TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Кометал ЃП се пласираше во 1/4 финалето од ЛШ

А1 - 21.02.2004

Кометал ЃП - Шлагелсе 19:19. Освоен е потребниот еден бод за пласман на нашиот првак во четвртфиналето во Лигата на шампионките но непријатно изненадување им приредија нашите ракометарки на присутните во СРЦ Кале кои очекуваа лесна победа против младинскиот погон на данскиот Шлагелсе.

Помалку влезници и помало обезбедување

Утрински - 21.02.2004

Иако и за овој натпревар владее големо интересирање, од Кометал најавуваат помало обезбедување во споредба со тоа на неделниот меч со Хипо и помалку влезници во продажба, заради поголем комодитет во салата. Во промет ќе бидат пуштени вкупно 1.800 влезници, од кои околу 600 за продажба, а другите ...

Костовски: Мечот е формалност, мојот поглед е свртен кон Ларвик

Утрински - 21.02.2004

Голем оптимизам во Кометал ЃП пред вечерашниот реванш со Слагелсе во Лигата на шампионите РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ "За мене овој натпревар е чиста формалност, па мојот поглед веќе е завртен кон четвртфиналето и дуелот со Ларвик. Не верувам во чудо, односно ние да загубиме, а Хипо да победи во Ниш со ...

Шлаг на пласманот во четврт-финалето?

Дневник - 21.02.2004

РАКОМЕТ - ЛИГА НА ШАМПИОНИ ЗА ЖЕНИ Од Данска е најавено дека Слагелсе ќе игра без четири стандардни ракометарки Со најмалку нерешен резултат, македонскиот ракометен првак Кометал ЃП на вечерашниот дуел против Слагелсе (18 ч. СРЦ "Кале"- МТВ пренос) ќе ги реши дилемите за пласманот во ...

Кометал ЃП веќе се гледа во четвртфиналето од ЛШ

А1 - 20.02.2004

Утрешниот натпревар со Шлагелсе е само формалност. Кометал Ѓорче Петров веќе се гледа во четвртфиналето од Лигата на шампионките и размислува на Ларвик. Тоа е збирниот впечаток од денешниот прес на нашиот првак. Никој не верува во чудо, Кометал да загуби, а Хипо да забележи убедлив триумф над Дин.

Ларвик го чека Кометал ЃП во четврт-финалето

Време - 20.02.2004

РАКОМЕТ - АКО СЕ ПЛАСИРА ПОНАТАМУ ВО ЛШ Ако Кометал Ѓорче Петров се пласира во четврт-финалето од Лигата на европските шампионки, тогаш ќе игра со првопласираниот од Д-групата, тимот на Ларвик од Норвешка, кој го обезбеди првото место во својата група.

Бујанова го зачува 7. место

Утрински - 19.02.2004

Листа на стрелци во ЛШ Шесте гола против Хипо Нидерестерајх во петтото коло од Ц-групата беа доволни за средниот бек на Кометал Ѓорче Петров, Олга Бујанова, да го зачува седмото место на листата на стрелците во Лигата на шампионите со вкупно 33 погодоци.

Извинување до медиумите и оштетените навивачи

Вест - 18.02.2004

СООПШТЕНИЕ НА КОМЕТАЛ ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Управата на Кометал Ѓорче Петров со соопштение и се обрати на јавноста, одговарајќи на реагирањето на Здружението на фоторепортерите на Македонија за пропустите во организацијата на мечот Кометал ЃП-Хипо.

Кометал се извинува за пропустите

Утрински - 18.02.2004

По бурните реакции од средствата за информирање за непријатностите на мечот со Хипо РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ Длабоко им се извинуваме на сите новинари, фоторепортери и сниматели, на кои од субјективни причини не им било дозволено професионално да си ја извршат својата работа и ги молиме во иднина порано ...

Кометал ЃП им се извинува на новинарите

Дневник - 18.02.2004

СООПШТЕНИЕ "Управата на РК Кометал Ѓорче Петров искрено им се извинува на сите новинари, фоторепортери и ТВ-екипи ако имале некој проблем во извршувањето на своите професионални задачи", се вели во соопштението на поранешниот европски ракометен првак во врска со настаните на натпреварот Кометал ЃП ...

Кометал ЃП им се извини на новинарите и фоторепортерите

А1 - 17.02.2004

Македонскиот ракометен шампион, Кометал ЃП им се извини на новинарите и фоторепортерите кои биле спречени да го следат неделниот натпревар против Хипо. Управата на првакот сметала дека е потребно во денешното соопштение да им сугерира на новинарските екипи на натпреварите да доаѓале порано со што ...

Реприза на Виена

Вест - 17.02.2004

РАКОМЕТ, ЛИГА НА ШАМПИОНИ - ЃОРЧЕПЕТРОВКИ ЧЕКОР ПОБЛИСКУ ДО ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕТО И покрај мошне малата веројатност мечот Кометал Ѓорче Петров-Хипо да не го даде вториот патник од третата група во четврт-финалето, сепак, веројатностите се случуваат.

"Извинување или бојкот на мечевите на Кометал"

Вест - 17.02.2004

РЕАКЦИЈА НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ФОТОРЕПОРТЕРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА Здружението на фоторепортерите на Македонија по пат на јавно соопштение остро реагираше на пропустите во организацијата на мечот од Лигата на шампионите, Кометал Ѓорче Петров-Хипо, кога група фоторепортери од повеќе македонски и странски ...

Кометал со една нога во четвртфиналето

Утрински - 17.02.2004

Иако не ја оствари посакуваната разлика од три гола против вечниот ривал Хипо Нидерестерајх РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ Кометал Ѓорче Петров не ја извојува потребната победа од три гола разлика, но и со остварената од 25:23 над Хипо Нидерестерајх во петтото коло од Ц-групата со една нога веќе е во ...

Бараме извинување од Кометал ЃП

Дневник - 17.02.2004

Соопштение на фоторепортерите Фоторепортерите од повеќе македонски и странски медиуми, од за нас нејасни причини, беа оневозможени да известуваат од натпреварот Кометал ЃП - Хипо. Полицијата, по наредба на организаторот на овој меч, не им дозволи на фоторепортерите да влезат во салата, за потоа ...

Реми или тесен пораз со Слагелсе

Дневник - 17.02.2004

РАКОМЕТ - ЛИГА НА ШАМПИОНИ, Ц-ГРУПА За пласман, Кометал има предност - плус 6, а Хипо минус 9 гола разлика Ракометарките на Кометал ЃП го победија Хипо со 25-23 (11-10) во 5. коло на Ц-групата на Лигата на шампионите, но направија од готово -вересија.

Нерешен резултат го води Кометал во 1/4 финалето од ЛШ

А1 - 16.02.2004

Шест немирни дена му претстојат на Кометал Ѓорче Петров до конечниот одговор, ќе обезбеди ли пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионките. Ни Хичкок немаше да режира понапнат трилер од синоќешната реприза на виенските 25:23, но сега за Кометал против Хипо.

Слагелсе и теоретски прв во Ц-групата

Утрински - 16.02.2004

Петто коло од женската Лига на шампионите Во реваншот меѓу дебитантите во женската ракометна Лига на шампионите, Слагелсе и на свој терен беше подобар од ДИН-Класик со 31:25, со што на едно коло до крајот и теоретски си го обезбеди првото место во Ц-групата, без разлика на исходот од синоќешниот ...