TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

И Лилјана Поповска прави партија

Вест - 09.11.2005

Пратеничката Лилјана Поповска ќе формира своја партија. "Ќе формирам своја партија. Нема да одам ниту кај Тито ниту кај Трифун", изјави вчера Поповска. Таа не сакаше да каже дали ќе и се приклучат и други незадоволни членови на ЛДП. "Кога ќе дојде време се ќе се обелодени" рече Поповска.

Лилјана Поповска ќе формира партија

Утрински - 09.11.2005

Експотпретседателката на Собранието ја реши дилемата Поповска: Го одбрав можеби потешкиот пат, но политичарот нема право да го избира тоа што му е попријатно, туку треба да го направи тоа што е неопходно Пратеничката Лилјана Поповска вчера официјално соопшти дека наскоро ќе биде дел од нова ...

И Лилјана Поповска со своја партија

Дневник - 09.11.2005

ОДЛУКА Ќе бидам еден од иницијаторите за формирање автентичен политички субјект со граѓански карактер, ориентиран во центарот. На Македонија и е потребна опција чиј темел на дејствувањето ќе биде демократијата, соопшти вчера пратеничката Лилјана Поповска, која неодамна ја напушти ЛДП.

Лилјана Поповска ќе формира партија

А1 - 08.11.2005

По Тито и Лиле ќе формира политичка партија. Одлуката ја донела денеска - по долгите разговори со Тито Петковски. И двајцата заклучиле дека се залагаат за различни опции. Ќе дејствува граѓански во политичкиот центар со луѓе кои допрва ќе почнеле да се занимаваат со политика.

Поповска помеѓу автентичниот центар и Титовата левица!?

Утрински - 08.11.2005

Експратеничката на ЛДП, Лилјана Поповска, во дилема кој пат да го фати Лилјана Поповска, довчерашната пратеничка на владејачките либералдемократи во Собранието, јавно ја претстави својата дилема. Да застане на чело на нова политичка опција или пак да се приклучи кон веќе најавената партија на ...

Поповска прави партија

Канал5 - 08.11.2005

Лилјана Поповска донела одлука - ќе прави своја партија. Освен тоа дека ќе дејствува во центарот и дека приоритети ќе бидат правната држава и економско-социјалниот развој, екс-либералдемократката денеска не сакаше да открие кои луѓе ќе бидат со неа.

Тито и Лиле, сепак, во иста партија

Вечер Прес - 07.11.2005

ШТИП.- Иако се претпоставуваше дека Тито Петковски и Лилјана Поповска ќе формираат одделни политички партии, најновите информации говорат дека тие ќе работат заедно за формирање на една политичка партија. Информациите што доаѓаат од иницијативниот одбор на партијата на Петковски говорат дека ...