TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Владата да плати премија за пченицата

Време - 13.08.2005

ЗЕМЈОДЕЛСКА НАРОДНА ПАРТИЈА За килограм пченицата на земјоделците да им се платат по 10 денари, вклучувајќи премија од државата од два денара, бара Земјоделската народна партија. Според нејзиниот претседател, Марјан Ѓорчев, стандардите на Европската Унија и на Светската трговска организација (СТО) ...

Ѓорчев: Пченицата да се откупува по десет денари, а грозјето по 12 и 18 денари

Утрински - 13.08.2005

Државата мора да ги поддржува земјоделските култури, велат во Земјоделската народна партија Земјоделското производство не може да опстои без интервенција од државата, па поради тоа треба да овозможи доплата од 2 денара за килограм предадена пченица, како стратегиска култура.

Прекупците ќаруваат на маката на жетварите

Дневник - 13.08.2005

ПРОФИТЕРИ ОД ПРОБЛЕМОТ СО ОТКУПОТ НА ПЧЕНИЦАТА Земјоделците продаваат пченица на прекупци за 6 денари по килограм, а тие потоа ја продаваат на мелничарите по цена од над 8 денари Ситни трговци откупуваат пченица од земјоделците и во готово им плаќаат по 6-7 денари за килограм, а потоа од ...

Премија од два денари за пченицата

Дневник - 13.08.2005

ЗЕМЈОДЕЛСКА НАРОДНА ПАРТИЈА Владата да им исплати на земјоделците премија од два денара за килограм пченица, чија пазарна цена е 8 денари, оти само со цената од по 10 денари земјоделците ќе може да ги покријат трошоците, изјави Марјан Ѓорчев, лидер на Земјоделската народна партија (ЗНП).

Марјан Ѓорчев во одбрана на производителите на пченица

А1 - 12.08.2005

Земјоделската партија на страна на идниот лекторат – Владата да им излезе во пресрет на производителите на грозје и пченица. „Давајќи 2 денари, во вид на премија или било која друга мерка што државата ќе ја оцени, е мерка која што е дозволена согласно стандардите на Светската земјоделска ...

Владата да забрани увоз на пченица

Време - 12.08.2005

ВМРО-ДПМНЕ ВМРО-ДПМНЕ бара од Владата да не дозволува увоз на пченица се додека не се откупи последното зрно од домашните производители. На вчерашната прес-конференција Живко Давчев, претседател на комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство во ВМРО-ДПМНЕ побара од Владата до крајот на ...

На Бучко му треба советник земјоделец

Вест - 12.08.2005

ВМРО-ДПМНЕ СЕ ЧУДИ КАКО ДО СЕГА ПРЕМИЕРОТ НЕ НАПРАВИЛ НИШТО ЗЕ ЗЕМЈОДЕЛИЕТО ВМРО-ДПМНЕ на вчерашниот прес праша како е можно досега премиерот Владо Бучковски ништо да не направел за подобрување на состојбата на земјоделецот и за развој на земјоделството во Македонија.

Владата да не дозволи увоз на пченица

Утрински - 12.08.2005

ВМРО-ДПМНЕ ВМРО-ДПМНЕ вчера побара од Владата да не дозволува увоз на пченица, сў додека не се откупи последното зрно од домашните производители и да Ј одобри на мелничката индустрија кредит за да откупи и исплати до крајот на месецов два милиона тони пченица.

Трпението на земјоделците е при крај

Дневник - 12.08.2005

ВМРО-ДПМНЕ ВМРО-ДПМНЕ вчера го посоветува премиерот Владо Бучковски во својот многуброен советнички тим да вклучи барем еден земјоделец, зашто тој и неговата Влада воопшто немале слух за оваа важна стопанска гранка. - На Бучковски како професор по римско право би требало да му биде јасно дека дури ...

ВМРО-ДПМНЕ со притисок врз Владата за проблемот со пченицата

А1 - 11.08.2005

Продолжува притисокот врз Владата да ги помогне производителите на пченица. На актуелниот земјоделски проблем се налепи опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ и порача на Владата да не дозволува увоз на пченица се додека мелничарите не ја откупат домашната.

Тантаров: Ќе јадеме леб од увоз

Вест - 11.08.2005

ПЧЕНИЦАТА НАМЕСТО ВО СИЛОСИ, ВО ШУПИ Сојузот на земјоделци се лути зошто 10 млинари им диктираат цена на пченица на 800.000 земјоделци Сојузот на земјоделци најавува блокади на граничните премини кога мелничарите ќе почнат со увоз на странско жито а за септември и протест пред Владата.

За граѓаните, српски и бугарски леб, а за добитокот домашен

Време - 11.08.2005

ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ Граѓаните годинава ќе јадат српски, бугарски и грчки леб, а со нашата пченица ќе го храниме добитокот, реагираа вчера од Сојузот на земјоделците на Македонија. Нивната реакција следуваше откако премиерот Владо Бучковски го одби нивното барање Владата да одвои околу 6 ...

Земјоделците се закануваат дека нема повеќе да садат пченица

Утрински - 11.08.2005

Доколку Владата не интервенира со исплатата на годинешниов откуп на лебното жито Околу 800.000 земјоделци најавуваат масовни протести и граѓанска непослушност на следните избори АЛЕКСАНДРИЈА СТЕВКОВСКА Наредната година земјава ќе остане без домашна пченица доколку државата не помогне во исплата на ...

Владата да доплати по 2,5 денара за пченицата

Дневник - 11.08.2005

ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ СЕ ЗАКАНУВААТ СО БЛОКАДИ И ПРОТЕСТИ Неколку години граѓаните не јадат леб од македонска пченица, туку од евтиното жито увезено од Србија, Бугарија и од Хрватска Земјоделците ќе ги блокираат сите гранични премини и ќе организираат голем протест пред Владата ако таа не им доплати по 2,5 ...

Или 10,5 денари или блокади

Вечер Прес - 11.08.2005

Сојузот на земјоделците се заканува со протести и блокади на граничните премини, ако до крајот на месецот не се реши проблемот со откупот на пченицата од годинашната реколта. Земјоделците бараат од Владата да плати по 2,5 денари за секој килограм откупена пченица, бидејќи само така, како што велат, ...

Место пченица, ќе сееме и продаваме гласови!

Вечер Прес - 11.08.2005

"Ако ресорните министерства за земјоделство и за економија не знаат да ни кажат што да сееме на нивите идната година наместо пченица, тогаш ќе побараме некои други институции да ни кажат дали може на нашите 120 илјади хектари напуштени ораници, да посееме гласови за парламентарните избори идната ...

Земјоделците со последно предупредување до Владата

А1 - 10.08.2005

Земјоделците со последно предупредувачко барање до Владата. Да им плати по два и пол денари за килограм пченица. Ако не, идниот месец ќе ги блокираат граничните премини кон Србија и Бугарија, од каде се носи увозната пченица.

Пченицата ќе ја уништиме, но не ја даваме за 8 денари

Време - 10.08.2005

ПРИЛЕПЧАНИ СЕ ЗАКАНУВААТ Светлана Ристеска Земјоделците од прилепското здружение „Клас“ се закануваат дека ќе ја уништат пченицата, но нема да ја продаваат за осум денари за килограм. Од преговорите со Владата се незадоволни, а од мелничко-преработувачкото претпријатие „Жито Прилеп“ велат дека не ...

Земјоделците од Прилеп ќе уништат 20.000 тони пченица?

Утрински - 10.08.2005

Закана ПРИЛЕП - Околу 10.000 земјоделци од Прилеп се закануваат со штрајк и уништување на речиси 20.000 тони пченица, бидејќи, како што велат, крајно се незадоволни од вчерашната средба на мелничарите со премиерот Владо Бучковски. "Монополизмот ја победи Владата.

Земјоделците се заканија дека ќе запалат 20.000 тони пченица

Дневник - 10.08.2005

револт по преговорите меЃу ВЛАДАТА И МЕЛНИЧАРИТЕ Мелничарите ја прашуваат Владата дали ќе им продаде државна пченица по два денара, ако тие им платат на земјоделците 10,5 денари за килограм Прилепските земјоделци ќе запалат 20.000 тони пченица ако мелничарите не им дадат повисока откупна цена од ...

"Ќе фрлиме 20 000 тони пченица!"

Вечер Прес - 10.08.2005

Околу 10.000 земјоделци од Прилеп се закануваат со штрајк и уништување на речиси 20.000 тони пченица, бидејќи, како што велат, се крајно незадоволни од вчерашната средбата на мелничарите со премиерот Владо Бучковски. "Монополизмот ја победи Владата.

Државава ќе го стимулира откупот на пченица

Време - 09.08.2005

МЕЛНИЧАРИТЕ НЕ СЕ ДОГОВОРИЈА Државава ќе го стимулира откупот на пченица по 10,5 денари за килограм. На вчерашната средба со мелничарите, на која требаше конечно да се дефинира откупната цена на лебното жито, премиерот Владо Бучковски не успеал да ги убеди мелничко–пекарските претпријатија ...

Мелничарите не даваат повеќе од 8 денари за килограм пченица

Утрински - 09.08.2005

Владата им предложи стимулативни мерки на мелничарите за исплата на лебното жито Владата на мелничарите им предложи стимулативни мерки, согласно со кои би им ја надополнила разликата од 2,5 денари од минатогодишната и годинашнава цена на пченицата, но тие ја отфрлија оваа владина иницијатива.

Откупна фарса

Дневник - 09.08.2005

коментар Владата и годинава нема никаков план за да го реши проблемот со ниските откупни цени на пченицата. Земјоделците, како и секоја година по Илинден, бараат повисока цена за житото за да ги покријат барем трошоците за производство.

Земјоделците со блокади ако не се зголеми откупната цена на пченицата

Макфакс - 09.08.2005

Битола Сојузот на земјоделци се заканува дека ќе ги блокира граничните премини кон СЦГ и Бугарија преку кои се врши увоз на пченица, доколку владата не го субвенционира откупот за земјоделците да добијат по 10,5, наместо по 8 денари за килограм пченица, колку што им нудат мелничарите.

Владата не одвојува пари за пченицата

А1 - 08.08.2005

По 2 месеци преписка меѓу Владата и мелничарите, кој да ја доплати разликата од 2 и пол денари за килограм пченица, изгубија единствено земјоделците. Владата нема намера да одвои од буџетските пари за да им ја плати на жетварите бараната разлика.

Пониската цена на пченицата ќе ги намали субвенциите

Време - 08.08.2005

ВМРО-НП Со тоа што цената на килограм пченица се намали од 10 на 8,5 денари државата ќе загуби 30 отсто од парите што таа треба да ги добие од закупот на државно земјоделско земјиште, пресметале во ВМРО-НП. Инаку закупот на ова земјиште се плаќа во килограми пченица, а парите собрани од него се ...

Да се запре увозот на пченица додека не се откупи домашната

Дневник - 08.08.2005

ВМРО-НАРОДНА БАРА Владата има вешто скроен план за откуп на пченицата од земјоделците под 10 денари за килограм со цел одредени економски субјекти во спрега со власта да остварат екстра профит - изјави Александар Георгиев, портпарол на ВМРО-Народна.