TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Груевски: Ќе ги завршиме обврските од НАТО и ЕУ

А1 - 24.11.2007

Македонија ќе ги заврши сите обврски дадени од НАТО и ЕУ во наредните месеци, за да стане дел од евроатлантското семејство. Вака премиерот Груевски најави дека ќе го дочекаме НАТО самитот во април идната година. За првпат отворено ја посочи Грција како сериозен фактор за попречување на добивањето ...

Извештајот на Ердман за Македонија е готов

А1 - 24.11.2007

Извештајот за Македонија на помошникот генерален секретар на НАТО Мартин Ердман е подготвен. Иако Македонија ќе биде под лупа се до последниот ден до самитот во април, сепак повеќето сојузници врз основа на овој извештај ќе одлучат за поканите за прием.

Премиерот Груевски ветува дека реформите за НАТО во бараниот рок од два месеци ќе бидат завршени

Канал5 - 24.11.2007

„Задачите за НАТО ќе ги исполниме, но поради Грција може и да не добиеме покана за прием“ - премиерот Груевски верува дека условите поставени од алијансата ќе се завршат во наредните 2 месеца, но и дека тоа не е гаранција за успех на самитот во Букурешт.

Владата си резервира места за самитот на НАТО

Утрински - 24.11.2007

Во списокот што е испратен во Брисел нема место за претседателот Црвенковски Голема неизвесност е дали ќе добиеме покана за членство, но е важно да се резервираат местата да се биде поблиску до Буш Од нашиот дописник СЛОБОДАНКА ЈОВАНОВСКА Брисел - Владата направи список на функционерите кои ќе ...

Лидерите не знаат како да се обединат до февруари

Време - 22.11.2007

ПО ПОРАКИТЕ НА МИЛОВАНОВИЌ Претседателите на партиите не знаат како ќе се обединат до февруари идната година за државата да биде подготвена за Самитот на НАТО во Букурешт, во април 2008 година, како што порача американската амбасадорка Џилијен Миловановиќ на средбите со нив изминатите два дена.

Од Македонија не се очекува до НАТО самитот во април да го затвори прашањето за името

Канал5 - 22.11.2007

„Од Македонија не се очекува до НАТО самитот во април да го затвори прашањето за името. Тоа нема да биде проблем Македонија догодина да биде поканета во Алијансата, ако навреме се сработат останатите обврски“ - била пораката на Џилијан Миловановиќ на средбите со партиските лидери.

Да не правиме бранови на патот кон НАТО

Дневник - 22.11.2007

Мора да ги завршиме и последните задачи, а поддршката од меѓународната заедница ќе дојде со поканата,смета Еленовски Во односите меѓу партиите мора да доминира прашањето од највисок стратегиски интерес и одговорноста, инаку ќе потврдиме дека сме несериозни за поканата за зачленување во НАТО.

До февруари треба да бидеме тип-топ за во НАТО

Време - 22.11.2007

НОВИ РОКОВИ ЗА СТАРИТЕ ЗАКОНИ Ако Македонија во април идната година сака да влезе во НАТО, за четири месеци треба да ги заврши реформските обврски околу судството и полицијата, а ќе треба да ги исполни и петте точки од Мајскиот договор.

Ахмети барал да се спроведат петте точки од „мајскиот договор“

Дневник - 21.11.2007

Мајскиот договор да се спроведе целосно, со сите пет точки, за да не се закочи неговата реализација, како една од задачите што Македонија треба да ги исполни за да влезе во НАТО, била сугестијата на лидерот на ДУИ Али Ахмети на вчерашната средба со американската амбасадорка Џилијан Миловановиќ.

Рокот за исполнување на критериумите за нато истекува во февруари

Утрински - 21.11.2007

Македонија се наоѓа во критичен момент и потребна е соработка на политичките партии, порачаа САД Амбасадорот на САД Џилијан Миловановиќ во последна рунда разговори да ги убеди политичките лидери да работат врз основа на мандатот на народот кој сака членство во НАТО Лидерите на поголемите политички ...

Поглед од хеликоптер

Дневник - 21.11.2007

Според некои автори, зачленувањето во НАТО го содржи и парадоксот на кредитот. Како што банките одобруваат кредити на тие што се веќе платежно способни , така и НАТО се проширува и нуди стабилност и безбедност на оние земји што се веќе стабилни и безбедни или се многу блиску до тоа Неодамнешната ...

Самитот на НАТО за проширување во Букурешт од 2 до 4 април

Вест - 21.11.2007

Самитот на лидерите на државите и владите на 26 членки на НАТО ќе се одржи од втори до четврти април идната година во Букурешт. Ова вчера го потврдија дипломатски извори на НАТО во Брисел, пренесува Макфакс, додавајќи дека централни теми на Самитот ќе бидат проширување на Алијансата и мисијата на ...

Самитот на НАТО на 2 април в година

Дневник - 21.11.2007

Самитот на лидерите на државите и владите на 26-те членки на НАТО ќе се одржи од 2 до 4 април в година во Букурешт, потврдија вчера дипломатски извори на НАТО во Брисел. Тие додаваат дека централни теми на Самитот ќе бидат проширување на алијансата и мисијата на НАТО ИСАФ во Авганистан.

Шансите за покана од НАТО ни се помали од лани

Вечер Прес - 21.11.2007

Нашата кандидатура за членство во НАТО не е доволно силна за да можеме мирно да го дочекаме Самитот на Букурешт идната пролет, оцени претседателот Бранко Црвенковски на вчерашната дебата Македонија - ЕУ и НАТОО, четвртта од циклусот Дијалозите за Македонијаа што ги инцираше самиот.

Исполнете го Мајскиот договор - итно!

Вечер Прес - 21.11.2007

Амбасадорката на САД во Македонија, Џилиен Миловановиќ, на одвоени средби на лидерите на СДСМ Радмила Шекеринска, ДУИ Али Ахмети и ДПА Мендух Тачи изминативе два дена, им порача дека Македонија за многу краток период треба да ги заврши домашните задачи кои се наметнуваат како главни обврски за ...

Потврдени средбите на Миловановиќ со партиските лидери и обидот да ги обедини за НАТО

Канал5 - 20.11.2007

Амбасадорката Миловановиќ се сретна со политичките лидери во земјата за да дискутира како најдобро да се исполнат стандардите неопходни за членство во НАТО – американската амбасада во Скопје и официјално ја потврди информацијата...

„Дијалози за Македонија“ на тема „Македонија - ЕУ и НАТО што понатаму“

Канал5 - 20.11.2007

Да се сработат обврските за НАТО навреме, да се исправат слабостите детектирани од Европската унија, да се подобри атмосферата меѓу партиите – беа дел од сугестиите на денешните „Дијалози за Македонија - ЕУ и НАТО што понатаму“.

Миловановиќ: Имате еден месец за реформите за нато- шансата е се уште на дофат

Канал5 - 19.11.2007

„Имате само уште еден месец ефективен период за да ги завршите главните обврски за НАТО, пред клучното јануарско реферирање на премиерот Груевски во Брисел“. Со ваква порака за вклучен аларм денеска и утре настапува американската амбасадорка Џилијан Миловановиќ на средбите со лидерите на ...