TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Хајден Бендал: Воодушевен сум што ќе работам со „Леб и сол“

Време - 15.06.2007

МАКЕДОНСКА ГРУПА ЌЕ ЈА ПРОДУЦИРА СВЕТСКО ИМЕ Хајден Бендал, светски реномираниот продуцент, ќе работи на новиот албум на „Леб и сол“, кој треба да излезе наесен. - Јас сум воодушевен што ми пристапија и ми понудија да работам со „Леб и сол“.

Хајдн Бендал на албумот на "Леб и сол"

Вест - 14.06.2007

Светски познатиот продуцент Хајдн Бендал ќе биде гостин на новиот албум на реоформираните "Леб и сол". Тој 17 години е дел од легендарното студио "Аби роуд" во Лондон, а 10 години е главен инженер-продуцент. Зад него се соработките со Стинг, Елтон Џон, Флитфуд Мек, Гери Мур, Кејт Буш, Пол Макартни, ...

„Леб и сол“ ќе снимаат со продуцентот на Стинг

Дневник - 13.06.2007

Светски познатиот продуцент и тон-мајстор Хајдн Бендал ќе биде продуцент на новиот албум на „Леб и сол“ што треба да се појави есенва . Бендал веќе десет години е главен инженер-продуцент на реномираното лондонско студио „Еби роуд“.

Леб и сол во карантин

Вечер Прес - 13.06.2007

Наесен на пазарот ќе се појави новиот албум на "Леб и сол". Членовите на бендот во моментов интензивно работат на музичкиот материјал, чиј продуцент ќе биде светски познатиот тон-мајстор и продуцент Хајдн Бендал, а веќе од почетокот на јули влегуваат во студиски карантин.