот на ...

Смиленски побарал српско државјанство за да избегне екстрадиција

Време - 22.07.2006

МУ СЕ ГУБИ ТРАГАТА НА КОНТРОВЕРЗНИОТ БИЗНИСМЕН Мери Јордановска Србија ќе стане азил за македонските криминалци доколку на Методија Смиленски му се издаде српско државјанство. Вакви се реакциите на правните експерти по информацијата дека контроверзниот бизнисмен Смиленски побарал српско ...

Смиленски чека српски пасош

А1 - 21.07.2006

Смиленски чека српски пасош. По која основа го бара српското државјанство засега енигма. Но, сигурно е доколку го добие тоа ќе го спаси од македонскиот затвор, Србија не екстрадира српски државјани. По вчерашниот молк од Врховниот суд кој ја одби екстрадицијата денеска обид за правно толкување од ...

Српскиот врховен суд ја отфрли екстрадицијата на Смиленски

Време - 21.07.2006

СПРОТИВНО НА ОДЛУКАТА НА ОКРУЖНИОТ СУД Мери Јордановска Српскиот врховен суд вчера го укина решението за екстрадиција на Методија Смиленски назад во Македонија и го врати на повторно разгледување во окружниот суд. Сега во рацете на окружниот суд во Србија е одлуката дали Смиленски ќе биде вратен ...

Петмилионска финансиска гимнастика на тројката Смиле нски-Георгиевски-Трпески

Време - 21.07.2006

ШТО СЕ МОЖЕ ДА ОТКРИЕ ЕКСТРАДИЦИЈАТА НА СМИЛЕНСКИ? (2) Еве уште една лекција од школата за финансиска гимнастика што Методија Смиленски непречено ја практикуваше во Македонија преку многубројните негови фирми во земјава и во Австрија, а се разбира со безрезервна поддршка на властите, особено на ...

Смиленски нема да биде екстрадиран во Македонија

Дневник - 21.07.2006

Врховниот суд во Белград ја прифати жалбата на Смиленски, сопственик на Експорт-импорт банка, да не биде екстрадиран во Македонија Врховниот суд во Белград ја прифати жалбата на бизнисменот Методија Смиленски, сопственик на пропаднатата Експорт-импорт банка, да не биде екстрадиран во Македонија.

Врховниот суд на Србија ја укинал екстрадицијата на Смиленски

Вест - 21.07.2006

ЕКСДИРЕКТОРОТ НА "ЕКСПОРТ-ИМПОРТ" БАНКА СЕ ПОНЕДОСТАПЕН ЗА МАКЕДОНИЈА Според изјавата на портпаролот на Врховниот суд Весна Дабиќ, укинато е решението на Окружниот суд во Белград за екстрадиција и случајот е вратен на повторно одлучување во Окружниот суд Врховниот суд на Србија ја уважил жалбата на ...

Граѓаните два пати ќе ги враќаат долговите

Вечер Прес - 21.07.2006

Против Смиленски се издадени две потерници. Едната од Основниот суд во Свети Николе за дело фалсификување и уништување на деловни книги и едната од скопска единица, за злоупотреба на службената должност. Судот го товари Смиленски за финансиски проневери тешки 40 милиони долари, пари на Народната ...

Смиленски нема да биде екстрадиран

А1 - 20.07.2006

Методија Смиленски нема да биде екстрадиран. Засега Врховниот суд на Србија одлучи во корист на бизнисменот по кој трага Македонија. Ја одби екстрадицијата. Таква препорака му даде и на основниот суд каде што го повторно го врати предметот.

Досието Смиленски отвора широк коруптивен синџир

Канал5 - 20.07.2006

Методија Смиленски е клучната фигура во криминалното досие тешко милиони евра, опустошување на над 40 фирми и пропаст на Експорт импорт банката. Методија Смиленски е клучната фигура во криминалното досие тешко милиони евра, опустошување на над 40 фирми и пропаст на Експорт импорт банката.

Каде исчезнаа 20.000.000 долари од буџетот?

Време - 20.07.2006

ШТО СЕ МОЖЕ ДА СЕ ОТКРИЕ СО ЕКСТРАДИЦИЈАТА НА СМИЛЕНСКИ Една од најголемите досега се уште недокажани проневери врзани за Методија Смиленски и неговата банка е и случајот со наплатената банкарска гаранција дадена од Народната банка на Македонија од 20 милиони долари што завршиле кај сомнителна ...

Белград му помага на Смиленски да не биде испорачан во Македонија

Канал5 - 20.07.2006

Белград се става на страна на Македонците обвинети за криминал. Српскиот Врховен суд се спротивстави на решението на Окружниот суд- нема екстрадиција на Методија Смиленски- осомничен за излевање на 20 милиони евра- државни пари од „Експорт- Импорт банката“.

Борис Стојменов ќе бара милион евра отштета од „Вечер"

Утрински - 20.07.2006

Ексминистерот за финансии, Борис Стојменов, ќе бара еден милион евра отштета од весникот „Вечер", бидејќи смета дека е жртва на клевета и неаргументирана дискредитација. Стојменов, кој е сопственик на компанијата БС и на телевизијата Канал 5, ќе ги тужи главниот уредник на весникот, Драган ...

Писмо и одговор

Вечер Прес - 20.07.2006

Почитувани, Во денешното издание на дневниот весник "Вечер", во текстот на страна 3 под наслов "БС ќари од манипулациите со Експорт - импорт", како и со начинот на којшто е уредена насловната страница, под наслов: "Кој се плаши од екстрадицијата на Методија Смиленски?", со поднаслов "Што имаат ...

Судот дозволи екстрадиција на Смиленски

Дневник - 19.07.2006

Окружниот суд во Белград дозволи екстрадиција од Србија во Македонија за Методија Смиленски, сопственик на пропаднатата Експорт-импорт банка, против кого се водат истражни постапки за злоупотреба на повеќе од 20 милиони евра.

Папокот на криминалот

Време - 19.07.2006

Пишува:Мери Јордановска Одлучноста е доблест на храбрите. Македонија токму сега има неповторлива шанса да го докаже тоа. Пред речиси еден месец во Србија беше уапсен Методија Смиленски, човек по кого Македонија распиша потерница поради финансиски проневери тешки десетици милиони евра.

Смиленски го обжали решението за екстрадиција

Канал5 - 19.07.2006

Методија Смиленски го искористи три дневниот рок за жалба против решението на окружниот суд во Белград со кое се одобрува негова екстрадиција во Македонија Методија Смиленски го искористи три дневниот рок за жалба против решението на окружниот суд во Белград со кое се одобрува негова екстрадиција ...

Уште кој ќе потоне со Методиј Смиленски?

Време - 19.07.2006

ОДОБРЕНА ЕКСТРАДИЦИЈАТА НА КОНТРОВЕРЗНИОТ БИЗНИСМЕН Мери Јордановска Исполнети се сите претпоставки за екстрадиција на контроверзниот бизнисмен Методија Смиленски назад во Македонија, потврдија вчера од белградскиот суд. Од македонското министерство за правда велат дека не постои рок за ...

Стојменов: Барам институции да го расветлат кој манипулира со моето име и името на компанијата БС

Канал5 - 19.07.2006

Борис Стојменов реагира на денешниот напис во весникот вечер со наслов БС ќари од манипулациите со експорт импорт . Во написот тврди Стојменов изнесени се дрски и вулгарни политички дискредитации, невистини,клевети и лаги за мене и компанијата БС кои се неаргументирани и недокументирани Борис ...

БС ќари од манипулациите со Експорт- импорт?

Вечер Прес - 19.07.2006

Методија Смиленски беше промовиран во Македонија благодарение на екс-министерот за финансии Борис Стојменов. Уште во далеч- ната 1999 година, БС го однесе Смиленски во владата, кај тогашниот премиер Љубчо Георгиевски, со предлог да се одвојат пари од девизните резерви, па преку фирмите на Смиленски ...

Белградскиот суд одобрува екстрадиција на Смиленски

А1 - 17.07.2006

Нови два месеци притвор за Методија Смиленски во белградскиот истражен затвор, а окружниот суд потврдил дека се исполнети сите претпоставки за екстрадиција на осомничениот банкар назад во Македонија, потврдија за А1 во белградскиот суд.

Одобрена екстрадицијата на Смиленски

Канал5 - 17.07.2006

Србија одобри екстрадиција на Методија Смиленски во Македонија. Исполнети се сите законски услови за негово испорачување – соопштија за Канал 5 од Окружниот суд во Белград. Србија одобри екстрадиција на Методија Смиленски во Македонија.