TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Најмалку 58 загинати во два бомбашки напада во Багдад

А1 - 11.03.2007

Уште еден крвав ден во Ирак. Најмалку 58 луѓе се убиени, а 40 се ранети во два одвоени напада во престолнината Багдад. Автомобил бомба експлодирал во централен Багдад, во моментот кога покрај него поминувала група шиитски верници кои се враќале од прославата на верскиот празник во светот град ...

Најмалку 29 лица загинаа во два напади во Багдад

Канал5 - 11.03.2007

Најмалку 29 лица загинаа денеска во два бомбашки напади во Багдад, соопштија локалните служби за безбедност. Багдад, 11 март (МИА) - Најмалку 29 лица загинаа денеска во два бомбашки напади во Багдад, соопштија локалните служби за безбедност.

Осум лица загинаа во напади во Ирак

Канал5 - 11.03.2007

Три лица загинаа во напад на бомбаш-самоубиец пред штабот на Исламската партија во Мосул, на 360 километри северозападно од Багдад. Полицијата понашла уште едно тело, за кое што се претпоставува дека е на напаѓачот. Багдад, 11 март (МИА) - Три лица загинаа во напад на бомбаш-самоубиец пред штабот ...

Заврши меѓународната конференција за безбедност во Багдад

А1 - 10.03.2007

Меѓународната конференција посветена на прашањата за безбедноста во Ирак заврши денеска со позитивни резултати, изјави ирачкиот министер за одбрана Хошијар Зебари. „Средбата беше конструктивна и премина во добра атмосфера. Донесена е одлука да бидат формирани работни групи по проблемите за ...

Повеќе од 18 лица загинаа во експлозија во Садр Сити

А1 - 10.03.2007

Повеќе од 18 лица загинаа денеска, а 48 се повредени во експлозија во багдадското шиитско предградие Садр Сити. Експлозијата се случи на три километри од центарот на Багдад, каде што се воведени засилени мерки на безбедност поради одржувањето на меѓународната конференција посветена на безбедноста ...

Експлозии во близина на местото каде се одржува меѓународната конференција за безбедноста во Ирак

Канал5 - 10.03.2007

Две експлозии одекнаа денеска во близина на зградата на ирачкото Министерство за надворешни работи во Багдад, каде што почна меѓународната конференција посветена на безбедноста во Ирак. Багдад, 10 март (МИА) - Две експлозии одекнаа денеска во близина на зградата на ирачкото Министерство за ...

Уапсен водач на бунтовничка група поврзана со Ал Каеда

Канал5 - 10.03.2007

Абу Омар ал Багдади, водач на организацијата „Исламска држава Ирак“ поврзана со Ал Каеда е уапсен синоќа во акција во западниот дел на Багдад, изјави генерал Касим ал Мусави, портпарол за операции во ирачката престолнина. Багдад, 10 март (МИА) - Абу Омар ал Багдади, водач на организацијата Исламска ...

САД на преговори со исламистите

Време - 10.03.2007

НОВА ТАКТИКА ВО ИРАК Американскиот генерал Давид Петреуш, задолжен за офанзивата за смирување на Багдад, изјави дека во Ирак нема воено решение и дека САД ќе мора да почнат политички разговори во кои би биле вклучени и вооружените групи во земјата. - Тоа е клучно.

САД подготвени за разговори со Иран и Сирија

Канал5 - 09.03.2007

Соединетите Американски Држави се отворени за билатерални разговори со претставници на Иран и на Сирија за проблемите во стабилизацијата на Ирак, во рамките на гласно најавуваната меѓународна конференција што викендов ќе се одржи во Багдад, изјави координаторот за Ирак во Стејт департментот Дејвид ...

На Американците не им требаат поголем број војници во Ирак

Утрински - 09.03.2007

Генералот кој ја презеде командата минатиот месец, рече дека има доволно војници БАГДАД - Американски воен командант во Ирак изјави вчера дека моментно не гледа итна потреба да побара поголем број американски војници од оној што веќе е најавен.

САД: Воена сила нема да го запре насилството во Ирак

Вест - 09.03.2007

БАГДАД, 9 март (Ројтерс) - Новиот американски командант во Ирак вчера соопшти дека воената сила нема да го запре насилството ако не се одржат преговори со милитантните групи и предупреди дека ќе има уште големи напади во текот на тековната безбедносна акција во Багдад.

Почнува багдадскиот самит

Време - 09.03.2007

ОБИД ЗА СМИРУВАЊЕ НА ВОЈНАТА ВО ИРАК Во Багдад денес почнува конференција на која ќе учествуваат и ирачките соседи, како Иран и Сирија, кои САД ги обвинуваат за потпалување на војната. Се очекува на конференцијата да бидат воспоставени контакти меѓу САД и Иран, за смирување на односите.

Во кафуле во Багдад убиени 26 лица

Утрински - 09.03.2007

КЕРБАЛА - Повеќе од еден милион шиитски муслимански аџии во средата се упатија во ирачкиот свет град Кербала, пркосејќи им на секташките напади во кои загинаа околу 200 лица во дводневното крвопролевање. Напаѓач-самоубиец уби најмалку 26 лица во кафуле северно од Багдад во верски измешаната ...

Американскиот Сенат побара враќање на војската од Ирак во 2008

Макфакс - 09.03.2007

Вашингтон Американскиот Сенат, со мнозинство на Демократите, се заложи за враќање на американските војници од Ирак до 31 март 2008 година. Гласањето во Сенатот беше извршено и покрај заканите од американскиот претседател Џорџ Буш дека ќе стави вето на таквата сенатска одлука.

Најмалку 15 загинати во повеќе напади во Киркук

Макфакс - 09.03.2007

Багдад Најмалку 15 лица загинаа, а 37 се ранети во експлозија на два автомобили бомба и минофрлачки напад што се случи денеска во ирачкиот град Киркук, соопшти локалната полиција. Нападите се случиле во временски интервал од 25 минути.

Иницијатива за американско повлекување од Ирак во 2008 година

Макфакс - 09.03.2007

Вашингтон Демократите во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес ќе побараат повлекување на американските војници од Ирак до есента 2008 година. Иницијатор на оваа законска иницијатива е Ненси Пелоси, која ја предводи мнозинската демократска фракција во Конгресот.

Минута војување во Ирак чини 380.000 долари

Макфакс - 09.03.2007

Вашингтон Една минута од војната во Ирак чини 380.000 американски долари, двојно повеќе отколку што чинеше војната во Виетнам, пресмета американскиот нобеловец Jозеф Стиглиц. Според истражувањето на Светската програма за храна, хуманитарна организација при Обединетите нации за храна, потребни се 19 ...

Дополнителни 2.200 американски војници во Багдад

А1 - 08.03.2007

Дополнителни 2.200 припадници на американската воена полиција ќе бидат испратени во мисија за стабилизирање на безбедносната состојба во ирачката престолнина Багдад. Ова синоќа го соопшти државниот секретар за одбрана Роберт Гејтс во говор во Конгресот.

Американскиот командант во Ирак не верува во „воена солуција“

Макфакс - 08.03.2007

Багдад Американскиот командант во Ирак изрази денеска неверување дека конфликтите во таа земја може да се спречат со воена сила. „Нема воено решение за проблемите како овие во Ирак“, изјави генералот Дејвид Патреуш во своето прво појавување во јавноста, откако пред еден месец ја презеде командата ...

Најмалку 50 лица убиени во североисточен Ирак

Макфакс - 08.03.2007

Багдад Најмалку 50 лица се убиени ноќеска во напад на вооружени групи во Тал Афар, на североистокот на Ирак, соопштено е во Багдад. Полициски, воени и медицински извори наведуваат дека нападот се случил во кварт каде живеат шиити, сунити и Туркмени во градот близу до границата со Сирија.

Дополнителни 2,200 американски војници во Багдад

Макфакс - 08.03.2007

Вашингтон Дополнителни 2,200 припадници на американската воена полиција ќе бидат испратени во мисија за стабилизирање на безбедносната состојба во ирачката престолнина Багдад. Ова синоќа го соопшти државниот секретар за одбрана Роберт Гејтс во говор во Конгресот.

Демонстрации во САД за запирање на војната во Ирак

Макфакс - 08.03.2007

Вашингтон Неколку илјади антивоени демонстранти синоќа во Вашингтон, учествуваа во марш повикувајќи на прекин на војната во Ирак. Маршот на Пентагон беше организиран по повод 4.годишнина од војната во Ирак и 40. годишнината од демонстративниот поход од 1967 година против војната во Виетнам.

Петреус - Нема воено решение на кризата во Ирак

Макфакс - 08.03.2007

Багдад Американските и ирачките безбедносни сили не можат да го решат проблемот со насилството во Ирак без политичка акција и помирување со некои милитантни групи, рече денеска командантот на силите на САД во Ирак, генерал Дејвид Петреус.

Американскиот Сенат усвои закон за повлекување од Ирак

Макфакс - 08.03.2007

Вашингтон Американскиот Сенат усвои закон кој содржи необрвзувачки одредби за повлекување на воените сили од Ирак во рок од една година. Сенатот вчера со 50 гласови за и 48 против го прифати законот за дополнително финансирање во на американските воени сили во Ирак годинава со 122 милијарди долари, ...

Девет американски војници загинаа северно од Багдад

Утрински - 07.03.2007

Багдад - Шест американски војници загинаа во понеделникот во еден од најкрвавите напади последниве месеци врз американските сили во Ирак, а уште тројца загинаа во друг инцидент, соопштија вчера американски воени извори. Шест лица беа убиени, а тројца повредени, од експлозија на пат во близина на ...

Најмалку 30 загинати во два одделни напади во Ирак

Макфакс - 07.03.2007

Багдад Најмалку 30 лица загинаа, а други 50 се повредени во експлозии на две бомби што доцна попладнево се случија во ирачкиот град Тал Афар, во северниот дел на земјата, соопштија болнички извори. „Камион со прехранбени производи преминал преку контролниот пункт без да биде проверен од силите за ...

Мнозинството Американци за повлекување од Ирак

Макфакс - 07.03.2007

Вашингтон Мнозинството Американци се за повлекување на американските војници од Ирак, покажуваат резултатите на најновата анкета на центарот за истражување „Pew Research Center“. Според анкетата, 59 отсто од анкетираните го поддржуваат Нацрт законот усвоен во Претставничкиот дом на Конгресот, кој ...

Нови 17 жртви во насилствата во Ирак

Макфакс - 07.03.2007

Багдад Најмалку 17 лица беа убиени денеска во серија напади во Ирак, соопштија локалните власти. Најголем дел од убиените се полицајци, но меѓу жртвите има и жени и деца. Инцидентите биле предизвикани од експлозии на бомби во Багдад и неговата околина.

Шест американски војници загинаа при експлозија во Ирак

А1 - 06.03.2007

Шест американски војници загинаа утрово при експлозија во ирачката провинција Салахудин, северно од Багдад. Експлозивната направа поставена покрај патот била активирана во момент кога во непосредна близина минувал американски транспортен конвој.

Автомобил бомба уби 26 лица во Багдад

Вест - 06.03.2007

БАГДАД, 6 март (Ројтерс) - Во експлозија на автомобил-бомба во прометна комерцијална област во Багдад вчера загинаа најмалку 26 луѓе, а повеќе од 54 беа повредени. БАГДАД, 6 март (Ројтерс) - Во експлозија на автомобил-бомба во прометна комерцијална област во Багдад вчера загинаа најмалку 26 луѓе, а ...

Шест американски војници загинаа во експлозија на бомба северно од Багдад

Канал5 - 06.03.2007

Шест американски војници загинаа утрово при експлозија во ирачката провинција Салахудин, северно од Багдад. Багдад, 6 март (МИА) - Шест американски војници загинаа утрово при експлозија во ирачката провинција Салахудин, северно од Багдад.

Де Вилпен - Потребно е враќање на суверенитетот на Багдад

Макфакс - 06.03.2007

Њујорк Решението за излегување од сегашната состојба на Ирак се наоѓа во враќање на целосниот суверениет на властите во Багдад, оцени францускиот премиер Доминик де Вилпен во телевизиско интервју во Њујорк, САД. Тој потврди дека во текот на 2008 година странските трупи во Ирак би требало целосно да ...

Најцрна проценка на Пентагон за војната во Ирак

Макфакс - 06.03.2007

Вашингтон Пентагон објави досега најцрна проценка за војната во Ирак, известувајќи за рекордно ниво на насилство во кое дневно гинат над 140 луѓе Околу 9.000 лица месечно бегаат од државата, неделно има повеќе од 1.000 напади, а во нив дневно 140 жртви.

Деветмина Американци жртви на експлозија во Ирак

Макфакс - 06.03.2007

Вашингтон Девет американски војници загинаа при експлозија на бомба, која експлодирала додека автомобилот на војниците се движел северно од Багдад, пренесуваат агенциите. Информацијата ја потврди и портпаролот на американската армија во Ирак, кој информираше дека при нападот биле ранети уште тројца ...

Романија најави повлекување на војниците од Ирак

Макфакс - 06.03.2007

Букурешт Романскиот премиер Калин Таричеану најави дека ќе ги преземе сите потребни мерки за да можат романските војници до крајот на годината да го напуштат Ирак. „Време е да ги вратиме војниците дома. Ќе направам се што е во моја надлежност и е во согласност со уставот, за да ги вратам војниците ...

Најмалку 90 загинати во нова експлозија во Ирак

Макфакс - 06.03.2007

Багдад Најмалку 90 шиити загинаа, а околу 160 се ранети, во денешниот двоен самоубиствен напад во ирачкиот град Хила, јавуваат агенциите. Нападот го извршиле двајца мажи кои се саморазнеле меѓу поголема група на лица, кој тргнал да одбележи локален религиозен празник во градот Кербала.

Најмалку четири американски војници загинаа во Ирак

Макфакс - 06.03.2007

Багдад Најмалку четири американски војници загинаа, а двајца се повредени од експлозија на подметната бомба во источниот дел на Багдад, соопшти американската команда во Ирак. Експлозијата се случила во близина на возилото со кое војниците се враќале од патрола.

Петмина Американци убиени во Ирак

Макфакс - 06.03.2007

Багдад Пет американски војници убиени се ноќеска при два напада во Ирак, соопштија локалните власти. Четворица од војниците загинале при експлозија на бомба во провинцијата Дијала, а петтиот војник бил убиен во северозападниот дел на Багдад. Во Ирак до сега загинаа 3.234 американски војници.

Најмалку 18 загинати во самоубиствен напад во Багдад

А1 - 05.03.2007

Најмалку 18 лица загинаа, а 42 се повредени денеска во центарот на Багдад, во експлозија на автомобил-бомба во трговскиот дел на градот, соопштија силите за безбедност. Експлозијата, како што наведуваат агенциските извештаи, се случила во близина на пазарот за книги, во комерцијалниот кварт каде ...

Нов самоубиствен напад во Багдад

Канал5 - 05.03.2007

Бомбаш-самоубиец активира експлозив што го носел во својот автомобил, во близина на пазар за книги во Багдад, при што загинаа најмалку 16 лица, а над 30 се повредени, пренесува МИА. Багдад, 5 март (МИА) - Бомбаш-самоубиец активира експлозив што го носел во својот автомобил, во близина на пазар за ...

Некогаш е ризик само да се оди на работа

Време - 05.03.2007

РЕПОРТАЖА НА АФП ЗА ОБНОВАТА НА ИРАК Дејвид е висок и крупен, зборува самоуверено и учествува во обновата на Ирак во изминатите три години. Но, вели дека веќе му здодеало од се. Како и многумина други од илјадниците градежни претприемачи што долетаа во Ирак за да грабнат парче од реконструкцијата, ...

Четворица убиени при експлозија на автомобил-бомба

Макфакс - 05.03.2007

Багдад Најмалку четири лица загинаа, а 24 се ранети при експлозија на автомобил-бомба во ирачкиот град Искадрија, соопштија локалните власти. Автомобилот бомба експлодирал во момент кога покрај него поминувал автобус со работници од локална компанија.

Најмалку 19 загинати во нападите во Ирак

Макфакс - 05.03.2007

Багдад Најмалку 19 лица се убиени, а повеќе десетици се ранети во денешните насилства во Ирак, соопшти полицијата. Бомбаш самоубиец се разнел со својот автомобил во близина на еден контролен пункт во квартот Карада, населен со шиити, при што осум лица загинале, од кои петмина полицајци.

Романија ќе повлече 100 војници од Ирак

Макфакс - 05.03.2007

Букурешт Романија ќе го намали контингентот во Ирак годинава, за околу 100 припадници, соопшти синоќа претседателот Трајан Басеску „Најверојатно ќе го намалиме присуството во Ирак за 100 лица, во координација со британските сојузници”, рече Басеску пред водечките политички и воени раководители.

Напад со автомобил бомба во центарот на Багдад

Макфакс - 05.03.2007

Багдад Автомобил-бомба експлодираше денеска во центарот на Багдад, во близина на контролен пункт на ирачката армија и полиција, соопшти полицијата. Експлозијата се случила во квартот Карада, населен со шиити, а засега е неизвесен бројот на жртвите.