TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Нова плоча на Карпалак

Нова Македонија - 31.10.2008

Нова плоча со идентичен лик и форма е поставена кај спомен-обележјето на загинатите војници кај Карпалак. Министерството за одбрана ја постави плочата откако на 22 октомври обележјето беше искршено на парчиња. На плочата се напишани имињата на десетте припадници на резервниот состав на АРМ од Прилеп што беа убиени на 8 август 2001 година.

Поставена нова спомен плоча за загинатите бранители кај Карпалак

Макфакс - 30.10.2008

Припадници на АРМ од Tетовската касарна поставија нова плоча во спомен на загинатите прилепски војници кај Карпалак во 2001. година, јави дописникот на Макфакс. Плочата беше скршена на 22 октомври, од засега непознати сторители. Од МВР велат дека се работи за специфичен случај и дека ќе треба подолго време за да се откријат сторителите и мотивите.