TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Владата ќе помогне за тетовската дива депонија

Утрински - 25.02.2005

Блокадите на автопатот Тетово - Скопје тетовци ги ставија во мирување ТЕТОВО - "Нема посериозен проблем за Тетово во моментов од решавање на прашањето со депонија. Нашиот град и вака се задушува во отпад, а доколку најитно не се расчисти со дивата депонија, се наоѓаме пред вистинска еколошка ...

Во Скопје се депонираат 140 тони опасен отпад

Време - 24.02.2005

ЗАГАДУВАЊЕ Александра Џаџовска Шеснаесет индустриски локалитети во земјава што создаваат штетен отпад чиј исцедок ги загадува почвата, воздухот и подземните води ќе бидат ставени под постојан инспекциски надзор за да се контролира и да се намали степенот на загадување.

Индустрискиот отпад - еколошка бомба

Вечер Прес - 24.02.2005

Во Македонија има 16 индустриски капацитети каде што има наталожен индустриски отпад, кој заедно со медицинскиот и радиоактивниот, спаѓа во групата на опасни отпади што ја загадуваат животната средина. Како што беше посочено на третиот состанок на меѓуминистерскиот одбор на проектот "Национален ...

Поради депонија блокиран автопатот Тетово - Скопје

Утрински - 23.02.2005

Незадоволство на тетовци ТЕТОВО - Вчера од осум часот беше блокиран сообраќајот на релација Тетово - Скопје. Блокирана беше само едната коловозна лента со неколку товарни возила за смет на ЈКП "Тетово° и со учество на мал број граѓани, членови на совети на месни заедници и некои невладини ...

Во Македонија има толку диви депонии колку што има села

Време - 23.02.2005

ЕРИК ВАН ВОЕРКОМ, НАЦИОНАЛЕН ПЛАН ЗА УПРАВУВАЊЕ ОТПАД Александра Џаџовска Само 60 до 70 отсто од отпадот во земјава се собираат и се депонираат, а остатокот се расфрла во реките и по полињата, велат анализите на Националниот проект за управување отпад.

Автопатот Тетово - Скопје беше блокиран со барање за почисто Тетово

А1 - 22.02.2005

Двата правца на автопатот Тетово - Скопје денеска во периодот од 8 до 9 часот беа блокирани поради протестот организиран од канцеларијата на месните заедници од општина Тетово и десет невладини организации, а поддржан и од тетовското Јавно комунално претпријатие.

Тетовци ќе го блокираат автопатот кон Скопје

Време - 22.02.2005

ПОРАДИ ПРОБЛЕМИ СО ОТПАДОТ Револтирани од нерешавањето на долгогодишниот проблем со складирање на отпадот и создавање дива депонија, месните заедници и невладините организации од Тетово за денеска најавуваат блокада на автопатот Скопје-Тетово.

Едночасовна блокада во двете насоки

Вечер Прес - 21.02.2005

ТЕТОВО.- Координативното тело на месните заедници од Тетово, со поддршка на десет невладини организации, на 22 февруари, утре од 8 до 9 часот наутро ќе организираат блокада на автопатот Тетово - Скопје во двете насоки кај клучката од излезот на градот.