TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

CIA прави тајни мисии за убивање на терористи

А1 - 28.10.2001

Aмериканските авиони кои и ноќеска го бомбардираа Kабул продолжуваат да го надлетуваат главниот град на Aвганистан, кој го напуштаат голем број семејства. Во ноќешните напади врз северниот дел од Кабул загинаа 15 цивили, меѓу кои има и повеќе деца, јави катарската телевизија „Ал Џазера“.

Патот на белиот прав под контрола на Албанците

Дневник - 27.10.2001

Војната и дрогата Кога полицијата во Осло го заплени најголемото количество хероин воопшто, откри дека синџирот за растурање на дрога е под контрола на поранешни борци на ОВК. Полицајците од Европа јавуваат дека цели сектори од криминалната сфера преоѓаат во рацете на мафијашките семејства на ...

Талибанците го заробија лидерот на авганистанските ројалисти

Дневник - 27.10.2001

ПРОПАдна идеЈата ЗА ГОЛЕМА КОАЛИЦИЈА Талибански воини вчера го фатиле и најверојатно убиле лидерот на авганистанската емиграција и поранешен муџахедински командант Абдул Хак, кој бил во тајна мировна мисија во Авганистан, јави Ројтерс.

Нахранетите Авганистанци нема да го мразат Запад

Дневник - 27.10.2001

Џејмс Рубин - Војна Единственото вистинско решение за тие што ја критикуваа оваа операција е успехот. Тоа беше вистина за интервенцијата на НАТО на Косово и вистина е и овојпат. Кога Авганистан ќе биде ослободен од Ал-Каида и од талибанците, кога ќе има функционална влада, кога луѓето подобро ќе се ...

САД користат забранети касетни бомби

А1 - 26.10.2001

Американските сили во текот на ноќта ја напаѓаа линијата на фронтот меѓу талибанците и Северната Алијанса во северен Авганистан, а мета на нападите беа и цели во околината на главниот град Кабул и централната провинција Бамиан. Според талибански извори, во синоќешните напади загинале седум цивили.

Северната алијанса ќе ги земе од талибанците и власта и навиките

Дневник - 26.10.2001

АВГАНИСТАНСКАТА ЕМИГРАЦИЈА ПРЕДУПРЕДУВА Авганистански племенски лидери, муџахедински команданти и соработници на протераниот шах Захир завчера во Пакистан одржаа големо собрание на кое се заложија САД да ги прекинат воздушните напади и да не и се дозволи на опозициската Северна Алијанса да ја ...

Експлозиите се пожестоки, Авганистанците масовно бегаат

А1 - 25.10.2001

Американските борбени авиони минатата ноќ ја спровеле досега најжестоката акција гранатирајќи цели на фронтовската линија меѓу талибанците и опозиционата алијанса во Кабул и Кандахар. Една бомба погодила автобуска станица во Кандахар при што има голем број повредени и жртви, тврдат талибанците.

Бомба од половина тон по грешка го погодила Домот за старци во Херат

Дневник - 25.10.2001

ПЕНТАГОН ЈА ПРИЗНА ВИНАТА Американски авиони во понеделникот фрлиле една голема гравитациска бомба од 454 килограми врз Домот за старци во авганистанскиот град Херат и уште две бомби од по 227 килограми врз населена област кај Кабул, призна Пентагон.

Талибанците ќе се борат до последниот човек против американските трупи

Вест - 25.10.2001

Во бомбардирањата на Кандахар е повредено и ова 18-месечно бебе ИСЛАМАБАД/КАБУЛ, 25 октомври (Ројтерс) - Талибанскиот министер за образование Амир Кан Мутаки вчера изјави дека владата ја вооружува народната војска во селата за борба против копнените напади на САД и реже дека Авганистанците ќе се ...

Бомбардирањата ќе запрат кога ќе падне Кабул

Дневник - 25.10.2001

ВОЕНА СТРАТЕГИЈА НА АМЕРИКАНЦИТЕ Копнената операција би требало да почне по соборувањето на талибанците и би можела да потрае со месеци, па и со години Воздушните напади на Американците и нивните сојузници врз талибанските цели во Авганистан ќе запрат кога опозициските сили ќе го освојат главниот ...

Авионите ги десеткуваат талибанските бедеми пред Кабул и Мазар—и—Шариф

Дневник - 24.10.2001

ПОДГОТОВКА ЗА КОНЕЧЕН КОПНЕН УДАР Талибанците тврдат дека за време на 17-дневните воздушни напади загинале повеќе од 1.000 Авганистанци, претежно жени и деца, но оваа информација досега ја нема потврдено ниту еден независен извор Американски борбени авиони вчера жестоко ги напаѓаа позициите на ...

Состојбата во Авганистан се посложена

А1 - 23.10.2001

40 луѓе загинале во ноќешните американски бомбардирања во близина на Кабул и Херат, а најмалку 5 во нападите во близина на Кандахар, соопштија талибанските извори. Американските авиони продолжија со бомбардирање на Авганистан и утринава придржувајќи се до новата стратегија, напаѓање на фронтовските ...

Американските бомбардери погодија болница во Авганистан, 100 загинати

Вест - 23.10.2001

Ова е телевизиска снимка на која се гледаат Авганистанци кои стојат пред тркала на летало кои биле пронајдени во близина на Кандахар. Талибанците велат дека пронашле делови од американски хеликоптер... ИСЛАМАБАД, 23 октомври (Ројтерс) - Амбасадорот на Авганистан во Пакистан вчера изјави дека речиси ...

Талибанците го пронајдоа урнатиот американски хеликоптер

Дневник - 23.10.2001

и покраЈ демантите од пентагон на ридовите Баба Сахиб кај градот Кандахар талибанските борци пронашле траги од крв покрај парчиња гуми и мали изгорени делови од хеликоптер Аганистанските владејачки талибанци вчера соопшти дека ги пронашле остатоците од урнатиот сојузнички хеликоптер во јужната ...

Америка употребува биолошко оружје

А1 - 22.10.2001

Талибанците денеска ги обвинија Aмериканците дека користат биолошко и хемиско оружје во нивните напади. „Постојат видливи симптоми кај ранетите во Кандахар и Кабул“, рече Абдул Ханан Химат, портпаролот на министерството за информации, кој додаде дека во ноќешните напади на градот Тарин Кот загинале ...

Еднодневен десант на американски командоси во Авганистан

Дневник - 22.10.2001

УСПЕШНА ПРОБНА МИСИЈА НА САД Талибанците тврдат дека пресретнале десантен одред и убиле 20 командоси, а собориле и десантен хеликоптер Американските командоси завчера ја извршија првата десантна акција во Авганистан во обид да го елиминираат талибанскиот лидер Мула Мохамед Омар, но, пред се, да ...

18 мртви и 23 повредени во бомбардирањата на Кабул

Вест - 22.10.2001

Во вчерашните бомбардирања загинаа осум души од едно семејство, од кои четири деца КАБУЛ, 22 октомври, (Ројтерс) - Барем 18 луѓе биле убиени, а 23 биле ранети вчераутро, како последица од американското бомбардирање на авганистнкиот главен град Кабул, јавуваат талибанските власти.

САД почнаа копнена операција во Авганистан

Вест - 22.10.2001

Вашингтон, 22 октомври - Американските специјални сили во саботата почнаа копнена операција во Авганистан. Според претставници на Белата куќа, во операцијата биле вклучени повеќе од 100 припадници на специјалните сили, кои дејствуваа со поддршка на борбените хеликоптери АЦ - 130.