TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Солзи и воздишки по Тоше

Утрински - 23.02.2008

Најтажна Златна бубамара на популарноста досега Маестро Зоран Џорлев и бендот на Тоше. „Блу фанки индивидуалс“ заедно ја изведоа композицијата „Цреша“ Катерина Шекеровска Солзи, воздишки, липање имаше на завчерашното доделување на „Златна бубамара на популарноста“ што се одржа во Универзална сала ...

Достоинствено одбележување на делото на Тоше

Дневник - 23.02.2008

Имавме светец претворен во човек. Го имавме Тоше. Тој почина, но не умре, а ние сите умревме со него, без да починеме, рече Игор Џамбазов во говорот посветен на трагично починатата ѕвезда Ако по изминатите изданија на „Златна бубамара на популарноста“, публиката расположена ја напушташе Универзална ...

Просечно издание со предвидливи награди

Вечер Прес - 23.02.2008

Единственото чувство кое доминира по прексиноќешната 11. Златна Бубамара на популарноста е - тагата. Затоа што крајот мина во знакот на Тоше Проески, човекот без кој, како што рече Игор Џамбазов во завршницата на манифестацијата, повеќе ништо нема да биде исто.

Хуманитарна акција за доизградба на манастирот на Тоше

А1 - 22.02.2008

Блесна како ѕвезда, на сите подаваше рака, не научи како да се љуби, како се помага, како се сака, а ние му возвраќаме вака. Разиграни, распеани, среќни што и тие можат да дадат скромен придонес за нивниот се уште незаборавен и мил Тоше.

„Цреша“ прва на хрватскиот Топ-20

Дневник - 22.02.2008

Песната „Цреша“ на нашата трагично загината ѕвезда Тоше Проески, која ја напиша хрватскиот автор Мирослав Рус, е на првото место на хрватската национална поп-рок листа „Топ-20 “, која важи за една од најрелевантните музички рангирања во оваа земја.

Наесен нова песна на хрватски јазик од Тоше

Утрински - 22.02.2008

Покрај долгоочекуваниот англиски албум на трагично загинатата македонска и балканска пејачка ѕвезда Тоше Проески, наесен на музичките пазари ќе се појави уште една нова песна која Тоше ја отпеа непосредно пред смртта и тоа на хрватски јазик, ни откри Мирослав Рус, автор на „Игри без граници“ и дел ...

Необјавена песна на Тоше пуштена на радио

Вест - 21.02.2008

БЕЗ ДОЗВОЛА НА АВТОРОТ Демо-снимката на песната "Без тебе", една од необјавените песни на трагично починатата поп-sвезда Тоше Проески, деновиве е Демо-снимката на песната "Без тебе", една од необјавените песни на трагично починатата поп-sвезда Тоше Проески, деновиве е пуштена во македонскиот ...

Фондацијата „Тоше Проески“ ќе ги претстави плановите

Време - 21.02.2008

В ПОНЕДЕЛНИК, ВО КРУШЕВО В понеделник, новинарите од повеќе градови ќе отпатуваат во Крушево, каде напладне, во хотелот „Панорама“, јавно ќе бидат претставени програмата, целите и задачите по кои ќе работи Меѓународната фондација „Тоше Проески“.

"Златна Бубамара" ќе ги празни улиците на Скопје

Вест - 21.02.2008

ВЕЧЕРВА ВО УНИВЕРЗАЛНА САЛА Вечерва, во 20 часот во Универзалната сала, по 11 пат се одржува манифестацијата "Златна Бубамара на популарноста". И оваа година, најпопуларните од јавниот живот ќе ги добијат златните статуетките како награда.

Болни личности се обидуваат да заработат на Тоше!

Време - 20.02.2008

ТОНИ ЦЕТИНСКИ ТВРДИ Хрватскиот пејач Тони Цетински деновиве во босанските медиуми даде изјава во која открива зошто не настапува на настани посветени на неговиот драг пријател и соработник Тоше Проески. - Брзо по неговата смрт реков дека е ужасно ова што го прават од неговиот лик и дело и не можев ...

„Златна бубамара“ за „Сомнително лице“

Утрински - 19.02.2008

Иако сценариото, гостите и деталите околу претстојното 11. издание на „Златна бубамара на популарноста“ се чуваат во најстрога тајност, дознаваме дека црвено- црна статуета за најдобра театарска претстава ќе и' биде доделена на актерската екипа на претставата „Сомнително лице“, предводена од Игор ...

Тинејџерите ја посетија изложбата за Тоше

Време - 19.02.2008

ВО НОВО СЕЛО Стотина тинејџери присуствуваа на изложбата со фотографии од Тоше Проески, која деновиве беше отворена во Домот на култура „Јане Сандански“ во Ново Село. Дваесет и седумте портрети на поп-иконата со љубопитност беа проследени од средношколците- посетители.

Распродадени влезниците за „Златна бубамара“

Дневник - 19.02.2008

Влезниците за манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“, која ќе се одржи на 21 февруари во „Универзална сала“, се распродадени за само три часа од пуштањето во продажба, тврди организаторот Ранко Петровиќ. - Кај публиката постои голем интерес да присуствува на овој спектакл, а доказ е ...

Наградата за животно дело за Тоше Проески

Вечер Прес - 19.02.2008

Наградата за животно дело на годинешното издание на најпопуларната домашна манифестација Златна Бубамара на популарноста постхумно ќе ја добие Тоше Проески. Токму на оваа манифестација во далечната 1999 година Тоше ја освои својата прва награда за најперспективен пејач.

Награда за животно дело на Тоше на "Златна бубамара"

Вест - 18.02.2008

На манифестацијата "Златна бубамара на популарноста", во четврток, наградата за животно дело ќе ја добие трагично загината мега sвезда Тоше Проески. Тој својата прва награда за најперспективен пејач ја доби токму на "Бубамара", во 1999 година.

Лилја ја откажа вечерта посветена на Тоше

Време - 18.02.2008

НА „БЕОВИЗИЈА 2008“ Менаџерката Лилјана Петровиќ не дозволи утревечер на „Беовизија 2008“, српскиот Избор на песна за Евровизија, да има вечер посветена на Тоше, во која беше замислено познати српски и балкански пејачи да испеат негови песни, затоа што таа нагласува дека никој тоа не може да го ...

„Златна бубамара“ за животно дело за Тоше Проески

Дневник - 18.02.2008

Манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“, на трагично загинатата мегаѕвезда Тоше Проески ќе му ја додели, постхумно , наградата за животно дело, на церемонијата што ќе се одржи на 21 февруари во Универзалната сала во Скопје.Проески својата прва „Златна бубамара“ ја доби во категоријата ...