TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Грција се заканува со блокада на приемот на Македонија во ЕУ и НАТО

Канал5 - 14.01.2007

Молк во државните институции по заканувачката порака на Грција дека размислува за повлекување од привремената спогодба поради преименувањето на скопскиот аеродром во „Александар Велики“. Молк во државните институции по заканувачката порака на Грција дека размислува за повлекување од привремената ...

Нимиц не понуди нов предлог за името

А1 - 13.01.2007

Посредникот за името Метју Нимиц дојде на разговорите со официјално Скопје со дипломатска актовка полна грчки реакции за преименувањето на аеродромот во „Александар Велики“. Очекувано, без нов предлог за името. Денеска не даде оценка за прашањето за аеродромот, за разлика од вчера, кога кажа дека ...

Повеќето граѓани го поддржуваат преименувањето на аеродромот

А1 - 13.01.2007

Конечно вистински потег, на овој начин ќе докажеме дека имаме историја. Вака размислуваат дел од граѓаните за владината одлука за преименување на скопскиот аеродром во „Александар Велики“. „Ако решеа да се вика аеродромот „Клеопатра“, никој немаше да реагира никако.

Груевски ќе го брани аеродромот, Црвенковски - двојната формула

Време - 13.01.2007

ПОДЕЛЕНИ УЛОГИТЕ ЗА НАСТАП ПРЕД НИМИЦ Промената на името на аеродромот не е провокација или присвојување на историјата, бидејќи станува збор за општоприфатена цивилизациска историска личност. Двојната формула е максималната и крајна отстапка што може да ја направи Македонија, а основа за разговори ...

Црвенковски и Груевски заедно ќе преговараат со Нимиц

Вест - 13.01.2007

СПЕЦИЈАЛНИОТ ПРЕГОВАРАЧ НА ООН ЗА ИМЕТО ДЕНЕСКА ВО СКОПЈЕ Пред вчерашната средба на Метју Нимиц со шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани во Атина портпаролот на грчкото Министерството за надворешни работи Јоргос Кумуцакос изјавил дека Нимиц не носи нов предлог за името Премиерот Никола ...

Државниот врв ќе се обедини пред Нимиц околу „Александар Велики“

Утрински - 13.01.2007

Нимиц оцени дека преименувањето на аеродромот влијае негативно на преговорите за името СЛОБОДАНКА ЈОВАНОВСКА Медијаторот на ОН за спорот околу името, Метју Нимиц, вчера во Атина оцени дека преименувањето на аеродромот „Скопје“ во „Александар Велики“ ќе влијае негативно на напорите да се најде ...

Времената спогодба и безвремениот Александар

Дневник - 13.01.2007

Грците добро знаат дека новите имиња за аеродромите во Скопје и во Охрид, „Александар Велики“ и „Апостол Павле“, не се обична техничка операција, зашто со ова Македонија всушност отвори нова фаза во процесот на преговорите за името , што можеби ќе биде претешко прашање и за посредникот Нимиц ...

Црвенковски ќе го брани уставното, Груевски името на аеродромот

Дневник - 13.01.2007

Двојната формула е последната отстапка што може да ја направи Македонија Двојната формула за името е последната отстапка што може да ја направи Македонија, а модифицираната двојна формула од октомври 2005 година е основата за разговори за наоѓање заедничко решение.

Грција е многу лута од преименувањето на скопскиот во аеродром „Александар Велики“

Канал5 - 13.01.2007

Владата во Атина, налутена од преименувањето на скопскиот аеродром во „Алекдандар Велики“ размислува да ја раскине привремената спогодба и со тоа да се откаже од разговорите за името. Неофицијално, Канал 5 дознава дека со ваква заканувачка порака од Грција денеска во Скопје дошол посредникот за ...

Нови патокази кон Аеродромот Александар Велики

Вечер - 13.01.2007

"Македонија пат" вчера почна со поставувањето на патоказите со новото име на Скопскиот аеродром откако Владата со одлука го преименува во "Александар Велики". Таблите со големина два на три метри веќе се поставени на пет и десет километри на автопатот од аеродромот кон Скопје, а третата табла е ...

Двојната формула е единственото решение

Вечер - 13.01.2007

Ставот во однос на едно од најважните прашања за Македонија, користењето на уставното име и разликите околу тоа прашање со Грција, е одамна познат. Во целиот период имаме континуитет по тој став. Тука нема, ниту смее да има простор за какви било импровизации.

Бакојани на средбата со Нимиц го лоцираше проблемот, Александар Велики

А1 - 12.01.2007

Метју Нимиц, посредникот за спорот за името, по средбата во Атина со шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани го лоцираше проблемот, тоа е Александар Велики. Нимиц изјавил, одлуката на македонската Влада да го преименува аеродромот во Александар Велики нема позитивно да влијае врз спорт за ...

Црвенковски и Груевски в сабота пред Нимиц

Време - 12.01.2007

ПО ЈАВНИТЕ ПРЕПУКУВАЊА И ЗАЛАДЕНИТЕ МЕЃУСЕБНИ ОДНОСИ Боби Христов Претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски се согласиле да имаат заедничка средба со посредникот на ОН за спорот со името со Грција Метју Нимиц. Средбата, како што е потврдено, ќе се одржи во сабота.

Атина бара бугарски манири од Македонија?

Утрински - 12.01.2007

Преименувањето на аеродромот историски неосновано и политички, смета Грција Портпаролот на грчкото МНР, Јоргос Кумуцакос, најавувајќи ја средбата на шефицата на дипломатијата, Дора Бакојани, со медијаторот за името, Метју Нимиц, денес попладне, повторно ја повика Македонија да демонстрира позитивен ...

Атина бара од Македонија позитивен однос за името

Дневник - 12.01.2007

Името на Македонија не е прашање на кохабитацијата, ги предупредува Светскиот македонски конгрес Владата и шефот на државата Официјална Атина, еден ден пред посетата на посредникот на ОН Метју Нимиц на Грција, вчера побара „позитивен однос“ од Македонија за спорот за името.

Пред посетата на Нимиц во Скопје, на автопатот кон аеродромот осамнаа патокази со новото име

Канал5 - 12.01.2007

Метју Нимиц утре во Скопје ќе слета на аеродромот Александар Велики. Две табли со овој натпис осамнаа на автопатот кој води кон аеродромот кај Скопје. По објавувањето на владината согласност за преименување во Службен весник, патоказните табли се официјализирање на новото име на скопскиот аеродром.

Црвенковски и Груевски ќе настапат со исти позиции за името

Канал5 - 12.01.2007

Метју Нимиц утре во Скопје доаѓа со лош впечаток за преименувањето на скопскиот аеродром во „Александар Велики“. Ова може да се заклучи од изјавата на преговарачот дадена по средбата со шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани.

Државниот врв во полн состав за разговорите со Нимиц

Утрински - 11.01.2007

Државниот врв ќе демонстрира единство околу спорот за името со Грција, а манифестација на тоа е одлуката на претседателот Бранко Црвенковски и на премиерот Никола Груевски да имаат заедничка средба со медијаторот Метју Нимиц.

Денеска грчкиот државен врв се координираше пред посетата на Нимиц на Атина и Скопје

Канал5 - 11.01.2007

Консултации на грчкиот државен врв пред утрешниот состанок со преговарачот за името Метју Нимиц. Средбата Карамнлис - Бакојани без изјави. За тоа што договориле премиерот и шефицата за надворешни работи – брифира портпаролот на грчкото МНР Јоргос Кумуцакос.

Поддршка за посредничките напори на Нимиц

Вечер - 11.01.2007

Американскиот државен потсекретар за политички прашања Николас Барнс изјави дека САД ги поддржуваат посредничките напори за изнаоѓање заедничко прифатливо решение за спорот што Грција го има со Македонија во врска со името. По посетата на Атина, Барнс нагласи дека САД го поддржуваат посредникот во ...

Црвенковски и Груевски на средбите со Нимиц одвоено

Време - 10.01.2007

ВО ПРЕСРЕТ НА ПОСЕТАТА НА ПОСРЕДНИКОТ ЗА ИМЕТО Претседателот Бранко Црвенковски најави дека за в петок ќе иницира средба со премиерот Груевски и со министерот за надворешни работи Милошоски за да се договори настапот пред посредникот на ОН во разликите за името меѓу Грција и Македонија, кој овој ...

Црвенковски го кани Груевски на консултации за името

Утрински - 10.01.2007

Ќе биде голем скандал ако Владата и претседателот не усогласат позиција пред доаѓањето на Нимиц СЛОБОДАНКА ЈОВАНОВСКА Претседателот Бранко Црвенковски го скрши мразот и најави покана за заедничка средба со премиерот Никола Груевски и шефот на дипломатијата Антонио Милошоски в петок.

Црвенковски најавува координирање на државниот став

Дневник - 10.01.2007

Добра порака и добар сигнал би било да се одржи заедничка средба со посредникот Нимиц, но не е исклучено премиерот Груевски со него да разговара в сабота на одвоена средба , вели претседателот на државата Претседателот Бранко Црвенковски деновиве ќе ги повика премиерот Никола Груевски, министерот ...

Црвенковски и Груевски в сабота сепак на заедничка средба со медијаторот Нимиц

Канал5 - 10.01.2007

Црвенковски и Груевски манифестираат државно единство за прашањето за името. Договориле заедно да се сретнат со посредникот Метју Нимиц. Состанокот е закажан за в сабота. Тогаш Нимиц доаѓа во Македонија, ден по посетата на Атина.

Црвенковски и Груевски ја смируваат јавноста после студените односи

А1 - 09.01.2007

Црвенковски и Груевски ја смирува јавноста, после силните критики околу студените односи. Спорот околу името, доаѓањето на Нимиц, доволна причина да ја голтнат несварливата кохабитација. „Многу битно е да имаме единствени позиции и ставови“, изјави Бранко Црвенковски.

Груевски: Посетата на Метју Нимиц е договорена претходно

Вест - 09.01.2007

Посетата на посредникот на ОН за спорот околу името Метју Нимиц на Скопје не е поврзана со преименувањето на Аеродромот во Скопје во "Александар Велики", изјави вчера премиерот Никола Груевски при посетата во МВР. - Посетата на Нимиц е договорена претходно.

Посетата на Нимиц беше претходно договорена

Време - 09.01.2007

ПРЕМИЕРОТ ГРУЕВСКИ Посетата на Метју Нимиц на Скопје не е поврзана со преименувањето на аеродромот во Скопје во „Александар Велики“, изјави вчера премиерот Никола Груевски. Нимиц е посредник на Обединетите нации за спорот со името меѓу Македонија и Грција. - Посетата на Нимиц е договорена претходно.

Нимиц нема да разговара за името на аеродромот

Дневник - 09.01.2007

Посредникот на Обединетите нации за спорот околу името, Метју Нимиц, не доаѓа во Скопје поради преименувањето на аеродромот во „Александар Велики“, истакна вчера премиерот Никола Груевски. Тој нагласи дека посетата била порано договорена. - Посетата на Нимиц е договорена претходно.

Црвенковски ќе иницира средба со Груевски и Милошоски пред доаѓањето на посредникот за името Нимиц

Канал5 - 09.01.2007

Претседателот и премиерот в петок ќе се координираат пред посетата на посредникот за името Метју Нимиц. Груевски се согласи со иницијативата на Црвенковски за заедничка средба. Претседателот и премиерот в петок ќе се координираат пред посетата на посредникот за името Метју Нимиц.

Нема најава за средба на државниот врв за пред доаѓањето на Метју Нимиц

Канал5 - 09.01.2007

Пет дена пред доаѓањето на посредникот во преговорите за спорот со името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц нема најави за средба на државниот врв за потврда на државниот став – двојната формула како единствен можен компромис со Грција.

Црвенковски и Груевски заедно во МПЦ?!

Вечер - 09.01.2007

Посредникот за спорот со името Метју Нимиц, на 14 овој месец, како што дознава Вечер, ќе има одвоени средби, со шефот на државата и со премиерот. Дали државниот врв ќе има претходна координација, и заеднички настап пред Нимиц, особено заради заладените односи меѓу Црвенковски и Груевски? ...

Црвенковски и Груевски ќе се координираат за посетата на Нимиц

Макфакс - 09.01.2007

Скопје Државниот врв ќе се координира пред посетата на медијаторот во спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц. Медијаторот доаѓа во Македонија на 14-ти јануари, откако ден претходно ќе престојува во Атина. Претседателот на РМ Бранко Црвенковски изјави денеска дека планира средба со ...

Груевски: Посетата на Нимиц е договорена од декември

А1 - 08.01.2007

Посредникот во спорот околу името идната недела во Скопје и Атина. За разлика од грчките најави дека повикот Нимиц да дојде во Грција следувал откако се најавуваше прекрстување на скопскиот аеродром во „Александар Велики“, македонскиот Премиер денеска вели, тоа е веќе предходно договорена посета.

Димитров се сретна со Милошоски пред посетата на Нимиц

А1 - 08.01.2007

Една недела пред доаѓањето во Скопје на Метју Нимиц, посредникот во спорот околу името, македонскиот државен врв ја набива агендата со консултации со македонскиот преговарач Никола Димитров. Тој денеска имаше средба со шефот на дипломатијата, откако пред неколку дена веќе започна консултации со ...