TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Црвенковски: Голем ризик за регионот е поделбата на Косово

А1 - 04.05.2008

Шефот на македонската држава Бранко Црвенковски предупреди дека ситуацијата во Косово, на постојан замрзнат конфликт помеѓу Белград и Приштина, носи голем ризик за дестабилизација на регионот. „Доколку дојде поделба на покраината Косово по етничка линија, а одредени елементи од таквата поделба веќе ...

Црвенковски: Голем ризик за регионот е поделба на Косово по етничка линија

Канал5 - 04.05.2008

Голем ризик е ако дојде до поделба на покраината Косово по етничка линија, а одредени елементи на таквата поделба веќе се наѕираат, посебно во делот на северно Косово. Доколку дојде до менување на границите по етничка линија, тоа може да ги разбуди радикалните структури што постојат насекаде во ...

Црвенковски: Поделбата на Косово етнички може да ги разбуди радикалните структури во регионот

Канал5 - 04.05.2008

Финален став за независноста на Косово од Македонија шефот на државата најавува по изборот на новиот парламент и влада. Поделбата на Косово по етничка линија може да ги разбуди радикалните структури во регионот вклучително и во Македонија вели претседателот Црвенковски.

Украдени 300 000 евра од возило на Економска банка на Косово

Макфакс - 04.05.2008

Приштина - Вкупно 300 000 евра украла вооружена група од возило на Економска банка, на патот Гњилање-Приштина, на Косово, соопшти Косовската полиција. Грабежот се случил ноќеска, кога групата вооружена со огнено оружје насилно го принудила возачот да застане.

„Зери“: Србите формираат полициска формација на Косово

Канал5 - 03.05.2008

На Косово, особено во северните делови, со финансиска поддршка на Белград се формира „нова полициска сила“ составена од припадници на Косовската полициска служба (КПС) кои и откажале послушност на командата во Приштина, пишува денеска косовскиот весник „Зери“.

УНМИК одзеде дел од материјалот на РИК

Време - 03.05.2008

СРПСКИ ИЗБОРИ НА КОСОВО Цариниците на УНМИК завчера јужно од Косовска Митровица заплениле дел од материјалот наменет за одржување на српските избори на Косово закажани за 11 мај, изјави координаторот на Републичката изборна комисија за спроведување избори во Косово, Вељко Одаловиќ.

„Зери“:Србија инвестира во српските енклави на Косово

Макфакс - 03.05.2008

Приштина Владата на Србија започна да инвестира во српските енклави на Косово, за да спречи интеграција на тие делови во косовското општество и институции, пишува приштинскиот весник „Зери“. Весникот потсетува дека Владата на Србија соопшти дека ќе инвестира 400 милиони евра на Косово преку ...

ОН: Енергетскиот систем во Косово е нестабилен

Макфакс - 03.05.2008

Њујорк Енергетскиот систем во Косово е нестабилен, и покрај потрошените милиони евра од страна на локалните власти, предупредија Обединетите нации(ОН). Во извештајот на Програмата на ОН за развој се вели дека енергетскиот систем во Косово создава сериозни тешкотии за развој на приватниот сектор.

Рикер:Резолуцијата 1244 останува

Макфакс - 03.05.2008

Приштина Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност останува на сила и мисијата на Обединетите нации ќе има улога и по 15. јуни, кога на сила стапува Уставот на Косово. Ова, во интервјуто за Радио Слободна Европа, го изјави шефот на УНМИК Јоаким Рикер.

Чешкиот претседател се огради од признавањето на Косово

Макфакс - 03.05.2008

Прага Чешкиот претседател Вацлав Клаус е изненаден од одлуката на чешката Влада да го признае Косово, изјави неговиот портпарол Петр Хајек. „Претседателот навистина беше изненаден од одлуката на Владата. Не беше ни претходно известен.

Чешка во нов обид да го признае Косово

Макфакс - 03.05.2008

Прага Чешката Влада се подготвува за нов обид за признавање на независноста на Косово, пишува денеска весникот Хосподарске новине. Косово, според зборовите на потпретседателот на Владата за европски прашања Александар Вондра, ќе се врати на дневен ред на некоја од следните седници.

ДУИ: ДПА е виновна што Сејдиу не е поканет

А1 - 02.05.2008

Демократската унија за интеграција ги обвини ДПА и нивниот лидер дека се виновни што косовска делегација нема на самитот во Охрид. „Војводата Мендух Тачи јавно изјави дека Македонија ќе го признае Косово тогаш кога за ова ќе одлучи ДПА“, рече Изет Меџити, претседател на изборен штаб на ДУИ.

Албанската полиција заплени оружје од Косово

Макфакс - 02.05.2008

Тирана Албанската полиција во Тирана заплени 74 пиштоли од марките Застава и Берета, како и 120 гранати, 6 антитенковски проектили и друга муниција. Станува збор за шверц на оружје од Косово за Албанија, се вели во првичните информации обелоденети од полицијата.

Напредува истрагата за трговија со човечки органи на Косово

Макфакс - 02.05.2008

Белград Истрагата за трговија со органи на киднапирани косовски Срби напредува и направено е многу за откривање на вистината што се случувало во текот на 1999 во Косово и северна Албанија. Ова денеска го соопшти портпаролот на српското Обвинителство за воени злосторства, коешто почна истрага по ...

Клаус задоволен што Чешка не го признава Косово

Макфакс - 02.05.2008

Прага Чешкиот претседател Вацлав Клаус изјави денеска дека му е драго што Чешка не го признава Косово, затоа што признавањето е „лоша работа“. Клаус ова го изјави на самитот на претседатели на централна Европа што денеска започна во Охрид.

Косовската влада го превзема управувањето

Макфакс - 02.05.2008

Приштина Косовската Влада ќе ги превземе компетенциите во управувањето со Косово по 15.јуни, кога ќе стапи на сила новиот устав, соопштено е денеска во Приштина. Меѓународниот претставник на Косово Питер Фејт најави дека косовските институции, по 15.јуни, ќе ги преземат сите обврски што се ...

Печат: Бастаљи на функцијата шеф на УНМИК

Макфакс - 02.05.2008

Приштина Италијанецот Франческо Бастаљи е можен кандидат за местото шеф на УНМИК по заминувањето на Јоаким Рикер, пишува денеска приштинскиот весник “Експрес“. Според истиот извор, генералниот секретар на ООН Бан Кин Мун бара соодветен кандидат за шеф на мисијата на ООН на Косово, и оти засега ...

Позицијата на УНМИК да се појасни

Макфакс - 02.05.2008

Приштина Појаснување на позицијата на УНМИК на Косово побара синоќа косовскиот претседател Фатмир Сејдиу, од генералниот секретар на ООН Бан Ки Мун, Сејдиу, како што пренесе Радио Дојче Веле, укажал на неопходноста од соработка меѓу ООН и ЕУ, за да се заврши транзиционата фаза до средината на јуни.

Истражители на ОН разговараат со лидерите на косовските Срби

Макфакс - 02.05.2008

Митровица Тимот истражители на Обединетите нации (ОН), кои во Косово ги испитуваат околностите кои на 17. март доведоа до насилство во Косовска Митровица, денеска ги започнаа разговорите со лидерите на косовските Срби. Четири члената екипа најпрвин имаше средба со претседателот на Заедницата на ...

Српската РИК бара од УНМИК да и се вратат изборните материјали

Макфакс - 02.05.2008

Белград Републичката изборна комисија (РИК) на Србија ќе побара од УНМИК да и се вратат изборните материјали кои што беа одземени од страна на Косовската царинска служба, официјално е соопштено. РИК на денешната седница оцени дека е потребно да и се вратат изборните материјали, за да не се загрози ...

УНМИК го врати запленетиот изборен материјал

Макфакс - 02.05.2008

Приштина УНМИК го врати запленетиот изборен материјал што вчера беше запленет на царината на УНМИК на северот на Косово, соопшти денеска портпаролот на УНМИК Расел Гики. Гики појасни дека задржувањето на материјалите била редовна работа на КПС полицијата и УНМИК царината за контрола на увозот на ...

Четири паралелни власти во Косово

Макфакс - 01.05.2008

Приштина Генералниот секретар на ООН Бан Ки Мун наскоро ќе упати позитивен сигнал за реконфигурација на УНМИК, објави денеска весникот “Коха Диторе“, повикувајќи се на дипломатски извори во ЕУ. Истите извори тврдат дека ООН не се претерано загрижени поради Еулекс и оти фактот дека уставот на ...

Граѓаните на Косово од јули со нови пасоши

Макфакс - 01.05.2008

Приштина Косовските пасоши и другите лични документи, со кои по девет години ќе се заменат оние кои ги издаваше УНМИК, ќе почнат да се издаваат од јули, оваа година. Косовскиот министер за внатрешни работи, Зенун Пајазити, денеска во интервју за БиБиСи, изјави дека во тек се подготовките и ...

ЕУ: НАТО на Косово ќе остане уште пет години

Макфакс - 01.05.2008

Париз Европската унија (ЕУ) очекува дека силите на НАТО на Косово ќе останат уште пет години, заедно со полициските сили на ЕУ, кои што треба да бидат распоредени до крајот на оваа година. Ова вчера го соопшти словенечкото претседателство со Унијата.

Гласаат и косовски Срби, КФОР ги засили патролите

Макфакс - 01.05.2008

Приштина Сите избирачки места на Косово на кои се гласа за српските парламентарни и локални избори, се отворени навреме и засега нема неправилности. Ова претпладнево во Косовска Митровица го соопшти координаторот на српската Републичка изборна комисија (РИК) за Косово Милинко Бајчета.

Чешка го призна Косово

Макфакс - 01.05.2008

Прага Владата на Чешка денеска ја призна независноста на Косово, соопшти чешкиот премиер Мирослав Тополанек. „Чешка ќе воспостави дипломатски односи со Косово“, најави Тополанек. Чешките нереформирани комунисти не успеаа да го остварат својот предлог на денешната седница за закон со кој што на ...

Воена вежба на НАТО во северно Косово

Макфакс - 01.05.2008

Приштина Дел од силите на КФОР, кои бројот вкупно околу 16,000, одржуваат воена вежба во северно Косово, со цел да ја покажат способноста и подготвеноста за брза интервенира во случај на потреба. Речиси 2,500 припадници на силите на НАТО на Косово од средата се распоредени во еден шумски терен, кај ...

Фејт: Србија нема право на вето

Макфакс - 01.05.2008

Белград Белград нема право на вето на она што се случува на Косово, изјави синоќа високиот претставник на ЕУ на Косово Питер Фејт. Тој посочи дека по 15.јуни, единствено меѓународно присуство согласно косовскиот Устав е она на Меѓународната цивилна канцеларија, “што подразбира дека косовската Влада ...

Албанија и Косово ги обединуваат енергетските ресурси

Канал5 - 30.04.2008

Албанија која и самата се соочува со енергетска криза, енергетски ќе го помага Косово. Тирана, 30 април (МИА) - Албанија која и самата се соочува со енергетска криза, енергетски ќе го помага Косово. Генералните директори на националните електростопанства на Албанија и на Косово, Ѓерѓи Бојаџи и ...

Парламентот на Косово усвои декларација против организирање на српски локални избори во Косово

Канал5 - 30.04.2008

Парламентот на Косово усвои декларација против одржувањето на српските општински избори во Косово. Приштина, 30 април (МИА) - Парламентот на Косово усвои декларација против одржувањето на српските општински избори во Косово. Претседателот Фатмир Сејдиу, премиерот Хашим Тачи и претставници на ...

КФОР тврди дека нема паравојски во Дебалде

Време - 30.04.2008

ЗА КОСОВСКИ МЕДИУМИ Во источно Косово и на границата со Македонија нема вооружени групи, изјави американскиот генерал Џон Даворен за приштинскиот весник „Коха диторе“. Командантот на мултинационалните сили на КФОР на истокот на Косово, Џон Даворен, изјави дека во зоната на негова одговорност нема ...

Тачи: Никој не треба да ја игнорира Косовската независност

А1 - 29.04.2008

Никој не треба да ја игнорира Косовската независност, им порача на македонските власти премиерот на Косово Хашим Тачи, откако Претседателот на најновата држава не беше поканет на самитот на 15 претседатели на земјите од централна и југоисточна Европа, што ќе се одржи неделава во Охрид.

За демаркацијата со Косово

Дневник - 29.04.2008

Со демаркацијата на границата со Косово, особено по противењето на Русија и Србија во Советот за безбедност, Македонија, се стави во жежок костен, кој во моментов не и' беше потребен. Околу косовското прашање Македонија е навистина во комплексна ситуација бидејќи од една страна сака да го задоволи ...

Во источно Косово нема вооружени групи, тврди американскиот генерал Џон Даворен

Канал5 - 29.04.2008

Командантот на мултинационалните сили на КФОР на истокот на Косово, американскиот генерал Џон Даворен, изјави дека во зоната на негова одговорност нема вооружени групи, пренесува приштинскиот весник „ Коха Диторе“. Приштина, 29 април (МИА) - Командантот на мултинационалните сили на КФОР на истокот ...

Запленети оружје и муниција

Време - 29.04.2008

НА МАКЕДОНСКО-КОСОВСКАТА ГРАНИЦА Косовската полиција уапсила четворица Косовци што се обидувале да пренесат оружје и муниција во Македонија. Како што јави МИА, запленетото оружје им било предадено на војниците на НАТО, одговорни за обезбедувањето на границата.

КФОР не открил вооружени групи долж македонско-косовската гранична линија

Канал5 - 29.04.2008

Нема вооружени групи во пограничната зона на македонско- косовската граница, објавија од КФОР по две седмици проверка на информациите дека групи под оружје се закануваат дека ќе се спротивстават на демаркацијата на границата.

Запленето оружје на Косово, наменето за Македонија

Вест - 29.04.2008

Полицијата на Косово уапсила четворица косовски Албанци кои се обидувале да пренесат оружје и муниција од Косово за Македонија, пренесе вчера агенцијата МИА. Запленетото оружје им е предадено на војниците на НАТО, одговорни за обезбедување на македонско - косовската граница.

Запленето оружје на Косово наменето за Македонија

Утрински - 29.04.2008

Приштина - Полицијата во Косово уапсила четворица косовски Албанци кои се обидувале да пренесат оружје и муниција од Косово за Македонија. Запленетото оружје им е предадено на војниците на НАТО, одговорни за обезбедување на границата.

Уапсени четири косовски Албанци

Вечер Прес - 29.04.2008

Косовската полицијата уапсила четири косовски Албанци кои се обидувале да пренесат оружје и муниција од покраината во Македонија, кои најверојатно биле наменети за екстремистите во земјава. При проверка на возилото на приведените биле откриени оружје и муниција со голем калибар, вклучувајќи ...

Косовската полиција спречи шверц на оружје кон Македонија

А1 - 28.04.2008

Косовската полиција синоќа спречила шверц на оружје и муниција од голем калибар при обид да се внесе во Македонија. Оттаму тврдат дека запленетиот товар со гранати, минофрлачки проектили и противвоздушно автоматско оружје, кое со возило го пренесувале четворица Косовари, било наменето за ...

Косовската полиција во три возила кај Гнилане открила голема количина оружје и муниција

Канал5 - 28.04.2008

Косовската полиција заплени огромна количина оружје, наменето најверојатно за Македонија. Во полициската акција во пошироката гранична зона на Гнилине се уапсени четворица косовски Албанци кои го превезувале оружјето во три возила.