TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Петар Стојчев е победник на вториот скопски пливачки маратон

А1 - 17.07.2004

Бугаринот Петар Стојчев е победник на вториот скопски пливачки маратон кој што денеска се одржа на езерото Матка крај Скопје. Патеката долга 8 километри тој ја мина за 1 час 40 минути и 47 секунди пред Словенецот Игор Мајцен и нашиот Јане Карајованов.

Стојчев и Мајцен први фаворити

Вест - 17.07.2004

СКОПСКИ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН Бугаринот Петар Стојчев и Словенецот Игор Мајцен котираат како најголеми фаворити на второто издание на Меѓународниот скопски пливачки маратон, што денеска, со почеток од 10 часот, ќе се одржи на езерото Матка.

Маратонот од Треска се сели на Матка

Вест - 16.07.2004

ПЛИВАЊЕ - ПОРАДИ ЛОШИОТ КВАЛИТЕТ НА ВОДАТА Второто издание на Меѓународниот скопски пливачки маратон ја смени локацијата на своето одржување. Така место на езерото Треска, како што првично беше планирано, маратонот ќе се плива на езерото Матка во истиот термин, утре, со почеток од 10 часот.

Скопскиот пливачки маратон на Матка

Утрински - 16.07.2004

Промена на локацијата, поради тоа што водата во Треска не ги исполнува потребните услови Вториот скопски пливачки маратон, кој е закажан за утре, наместо на езерото Треска, ќе се одржи на езерото Матка, соопшти Организацискиот комитет на маратонот.

Скопскиот маратон на Матка наместо на Треска

Дневник - 16.07.2004

МАРАТОНСКО ПЛИВАЊЕ До промена на локацијата на трката дојде поради тоа што квалитетот на водата на езерото Треска не дозволува пливање во него Вториот скопски пливачки маратон ќе се одржи в сабота, на езерото Матка наместо на езерото Треска, како што беше најавено првично од организаторот.

Се чекаат Чесите и Египќаните

Вест - 14.07.2004

СКОПСКИ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН Во интерес на што посилната конкуренција на вториот по ред Меѓународен скопски пливачки маратон пријавите на чешките и египетските маратонци ќе се чекаат до последен момент. Рокот за пријавување истекува денеска, меѓутоа ако има потреба тој би можел да биде пролонгиран.