TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Ахтисари не го загрижува демаркацијата на границата

А1 - 27.11.2005

Демаркацијата на границата не го загрижува Марти Ахтисари, специјалниот посредник на ООН во преговорите за Косово. Тој денеска ги увери првите луѓе во државата - дека за меѓународната заедница ова не е политичко прашање. „Немаше потреба да се покренат овие прашања.

Црвенковски: Македонија не е дел од косовскиот проблем

А1 - 27.11.2005

Македонија не е дел од косовскиот проблем, ниту дел од решението на косовското прашање, изјави денеска Бранко Црвенковски. Шефот на државата, на средбата со специјалниот пратеник на генералниот секретар на ООН во процесот за идниот статус на Косово, Марти Ахтисари, истакна дека за граѓаните на ...

Ахтисари ќе гради соживот на КОСОВО по примерот на Македонија

Канал5 - 27.11.2005

Марти Ахтисари размислува Македонија да ја земе како пример за решавање на некои прашања на Косово. Специјалниот пратеник на Кофи Анан за процесот за идниот статус на протекторатот ова го кажа денеска во Скопје - последната дестинација од неговиот прв круг по балканските престолнини.

Среедба на Ахтисари со Ахмети

Канал5 - 27.11.2005

Денот на Марти Ахтисари започна токму со неформалната средба со Али Ахмети, претседателот на владејачката ДУИ . На неа Специјалниот пратеник на Обединетите Нации, се интересирал за партискиот став околу идниот статус на Косово.

Марти Ахтисари во посета на Албанија

А1 - 26.11.2005

Специјалниот пратеник на генералниот секретар на ООН во процесот за идниот статус на Косово Марти Ахтисари денеска во Тирана ќе се сретне со албанскиот претседател Алфред Мојсиу, со премиерот Сали Бериша и со министерот за надворешни работи Бесник Мустафај.

Ахтисари: Исполнувањето на стандардите е главен фактор за преговорите

А1 - 26.11.2005

Специјалниот пратеник на Генералниот секретар на Обединетите Нации за преговорите за идниот статус на Косово Марти Ахтисари, денеска изјави дека напредокот во остварувањето на стандардите ќе биде главен фактор од кој ќе зависи напредокот на преговорите.

Марти Ахтисари пристигнува во Скопје

А1 - 26.11.2005

Специјалниот претставник на Обединетите Нации за Косово, Марти Ахтисари, по Приштина, Белград и Тирана пристигнува на консултации во Скопје. Поранешниот фински Претседател има цел, на властите во Скопје да им објасни дека - меѓународната заедница нема да дозволи разврската на Косово на било кој ...

Преговорите за статусот на Косово по 1 јануари

Вест - 26.11.2005

Приштина, 26 ноември - Тимот на специјалниот пратеник на ОН за преговорите за статусот на Косово, Марти Ахтисари до 1 јануари 2006 година ќе биде подготвен да го започне преговарачкиот процес и да го води со потребната брзина и со максимални обиди за изнаоѓање решение, изјави вчера во Приштина ...

Тадиќ: Преговорите критични од аспект на тероризмот

Канал5 - 26.11.2005

Претседателот на Србија Борис Тадиќ вечерва предупреди дека преговорите за идниот статус на Косово се еден од најкритичните процеси што ги чека сите земји од регионот од аспект на борбата против тероризмот. Белград, 25 ноември (МИА) - Претседателот на Србија Борис Тадиќ вечерва предупреди дека ...

Србија знае што не сака, но не знае што сака

Дневник - 26.11.2005

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТАДИЌ БАРА ЕДИНСТВЕН и СИЛЕН ПРИСТАП НА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА КОСОВО Резолуцијата усвоена во српскиот парламент не може да биде платформа за преговорите за Косово, затоа што таа го содржи само тоа што не го сакаат Србите, изјави српскиот претседател Борис Тадиќ, јави Макфакс.

Марти Ахтисари викендов на разговори во Скопје

Утрински - 26.11.2005

Посета на специјалниот пратеник на ОН Специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН во процесот за одредување на идниот статус на Косово, Марти Ахтисари, денеска ќе допатува во земјава на разговори со државниот врв. Како што е најавено, Ахтисари в недела ќе има средби со претседателот Бранко ...

Ахтисари викендов во Скопје

Дневник - 26.11.2005

ПОСЕТА Специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН во процесот за одредување на идниот статус на Косово Марти Ахтисари в сабота ќе допатува во земјава за да разговара со македонскиот државен врв. Како што е најавено, Ахтисари в недела ќе се сретне со претседателот Бранко Црвенковски, ...

Тадиќ едно - Коштуница друго!

Вечер Прес - 26.11.2005

Борис Тадаиќ самостојно го претстави својот план за Косово,па Владата и премиерот Коштуница ги стави пред свршен чин", пишува "Пресе". "Белград влезе во правата фаза од преговори за идниот статус на Косово без јасна и единствена позиција", оценува вчера виенскиот весник "Пресе".

Косуми не го прифаќа планот на Тадиќ за Косово

А1 - 25.11.2005

Косовскиот премиер Бајрам Косуми синоќа изјави дека планот на српскиот претседател Борис Тадиќ за поделба на Косово на два ентитети е спротивен со принципите на меѓународната заедница за покраината, особено со ставовите на Контакт групата.

Тадиќ: „Србија да усвои преговарачка платформа за Косово“

А1 - 25.11.2005

Неопходно е Србија да усвои преговарачка платформа за Косово со јасно дефинирани позиции, оцени денеска српскиот претседател Борис Тадиќ. Според него, „резолуцијата што неодамна ја усвои српскиот парламент не може да биде основа за преговори, бидејќи документот содржи само она што Србија не сака да ...

Коштуница и Тадиќ заедно на преговорите

Време - 25.11.2005

ПО НЕКОЛКУ НЕДЕЛИ ДОГОВОРИ ЗА КОСОВО Србија вчера го претстави својот тим за преговорите за идниот статус на Косово, при што премиерот Воислав Коштуница и претседателот Борис Тадиќ решија да ја поделат одговорноста за преговорите.

Српскиот претседател предложи поделба на Косово

Вест - 25.11.2005

БЕЛГРАД, 25 ноември (АП) - Српскиот претседател Борис Тадиќ вчера официјално предложи поделба на Косово меѓу албанското мнозинство, кое бара независност, и српското малцинство. Претседателот на српската Влада Воислав Коштуница вчера во Белград на сп БЕЛГРАД, 25 ноември (АП) - Српскиот претседател ...

Косово треба да биде поделено како Босна

Дневник - 25.11.2005

БЕЛГРАД ЈА ОБЈАВИ ПРЕГОВАРАЧКАТА ПЛАТФОРМА Косово треба да биде поделено на два ентитета. Ова е основата на платформата со која Белград ќе настапи на преговорите за статусот на Косово, јави МИА. Со предлогот на Тадиќ се предвидува процес на децентрализација на Косово што на крајот би довел до ...

Тадиќ, Коштуница и Драшковиќ на чело на српскиот тим за Косово

Утрински - 25.11.2005

Владата на Србија на вчерашната седница го претстави преговарачкиот тим за преговорите со Приштина Ахтисари во Приштина рече дека преговорите не се временски ограничени, а поделбата на Косово е исклучена ДИМИТАР ЧУЛЕВ Претседателот на Србија, Борис Тадиќ, премиерот Воислав Коштуница и шефот на ...

Тадиќ достави предлог за создавање два ентитети во Косово

А1 - 24.11.2005

Српскиот претседател Борис Тадиќ на Владата на Србија и достави предлог на преговарачката платформа за идниот статус на Косово, со кој се предвидува создавање два ентитети во покраината - албански и српски. Кабинетот на српскиот претседател претпладнево соопшти дека Тадиќ, заедно со премиерот ...

Ахтисари во посета на Белград

А1 - 24.11.2005

Специјалниот пратеник на ОН за Косово и Метохија, Марти Ахтисари, денеска и утре ќе се сретне со неколку претставници на официјален Белград. Така, денеска негови домаќини беа шефот на дипломатијата Вук Драшковиќ и српскиот премиер Воислав Коштуница.

Ахтисари на сребда во Белград

Канал5 - 24.11.2005

По двата дена на Косово, по еден за тамошните Албанци и Срби, главниот преговарач за статусот Марти Ахтисари претпладнето допатува во Белград. По двата дена на Косово, по еден за тамошните Албанци и Срби, главниот преговарач за статусот Марти Ахтисари претпладнето допатува во Белград.

Ахтисари ја завршува првата посета на Косово

А1 - 23.11.2005

Дипломатот Марти Ахтисари денеска се среќава со политичките претставници на српското и другите малцинства на Косово, по што вечерва во Приштина ќе ја одржи првата конференција за новинари откако стапи на функцијата главен преговарач за косовскиот статус.

Усвоени резолуции во Белград и во Тирана

Време - 23.11.2005

ВЕСТИ ОД КОСОВО Српскиот парламент завчера вечер ја усвои резолуцијата за Косово, со која се предвидува косовските Албанци да имаат значителна автономија, Србија да остане цела и и се одобрува на Владата да почне преговори со Приштина.

Албанците и кај Ахтисари инсистираат на независно Косово

Вест - 23.11.2005

ПРИШТИНА, 23 ноември (АП) - Лидерите на етничките Албанци вчера го известија главниот преговарач на ОН Марти Ахтисари дека нема да се откажат од барањето на целосна независност за Косово, додека се подготвуваат за клучните преговори за политичката ид ПРИШТИНА, 23 ноември (АП) - Лидерите на ...

Српска листа за Косово: Србите не сакаат да живеат во независно Косово

Канал5 - 23.11.2005

Српски политички претставници на Косово изјавија денеска во разговорот со пратеникот на ОН за преговори за статусот на покраината Марти Ахтисари дека Србите не сакаат да живеат во независно Косово и оти за нив е неприфатлива и условна независност.

Ахтисари слуша што велат другите

Дневник - 23.11.2005

ПРВА МИСИЈА НА ПОСРЕДНИКОТ НА ОН ЗА КОСОВО Посредникот Марти Ахтисари синоќа се сретна со политичките лидери во Приштина и истакна дека во првата етапа од својата шатл-дипломатија само ќе слуша што има да кажат другите, јави Б92.

Албанското Собрание усвои резолуција за Косово

А1 - 22.11.2005

Албанското Собрание синоќа едногласно усвои резолуција за Косово. Резолуцијата подготвена од собраниската Комисија за надворешни прашања ја поздравува одлуката на Советот за безбедност на Обединетите нации, истакнувајќи ја потребата од преминот од актуелниот статус во создавање на независна и ...

Ахтисари по трет пат меѓу Балканците

Утрински - 22.11.2005

ПОРТРЕТ Димитар Чулев Косово може да стане круна во дипломатската кариера на Марти Ахтисари, кој одново, по трет пат се враќа на просторите на поранешна Југославија и овој пат во улога на медијатор со мандат да го започне процесот за затворање на последното поглавје на југо-кризата.

Косовските весници за посетата на Марти Ахтисари на Приштина

Канал5 - 22.11.2005

Сите приштински весници на албански јазик денеска му посветија големо внимание на пристигнувањето на специјалниот пратеник на ОН за преговори за статусот на покраината Марти Ахтисари и неговиот заменик Алберт Роан. Приштина, 22 ноември (МИА) - Сите приштински весници на албански јазик денеска му ...

Почнуваат шатл-посетите на Ахтисари

Време - 22.11.2005

ПРЕГОВОРИ ЗА СТАТУСОТ НА КОСОВО Преговарачот на Обединетите нации Марти Ахтисари вчера требаше да пристигне во Приштина на првата од низата најавени посети во Белград и Приштина, во рамките на преговорите за идниот статус на Косово.

Шатлот "Ахтисари" слета во Приштина

Дневник - 22.11.2005

ПОЧНУВААТ ПРЕГОВОРИТЕ ЗА СТАТУСОТ НА КОСОВО Поранешниот фински претседател Марти Ахтисари вчера ја почна својата мисија на "шатл-дипломатија", како почетна фаза од преговарачкиот процес за статусот на Косово. Приштина вчера беше првата станица на специјалниот емисар на Обединетите нации за ...

Ахтисари во Приштина ја почна „невозможната мисија“

А1 - 21.11.2005

Специјалниот посредник во преговорите за идниот статус на Косово, Марти Ахтисари, попладнево во Приштина ја почна својата „невозможна мисија“. Разговорите со лидерите на косовскиот Албанци се закажани за утре. Ахтисари потоа патува за Белград на разговори со српските претставници.

Српското Собрание ќе усвои резолуција за Косово

А1 - 21.11.2005

Усвојувањето на резолуција за Косово - главна тема на денешната седница на српското Собрание. Со овој документ, Владата на премиерот Воислав Коштуница ќе добие овластувања да го формира тимот за преговори за идниот статус на Покраината.

Петерсен против поделба, Сорос за независност

Дневник - 21.11.2005

СПРОТИ ПРЕГОВОРИТЕ ЗА КОСОВО Меѓународната заедница е против идејата за поделба на Косово, му порача шефот на УНМИК, Сорен Јесен Петерсен, на косовскиот премиер Бајрам Косуми, јави Макфакс. Администраторот Јесен Петерсен ја отфрлил идејата на претседателот на Србија, Борис Тадиќ, дека "поделбата е ...

Ахтисари ќе го мери пулсот во соседството

Утрински - 21.11.2005

Почна шатл-дипломатијата околу Косово БЕЛГРАД - Специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН за преговори за статусот на Косово, Марти Ахтисари, денес ќе допатува во дводневна посета на Приштина, во рамките на турнејата во која ќе ги посети и Белград, Подгорица, Скопје и Тирана.

Официјален старт на шатл дипломатијата на Ахтисари за статусот на Косово

Канал5 - 21.11.2005

Пратеникот на ОН за преговорите за статусот на Косово Марти Ахтисари денеска ќе пристигне во регионот за да го почне преговарачкиот процес со Белград и Приштина. Приштина, 21 ноември (МИА) - Пратеникот на ОН за преговорите за статусот на Косово Марти Ахтисари денеска ќе пристигне во регионот за да ...