TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Не се знае бројката на испрани пари во Македонија

А1 - 15.06.2007

Стотици милијарди долари во светски рамки годишно се перат од нелегални бизниси. Организиран криминал со продажба на дрога и оружје, банкарски и финансиски измами. Колкава е бројката на нелегално стекнати пари испрани и пуштени во легалниот промет во Македонија? Овој податок спаѓа во делот на тајна.

„Перење пари“ од Слаѓана Тасева на англиски јазик

Дневник - 15.06.2007

Англиското издание на книгата „Перење пари“ треба на светот да му го претстави знаењето што го има во Македонија, рече авторката Слаѓана Тасева, директорка на Полициската академија, на вчерашната промоција на второто издание на книгата.

Македонија е рај за перачите на пари, тврдат експертите

Утрински - 15.06.2007

Борбата против криминалот не подразбира пароли, туку конкретни чекори КАТИЦА ЧАНГОВА Македонија се' уште претставува рај за перачите на пари. Борбата против корупцијата и криминалот не подразбира пароли, туку конкретни чекори во системот на институции и соодветни реакции на клучните луѓе, ...

Во тајност истрагата на педесетина фирми за перење пари

Дневник - 15.06.2007

Перењето пари постоело и ќе постои, изјави вчера директорот на Дирекцијата за спречување на перењето пари, Ване Цветанов, на промоцијата на работата на оваа институција. Тој не даде информации за последната истрага на Дирекцијата, која се однесува на банкарските трансакции на педесетина фирми и ...

Перење пари во англиска верзија

Вечер Прес - 15.06.2007

Книгата на професорката Слаѓана Тасева "Перење пари", вчера ја доживеа својата промоција и на англиски јазик. Спонзорирана од швајцарската Влада, книгата е отпечатена во 1.770 копии и веќе е дистрибуирана низ владините институции и универзитетите во Швајцарија.

Македонија – рај за перење пари

Канал5 - 14.06.2007

Македонија е рај за перачите на пари – досега никој не е осуден за ваков криминал- тврдат експертите. Додаваат дека отсекогаш лесно се переле нечистите пари во земјава. Македонија е рај за перачите на пари досега никој не е осуден за ваков криминал- тврдат експертите.

Педесетина фирми под истрага за перење пари

Дневник - 13.06.2007

Дирекцијата за спречување на перењето пари очекува од банките да добие извештаи за сите трансакции на физички лица поголеми од 100.000 денари и на фирмите од над 200.000 денари Дирекцијата за спречување на перењето пари бара од банките да и' достават финансиски податоци за педесетина фирми и ...