Лебот од помалите пекарници во Прилеп од вчера е поскап за пет денари. Белиот леб од 600 грама сега чини 25 денари. Ова е второ поскапување за еден месец зашто претходно цените беа зголемени за два денара. Пекарите велат дека веќе немаат резерви на евтино брашно.
ПРИЛЕП - Прилепските мелничари од вчера брашното го продаваат со повисоки цени за сто отсто, а пекарите ја зголемија цената на лебот во просек за седум денари. Производството во приватните фурни вчера беше намалено за 20 отсто поради изразениот револт на граѓаните кои за ова енормно зголемување ја ...
Скопје Малопродажните цени на горивата во Македонија од вечерва на полноќ ќе се зголемат за два и пол денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Според одлуката на регулаторите новата цена на МБ-96 изнесува 70,0 денари за литар, на БМБ-91 - 66,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР - 95 ќе чини ...
Млекото за варење на Битолската млекарница од вчера поскапе за три денари. Цената на трајното млеко, пак, е зголемена за пет денари и чини 46 денари, практично колку што во продавниците и супермаркетите низ земјава се продаваат увозните млека.
Млекото на Битолска млекара од денеска поскапе за два денари. За речиси толку поскапо се продава и млекото од Бучен Козјак. Млекото на Битолска млекара од денеска поскапе за два денари. За речиси толку поскапо се продава и млекото од Бучен Козјак.
Млекото на ИМБ денеска ќе поскапи за два денара. Андон Чобанов, директор во битолската млекарница, вели дека поскапувањето е резултат на зголемување на цената на млекото што го користат како суровина. Новиот сопственик на ИМБ, српската компанија „Имлек“, во минатата недела ја зголеми откупната цена ...
Вчера лепевме три пати нови цени на исти производи, како што стигнуваа инструкции од Дирекцијата. Нема ден да нема промена на цените, се жали продавачка во маркет Цената на нафтата и временските неприлики придонесоа за општо поскапување на храната АЛЕКСАНДРИЈА СТЕВКОВСКА Продавниците по големиот ...
Во млекарниците се прават завршни пресметки за тоа колку ќе поскапат млечните производи Сировото млеко повторно поскапува. Од утре, литар непреработено млеко ќе се откупува по цена од 20 до 25 денари. Поскапувањето ќе се одрази и врз малопродажните цени на млекото, како и врз млечните производи.
ОД ПОЛНОЌ Цената на бензините и на дизелот да се зголемат за два денари, а на нафтата за домаќинство за денар и пол, одлучи вчера регулаторната комисија за енергетика. Од полноќ бензинот МБ-96 од 65,5 поскапува на 67,5 денари за литар, безоловниот бензин БМБ-91 поскапува од 62 на 64 денари за ...
РАСТЕ ЕКОНОМИЈАТА, РАСТАТ ЦЕНИТЕ, РАСТЕ СИРОМАШТИЈАТА Точно 3.811 денари или нешто повеќе од 50 евра месечно му остануваат на едно просечно четиричлено македонско семејство што живее со еден личен доход да плати струја, телефон, да оди во кино, да купи облека и да си дозволи нормално секојдневие.
Малопродажните цени на бензините и на дизелот од полноќ се зголемуваат за два денара, а на нафтата за домаќинство за денар и пол, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. МБ-96 од 65,50 поскапува на 67,50 денари за литар, БМБ-91 од 62 на 64, ЕУРОСУПЕР -95 од 62,50 на 64,50 ден/лит и ...
Од 1 ноември векна леб од 500 грама во Дебар, Ростуше и во Центар Жупа ќе чини пет денари повеќе. Здружението на пекари од овие општини одлучи цената да ја зголеми на 25 денари. Претседателот на Здружението, Љутви Нуредини, изјави дека поскапувањето е поради зголемените трошоци.
ОД 1 НОЕМВРИ Новоформираното здружение на пекари од општините Дебар, Ростуше и Центар Жупа реши лебот од 500 грама од 1 ноември да чини 25 денари, односно пет денари поскапо. Поскапувањето на лебот пекарите го правдаат со зголемените трошоци за производство на овој основен прехранбен производ, ...
Лебот и белите печива во Дебар од 1 ноември ќе поскапат. Шесте пекарници кои работат во овој регион од 1 ноември, лебот од 500 грама кој сега чини 20 денари, ќе го продаваат за 25 денари, додека цената на белите печива се зголемува од 10 на 13 денари.