TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Убивал со чекан, секира и со нож

Вест - 19.04.2008

ФАТЕН СЕРИСКИ УБИЕЦ НА ПРОДАВАЧИ НА ДЕВИЗИ ВО ОХРИД Лазе Радески, 60-годишен стечаец од Охрид, е осомничен за убиството на Трајче Цоцески (60), уличен дилер со девизи, кој беше пронајден мртво пред неколку дена во близина на автокампот АС во Струга.

Фатен првиот сериски убиец во земјава?

Утрински - 19.04.2008

Охриѓанецот Лазо Радевски (61) ги убивал жртвите со чекан, ги колел со нож и ги закопувал на запуштени места Горан Адамовски Охриѓанецот Лазо Радевски (61) е убиец на уличниот дилер на девизи, Трајче Цоцески (60), кој во вторникот беше пронајден мртов во близина на автокампот „Ас“ и реката Сатеска ...

Дилерот на девизи жртва на сериски убиец

Дневник - 19.04.2008

Охриѓанецот Лазе Радески (61) го заклал сограѓанинот Трајче Цоцески(60)откако претходно го удрил трипати со чекан по главата, а потоа телото на убиениот го возел во автомобил два дена Охриѓанецот Лазе Радески (61) е осомничен дека со нож го заклал сограѓанинот Трајче Цоцески (60) откако претходно ...

Охриѓанец измасакрирал четворица продавачи на девизи

Вечер Прес - 19.04.2008

Охриѓанецот Лазе Радески (61), најверојатно е првиот сериски убиец во Македонија. Во рок од девет години од 1999 па досега, тој се сомничи од полицијата дека имал вкупно пет жртви, од кој најверојатно убил четворица, а еден се спасил бидејќи врз него извршил само разбојништво Охриѓанецот Лазе ...

Сериски убиец го извршил убиството на Цоцески

А1 - 18.04.2008

Свирепо, на подмолен начин делува на жртвата од зад грб. Ова е профилот за начинот на кој убивал 61-годишниот охриѓанец Лазе Радески. Сериски убиец, за тоа го сомничи полицијата. Пронаоѓањето на телото на Трајче Цоцески, охридскиот дилер на девизи, само ја отвори пандорината кутија.

Приведен еден осомничен

Вест - 18.04.2008

ДВА ДЕНА ПО НАОЃАЊЕТО НА ТЕЛОТО НА УБИЕНИОТ ПРОДАВАЧ НА ДЕВИЗИ ВО ОХРИД Охридската полиција вчера приведе едно лице, охриѓанец, осомничен за убиството на продавачот на девизи од Охрид Трајче Цоцески (60), кој беше пронајден мртов во близината на автокампот АС кај Струга.

Осомничените за убиството на распит

Време - 18.04.2008

ПО НАОЃАЊЕТО НА ДИЛЕРОТ НА ДЕВИЗИ Охридската полиција и вчера интензивно го истражуваше случајот за убиството на охридскиот уличен продавач на девизи, Трајче Цоцевски. Неколкумина осомничени за инволвираност во убиството вчера цел ден беа на распит во СВР Охрид, а неофицијално се зборува дека за ...

Сериски убиец ги ликвидира охридските дилери на девизи?

Утрински - 18.04.2008

Полицијата приведе неколку лица, осомничени за убиството на Цоцески Охридската полиција приведе неколку лица, осомничени дека го извршиле убиството на Трајче Цоцески (60), уличен дилер со девизи, кој во неделата беше усмртен со удари од секира.

Приведени осомничени за убиството на охриѓанецот

Дневник - 18.04.2008

Полицијата вчера привела тројца охриѓани, од кои за еден од нив постои сомневање дека го убил дилерот на девизи, Трајче Цоцевски (60), кој исчезна во саботата, а во вторникот беше пронајдено неговото тело. Од МВР, во интерес на истрагата, не даваат детали за случајот, но потврдуваат дека се ...

Фатен сериски убиец од Охрид

Канал5 - 18.04.2008

Убиството на 60 годишниот Трајче Цоцевски, дилер со девизи, го откри серискиот убиец кој од 99-тата од користољубие убил четворица свои поранешни колеги од охридска Застава, кои по стечајот, за да заработат продавале девизи на охридскиот црн пазар.

Фатен убиецот на препродавачот на девизи?!

Вечер Прес - 18.04.2008

Два дена по грозоморното убиство на охридскиот препродавач на девизи Трајче Цоцески (60), како што дознаваме од извори од истрагата, завчеравечер околу 23 часот било приведено едно лице на информативен разговор во полиција. Неофицијално станува збор за 61-годишниот Л.Р.

Дилерот бил убиен со удари по главата

Време - 17.04.2008

ВО АВТОКАМПОТ „АС“, КАЈ СТРУГА Нина Кепеска Трајче Цоцески, уличниот продавач на девизи од Охрид, кој исчезна во саботата, завчера попладне бил пронајден мртов на брегот на Охридско Езеро, во близина на автокампот „Ас“ во Струга.

Продавачот на девизи убиен со секира

Вест - 17.04.2008

ПРОНАЈДЕНО ТЕЛОТО НА ИСЧЕЗНАТИОТ ОХРИЃАНЕЦ КАЈ АВТОКАМПОТ АС КАЈ СТРУГА Продавачот на девизи Трајче Цоцески (60) од Охрид, кој мистериозно исчезна во саботата доцна попладне, завчера беше пронајден мртов во близина на автокампот АС кај Струга.

Охридскиот дилер на девизи бил убиен со секира

Утрински - 17.04.2008

ОХРИД - Мртвото тело на 60-годишниот охриѓанец Трајче Цоцески, кој исчезна во саботата попладне, завчера попладне беше пронајдено во близина на автокампот „Ас“ и реката Сатеска кај Струга. Цоцески десетина години работел како уличен дилер со девизи кај охридскиот пазар.

Полицијата го бара убиецот на дилерот на девизи

Дневник - 17.04.2008

Трајче Цоцески (60) бил убиен со повеќе удари со секира по главата, на вратот имал исеченица, а му биле искршени неколку вратни прешлени и карличната коска Полицијата интензивно работи на откривање на убиецот на Трајче Цоцески (60) од охридската населба Рача, кој бил пронајден мртов завчера на ...

МВР уапси осомничени за убиството на Цоцевски

Канал5 - 17.04.2008

Охридската полиција уапси група осомничени за убиството на уличниот дилер на девизи, 60-годишниот Трајче Цоцевски. Во уапсената група е и главноосомничениот, чиј идентитет полицијата се уште не го открива. Охридската полиција уапси група осомничени за убиството на уличниот дилер на девизи, ...

Исчезнатиот препепродавач на девизи е најден мртов

Вечер Прес - 17.04.2008

Трајче Цоцески (60), уличниот продавач на девизи кој исчезна во саботата, е најден мртов во автокампот АС, кај Струга Трајче Цоцески (60), уличниот продавач на девизи кој во саботата исчезна мистериозно, завчера во попладневните часови е пронајден мртов кај Струга, во близина на автокампот АС.

Охридскиот дилер на девизи пронајден мртов

А1 - 15.04.2008

Трајче Цоцески, уличниот продавач на девизи од Охрид, кој исчезна пред три дена, пред неколку часа бил пронајден мртов во околината на Охрид. Ова за А1 го изјавија неговите најблиски роднини, според кои Цоцески е пронајден убиен со прострелна рана од куршум испукан од пиштол во главата.

Исчезна уличен дилер на девизи

Време - 15.04.2008

ПО САБОТНОТО КАФЕ ВО КАФЕАНАТА „АЛЕГРО“ Нина Кепеска Охридскиот уличен дилер на девизи, Трајче Цоцески, исчезна во саботата попладне, а по него веќе три дена безуспешно трагаат и полицијата и неговите најблиски роднини. Шеесетгодишниот Трајче последен пат е виден во саботата, околу 17 часот, во ...

Исчезна продавач на девизи во Охрид

Вест - 15.04.2008

Трајче Цоцески (60) од Охрид, кој на градскиот пазар продавал девизи, на мистериозен начин исчезнал во саботата, кога му се губи секаква трага. Откако не се вратил дома, неговите најблиски исчезнувањето го пријавиле во охридската полиција, која веднаш почнала да трага по него.

Мистериозно исчезна уличен дилер на девизи во Охрид

Утрински - 15.04.2008

Трајче Цоцески исчезнал во саботата кога за последен пат бил виден во близина на Градскиот пазар Симон Илиевски ОХРИД – Уште еден дилер на девизи исчезна во Охрид. Трајче Цоцески од населбата Рача кај Охрид, кој десетина години работи како дилер со девизи во близината на Градскиот пазар, ...

Исчезна дилер на девизи од Охрид

Дневник - 15.04.2008

Охриѓанецот Т.Ц. (60), дилер на девизи, исчезнал во саботата попладнето и оттогаш му се губи секаква трага. Неговото семејство ја известило полицијата, која не открива детали во интерес на истрагата. Т.Ц. последен пат бил виден во 16 часот и од тогаш не се јавувал на мобилниот телефон.

Исчезнат препродавач на девизи

Вечер Прес - 15.04.2008

Охриѓанецот Трајче Цоцески (60), препродавач на девизи на црно, пред два дена излегол од дома да смени 2.500 евра на непознат човек, на познаниците им кажал кај оди но не и со кого, а оттогаш му се губи секоја трага Охридскиот препродавач на девизи 60-годишниот Трајче Цоцески од населбата Рача ...

Исчезна уличен продавач на девизи од Охрид

А1 - 14.04.2008

Уличниот продавач на девизи Трајче Цоцески од Охрид исчезнат е два дена и по него засега безуспешно трагаат полицијата и неговите роднини. 60-годишниот Трајче околу 17 часот во саботата бил на кафе во охридската кафеана „Алегро“, наспроти пазарот, кај уличната берза на девизи, кога на негов ...

Уште едно исчезнување на дилер со девизи во Охрид

Канал5 - 14.04.2008

Во Секторот за внатрешни работи - Охрид вчера беше пријавено исчезнувањето на Т.Ц. (1948), кој се занимавал со размена на девизи на градскиот пазар. Охрид, 14 април (МИА) - Во Секторот за внатрешни работи - Охрид вчера беше пријавено исчезнувањето на Т.Ц.